Шаховска олимпијада 2008

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на 38. шаховска олимпијада

Шаховската олимпијада 2008 или официјално XXXVIII шаховска олимпијада се одржа од 12 до 25 ноември 2008 во Дрезден, Германија.[1]

На Олимпијадата учествуваа екипи од 152 земји, кои беа надгледувани од околу 150 судии. Од местото на настанот известуваа околу 400 новинари.

Покровител на Шаховската олимпијада 2008 беше германскиот претседател Хорст Келер. Претседател на организациониот комитет беше Винфрид Леман, шеф за извршување на активностите беше Јорн Ферлегер, а дирректор на турнирот беше Дирк Јордан. Место на настанот беше конгресниот ценнтар во Дрезден. Од крајот на февруари, знамето на Олимпијадата беше подигнато високо над зградата на градската управа. Главен спонзор на настанот е EnBW.

Избор[уреди | уреди извор]

Градот Дрезден ја доби организацијата на 38. шаховска олимпијада во октомври 2004 од страна на ФИДЕ по претходната успешната кандидатура. На 7 април 2005, советот ја потврди организацијата и апочнаа финансиските активности, а на 21 април 2005, градоначалникот на Дрезден Инголф Росберг и претседателот на Германската шаховска федерација Алфред Шлиа ја отворија организационата установа.

Правила на „реформската олимпијада“[уреди | уреди извор]

Учество земаа вкупно 275 екипи од 152 земји, од кои 156 машки и 119 женски. Со тоа, ова беше досега најголемата Шаховска олимпијада.

На оваа шаховска олимпијада беа направени доста измени во правилата во однос на претходните турнири, што говори за една „реформска олимпијада“. Секоја екипа се состои од 4 натпреварувачи и еден резервен натпреварувач, што беше различно во минатото кога беа дозволени 2 резервни натпреварувачи. Се одржаа 11 круга на натпреварување, за разлика од претхиодните 13 или 14 во швајцарски систем. И принципот на извлекување беше изменет и за првпат екипниот рејтинг ја даваше почетната оцена.

Освен тоа, нов беше и принципот на понудување реми за време на првите 30 потези. Натпреварувачот мора пред да започне партијата да биде присутен пред таблата, инаку ќе ја изгуби партијата.[2] Шахистите имаат 90 минути за размислување за првите 40 потези и уште 30 аз остатокот од партијата, со додавање по 30 секунди по секој одигран потег.

Лого[уреди | уреди извор]

Логото за 38. шаховска олимпијада во Дрезден беше шарено и едноставно, но истовремено ја опишуваше кралската игра. Симболот на најважната фигура во играта, пешакот се темели на апстрактната, но посебна интерпретација на еден од најпознатите Дрезденски меѓници: Портата на крунисаниот тиранин.

За графичкиот дизајн на логото, а и за графичките ефекти за целата Олимпијада е одговорна рекламната компанија Knopek & Clauß чијашто активност е и во објавувањето на графичките материјали во медиумите.

Олимписки судии[уреди | уреди извор]

Извршниот шеф на судиите за Олимпијадата во Дрезден, Клаус Девентер го објави списокот од 51 германски судија[3] номинирани за турнирот. Од нив 13 судии, меѓу кои и самиот Клаус имаат меѓународна лиценца.

Резултати[уреди | уреди извор]

Екипно[уреди | уреди извор]

Машка конкуренција[уреди | уреди извор]

Пласман Земја Победи Реми Порази Бодови Бодови од табла
1.  Ерменија 9 1 1 19 31.0
2. Израел Израел 8 2 1 18 28.0
3.  САД 8 1 2 17 29.0
4.  Украина 7 3 1 17 25.5
5.  Русија 7 2 2 16 27.0
6.  Азербејџан 7 2 2 16 29.0
7. Народна Република Кина НР Кина 7 2 2 16 27.0
8.  Унгарија 7 2 2 16 27.5
9. Виетнам Виетнам 7 2 2 16 29.0
10.  Шпанија 7 2 2 16 27.5

Женска конкуренција[уреди | уреди извор]

Пласман Земја Победи Реми Порази Бодови Бодови од табла
1.  Грузија 8 2 1 18 31.0
2.  Украина 7 4 0 18 30.0
3.  САД 8 1 2 17 30.5
4.  Русија 7 3 1 17 29.5
5.  Полска 8 1 2 17 27.5
6.  Ерменија 8 0 3 16 28.0
7.  Србија 7 2 2 16 26.5
8. Народна Република Кина НР Кина 6 3 2 15 27.5
9. Израел Израел 6 3 2 15 27.5
10.  Белорусија 6 3 2 15 29.5

Поединечно[уреди | уреди извор]

Машка конкуренцијаа[уреди | уреди извор]

Пласман Име и презиме Рејтинг Резултат Оценет рејтинг
1. Габриел Саргисјан 2642 9/11 2869
2. Петар Леко 2747 7.5/10 2834
3. Борис Гелфанд 2719 7.5/10 2833

Женска конкуренција[уреди | уреди извор]

Пласман Име и презиме Рејтинг Резултат Оценет рејтинг
1. Маја Чибурданидзе 2489 7.5/9 2715
2. Јоана Мајдан 2284 9.5/11 2621
3. Марта Лорена Фјера-Бакеро 2361 7.5/8 2613

Интересно[уреди | уреди извор]

  • На 13 март 2008 е одлучено во Германија да се издаваат годишни поштенски марки со шаховски мотив, во чест на Шаховската олимпијада во Дрезден.
  • Градот Дрезден е петтиот германски град-домаќин на една Шаховска олимпијада. Пред него домаќини биле и Хамбург (1930), Минхен (1958), Лајпциг (1960) и Зиген (1970).
  • За Шаховската олимпијада се одржа турнир во компонирање на шаховски студии, кој треба да го означи одржувањето на Олимпијадата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Календар на ФИДЕ за 2008
  2. ФИДЕ објави значајни промени на правилата за Шаховската олимпијада, Објавено од dresden2008.de, 4 јуни 2008
  3. на германски судии номинирани за Шаховската олимпијада - 2008 во Дрезден

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

I неофицијална шаховска Олимпијада (Париз 1924)
II неофицијална шаховска Олимпијада (Будимпешта 1926)
III неофицијална шаховска Олимпијада (Минхен 1936)