Камиказе
Камиказе (јапонски:神風, буквален превод: „божји ветер“)[1] Токубетсу Коогекитаи (Tokubetsu Kougekitai (特別攻撃隊)) Токоо Таи (Tokkō Tai (特攻隊)) Токо (Tokkō (特攻)) — самоубиствени напади од воените пилоти на Јапонското Царство против бродовите на Сојузниците во завршните фази на походот на Тихиот Океан во Втората светска војна, осмислени да уништат што повеќе воени бродови.Околу 3.800 пилоти камикази загинале за време на војната во напади во кои загинале повеќе од 7.000 припадници на сојузничката морнарица,[2] потонале неколку десетици воени бродови и оштетиле многу повеќе.
Камиказе пилотите намерно се обидувале да удрат со нивниот авион во бродовите на непријателот — тоа биле авиони натоварени со експлозиви, бомби, торпеда и полни резервоари со гориво. Нормалните функции на авионот (да испушта торпеда и бомби или да пука кон други авиони) биле занемарени и авионите биле всушност претворени во мисили управувани од луѓе во обид да се искористи мошне зголемената прецизнот и екплозивната моќ поголема од таа на нормалните бомби. Целта да се оштетат што е можно повеќе бродови на Сојузниците, особено носачи на авиони, се сметала за доволно критична да ја гарантира двојната жртва на пилоти и авиони.
Овие напади кои започнале во октомври 1944 година, биле проследени со неколку критични воени порази за Јапонците. Јапонија веќе ја имала изгубено возхопловната доминантност како резултат на застарените авиони и загубата на искусни пилоти. На макроекономска скала, Јапонија искусила намалена способност да води војна, и брзо опаѓање на индустрискиот капацитет поврзан со САД. Јапонската влада била неодлучна да се предаде. Во комбинација, овие фактори довеле до употребата на камиказе тактики како што силите на Сојузниците се приближувале кон јапонските острови.
Додека терминот „камиказе“ обично се однесува на воздушните напади, терминот понекогаш се употебува за разни други интернационални самоубиствени напади. Јапонската армија правела планови за Специјалните јапонски единици за напад (или шумбутаи), вклучувајќи и такви кои инволвирале подморници, човеки торпеда, моторни чамци и нуркачи.
Иако камиказе бил најчестиот и најпознатиот самоубиствен напад за време на Втората светска војна, тие биле слични на банзаи нападите вршени од јапонските војници. Главната разлика меѓу камиказе и банзаи е тоа што самоубиството е неопходно за успехот на камиказе нападот, додека пак банзаи е само потенцијално самоубиствен — т.е. напаѓачите се надеваат да преживеат, но не го очекуваат тоа. Западните извори често погрешно ја сметаат Операцијата Тен-Гоу како камиказе операција, затоа што се случила за време на Битката на Окинава заедно со масивните бранови на камиказе авионите; сепак, банзаи е поточниот термин, затоа што целта на мисијата била воениот брод Јамато да се закотви и да обезбеди поддршка на бранителите на островот, спроти судирање и детонирање меѓу морепловните сили на непријатлот.
Традицијата на самоубиство наместо пораз, заробеништво и јавен срам била длабоко вкоренета во јапонската воена култура. Таа била една од основните традиции на самурајскиот живот и кодот бушидо: лојалност и чест сè до смртта.[3][4][5][6]
Дефиниција и етимологија
[уреди | уреди извор]Јапонскиот збор камиказе обично се преведува како „божји ветер“ (ками е зборот за „бог“, „дух“ или „божество“, и казе за „ветер“). Зборот камиказе потекнува од името на големите тајфуни во 1274 г. и 1281 г., што ги распрскале монголските флоти кои сакале да нападнат.[7][8]
Јапонскиот моноплан кој направил рекорден лет од Токио до Лондон во 1937 година за групата весници Асахи бил именуван како Камиказе. Тоа било прототип за Mitsubishi Ki-15 [9].
На јапонски, формалниот термин кој се користи за единици кои извршувале самоубиствени напади за време на 1944-45 г. е токубетсу коогеки таи (特別攻撃隊), што буквално значи „специјална единица за напад“. Ова обично се крати на токоотаи (特攻隊). Попрецизно, воздушните самоубиствени напади од Империската јапонска морнарица официјално биле нарекувани шимпуу токубетсу коогеки таи (神風特別攻撃隊, „спецјални единици за напад божествен ветер“). Шимпу е он-читањето (онјому или кинески изговор) на истите карактери коишто го сочинат зборот камиказе на јапонски. За време на Втората светска војна, изговорот камиказе се користел во Јапонија само неформално поврзано со самоубиствените напади, но после војната било прифатено ова користење низ целиот свет и повторно влегло во Јапонија. Како резултат на ова, специјалните напаѓачки единици се понекогаш познати во Јапонија како камиказе токубетсу коогеки таи.
Од крајот на војната, терминот камиказе понекогаш се употребува како pars pro toto за други видови напади каде напаѓачот намерно се жртвува. Тука се вклучени мноштво самоубиствени напади, во други историски контексти, како што е предложената употеба на авионите Selbstopfer во Нацистичка Германија и многу други самоубиствени бомбашки напади од страна на терористички напади низ целиот свет (како што се нападите од 11 септември 2001 г.), иако камиказе пилотите напаѓаат само воени цели, додека пак терористите напаѓаат претежно цивилни установи. На англиски, зборот камиказе исто така може да се користи како хипербола и метафора кога се мисли на нефатални акции кои резултираат со значителна загуба за напаѓачот, како што е повреда и крајот на кариерата.[10]
Историја
[уреди | уреди извор]Потекло
[уреди | уреди извор]Пред формирањето на камказе единици, осмислени падови биле користени во краен случај кога авионот на пилотот бил мошне оштетен и тој не сакал да ризикува да биде фатен; ова било случај и со jапонските сили и со силите на Сојузниците. Според Аксел и Касе, овие самоубиства „биле поединечни, импровизирани одлуки од луѓе кои биле психички подготвени да умрат."[11]
Во повеќето случаи, постојат малку докази дека овие удари не биле случајни судири, од оној вид кој понекогаш се случува во интензивни воздушни битки среде море. Еден ваков пример се случил на 7 декември 1941 година за време на нападот на Перл Харбор.[12] Авионот на првиот поручник Фусата ида бил погоден и почнал да му истекува гориво, кога тој наводно го искористил тоа за да изврши самоубиствен напад на поморската авионска станица Канеохе. Пред да полета, тој им кажал на своите војници дека доколку неговиот авион е лошо оштетен тој ќе удри во „важна непријателска цел“.[13]
Битките на носачите во 1942 година особено онаа кај Мидвеј, нанеле непоправлива штета на Царската јапонска поморска и воздухопловна служба, таква што тие веќе не можеле да состават или да здружат голем број на носачи со добро истренирани пилоти[14]. Јапонските стратешки планери претпоставиле дека војната ќе биде кратка и биле лошо подготвени да ги заменат загубите на бродови, пилоти и морнари; на Мидвеј, Јапонците загубиле толку пилоти во еден ден, колку што загубиле во една година за време на предвоената обука. За време на поморската битка кај Гвадалканал, американскиот предводник, Сан Франциско, бил тешко оштетен за време на јапонско бомбардирање кога голем јапонски бомбардер со два мотори со средна големина „Mitsubishi G4M“ „Betty“, кој бил во пламен од противвоздушен оган, најверојатно намерно се урнал во неговата резервна поврзувачка кула, уништувајќи ја речиси целата резервна командна опрема за предводникот. Повеќето офицери и мажи стационирани таму, вклучително и извршниот офицер, биле убиени или ранети. Овој де факто удар на камиказе во голема мера го променил текот на она што требало да се случи за време на злогласната битка „Петок 13-ти“ 12 часа подоцна..[15][16]
Следните кампањи на Соломонските Острови и Санта Круз, особено Битките за источните Соломони и Санта Круз и натаму резултирале со жртви на нивните пилоти-ветерани и заменувањето на нивното борбено искуство се покажало невозможно[17]. За време на 1943-1944, силите на САД приближувале постепено кон Јапонија. Ловците авиони на Јапонија станувале помалкупројни и од пониска класа за разлика од новите авиони произведени во САД, особено F6F Hellcat и F4U Corsair. Тропските болести, како и недостатокот од резервни делови и гориво, ги направило операцииите на ЈИМВС сè потешки и потешки. До битката на Филипинското Море во 1944 година Јапонците морале да се снаоѓаат со застарени авиони и неискусни пилоти, против подобро обучените и поискусни морнарички пилоти на САД и нивните радарско насочени борбени воздушни патроли. Јапонците изгубиле преку 400 авиони и пилоти сместени на носачи, со што делотворно се ставило крај на моќта на нивните носачи, акција која Сојузниците ја нарекувале „Големиот Маријански лов на мисирки“ (Great Marianas Turkey Shoot).
