ЧС Университатеа Крајова 1948

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Университатеа Крајова
Logo
Целосно имеКлуб Спортив Университатеа Крајова 1948[1]
Држава Романија
Прекар
  • Студенти
  • Олтении (луѓе од Олтенија)
  • Алб-албаштри (Бело-сини)
Основан
  • 1948; пред 70 години (1948)
    2013; пред 6 години (2013)
ЛокацијаКрајова, Романија
Бои         сина и бела
СтадионЈон Облеменко
Капацитет30.983
СопственикРоманија Михаи Ротару
Генерален менаџерРоманија Марсел Попеску
МенаџерИталија Девис Манџија
ЛигаЛига 1 Лига 1
2018–2019Лига 1, 4-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ЧС Университатеа Крајова 1948, познат и само како Университатеа Крајова (Romanian pronunciation: [universiˈtate̯a kraˈjova]), У Крајова, или ЧС У Крајова, е романски фудбалски клуб од градот Крајова, Долж. Моментално се натпреварува во Лига 1, највиското ниво на романскиот фудбал.

Клубот е основан во 1948 година како фудбалски оддел на спортскиот клуб "ЧСУ Крајова",[2] од кои првично бил дел од 1991 година. За време на тој период, клубот освоил 4 национални титули и 5 национални купови. Во следните две децении нејзината традиција била преземена од страна на ФК У Крајова, која неколку пати била реорганизирана и ретроактивно се сметала за неофицијален наследник. Во 2013 година, спортскиот клуб го обновил фудбалскиот оддел,[3] кој тврдел дека е продолжение на оригиналната Университатеа Крајова; ова тогаш било подржано од некои судски налози и Лига Професиониста де Фотбал, но сепак случајот сеуште се оспорува со организацијата ФК У и неизвесноста и понатаму продолжува.[note 1] Во 2018 година, "бело-сините" го освоиле Купот на Романија, што претставувал нивен прв трофеј по ре-основањето.

На европска сцена, најдобрите настапи на Университатеа Крајова се полуфиналето во Купот на УЕФА (1982-1983) и четвртфиналето во Купот на шампионите (1981-1982). Тие биле првиот романски тим кој стигна до полуфиналето на некое УЕФА натпреварување и остануваат единствениот кој што има елиминирано најмалку еден клуб од секоја од петте најсилни фудбалски лиги во европскиот фудбал: Англија, Франција, Германија, Италија и Шпанија.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Јон Облеменко, кој има капацитет од 30,929 седечки места. Крајова има неколку ривалства, а најзначајно е она со Динамо Букурешт. Традиционалните бои на клубот се сината и белата.

Историја[уреди | уреди извор]

Раните години на фудбалот во Крајова (1921–1958)[уреди | уреди извор]

УНСР Крајова во 1948.

Историјата на фудбалот во градот Крајова започнала во 1921 година, кога биле основани првите клубови: Крајован Крајова и Ровине Гривица Крајова. Во 1940 година, двете екипи се споиле што водело до создавање на еден од најуспешните романски клубови во меѓувоениот период, ФК Крајова, кој бил исто така првиот тим од градот кој го освоил романското фудбалско првенство. Сепак, титулата во сезоната 1942-1943 година не е официјално призната од ФФР и ЛПФ поради неофицијалниот карактер на натпреварувањето во таа сезона.

Веднаш по основањето на првата високообразовна институција - Институтот за машини и електрични уреди - група наставници и студенти го основале ЧСУ Крајова во 1948 година, спортски клуб во кој содржи повеќе спортски дисциплини како атлетика, одбојка, ракомет, пинг-понг, шах и фудбал.[7]

Под координација на Министерството за јавно образование и Националната унија на студенти во Романија, фудбалскиот клуб УНСР Крајова (Униунеа Национала а Студенцилор дин Романија; романски: Uniunea Națională a Studenților din România) бил формиран и запишан во окружниот шампионат. Првиот официјален натпревар на клубот се одржал на 5 септември 1948 година во Филиаши), во кој сепак "Студентите" биле поразени со 6-3. Бело-синиот дрес за прв пат бил облечен од играчите кој ја сочинувале следнава постава: Думитреску - Раделеску, Михаила I, Карли - Озон, Михаила II - Сабин, Илие, Бадеску, Тудор, Серги, под команда на главниот тренер Н. Полојински.[7]

