Прејди на содржината

Вера Менчик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вера Менчик
ИмеВера Менчикова
Земја Русија
Чешка Чехословачка
 Обединето Кралство
Роден(а)16 февруари 1906(1906-02-16)
Москва
Починал(а)27 јуни 1944(1944-06-27) (возр. 38)
Лондон
Светски женски првак1927–1944

Вера Менчик (руски: Вера Францевна Менчикова, чешки: Věra Menčíková; 16 февруари 1906 - 27 јуни 1944) била британско-чешка шахистка со руско потекло која е официјално прв светски првак во шах во женска конкуренција.

Нејзиниот татко бил Чех, а нејзината мајка Британка. Родена е во Москва, но за време на Првата светска војна и револуционерните немири во Русија во 1917, по неколку години во 1921 се преселиле во Велика Британија.Таму таа се запознава со познатиот унгарски шахист Геза Марочи. Под негово водство научила да игра шах на врвно ниво,па во 1927 година станала прв светски првак во шах,а титулата ја одбранила дури 6 пати, а за тој временски период остварила резултат од 78 победи и 4 реми партии:

1927-натпреварувајќи се за Русија во Лондон 1930-натпреварувајќи се за Чехословачка во Хамбург 1931-натпреварувајќи се за Чехословачка во Прага 1933-натпреварувајќи се за Чехословачка во Фолкстон 1935-натпреварувајќи се за Чехословачка во Варшава 1937-натпреварувајќи се за Чехословачка во Стокхолм 1939-натпреварувајќи се за Велика Британија во Буенос Аирес

Особено се значајни нејзините партии одиграни против германската шахистка Соња Граф.

Во текот на триесеттите Вера Менчик продолжила да игра во врвна форма,се до почетокот на Втората светска војна.

Во 1937 таа се омажила со Руфус Хенри Стредфилд Стивенсон (1868-1943) кој бил уредник на британскиот чаховски магазин.

Нејзината помлада сестра Олга исто така била активна шахистка.Во 1944 Вера Менчик заедно со нејзината мајка и помала сестра Олга биле погодени од бомбардирањето со познатите ракети V-1 по што и трите го загубиле животот.