На 19 јуни 1944 година носачот Чијода се приближил до борбената единица на САД. Според некои прикази, два извршиле самоубиствени напади, еден од кои удрил УСС Индијана.[18]
Важната јапонска база во Сајпан била освоена од силите на Сојузниците на 15 јули 1944 година. Нејзиното освојување обезбедило адекватни понатамошни бази кои им овозможиле на воздушните сили на САД, кои користеле B-29 Superfortress, да ги нападнат јапонските острови. После падот на Сајпан, јапонската врховна команда предвидела дека Сојузниците ќе се обидат да ги освојат Филипините, кои биле стратешки важни поради нивната местоположба меѓу нафтоносните полиња на Јужноисточна Азија и Јапонија.
Почетоци
[уреди | уреди извор]Во август 1944 година, било објавено од агенцијата за известување Домеи, дека некој инструктор по летање по име Такео Тагата обучувал пилоти во Тајван за самоубиствени мисии.[19]
Друг извор тврдел дека првите камиказе мисии се случиле на 13 септември 1944 година. Група пилоти од 31-ва Борбена ескадрила на армијата на островот Негрос одлучила да тргне во самоубиствен напад наредното утро. Биле избрани првиот поручник Такеши Косаи и еден водник. Две бомби од 100 килограми биле прикачени на двата ловци и пилотите тргнале пред зори, планирајќи да се урнат во носачите. Тие никогаш не се вратиле, но не постојат податоци за непријателски авион којшто погодил брод на Сојузниците тој ден.[20]
Според некои извори, на 14 октомври 1944 година, УСС Рено бил погоден од намерно урнат јапонски авион. Меѓутоа, нема докази дека напаѓачот планирал да се урне.[21]
Вицеадмиралот Масафуми Арима, командантот на 26-та Воздушна флотила (дел од 11-та Воздушна флота), понекогаш се смета како заслужен за измислување на камиказе тактиката. Арима лично преводел напад на околу сто Јокосука D4Y Суисе ("Џуди") авиони за ниско бомбардирање против голем носач на авиони од класата Есекс, УСС Френклин блуску до Лејтскиот Залив, на или околу (продатоците варираат) 15. Окотомври 1944 г. Арима погинал и дел од авионот удрил во Френклин. Јапонската врховна команда и пропагандистите го искористиле примерот на Арима: тој бил посмртно унапреден во адмирал и му била дадена официјална заслуга за извршување на првиот камиказе напад. Меѓутоа, не е познато дали се работи за планиран самоуиствен напад, а официјалните јапонски извештаи за нападот на Арима имаат малку сличност со вистинските настани.
На 17 октомври 1944 година, силите на Сојузниците го нападнале островот Сулуан, со што започнала битката кај Лејтскиот Залив. Првата воздушна флота на Јапонската царска морнарица, стационираа на Манила, добила задача да им помогне на јапонските бродови кои ќе се обидат да ги уништат силите на Сојузниците во Лејтскиот Залив. Меѓутоа, 1-та Воздушна флота во тоа време имала само 40 пилоти, 34 A6M Zero ловци авиони сместени на носачи, три Накаџима B6N Тензан ("Џил") торпедо бомбардери, еден Мицубуши G4M („Бети“) и два Јокосука P1Y Гинга („Францис“) копнени бомбардери и еден додатен авион за извиднички мисии. Задачата пред јапонските воздушни сили изгледала невозможна. Командирот на Првата воздухопловна флота, вицеадмиралот Такиџиро Ониши одлучил да формира воена единица за самоубиствени напади, специјалната единица за напади. На состанок на аеродромот Мабалакат (познат на војската на САД како Воздушна база Кларк) во близина на Манила, на 19 октомври, Ониши им кажал на офицерите од штабот на 201-та Летачка група: „Мислам дека нема друг начин за да се изврши оваа операција (да се задржат Филипините), освен да се стави бомба од 50 кг на Zero (Зироу) и да се урне во носач на САД за да се онеспособи за една недела.“
Прва единица
[уреди | уреди извор]Командирот Асаики Тамаи побарал од група 23 талентирани пилоти студенти, кои сите ги обучувал, да волонтираат за специјалната единица за напади. Сите пилоти ги кренале двете раце да волонтираат во операцијата. Подоцна, Таками го замолил поручникот Јукио Секи да раководи со специјалната единица за напади. Се вели дека Секи ги затворил очите, ја наведнал главата и размислувал 10 секунди пред да каже: „Ве молам назначете ме на функцијата.“ Секи станал 24 камиказе пилоти кој бил одбран. Сепак, Секи подоцна рекол: „Иднината на Јапонија е мрачна ако таа е принудена да убие еден од своите најдобри пилоти.“ и „Јас не одам на мисија за царот и царството... Јас одам затоа што ми е наредено“.[22]
Имињата на четирите единици во Специјалната камиказе единица за напади биле Единица Шикишима, Единица Јамато, Единица Асахи и Единица Јамазакура.[23] Овие имиња биле земени од една патриотска поема (вака или танка), Shikishima no Yamato-gokoro wo hito towaba, asahi ni niou yamazakura bana [24]од јапонскиот класичар, Мотори Норинага. Поемата гласи:
Ако некој праша за Јамато духот (духот на старата/вистинска Јапонија) на Шикишима (поетко име на Јапонија)—тоа се цвеќињата на јамазакура (планински црешови цветови) кои мирисаат опојно во Асахи (изгрејсонце)
Помалку буквален превод гласи:[25]
Ако ме прашаат за душата на Јапонија,
Би рекол
Дека таа е
Како дивите црешови цветови
Што сјаат на утринското сонце.