Во 1950 година фудбалскиот дел го променил своето име од УНСР Крајова во ЧСУ Крајова, истото име како и матичниот клуб. Во 1951 година, ЧСУ Крајова го победила со 6-0 локалниот ривал, Конструкторул Крајова, во она што требало да биде првиот официјален натпревар одигран во Купот на Романија. Во 1953 година, клубот го сменил своето име повторно, овој пат во "Штинца Крајова", а една година подоцна во плејофот за промоција во Дивизија Б игран во Арад, Штинца, водена од тренерот Николае Оцелеану, се квалификувала за прв пат во својата историја во вториот ешалон на романскиот фудбал за сезоната 1955-1956. Сепак, по само една сезона во Дивизија Б, клубот испаднал и се вратил назад во Дивизија Ц и останал во тоа ниво до 1958 година.[7]

Растечки тим (1958-1970)[уреди | уреди извор]

Јон Облеменко, еден од симболите на клубот.

Во 1958 година, Штинца по вторпат изборила промоција во втората лига, по борбата на работ на ножот во третата серија на Дивизијата Ц со Униреа Рамнику Валчеа: На крајот од сезоната двете екипи завршиле со 34 поени, но со предност во директните натпревари за сино-белиот тим.[8] Во првата сезона по промоцијата, Крајова завршила само на 13-то место, од 14 екипи, но напредувала во следните сезони: 1959-1960 - биле 10-ти, 1960-1961 - 2-ри, но далеку од првото место окупирано од Динамо Питешти, 1961-1962 - 4-ти, 1962-1963 - 4-ти.[9] Сезоната 1963-1964 во романската Дивизија Б била драматична, со четири екипи во борба за промоција во првата лига од втората. На крајот, "Студентите" ја освоиле промоцијата, но завршиле со ист број поени со второпласираниот, Металул Тарговиште, еден бод пред екипата која завшила на 3-тото место, Појана Кампина и два поени над 4-тото место, на кое се нашла екипата на Динамо Бакау. Овој историски чин бил "потпишан" од тренерот Николае Оцелеану и следниве играчи: Думитреску, Василеску, Гелериу, Лунган, Делиу, Барбулеску, Тетеа, Ганга, Антон, Ловин, Онеа, Вишан, Станкиу, Папук, К.Стеснеску, А.Стенеску.[7]

Како и во претходните промоции, првата сезона во Дивизија A била многу тешка за сино-белите кој се спасиле од испаѓање во последните кругови, со само еден бод повеќе од првиот испаднат тим, Минерул Баја Маре. На крајот на следната сезона, Штинца била рангирана на 8-мото место, во средината на табелата, и тие веќе ги поставиле првите основи на тимот способен да се фрли во борбата за титулата.

Летото 1966 година, клубот повторно го променил своето име, овојпат од Штинца Крајова во Университатеа Крајова, име кое ќе остане засекогаш на усните на сите љубители на фудбалот и поддржувачите на клубот од Романија. Сепак, навивачите продолжиле да го вклучат во своите песнопенија името Штинца. Во тешките моменти од натпреварите, познато е дека поддржувачите на Университатеа имаат тенденција да пеат : Hei, hei, hai Ştiinţa!.

Во сезоните што уследиле Университатеа имала тренд на спротивставени резултати, во некои од нив тимот ја воодушевувал публиката во други помалку, но останал во првата поделба, без оглед на ситуацијата: 1966–1967 – 3-ти, 1967–1968 – 11-ти, 1968–1969 – 7-ми, 1969–1970 – 4-ти. По 12 години градење конечно бил завршен тимот кој ќе ја воодушеви публиката во наредните две децении.[10]

"Шампион на големата љубов (1970-1979)"[уреди | уреди извор]

Крајова ги започнала 70-тите години со тим граден околу Јон Облеменко и неколку други играчи со голема вредност како: Петре Деселнику, Теодор Царалунга, Лучијан Страмбеану и Думитру Марку, меѓу другите. Почетокот на деценијата не бил најубедлив, но бил пристоен, со освојувањето на шесттото место на крајот на сезоната 1970-1971 и осмото место на крајот на сезоната 1971-1972. Првиот значаен обид на студентите да засијаат со титулата се случил во сезоната 1972-1973, кога завршиле со ист број бодови со Динамо Букурешт, но сепак шампионската титула на крајот од сезоната отишла кај Динамо, поради подобрата гол-разлика. Оваа сезона останала во историјата како сезона во која се родил прекарот: "Шампион на големата љубов", прекар создаден од поетот Адријан Паунеску, голем обожавател на тимот од Бани, кој го именувал Динамо само како шампион на земјата, укажувајќи на некој сомнителни околности, за кои тој вели, дека биле причината Крајова да ја загуби титулата.[11]

