Во потесна смисла, под „Англоамерика“ може да се подразберат и само северноамериканските земји САД и Канада, поради нивната големина и влијание.[2] И покрај тоа што мнозинството говори француски, Квебек се смета за дел од Англоамерика од историски, географски, стопански, политички и културни причини. Други подрачја што ги сочинуваат англофонските Кариби се териториите Британски Западни Инди, Белиз, Бермуда и Гвајана.