Ониши, обраќајќи се на оваа единица, им рекол дека нивната благородност на духот ќе ја чува татковината од пропаст дури и во пораз.[26]
Лејтски Залив: Првите напади
[уреди | уреди извор]Неколку самоубиствени напади за време на првите денови од операцијата во Лејтскиот Залив биле погрешно сметани за првиот камиказе напад. Рано на 21 октомври, додека пренесувал за инвазијата на Лејте, јапонски авион (различно опишан како Аичи D3A авион за ниско бомбардирање или Мицубиши Ki-51 од 6. Летачка бригада на Царските Јапонските воени воздушни сили) намерно се урнал во предниот јарбол на големиот крстосувач HMAS Австралија.[27]Овој авион веројатно бил или Aichi D3A нуркачки бомбардер, од неидентификувана единица на воздушната служба на Царската морнарица[27] или Mitsubishi Ki-51[28]Во нападот загинале 30 луѓе (вклучувајќи го и капетанот на крстсоувачот, Емил Дешано) и биле повредени 64 луѓе, вклучувајќи го и авралискиот воен комадант Комодоре Џон Колинс. Уривањето се смета за првиот камиказе напад на брод од Сојузниците во официјалната воена историја на Австралија, и повторено во други извори, иако специјалната единица за напади започнала дури четири дена подоцна: падот бил одлука на пилотот, не дело кое му било наредено да го изврши.[27]
Потонувањето на реморкерот УСС Сономa на 24 октомври е наведено во некои извори како првиот брод загубен поради камиказе удар, но нападот се случил пред 25 октомври, а авионот кој бил користен, Мицибуши G4M, не бил управуван од четирите првични Специјални ескадрили за напад.[29]
На 25 октомври 1944 година, за време на битката во Лејтскиот Залив, специјалната камиказе-единица за напади ја изврши својата прва операција. Пет Зироу (Zero) авиони, предводени од Секи и придружувани до целта од страна на водечкит јапонски ас Хиројоши Нишизава, нападнале неколку придружни носачи. Еден Zero се обидел пристанишната писта и вртејќи се, се превртил во морето. Два други се нурнале во УСС Феншо Беј, но биле уништени од противвоздушниот отворен оган. Последните два се впуштиле кон во УСС Вајт Плеинс. Еден, под силниот отворен оган и повлекувачкиот чад, се откажал од обидот на Вајт Плеинс и наместо тоа завртел кон УСС Сент Ло, удирајќи во пистата. Неговата бомба предизвикала пожари кои резултирале со експлозија на магацинот за бомби и протонување на бродот. До крајот на денот 26 октомври, 55 камиказе од специјалната единица за напади исто така ги оштетиле и големите придружни носачи УСС Сангамон, Сувани кои исто биле погодени од камиказе на 0804 пред крмата на 25 октомври, Санти, и помалите придружни бродови УСС Бајт Плеинс, Калинин Беј и Киткан Беј. Вкупно, седум носачи биле погодени, како и 40 други бродови (пет потонале, 23 биле мошне оштетени и 12 делумно оштетени).
Главниот бран напади
[уреди | уреди извор]Раните успеси — како што било потопувањето на Сент Ло – веднаш биле проследени со проширување на програмата, и наредните неколку месеци повеќе од 2000 авиони извршиле такви напади.
Кога Јапонија почнала да биде подложена на интензивно стратешко бомбирање од авиони B-29, јапонската војска се обидела да употреби самоубиствени напади против оваа закана. За време на зимата на северната полутопка во 1944-45& година, воздушните воени сили го формирале 47-иот Воздушен полк, познат и како Специјална единица Шинтен на аеродромот Наримас, Нерима, Токио, за да ја одбранат територијата на метрополата Токио. Единицата била екипирана со Накаџима Ки-44 Шоки ("Тоџо") борбени авиони, со кои тие требале да удрат во авионите B-29 на воздушните воени сили на САД во нивните напади на Јапонија. Сепак, ова се докажало како многу помалку успешно и практично, бидејќи авионот е многу побрз, полесен за управување, и помала цел, отолку воен брод. Авионот B-29 имал исто така извонредно одбранбено наоружување, така што самоубиствените напади против авионот барале доста голема пилотска вештина за да бидат успешни. Тоа било против самата цел да се корисат пилоти со „рок на траење“ и да се поттикнат способните пилоти да извлечат пред ударот, што било неефикасно затоа што се губел најзначајниот персонал кога тие лошо ги темпирале своите излези и како резултат погинувале.
Камиказе нападите биле планирани на зафрлени јапонски бази. На 8 јануари, Ониши ја формирал втората официјална Поморска камиказе единица во Формоса. Единицата Нитака користела Зеро и "Џуди" авиони и била стационирана на аеродромот Такао. На 29 јануари 1945 година, седум Кавасаки Ки-48 "Лили" авиони од специјалната група Шичиси Митате на јапонската армија, тргнале од Палембанг, Суматра да удрат во Британската тихоокеанска флота. Вицеадмиралот Кимпеи Тераока и капатанот Риши Сугијама од 601-та воздушна група организирале втора специјална единица, Митате на Иво Џима на 16 февруари, како што се приближувале силите на САД за да навлезат. На 11 март, носачот на САД УСС Рандолф бил погоден и делумно оштетен кај Улити Атол, на Каролинските Остриви, од камиказе кој летал околу 4000 км од Јапонија, во мисија наречена Операција Тан бр февруари На 20 март, подморницата УСС Девалиш го преживеала ударот од авион блиску до Јапонија.
Камиказе авиони изградени со таа причина, наспроти прилагодени ловци и авиони за ниско бомбардирање, исто така се конструирале. Заставникот Мицуо Охта предложил да се создава бомби за управувани едрилици, кои ќе се носат до дометот на целта од авионот-матрица. Првото поморско-воздушно техничко биро (Кугишо), во Јокосука, ја подобрила идејата на Охта. Ракетните авиони Јокосука MXY7 Ока, исфрлени од бомбардери, почнале да се употребуваат во камиказе напади од март 1945 година. Персоналот на САД им дал навредлив/потсмешлив прекар „Бака бомби“ (бака е „идиот“ или „глупав“ на јапонски). Специјално дизајниран авион со пропелер, Накаџима Ки-115 Цуруги, бил едноставен, лесно составен авион, осмислено да ги искористува постоечките резерви на мотори, во дрвена конструкција. Опремата за слетување не можела да се повлече: била исфрлана малку после полетувањето за самоубиствена мисила и потоа повторно користена на други авиони. Во 1945 година, јапонската војска започнала да собира стотици Цуруги, други авиони со пропелер, Ока авиони и бродови за самоубиствени напади, за да се користат против силите на Сојузниците кои се очекувала да ја окупираат Јапонија. Малку од нив биле употребени.[30]
Сојузни одбранбени тактики
[уреди | уреди извор]На почетокот на 1945 година, командантот Џон Тач, морнарички пилот на САД, кој веќе бил познат за развивање на ефективни воздушни тактики против Јапонците како што е Тач бранот (Thach Weave), осмислен како одбранбена стратегија против камиказите, наречен „големо сино ќебе“. Ова барало поголеми борбени воени патроли (БВП), подалеку од носачите отколку што било случај претходно, ред од разурнувачи чувари придрижни разурнувачи бродови на барем 80 километри од средишниот дел на флотата за да обезбедат радарско пресретнување порано и да се оподобри координацијата меѓу раководните офицери на ловците на носачите. Овој план исто така имал потреба од постојани борбени пароли над флотите на Сојузниците, иако морнарицата на САД ја прекинала обуката на пилоти на ловци, па немало доволно пилоти на морнарицата достапни да преземат мерки во врска со заканата од камиказе. Краен елемент вклучувал интензивно трагање на ловците над јапонскиот воздушен простор, и бомбардирање на јапонските писти со бомби со задоцнето активирање за да ги отежнат поправките.[31]
Подоцна во 1944 година, Британската тихоокеанска флота (БПФ) го искористила добриот перформанс на голема височина на нивниот Супермарин Сифајрс за смените на воената воздушна патрола. Тој бил вклучен во голема мерка во спротивставувањето на камиказе нападите за време на двете истоварувања на Иво Џима и понатаму. Најдобриот ден на Сифајрс бил 15 август 1945 година, кога погодил 8 напаѓачки авиони за една загуба.
