Напад на Перл Харбор
Нападот на Перл Харбор | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Борбите во Тихиот Океан во Втората светска војна | |||||||
Фотографија на Перл Харбор од јапонски авион на почетокот на нападот. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
САД | Царството Јапонија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Морнарица: Хазбанд Кимел Војска: Валтер Шорт | Морнарица: Куичи Нагумо Морнаричка авијација: Мицуо Фучида (првиот бран) Шигеказу Шимазаки (вториот бран) |
||||||
Сила | |||||||
8 бојни брода, 8 крстосувачи, 30 разурнувачи, 4 подморници, 49 други бродови,[1] околу 390 авиони | 6 носачи на авиони, 2 бојни брода, 2 тешки крстосувачи, 1 лесен крсторувач, 9 разурнувачи, 8 танкери, 23 подморници, 5 мини-подморници, 414 авиони |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
4 бојни бродови потопени, 3 оштетени, 1 уништен (УСС Аризона) 3 крстосувачи оштетени 2 разурнувачи потопени, 1 оштетен 1 друг брод потопен, 3 оштетени [2] 188 авиони уништени, 155 авиони оштетени, 2.345 војници и 57 цивили загинати, 1.247 војници и 35 цивили ранети[3][4] | 4 мини-подморници потопени, 1 мини-подморница се насукала, 29 авиони уништени, 55 воздухопловци, 9 подморничари убиени, еден заробен[5] |
Нападот на Перл Харбор или Операцијата Хаваи како што ја нарекувале во Царскиот јапонски генерал-штаб — ненадеен воен напад извршен од јапонската царска морнарица против воено-поморската база Перл Харбор на Хаваите (САД) утрото на 7 декември 1941 година. Нападот го означил преминот на САД од неутрална земја во Втората светска војна во инволвирана на страната на сојузниците. Целта на нападот била воено да се оневозможи Тихоокеанската флота на САД, за Јапонија да може непречено да ги води воените операции против Велика Британија и Холандија во Југозападна Азија. Нападот се состоел од два последователни воздушни брана од вкупно 360[6] авиони кои полетале од 6 јапонски носачи на авиони.
Планот за напад е изработен летото 1941. Планирано било нападот да се изврши во Недела, кога вообичаено најмногу бродови се усидрени во пристаништето и кога војската со своите офицери е на копно на неделен одмор. Доцна Саботата на 6 Декември 1941, малку пред полноќ на полна месечина јапонските извидувачки авиони упатени од крстосувачите во претходница констатирале отсуство на американските носачи на авиони. Само 2 дена претходно дадена е наредба сите три американски носачи на авиони да се упатат безбедно во пристаништето на Сан Франциско заради редовен сервис. Истовремено стражата на бродовите била делумно засилена заради затегнатите односи со Јапонија.
Нападот е извршен во Недела, рано наутро додека американската војска сè уште спиела.
Првиот бран од нападот бил потполно изненадување. 189 јапонски авиони во темница за 30 минути направила пустош од американските бродови. Бомбардерите летале многу ниско и практично ја погодувале секоја цел. Авионите со торпеда пришле многу блиску до своите цели: бојните бродови, речиси сите исфрлени торпеда ја погодиле целта. Сите бојни бродови биле потопени во плиткиот залив. Притоа од вкупно 230 паркирани американски авиони, 63 биле оштетени на земја. Нанесени биле 90% од вкупните штети во нападот.
45 минути подоцна, во вториот бран од нападот долетале 171 јапонски авиони со тешки продорни бомби за да ги доуништат оштетените бојни бродови за да бидат практично непоправливи. Но сега веќе се разденило, а и противавионската одбрана на американските бродови веќе делувала. Јапонците биле оневозможени да пријдат блиску како во првиот напад, така што ги испуштиле бомбите од голема височина. Сепак неколку од нив ја погодиле целта. Во вториот дел од нападот нанесени биле само 10% од вкупните штети.
Нападот на Перл Харбор успеал во целост, бидејќи јапонците за само 90 минути колку што траела операцијата, целосно ја уништиле Тихоокеанската флота и предизвикале големи загуби во војска и делумно во инфраструктура кај САД. Нападот бил значајна пресвртница во Втората светска војна, бидејќи го променил јавното мислење и политиката во САД од изолационизам кон целосно прифаќање на учеството во војната.
Првичниот привиден успех на Јапонците бил голема политичка и стратегиска грешка. Подмолниот напад, без објава на војна имал негативен одек во политичкиот свет. Онсепособувањето на 8 застарени бојни бродови (6 од нив подоцна се поправени, а УСС Аризона денес е претворена во воен меморијален музеј) не можело да влијае врз исходот на војната, новите модерни бојни бродови, како и сите американски носачи на авиони останале надвор од дометот на јапонските бомбардери. Погрешен бил и тактичкиот дел од нападот: нагласено е уништување на флотата, пред сè на бојните бродови, додека сервисната служба, арсеналот за поправки, бродоградилиштето, магацините за гориво за бродовите и авионите, магацинот за оружје, пристаништето за подморници, зградата на командата со обавештајната служба, поштата, како и најважниот објект, термоелектраната останале негибнати.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Јапонски Мицубиши А6М2 ловец полетува од носачот „Акаги“ утрото на 7 декември 1941.
-
Авиони-ловци полетуваат од носачот „Шокаку“ кон Перл Харбор
-
Јапонски Накаџима Б5Н2 бомбардер полетува од „Шокаку“
-
Јапонски Аичи Д3А1 бомбардери се подготвуваат за полетување
-
Бојниот брод „Калифорнија“ тоне
-
Бојниот брод „Аризона“ експлодира
-
Разурнувачот „Шо“ експлодира откако се запалил предниот магацин за муниција
-
Бојниот брод „Невада“ се обидува да избега од пристаништето
-
Бојниот брод „Вест Вирџинија“ бил погоден од 2 бомби и 7 торпеда
-
Уништен Боинг Б-17 на аеродромот Хикам
-
Хангарот на островот Форд во пожар
-
По нападот од лево: "Вест Вирџинија" (тешко оштетен), "Тенеси" (оштетен) и потонатиот "Аризона"
-
Бродот „Пенсилванија“, позади уништените „Даунс“ и „Касен“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Бродови во Перл Харбор во 8 часот на 7 декември 1941, Историски центар на Морнарицата на САД
- ↑ Извештај за штетите на бродовите во Перл Харбор.
- ↑ Conn 2000, стр. 194 (Navy and Marines: 2,117 killed in action or died of wounds, 779 wounded; Army 215 killed in action or died of wounds, 360 wounded).
- ↑ GPO 1946, стр. 64-65 .
- ↑ Martin Gilbert, The Second World War(1989) стр. 272
- ↑ Parillo 2006, стр. 288
21°22′N 157°57′W / 21.367° СГШ; 157.950° ЗГД
|