Шаховска олимпијада 1939

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

8. шаховска олимпијада организирана од ФИДЕ содржела натпреварувања во машка конкуренција[1] и светско првенство во женска конкуренција. Настанот се одржал во Буенос Аирес, Аргентина од 21 август до 19 септември 1939, време во кое започнала Втората светска војна.

Вовед[уреди | уреди извор]

На оваа шаховска олимпијада учествувале рекордни 27 екипи од исто толку земји, што било за осум повеќе од претходната олимпијада. Зголемениот број на земји-учеснички билч благодарение на зголемениот интерес на земјите од Средна Америка, особено Куба, предводена од Хозе Раул Капабланка на прва табла.

Поради политичките случувања во тоа време и аншлусот на Нацистичка Германија врз Австрија, познатите австриски шахисти Ерих Елисказес и Алберт Бекер се натпреварувале за Германија, а некои извори посочуваат на фактот дека Чехословачка учествувала под името „Бохемија и Моравија“. За жал, на оваа шаховска олимпијада не учествувале првопласираните две репрезентации од претходната шаховска олимпијада одржана во Стокхолм, САД и Унгарија. Всушност, некои репрезентации не испратиле своја екипа на оваа шаховска олимпијада поради одалеченоста и големите трошоци кои требале да ги платат.

По почетните натпревари, екипите биле поделени во завршните групи A или B, со поранешниот натпреварувачки Хамилтон-Раселов куп и подоцнежниот „Копа Америка“, претставен лично од аргентинскиот претседател.

Почетни натпревари[уреди | уреди извор]

Почетните натпревари се одржале од 21 до 31 август 1939. Имало 3 групи од по 7 екипи и една со 6. Натпреварите биле одржани во систем „секој против секого“, по кои најдобрите 4 екипи од секоја група обезбедиле учество во завршната група А, а останатите екипи продолжиле во групата B. Победниците по групи биле: Бохемија и Моравија и Полска (група 1), Летонија (група 2), Аргентина (група 3) и Шведска (група 4).

Завршни натпревари[уреди | уреди извор]

Завршните натпревари започнале на 1 септември 1939, дата која се смета за почеток на Втората светска војна. Ова довело до голема збунетост кај европските екипи, но најголемиот број шахисти сакале да продолжат. Англија била единствената репрезентација, чија екипа се вратила дома, па нивното место не било пополнето и на конечната листа завршиле како шеснаесетти. Што се однесува до останатите делегации, кризата довела до гласање дали да се продолжи. Ова ги опфатило капитените на репрезентациите, домаќините и организаторите. Главна улога имале Александар Аљехин (Франција), Савиели Тартаковер (Полска), Алберт Бекер (Германија) и претседателот на аргентинската шаховска федерација, Аугусто де Муро. Одлуката била, шаховската олимпијада да продолжи.[2]

Сепак, политичките последици имале влијание, па шест натпревари не се одржале поради воените случувања. По претпазливоста и преговорите, вкупно 6 напревари (Германија-Полска, Германија-Франција, Германија-Палестина, Бохемија и Моравија-Полска, Бохемија и Моравија-Франција и Аргентина-Палестина) завршиле со службен резултат 2-2.[3]

Конечните резултати биле следниве:

Група А[уреди | уреди извор]

Место Земја Поени
1 Flag of the German Reich (1935–1945).svg Германија 36
2  Полска 35.5
3  Естонија 33.5
4  Шведска 33
5  Аргентина 32.5
6 Flag of Bohmen und Mahren.svg Протекторат Бохемија и Моравија 32
7  Латвија 31.5
8  Холандија 30.5
9 Palestine-Mandate-Ensign-1927-1948.svg Палестина 26
10  Франција 24.5
11  Куба 22.5
12  Чиле 22
13  Литванија 22
14  Бразил 21
15  Данска 17.5
16  Англија

Наградите за најдобрите во поединечна конкуренција, разпоредени од прва до петта табла биле (само во завршните натпревари): Хозе Раул Капабланка (Куба), Хајнц Фердер (Палестина/Израел) и Мигел Најдорф (Полска), Лудвиг Енгелс (Германија), Гунар Фридман (Естонија) и Исајас Плеси (Аргентина).

Група B[уреди | уреди извор]

Место Земја Поени
17  Исланд 28
18  Канада 28
19  Норвешка 27
20  Уругвај 26
21  Бугарија 25.5
22  Еквадор 21
23 Гватемала Гватемала 15.5
24  Ирска 15.5
25  Перу 14
26  Боливија 10
27  Парагвај 9.5

Најдобрите поединечни резултати во групата В, разпоредени од прва до петта табла ги постигнале: Ернст Ројан (Норвешка), Даниел Јанофски (Канада), Јон Гудмундсон (Исланд), Михаил Кантарџиев (Бугарија) и Гудмундур Арнлаугсон (Исланд).

Светско првенство во шах за жени[уреди | уреди извор]

Седмото светско првенство во шах во женска конкуренција се одржало за време на одржувањето на Олимпијадата. Конечните резултати биле следниве:[4],[5],[6]


Место Шахистка Поени
1  Вера Менчик (Англија) 18
2  Соња Граф (Германија) 16
3  Берна Караско (Чиле) 15.5
4  Елфриде Риндер (Германија) 15
5  Мона Меј Кариф (САД) 14
6  Милда Лауберте (Летонија) 12
7  Марија Тереза Мора (Куба) 11
8  Катарина Роодзант (Холандија) 11
9  Б. Јанечкова (Чехословачка) 9
10  Паулета Шварцман (Франција) 9
11  Ингрид Ларсен (Данска) 8.5
12  Дора Трепат де Наваро (Аргентина) 8
13  Ингеборг Андерсон (Шведска) 7.5
14  Марија Береа де Монтеро (Аргентина) 7
15  Саломе Рајшер (Палестина) 7
16  Маријане Стофелс (Белгија) 7
17  М. А. Вихил (Уругвај) 6
18  Елена Рацлаускиене (Литванија) 3.5
19  Рут Блох Накеруд (Норвешка) 3
20  Анабела Ловид (Канада) 2

Политички бегалци[уреди | уреди извор]

Како последица на политичките случувања, по овој настан, многу шахисти одлучиле да останат во Аргентина или да се преселат на некое друго место во Јужна Амеррика, отколку да се вратат во завојуваната Европа. Шахистите, меѓу кои и Мигел Најдорф, Паулино Фридман, Гидон Шталберг, Ерих Елисказес, Паул Михел, Лудвиг Енгелс, Алберт Бекер, Хајнрих Рајнхарт, Јири Пеликан, ККарел Скаличка, Маркас Луцкис, Мовсас Феигинс, Илмар Рауд, Моше Черниак, Меир Раух, Виктор Винц, Аристид Громер, Францизек Сулик, Адолф Зајц, Крис де Ронде, Зелман Клајнштајн, Соња Граф и Паулета Шварцман.[7] Многу од нив биле Евреи и пристигнале во Буенос Аирес во август 1939 со бродот "Priapolis". По ова, бродот станал пример на Ноева арка на генерација шахисти. Забележливво, сите шахисти од репрезентацијата на Германија (Елисказес, Михел, Енгелс, Бекер, Рајнхарт) исто така одлучиле да не се вратат во Нацистичка Германија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

I неофицијална шаховска Олимпијада (Париз 1924)
II неофицијална шаховска Олимпијада (Будимпешта 1926)
III неофицијална шаховска Олимпијада (Минхен 1936)