Лошата обука ги направила камиказе пилотите лесна мета за искусните пилоти на Сојузниците, кои исто така упавувале со подобри авиони. Единствено Борбената единица на брзи носачи на САД можела да донесе преу 1000 ловци во борба . Пилотите на Сојузниците станале вешти во тоа да погодуваат авиони пред тие да ударат во бродовите.
Артилерците на Сојузниците почнале да развиваат техники да ги запрат камиказе нападите. Тие пукале со своето оружје од голем калибар во морето пред авионите кои напаѓале и летале скоро на морско ниво, со цел да создадат ѕидови од вода која би ги наводнила авионите кои требале да нападнат. Противвоздушното оружје со стрелба брза колку светлината како 40 мм топ Бофорс и 20 милимераскиот топ Оерликон било неефикасно, сепак тешката противвоздушна артилерија како 127 мм-скиот топ имале моќ да ги разнесат камиказите во водухот[32]. Иаки такви тактики не можеле да бидат искористени против Ока авионите и други брзи, високоаглени напади, овие биле пак поизложени на против-воздушниот отворен оган[32][33]. Во 1945 г., голем број на противвоздушни гранати со радио честота за детонатори кои се активираат во близина, стана достапно, и тие биле во просек седум пати поефикасни од обичните гранти.
Завршна фаза
[уреди | уреди извор]Врвот на камиказе нападите настапил за време од периодот на април до јуни 1945 г., на битката кајОкинава. На 6 април 1945 година, бранови на авиони извршиле стотина напади во Операцијата Кикусуи. На Окинава, камиказе нападите се фокусирале најпрво на разурнувачите на Сојузниците во улога на чувари, а потоа на носачите во средината на флотата. Самоубиствените напади од авиони или бродови на Окинава потопиле или онеспособиле барем 30 воени бродови на САД [34] и барем 3 трговски бродови на САД[35], заедно со неколку од другите сили на Сојузниците. Нападите уништиле 1465 авиони. Многу воени бродови во сите случаи биле оштетени, некои многу, но ниту еден носач на авиони, воени бродови или крстосувачи не биле потопени од камиказе на Окинава. Повеќето од загубените бродовите биле разурнувачи или помали бродови, особено тие кои биле во улога на чувари.[36]
Носачите на САД, со нивните дрвени писти, се чинело дека биле повеќе оштетени од камиказе удари отколку зацврстените носачи со челична палуба од Британската тихоокеанска флота. Носачите на САД исто така имале поголем број на жртви од камиказе удари, на пример 389 луѓе биле убиени во еден напад на УСС Банкер Хил, а ова е повеќе од вкупниот број на загинати на сите шест вооружени носачи од каков било напад за време на целата војна; осум камиказе удари на пет носачи резултирале со само 20 мртви, додека вкупниот број на 15 удари со бомба, најголем дел од 500 кг тежина или повеќе и едно удар на торпедо на четири носачи предизвика 193 жртви претходно во војната – зачудувачки доказ за заштитничкиот фактор на вооружените писти. Способноста за опоравување на добро вооружените бродови се покажал на 4 мај, нешто по 11:30 часот кога имало бран од самоубиствени напади против БПФ. Еден јапонски авион изведе стрмен лет „од голема висина“ кон носачот Формидабал и бил пресретнат од АА топиви. Иако бил погоден од нив, камиказе пилотот удрил во пистата, правејќи кратер долг 3 м, 0,6 м широк и 0,6 м длабок. Долго челично парче ја прободило палубата на хангарот и главната просторија со котли (каде скинал цевка со пареа), пред да запре во резервоар со гориво близу авионскиот парк, каде започнал голем пожар. Осуммина од персоналот биле убиени и 47 биле повредени. Еден Корсер и десет Авенџер авиони биле уништени. Сепак, огнот бил постепено доведен под контрола, а кратерот на палубата бил поправен со бетон и челична плоча. До 17:00 ч., авионите Корсер можеле да слетаат. На 9 мај, Формидабал повторно бил оштетен од камиказе, како и носачот Викториус и воениот брод Хауи. Британците можеле да ја расчистат пистата и да ги продолжат воздужните операции по само неколку часа, додека на нивните американски колеги им требале неколу денови или месеци, како што забелешал еден од офицерите за врска од морнарицата на САД на Индефатигабал кој кажал: „Кога камиказе удри во носач на САД тоа значи шест месеци поправки на Перл (Харбор). Кога камиказе удира во носач Лајми (Limey), штетите се мали и тогаш се вели "Чистачи, скротете ги вашите метли.“
Понекогаш двоморни авиони биле користени во планирани камиказе напади. На пример, Муцубуши Ки-67 Хирјуу ("Пеги") медиум бомбардери, стационирани на Формоса, извршиле камиказе напади врз силите на Сојузниците во близна на Окинава.
Вицеадмиралот Матоме Угаки, втор по команда на Комбинираната тихоокеанска флота, го водел последниот официјален камиказе напад, праќајќи авиони Џуди од 701. Воена група против флотата на Сојузниците кај Окинава на 15 август 1945 година.
Ефекти
[уреди | уреди извор]Како што се приближувал крајот на војната, Сојузниците не доживеала посериозни загуби, и покрај тоа што имала многу повеќе бродови и што се соочувала со поголем интензитет на камиказе напади. Иако предизвикала најголем број жртви на носачите на САД во 1945 г., Царската јапонска морнарица жртвувала 2525 камиказе пилоти, а воените сили 1387; многу повеќе отколку што загубиле во 1942 г. кога потопиле или онеспособиле три носачи (иако без значителен број жртви). Во 1942 г., кога бродовите од морнарицата на САД биле во мал број, привременото отсуство на клучни воени бродови од воената зона ќе ги замрзне операционите иницијативи. Сепак, до 1945 г., морнарицата на САД била доволно голема што оштетените бродови можеле да бидат испратени назад за поправка без значително да се намали операционата способност на флотата. Единствените површни загуби биле разурнувачите и помали бродови кои немале способност да се одржат при тешко оштетување. Воглавно, камиказите не биле во можност да го пренасочат текот на војната и да ја спречат инвазијата на Сојузниците. Деструктивниот потенцијал на камиказите добивал поствоено финансијање од операцијата Бамбалби (бумбар) сè до 1959 г. кога теледиригираниот проектил RIM-8 Talos започнал да функционира.
