Јапонија во Втората светска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија

Царството Јапонија влегло во Втората светска војна со започнување на изненадувачкиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941 година против воено-поморската база Перл Харбор на Хаваите (САД). Во текот на седум часа имало координирани јапонски напади врз американските Филипини, островот Гуам и Вејк и врз териториите на Британското Царство во Борнео, Малаја, Сингапур и Хонгконг[1]. Стратешките цели на офанзивата биле да се уништи американската тихоокеанска флота, да се освојат нафтените полиња во Холандска Источна Индија и да се одржи нивната сфера на влијание во Кина, Источна Азија и Кореја. Исто така, требало да се прошират надворешните достигнувања на Царството Јапонија за да се создаде огромен одбранбен периметар околу ново стекнатата територија[2].

Позадина[уреди | уреди извор]

Денеска, според голем дел од историчарите, Втората светска војна започнала со нападот на Германија врз Полска на 1 септември 1939 година во Европа, но доколку се зема предвид целосниот свет, според некои историчари, војната започнала доста порано во Азија, односно со инвазијата на Јапонија врз територијата на Кина. Под изговор на т.н. Манџуриски инцидент, потполковникот Канџи Ишивара ја нападнал Внатрешна (Кинеска) Манџурија во 1931 г., акција која јапонската влада ја ратификувала со создавањето на марионетска држава Манџукуо за време на владеењето на последниот кинески цар, Пуји. Како резултат на меѓународна осуда на инцидентот, Јапонија се повлекла од Лигата на народите во 1933 год. По уште неколку слични инциденти кои ја вклучуваа експанзионистичка војска, Втората сино-јапонската војна започнала во 1937 г. по Инцидентот на мостот Марко Поло.

Јапонија била поразена од страна на Советскиот Сојуз во 1938 г. во големи, но локализирани битки, и тоа во Битката на езерото Хасан во 1939 г. и во Битката на Халкин Гол. Армијата не сакаше повеќе да се бори против Советскиот Сојуз, па во 1941 г. беше потпишан Советско-јапонскиот пак за неутралност. Договорот се одржал до август 1945 г. кога Советскиот Сојуз извршил инвазија на Манџурија и Кореја.

Влегување во војната[уреди | уреди извор]

Тензиите меѓу Јапонија и САД пораснале како резултат на јавен протест против јапонската агресија и вестите за злосторствата во Кина, како злогласниот масакар во Нанѓинг. САД цврсто ја поддржале Кина со пари, пилоти, добра и закани против Јапонија. Во знак на одмазда за инвазијата на Француска Индокина, САД ставила ембарго на стоки како нафтени производи и старо железо. На 25 јули 1941 г., сите јапонски средства во САД биле замрзнати. Како што воената моќ на Јапонија, особено морнарицата, зависела од нафтени резерви што се намалуваа, оваа мерка создала спротивен ефект меѓу зголемувањето на зависноста на Јапонија од нафта и нејзината потреба за нови освојувања.

Многу граѓански водачи од Јапонија, вклучувајќи го и премиерот Фумимаро Коное, верувале дека евентуална војна со Америка ќе заврши со нивни пораз, но чувствувале дека концесиите кои ги бара САД речиси сигурно ќе ја преместат Јапонија од редовите на светските сили, оставајќи ја како плен на западниот заговор. Граѓанските водачи понудиле политички компромис во форма на „Амау доктрина“, наречена „јапонската Монро доктрина“ која ќе им дава на Јапонците слобода во војната со Кина. Овие понуди биле категорично одбиени од страна на САД, а воените водачи се натпреварувале за брза воена акција.

Повеќето воени водачи, како Осами Нагано, Котохито Канин, Хаџиме Сугијама и Хидеки Тоџо верувале дека војна со Западот е неизбежна. Тие конечно го убедиле царот да одобри план за напад на САД, Велика Британија и Холандија во ноември 1941 г. Меѓутоа, имало дисиденти во редовите во врска со мудроста на таа опција, меѓу кои биле Адмиралот Исороку Јамамото и принцот Такамацу. Тие јасно предупредиле дека на почетокот на судирот со САД, царството ќе има предност шест месеци, но во подолга војна со непријател со многу поголема економија, поразот на Јапонија ќе биде речиси сигурен.

Тек на војната[уреди | уреди извор]

Авиони од јапонскиот носач Шокаку подготвени за нападот на Перл Харбор

Американците очекувале напад на Филипините и испратиле бомбардери за да го одвратат јапонскиот напад. По совет на Јамамото, Јапонија донела одлука да ја нападне главната американска флота во Перл Харбор на Хаваите. Американските стратези верувале дека Јапонија никогаш не би бил толку храбра да нападне толку блиску до својата домашна база и САД биле навистина изненадени.