Веднаш по камиказе ударите, британските носачи со нивните вооружени палуби за полетување се чинело дека се опоравуваат побрзо во споредба со оние на САД. Меѓутоа, повоената анализа покажала дека некои британски носачи како Формидабал претпеле структурно оштетување што довело до тоа да бидат отпишани и укинати, со причина економски неисплатлива поправка, но лошите повоени финанции на Британија и постојаното намалување на Кралската морнарица несомнено играле улога во одлуката да не се поправат оштетените носачи. Спротивно на тоа, дури и најсериозно оштетените американски носачи како што е УСС Банкер Хил биле успешно доведени во добра состојба, иако не биле ставени во употреба после Втората светска војна затоа што се сметале за одвишок.[37][38][39][40]
Бројот на бродовите кои потонале е предмет за дебата. Според јапонско пропагандно ивестување за време на војната, мисиите потонале 81 бродови, а оштетиле 195, а според една јапонска пресметка, самоубиствените напади биле заслужни дури за 80% од загубите на САД во последната фаза на војната на Тихиот Океан. Во една книга од 2004 г., Втората светска војна, историчарите Вилмот, Крос и Месинџер тврдат дека повеќе од 70 бродови на САД биле „потопени или непоправливо уништени“ од камикази[41]. Според мрежната страница на воздушните сили на САД:
Околу 2800 камиказе напаѓачи потопија 34 бродови на морнарицата, оштетија 368 други, убија 4900 морнари, и повредија 4800. И покрај радарското детектирање и сигнализирање cuing, воздушното пресретнување и исцрпување, and масивните против-воздушни баражи, загрижувачки процент камикази од 14 преживуваше за да погоди брод; приближно 8,5% од сите бродови погодени од камиказе потонаа.[42]
Австралиските новинари Денис и Пеги Варнер, во книга од 1982 г. со јапонскиот поморски историчар Сено Садао (Тајните воини: Самоубиствените легии на Јапонија), стигнале до сума од 57 бродоби потопени од камиказе. Сепак, Бил Гордон, американски јапонологист кој специјализирал за камиказе, тврди, во напис од 2007 г., дека 47 бродови биле потопени од камиказе авиони. Гордон вели дека Ворнеровите и Сено вклучиле десет бродови кои не потонале. Неговиот список се состои од:
- три придружни носачи: Сен Ло, Омани Беј, Бизмарково Море
- 14 разурнувачи, вклучувајќи го и последниот брод кој потонал, Калаган, на 29. јули 1945 г., близу Окинава
- три брзи транспортни бродови
- пет десантни бродови, танкери
- пет десантни бродови, Медиум
- три десантни бродови Медиум (ракетни)
- еден помошен танкер
- три канадски брода Виктори (Victory)
- три брода Либерти
- два брзи детектори на мини
- еден Аук од класата детектори на мини
- еден трагач на подморници
- два PT брода
- два брода за помош на десантни бродови
Регрутирање
[уреди | уреди извор]Јапонските сили во тоа време тврделе дека имало многу доброволци за самоубиствените воени сили. Капетанот Мотохару Окамура коментирал дека „имало толку многу доброволци за самоубиствени мисии што ги нарекол рој пчели“, објаснувајќи: „Пчелите умираат откако ќе каснат некого.“ Окамура е заслужен со тоа што бил прв кој предложил камиказа напади. Тој изразил желба да води група доброволци во самоубиствени напади околу четири месеци пред адмиралот Такиџиро Ониши, командант на јапонската поморски и возухопловни воени сили на Филипините, да ја претстави идејата на неговиот персонал. Додека вицеадмиралот Шигеру Фукудоме, командант на втората воздухопловна флота, бил задолжен за 341-та Воздухопловна група, капетанот Окамура ја искористил шансата да ги изразе своите идеи за тактиките за уривање и пикирање. „Во нашата сегашна ситуација, цврсто верувам дека единствениот начин да се насочи војната во наша корист е да се впуштиме во напади и да се урнеме со нашите авиони. Нема друг начин. Ќе има повеќе од доволно доброволци за оваа шанса да се спаси нашата земја, и јас би сакал да раководам со таква операција. Обезбедете ми 300 авиони и ќе го сменам правецот на војната“[43].
Кога доброволците пристигнале на должност во корпусот имало двојно повеќе луѓе од авиони. „По војната, некои команданти изразија жалење поради тоа што дозволиле дополнителни екипи да бидат придружба на воздушните напади, понекогаш стискајчи се во бомбардерите и ловци со цел да ги поттикнат пилотите-самоубијци и, се чини, да се придружат во задоволството од тонењето на голем непријателски брод.“ Многу од камикази пилотите верувале дека со нивната смрт ќе го платат својот долг и ќе ја покажат љубовта кон нивните семејства, пријатели, и царот[44]. „Толку малку обучени пилоти беа толку желни да учествуваат во самоубиствени мисии што кога нивните летови беа одложени или откажани, пилотите станувале длабоко потиштени. Многу од оние кои беа избрани за самоубиствена мисија биле опишани како неверојатно смирени непосредно пред нивната последен лет.“
Со текот на времето, сепак се појавиле современи критичари кои се сомневале во националистичкиот приказ на камиказе пилотите како благородни војници подготвени да ги жртвуваат своите животи за државата. Во 2006 г., Цунео Ватанабе, одговорен уредник на весникот Јомиури Шимбун, ја критикувал глорификацијата на камиказе нападите од страна на јапонските националисти[45][46][47]:
„Лага е дека заминувале исполнети со храброст и радост, извикувајќи: „Да живее царот!“ Тие биле овци во кланица. Сите гледале надолу и се тетеравеле. Некои не можеле да стојат и биле носени и туркани во авионот од војниците кои биле задолжени за одржување.“
Обука
[уреди | уреди извор]Кога ќе ги заборавите сите мисли за животот и смртта, ќе можете целосно да го занемарите вашиот земен живот. Ова исто така ќе ви овозможи да го концентрирате вниманието на искоренување на непријателот со непоколеблива решителност, додека ги доведувате летачките вештини до совршенство .
— извадок од упатството за камиказе пилоти
Обуката на токоотаи пилоти, како што е опишано од Касуга Такео, генерално „се состоеше од неверојатно напорна обука, заедно со сурово телесното казнување, што налукуваше на измачување, како дневна рутина.“[48] Ирокава Даикичи, кој бил обучен на воздухопловната база „Цучиура“, се сеќава дека „толку лошо и често го удирале по лицето што лицето веќе не му било препознатливо.“ Тој, исто така пишува: „Ме удираа толку лошо што кога веќе не можев да гледам и паѓав на подот. Веднаш штом ќе станав, повторно ме удрираа со палка за да признаам“. Оваа брутална „обука“ била оправдана со идејата дека ќе всади „борбен дух кај војниците.“ Сепак, секојдневното тепање и телесното казнување го намалил патриотизам меѓу многу пилоти.
На пилотите им биле дадени прирачници кои детално опишувале како треба да размислуваат, да се подготват и да нападнат. Според прирачникот, пилотите требело да „постигнат високо ниво на духовна обука“, и да го „одржуваат здравјето во најдобра состојба.“ Ова, меѓу другото, требало да поттикне кај пилотите начин на размислување со кој ќе бидат ментално подготвени да умрат.
Упатството за пилотите токоотаи, исто така, објаснувало дека пилот може да се врати назад, ако не може да сместис цел и дека „пилотот не треба да го изгуби животот залудно.“ Сепак, еден пилот кој постојано се враќал во базата, по деветтиот пат бил застрелан.