Нападот на Перл Харбор, првично се чинело дека е голем успех што ја нокаутирало американската борбена флота, но ги пропушти носачите на авиони кои биле во морето и ги игнорирале објектите на брегот од витално значење чие уништување можело да ги успори операциите на САД на Тихиот Океан. На крај, нападот се покажал како долгорочна стратешка катастрофа со тоа што всушност нанела релативно малку значајна долгорочна штета, а ги поттикнало САД да се одмаздат. Во исто време како и нападот на Перл Харбор, јапонската војска го нападнала британски Хонгконг и го окупирала речиси четири години.

Додека нацистичка Германија била во средината на нејзиниот Блицкриг низ Европа, Јапонија окупирала територии во Азија. Јапонската армија извршила инвазија и ги окупираше повеќето крајбрежните кинески градови, како на пример Шангај. Јапонија ја презеде Француска Индокина (Виетнам, Лаос, Камбоџа), британска Малаја (Брунеи, Малезија, Сингапур), како и холандска Индонезија, додека Тајланд склучи сојуз со Јапонија. Јапонските сили ги поразиле Британците во Бурма (со прекинување на протокот на резерви во Кина) и стигнаа до границите на Индија и Австралија. Нивните воздушни напади го уништиле Дарвин во Австралија. Наскоро Јапонија се етаблирала како царство која се протега на поголемиот дел од Тихиот Океан.

Атомски облак над Хирошима, 1945 г.

Сепак како што предупредил претходно Адмиралот Јамамото, шест-месечниот прозорец на воена предност на Јапонија по нападот на Перл Харбор завршил кога способноста за офанзива на Јапонската морнарица била уништена од Американската морнарица во Битката за Мидвеј, кој ја утврдил значајната воена предност на САД. Војната стана војна на масовно производство и логистика, а САД финансирала многу посилна морнарица со побројни воени авиони, и далеку подобар комуникациски и логистички систем. Териториите на Јапонија се протегале премногу далеку и земјата не можела да ги обезбеди своите бази со резерви, па многу војници починале од глад. Американската подморница ги уништила јапонските танкери, предизвикувајќи голем недостиг на гориво за бродови и авионски бензин. Јапонија изградила воени авиони во голем број, но квалитетот опаднал и резултатите на слабо обучени пилоти станувале сè полоши. Морнарицата изгубила серија големи битки, од Битката кај Мидвеј (1942 г.), до Битката на Филипинското Море (1944 г.) и Лејтскиот Залив (1945 г.), која ги стави на опсег американските бомбардери со долг дострел Б-29. Серија на масовни рации уништиле поголем дел од Токио и други големи индустриски градови почнувајќи од март 1945 г., додека „Операција Гладување“ сериозно ја нарушила внатрешна маршрута на транспорт од витално значење на нацијата.

Крај на војната[уреди | уреди извор]

Без оглед на тоа што војната стануваше безнадежна, кругот околу царот останал цврст и одби да отвори преговори. Конечно во август, двете атомски бомби и советската инвазија на Манџурија покажаа дека каузата беше залудна, и Хирохито овласти предавање при што го зачува својот престол.

Последици[уреди | уреди извор]

Вкупниот број на јапонски воени жртви меѓу 1937 г. и 1945 г. беше 2,1 милион, а повеќето беа од последната година од војната. 80% од јапонските воени жртви на Филипините, како и 50 проценти од воените жртви во Кина се должеа на болест поради глад или недоволна исхранетост. Се смета дека воздушните напади на вкупно 65 јапонски градови одзедоа минимум 400,000 животи и веројатно блиску до 600,000 цивилни животи (над 100,000 само во Токио, над 200,000 во Хирошима и Нагасаки и 80,000-150,000 цивилни жртви во Битката на Окинава). Смртните случаи на цивили меѓу доселениците кои загинаа обидувајќи се да се вратат во Јапонија од Манџурија во зимата 1945 г. се најверојатно околу 100,000.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gill, G. Hermon (1957). Royal Australian Navy 1939–1942. Australia in the War of 1939–1945. Series 2 – Navy. 1. Canberra: Australian War Memorial. стр. 485. LCCN 58037940. Архивирано од изворникот на May 25, 2009. Посетено на June 16, 2015.
  2. Morton, Louis. „Japan's Decision for War“. U.S. Army Center Of Military History. Посетено на 5 May 2018.