Се обидовме да живееме со 120 проценти интензитет, наместо да ја чекаме смртта. Чиставме доста, се обидувавме да се разбереме зошто мора да умреме во нашите рани дваесетти години. Го чувствувавме секое отчукување на часовникот кое го одбројуваше времето до нашата смрт, со секое отчукување нашите животи стануваа пократки.
Прирачникот детално опишувал како пилот треба да нападне. Пилот ќе се нурне кон неговата цел и „како цел ќе му биде точката помеѓу капетанскиот мост и оџаците“. Нападот со рушење во оџак, исто така, било кажано дека е „ефикасен“. На пилотите им било кажано да не се стремат кон капетанскиот мост на бродот или топовските кули, но наместо тоа да се срушат во лифтови или на палубата. Во хоризонтални напади, пилотот требало да се „насочи кон средината на бродот, малку повисоко од водната површина“ или „да се стреми кон влезот на авионскиот хангар, или на дното од оџакот“ ако првиот начин е премногу тежок.
Според упатството на пилотите токоотаи тие не требало никогаш да ги затворат очите. Ова било затоа што ако пилотот ги затвори очите тој ќе ги намали шансите за погодување на неговата цел[49]. Непосредно пред срушувањето, пилотот требало да викне „хисатсу“ (必杀) најгласно што може, што во превод значи „сигурно убиство“.
Културно потекло
[уреди | уреди извор]Во 1944-1945 г., Јапонците биле под силно влијание на Шинтоизмот. Меѓу другото, обожувањето на царот било потенцирано откако Шинтоизмот станала државна религија за време на обновата на Мејџи. Со тек на времето, Шинтоизмот се користел сè повеќе за промовирање на националистички чувства. Во 1890 г., бил донесен царскиот указ за образование, според кој се барало учениците ритуално да рецитираат заклетвата „храбро да се понудат на државата“, и да го заштитуваат царското семејство. Крајната понуда била да го дадат својот живот. Претставувало чест да се умре за Јапонија и царот. Аксел и Кејс истакнуваат: „Факт е дека безброј војници, морнари и пилоти беа решени да умрат, да станат ереи (eirei), односно „духовите-чувари“ на државата. [...] Многу Јапонци сметаа дека е посебна честа да им се постави олтар во храмот Јасукуни, бидејќи императорот двапати годишно го посетуваше да им оддаде почит. Јасукуни е единствениот храм, во кој има олтар за обични луѓе, и кој царот го посетувал да им оддаде почит“. Младите Јапонци биле индоктринирани со овие идеали од најрана возраст.
По започнувањето на камиказе тактиката, во весниците и книгите се појавиле реклами, статии и приказни во врска со бомбашите-самоубијци, за да го олеснат регрутирањето и добивањето поддршка. Во октомври 1944 г., Нипон Тајмс го цитирал потполковник Секио Нишина: „Духот на Корпусот за специјален напад е голем дух што тече во крвта на секој Јапонец... Срушувањето, кое истовремено со сигурност го убива и непријателот и самиот пилот се нарекува Специјален напад .... Секој Јапонец е способен да стане член на Корпусот за специјален напад“. Издавачите, исто така, ја истакнувале идејата дека камиказе пилотите имаат олтар во Јасукуни и објавувале нашминкани приказни за храброста на камиказе пилотите – имало дури и бајки за мали деца кои ги промовираа камиказе пилотите. Службеник во Министерството за надворешни работи Тошиказу Касе рече: „Беше вообичаено за генералното седиште [во Токио] да направи лажни изјави за победа во крајно непочитување на фактите, и екстатичната и безгрижна јавност да им верува“.
Додека голем број приказни биле фалсификувани, некои се вистинити, како што е приказната за Кију Ишикава, кој спасил јапонски брод, кога се урнал со неговиот авион во торпедо лансирано од американска подморница. Наредникот мајор бил посмртно унапреден во потпоручник од царот и му бил направен олтар во Јасукуни. Приказни како овие, кои покажаа каква слава и чест може да се добие со смртта, ги охрабриле младите Јапонци да се пријават за доброволци во Корпусот за специјален напад и влевале желба во младите да умрат како камикази.
Пред камиказе пилотите да заминат на нивната последна мисија се вршеле церемонии. Им било дадено знамето на Јапонија или знамето со сонцето кое изгрева (јапонското поморско знаме), испишано со инспиративни и духовни зборови, Намбу пиштол или катана и пиеле саке. Тие врзувале хачимаки лента на главата со сонцето што изгрева, и сенинбари, „појас од илјада конци“ порабен од илјада жени од кои секоја направила по еден бод. Тие, исто така составиле и читале смртна песна, традиција кои произлегувала од самураите, кои ја изговарале пред да извршат сепуку. Пилотите со себе носеле молитви од нивните семејства и добивале воени одликувања.
Додека најчесто се смета дека доброволците се регистрирале во голем број за камиказе мисии, исто така е тврди дека имало голема принуда и притисок од врсниците при регрутирањето на војници за ваквата жртва. Нивната мотивација за „доброволното учество“ била сложена, а не била само патриотизам или носење чест на нивните семејства. И барем еден од овие пилотите бил регрутиран Кореец со јапонско име; со донесената Соши-каме уредба пред војната Корејците биле принудени да земаат јапонски лични имиња. Единаесет од 1036 камиказе пилоти на Царските јапонски воздухопловни сила кои загинале во летови од Чиран и други јапонски воздушни бази за време на битката кај Окинава беа Корејци.
Се вели дека младите пилоти на камиказе мисии често летале југозападно од Јапонија преку планината Каимон, висока на 922 м (3025 стапки). Планината е позната и под името „Сацума Фуџи“ (што значи една планина како планината Фуџи, но сместена во регионот на покраината Сацума). Пилотите на самоубиствени мисии ќе погледнеле преку рамената да ја видат најјужната планина на јапонското копно и додека биле во воздух, да се збогуваат со својата земја, и да ја поздрават планината.
Жителите на Островот Кикашима, источно од Амами Ошима, велат дека пилотите од единицата за самоубиствени мисии фрлале цвеќе од авионот, како што заминувале на нивната последна мисија. Се вели дека на ридовите над Аеродромот Кикашима аеродромот има легла на метличина кои цветаат во почетокот на мај.
Камикази пилотите, кои не биле во можност да ја завршат нивната мисија (поради механички дефекти, следење, итн.) биле стигматизирани во периодот по војната. Оваа стигма почнала да се намалува околу 50 години по војната, како што историчарите и издавачите ги дистрибуираа приказните на преживеаните.
Со текот на времето, некои истакнати јапонски воени фигури кои ја преживеаја војната почнаа да ја критикуваат оваа политика. Сабуро Сакаи, истакнат пилот на Царската јапонска морнарица рекол:
„Камиказе е напад од изненада, според нашата древна воена тактика. Нападите од изненада се успешни еднаш, можеби два или трипати. Но, кој би бил глупав да продолжи со истите напади десет месеци? Царот Хирохито мора да го сфатил ова. Тој требаше да рече „Доста“. „Дури и сега, кога ќе ги затворам очите гледам многу лица од моите ученици. Толку многу ученици починаа. Зошто цантарот продолжи со овие глупави напади десет месеци! Будали! Генда [познат јапонски воен пилот и политичар кој го испланирал нападот на Перл Харбор], кој отиде во Америка, и другите лажеа дека сите се пријавија за доброволци за камиказе-единиците. Лажеа.“
Цитати
[уреди | уреди извор]Не можам да го предвидам резултатот на воздушните битки, но ќе згрешите ако гледате на операците за Специјален напад како нормален метод. Вистинскиот начин е да се нападне непријателот со вештина и да се врати во базата со добри резултати. Авионот треба да се искористи колку што е можно повеќе. Вака треба да се води војна. Сегашното размислување е погрешно. Во овој случај, не можете да очекувате да се подобри воздушната моќ. Нема да има напредок ако пилотите продолжат да умираат.
—Потполковник командант Иватани, од списанието „Таијо“ (Океан), март 1945 г.
Zwei Seelen wohnen auch in mein[em] Herz[en]!! (Ах, две души живеат во моето срце!) На крајот на краиштата, јас сум само човечко битие. Понекогаш, срцето ми чука од возбуда во градите кога мислам на денот кога ќе летам на небото. Го тренирав мојот ум и тело колку што можев и загрижен сум за денот кога ќе мора да ги користам со полн капацитет во битка. Мислам дека мојот живот и смрт припаѓаат на мисијата. Сепак, понекогаш, им завидувам на оние кои студираа природни науки и кои останува дома [ослободени од изборот]. ... Една од моите души гледа кон небото, додека другата е привлечена кон земјата. Сакам да влезам во морнарицата што е можно поскоро, за да можам да се посветам на задачата. Се надевам дека деновите кога ме измачуваат глупави мисли ќе поминат брзо.
—Хачиро Сасаки
Лесно е апстрактно да се зборува за смртта, како што дискутираа античките филозофи. Но јас се плашам од вистинската смрт и не знам дали можам да го надминам стравот. Дури и краткиот живот има многу спомени. За некој кој имал добар живот, многу е тешко да се откаже од него. Но јас дојдов до точката од која нема враќање. Јас мора да се фрлам во непријателски брод.
Да бидам искрен, не можам да кажам дека желбата да умрам за императорот е вистинска, и дека доаѓа од срцево. Како и да е, беше одлучено за мене да умрам за императорот.
—Ичизо Хајаши
Среќен сум што ја имам честа да бидам избран како член на Единицата за специјален напад која е на својот пат во битка, но не можам а да не заплачам кога ќе помислам на тебе, мамо. Кога се сеќавам на твоите надежите за мојата иднина ... се чувствувам толку тажно што ќе умрам без да направам ништо што ќе ти донесе радост.
—Ичизо Хајаши, последното писмо до семејството, неколку дена пред неговиот последен лет, април 1945 г.
Камиказите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Последниот камиказе“ (јапонски: Saigo no Tokkotai, англиски: The Last Kamikaze) – јапонски филм од 1970 година, во режија на Јахаги Тошихико.
- „Последните камиказе сведоштва на пилотите-самоубијци од Втората светска војна“ (англиски: Last Kamikaze Testimonials from WWII Suicide Pilots) - јапонски документарен филм од 2008 година, во режија на Масмаи Такахаши.[50].
- „Крилјата на поразот“ (англиски: Wings of Defeat) - јапонски филм од 2007 година, во режија на Риса Моримото.[51]
- „Бев пилот-камиказе“ (I Was a Kamikaze Pilot) - песна на австралиската рок-група „Худу Гурус“ (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[52]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Giretsu
- Living torpedoes
- Aerial ramming
- Suicide weapon
- "Umi Yukaba"
- Vehicle explosion
- Rammkommando "ELBE"
- Shiggy Konno
- Chiran Special Attack Peace Museum
Наводи
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Wragg, David W. (1973). A Dictionary of Aviation (first. изд.). Osprey. стр. 171. ISBN 9780850451634.
- ↑ Zaloga, Steve (2011). Kamikaze: Japanese Special Attack Weapons 1944–45. New Vanguard. Osprey Publishing. стр. 12. ISBN 978-1849083539.
- ↑ David Powers, "Japan: No Surrender in World War Two"
- ↑ John W. Dower, War Without Mercy: Race & Power in the Pacific War pp. 1, 216 ISBN 039450030X
- ↑ Haruko Taya Cook and Theodore F. Cook, Japan at War: An Oral History p. 264 ISBN 1565840143
- ↑ Meirion and Susie Harries, Soldiers of the Sun: The Rise and Fall of the Imperial Japanese Army p. 413 ISBN 0394569350
- ↑ Axell, Albert (2002). Japan's Suicide Gods. London: Pearson Education. стр. ix. ISBN 978-0582772328.
- ↑ „Kamikaze origin“. Online Etymology Dictionary. 11 December 2015.
- ↑ Jenkins, David (1992). Battle Surface! Japan's Submarine War Against Australia 1942–44. Milsons Point NSW Australia: Random House Australia. стр. 122. ISBN 0091826381.
- ↑ Porter, Edgar A.; Porter, Ran Ying (2017), „"I Shall Die with Pleasure"“, Japanese Reflections on World War II and the American Occupation, Amsterdam University Press, стр. 120–126, ISBN 978-94-6298-259-8, JSTOR j.ctt1pk3jj7.13, Посетено на 2024-04-08
- ↑ Axell, pp. 34, 40–41
- ↑ Mulero, Alexis R. (7 December 2001). „Fusata Iida: WWII's first 'Kamikaza' pilot“. Marine Corps Base Hawaii, United States Marine Corps. Посетено на 18 January 2024.
- ↑ Axell, p. 44.
- ↑ U.S. Naval War College Analysis, p. 1; Parshall and Tully, Shattered Sword, pp. 416–430.
- ↑ McCandless, Bruce (November 1958). „The San Francisco Story“. Proceedings. 84 (11).
- ↑ „John E. Bennett oral history interview, February 5, 1994 and February 6, 1994“. Посетено на 30 August 2023 – преку East Carolina University Manuscript Collection.
- ↑ Peattie, Sunburst, pp. 176–86; Eric Bergerud, Fire in the Sky, p. 668.
- ↑ Fighting Elites: Kamikaze: 9, 12
- ↑ Axell, pp. 40–41
- ↑ John Toland, The Rising Sun: The Decline and Fall of the Japanese Empire 1936–1945 p. 568
- ↑ ww2pacific.com, 2004, "World War II in the Pacific: Japanese Suicide Attacks at Sea" Архивирано на 13 април 2020 г.. Accessed 1 August 2007.
- ↑ Axell, p. 16
- ↑ Ivan Morris, The Nobility of Failure: Tragic Heroes in the History of Japan, p. 289 Holt, Rinehart and Winston, 1975
- ↑ Ivan Morris, The Nobility of Failure: Tragic Heroes in the History of Japan, pp. 289–290 Holt, Rinehart and Winston, 1975
- ↑ "Motoori Norinaga: A scholar-physician who loved cherry blossoms", The East Архивирано на 11 јануари 2009 г., Vol. XXVI No, 1
- ↑ Ivan Morris, The Nobility of Failure: Tragic Heroes in the History of Japan, p. 284 Holt, Rinehart and Winston, 1975
- ↑ 27,0 27,1 27,2 Nichols, Robert (2004). „The first kamikaze attack?“. Wartime. Australian War Memorial (28). Архивирано од изворникот на 2 October 2009. Посетено на 15 August 2010.
- ↑ Richard L. Dunn, 2002–2005, "First Kamikaze? Attack on HMAS Australia – 21 October 1944" (j-aircraft.com). Access date: 20 June 2007. If the pilot was from the 6th Flying Brigade, it was probably either Lieutenant Morita or Sergeant Itano, flying out of San Jose, Mindoro.
- ↑ Toland, p. 567
- ↑ „Japanese Ki-9 biplane“. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 12 June 2011.
- ↑ Bill Coombes (1995). „Divine Wind The Japanese secret weapon – kamikaze suicide attacks“. rwebs.net. Архивирано од изворникот на 28 September 2006.
- ↑ 32,0 32,1 „HyperWar: Antiaircraft Action Summary – Suicide Attacks [Chapter 2]“. www.ibiblio.org.
- ↑ DiGiulian, Tony (September 2006). „United States of America 20 mm/70 (0.79") Marks 2, 3 & 4“. navweaps.com. Посетено на 25 February 2007.
- ↑ American Merchant Marine at War (website), 2006, "Chronological List of U.S. Ships Sunk or Damaged during 1945" Архивирано на 25 март 2017 г. Access date: 1 December 2007.
- ↑ „USS Laffey“. Patriots Point Naval & Maritime Museum. Архивирано од изворникот на 27 September 2011. Посетено на 22 June 2011.
- ↑ „Pre-Okinawa Kamikazes“. Naval History and Heritage Command National Museum of the U.S. Navy. Посетено на 30 August 2023.
- ↑ „Hellish Prelude at Okinawa“. U.S. Naval Institute. April 2005. Посетено на 30 August 2023.
- ↑ „U.S. Navy Overseas Loss List - May 1945“. Aviation Archaeological Investigation & Research. Посетено на 30 August 2023. For destroyed aircraft from Bunker Hill and Enterprise.
- ↑ „U.S. Navy Overseas Loss List - March 1945“. Aviation Archaeological Investigation & Research. Посетено на 30 August 2023. For destroyed aircraft from Franklin.
- ↑ „H-048-1: Kamikaze Attacks on U.S. Flagships off Okinawa“. U.S. Naval History and Heritage Command. Посетено на 30 August 2023.
- ↑ Hallion, Richard P. (1999). „Precision Weapons, Power Projection, and The Revolution In Military Affairs“. USAF Historical Studies Office. Архивирано од изворникот на 5 May 2009. Посетено на 21 December 2015.
- ↑ Inoguchi, Rikihei (1958). The Divine Wind. Maryland: Naval Institute Press. стр. 139.
- ↑ van der Does-Ishikawa, Luli (2015). „Contested memories of the Kamikaze and the self-representations of Tokkō-tai youth in their missives home“. Во Hook, G. D. (уред.). Excavating the Power of Memory in Japan. Japan Forum. 27. London: Routledge, Taylor and Francis UK. стр. 50–84. doi:10.1080/09555803.2015.1045540. ISBN 978-1138677296. S2CID 216150961.
- ↑ „The Saturday Profile; Shadow Shogun Steps Into Light, to Change Japan“. The New York Times. 11 February 2006. Посетено на 15 February 2007.
- ↑ „Publisher dismayed by Japanese nationalism“. International Herald Tribune. 10 February 2006. Архивирано од изворникот на 11 May 2006. Посетено на 11 March 2007.
- ↑ „They've Outlived the Stigma“. Los Angeles Times. 25 September 2004.
- ↑ Ohnuki-Tierney, Emiko (2006). Kamikaze Diaries: Reflections of Japanese Student Soldiers. University of Chicago Press. стр. 175. ISBN 978-0226619507. Extract at University of Chicago Press website
- ↑ „Advice to Japanese kamikaze pilots during the second world war“. The Guardian. 7 September 2009. Посетено на 30 July 2020.
- ↑ Documentary Educational Resources, 2008
- ↑ New Day Films, 2007.
- ↑ YouTube, Hoodoo Gurus (1984) Stoneage Romeos (пристапено на 15 декември 2017)
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Axell, Albert; Hideaki, Kase (2002). Kamikaze: Japan's suicide gods. New York: Longman. ISBN 0-582-77232-X.
- Brown, David (1990). Fighting Elites: Kamikaze. New York: Gallery Books. ISBN 9780831726713.
- Brown, David (1990). Warship Losses of World War Two. London: Arms and Armour. ISBN 0-85368-802-8.
- Hobbes, Nicholas (2003). Essential militaria. London: Atlantic Books. ISBN 9781843542292.
- Hoyt, Edwin P. (1993). The Last Kamikaze. Praeger. ISBN 0-275-94067-5.
- Inoguchi, Rikihei; Nakajima, Tadashi and Pineau, Roger (1959). The Divine Wind. London: Hutchinson & Co. (Publishers) Ltd.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Mahon, John K. (May 1959). The Pacific Historical Review. Vol. 28, No февруари
- Millot, Bernard (1971). Divine Thunder: The life and death of the Kamikazes. Macdonald. ISBN 0-356-03856-4. OCLC 8142990.
- Ohnuki-Tierney, Emiko. (2006). Kamikaze Diaries: Reflections of Japanese Student Soldiers. Chicago and London: The University of Chicago Press. ISBN 978-0-226-61950-7
- Sheftall, Mordecai G. (2005). Blossoms in the Wind: Human Legacies of the Kamikaze. NAL Caliber. ISBN 0-451-21487-0.
- Toland, John (1970). The rising sun; the decline and fall of the Japanese Empire, 1936–1945. New York: Random House. OCLC 105915.
- Ugaki, Matome; Masataka Chihaya (Translator) (1991). Fading Victory: The Diary of Admiral Matome Ugaki, 1941–1945. University of Pittsburgh Press. ISBN 0-8229-3665-8. Архивирано од изворникот на 2014-02-26. Посетено на 2012-01-05.
- Warner, Denis & Peggy; Sadao Seno (1984; first published 1982). The Sacred Warriors: Japan’s Suicide Legions. Avon Books (previously Van Nostrand Reinhold). ISBN 0-380-67678-8. Архивирано од изворникот на 2012-03-06. Посетено на 2012-01-05. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - Willmott, H.P; Cross, Robin & Messenger, Charles (2004). World War II. London: Dorling Kindersley. ISBN 9781405305877.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Zaloga, Steven (2011). Kamikaze: Japanese Special Attack Weapons 1944-45. Osprey. ISBN 1849083533.
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Ohnuki-Tierney, Emiko (2006). Kamikaze Diaries: Reflections of Japanese Student Soldiers. University of Chicago Press. ISBN 9780226619514.
- Ohnuki-Tierney, Emiko (2002). Kamikaze, Cherry Blossoms, and Nationalisms: The Militarization of Aesthetics in Japanese History. University of Chicago Press. ISBN 9780226620916.
- Rielly, Robin L. (2010). Kamikaze Attacks of World War II: A Complete History of Japanese Suicide Strikes on American Ships, by Aircraft and Other Means. McFarland. ISBN 978-0786446544.
- Stern, Robert (2010). Fire from the Sky: Surviving the Kamikaze Threat. Naval Institute Press. ISBN 978-1591142676.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Камиказе“ на Ризницата ? |
- Kamikaze Images Архивирано на 9 јули 2011 г. – Explores different Western and Japanese portrayals and perceptions of kamikaze pilots.
- Personal website of Mr Nobu
- Dayofthekamikaze.com Архивирано на 6 октомври 2006 г.
|