Университатеа Крајова (1973–1974)

Во сезоната 1973-1974, борбата за титулата повторно се водела помеѓу Университатеа и Динамо, но овој пат клубот од Крајова ја освоил титулата со еден бод повеќе од Динамо, станувајќи прв универзитетски клуб кој ја освоил националната титула во некоја од лигите во Европа. Достигнувањето било уште поизразено бидејќи Динамото се сметал за расипан тим на комунистичкиот режим, што често влијаело и врз резултатите, како и по инцидентите од претходната сезона, додека на Университатеа се повеќе се гледало како претставник на народот, на едноставниот човек во борбата со комунистичкиот режим, на чист фудбал и на фудбал кој се игра на теренот против оној во кој доминираат аранжмани и влијанија, така фразата "Шампион на големата љубов" добива се поголема моќ, вклучително и во годините што доаѓаат.[12] Историскиот состав кој ја освоил првата титула бил воден од тренерите на Константин Чернајану и Константин Оцет, и ги содржел следните играчи: Опреа, Манта - Никулеску, Бадин, Деселнику, Велеа, Страмбеану, Иван, Ница, Балач, Бернеану, Царалунга, Облеменко, Балан, Пана, Боц, Штефанеску, Марку, Станческу, Кис, Киву, Негрила и Константинеску.[7]

Следната сезоната 1974-1975 му го донела на клубот првото европско искуство, во кое по двоен натпревар загубиле од шведскиот Отвидаберг со вкупен резултат 3-4 во првото коло од Купот на шампионите, но и пристојното трето место на крајот на шампионатот. Сезоната 1975-1976 донела значителен пад, тимот ја завршил сезоната само на 6-тото место и објавиле промена на генерацијата во екипата. Во последната сезона на легендарниот Јон Облеменко во сино-белиот дрес на Университатеа, очекувањата повеќе не биле толку високи, но тимот од Крајова повторно ја изненадил јавноста, освојувајќи го за прв пат во својата историја Куп на Романија победувајќи ја во финалето Стеауа Букурешт, како начин генерацијата на Облеменко да се збогува со навивачите. Исто така, тимот завршил на 3-тото место во Дивизија А.

И со направената смена на генерација, Университатеа продолжила да импресионира кога во 1978 година го одбранила трофејот во Купот на Романија, кој го освоила година-дена претходно, овојпат славејќи победа во финалето над Олимпија Сату Маре и 6-тото место во лигата. Во сезоната 1978-1979 клубот завршил на 4-тото место во лигата, додека во Купот на победниците на куповите клубот бил отстранет во првиот круг од германската Фортуна Диселдорф.

Крајова Максима (1979-1990)[уреди | уреди извор]

Университатеа Крајова (1980–1981).
Илие Балач, член на двата златни тима на Университатеа и избран Романски фудбалер на годината во 1981 и 1982 година.

Крајова Максима била втората златна генерација на Университатеа и тим кој ги остварил, особено во раните и средината на 1980-тите, најзначајните континентални перформанси во историјата на клубот. Тоа бил состав составен од многу играчи кои пораснале во близина на првиот златен тим, а исто така овој тим дал голем дел од "р'бетот" на романската репрезентација, со играчи како што биле: Илие Балач, Родион Каматару, Костика Штефанеску, Золтан Кришан, Јон Геолгау, Аурел Белдеану, Костика Доносе и Силвиу Лунг меѓу другите.

На крајот од сезоната 1979-1980 Университатеа по втор пат во својата историја станала шампион на Романија. Составот на тимот во оваа сезона бил: Болдичи, Лунг - Негрила, Тилихои, Штефанеску, Унгуреану, Балач, Белдеану, Кришан, Доносе, Каматару, Геолгау, Карцу, Иримеску Пурима и Чиупиту - тренери Валентин Станеску и Јон Облеменко. Во оваа сезона Университатеа направила одлична кампања и во Купот на УЕФА каде ги елиминирала Виенер СК и Лидс Јунајтед, пред да бидат запрени во третата рунда од германската Борусија Менхенгладбах, со вкупен резултат 1-2.

Тимот добил крилја и направил фантастична сезона (1980-1981), освојувајќи ја историската двојна круна, со освојувањето на првенството и купот. Како резултат на овие перформанси, студентите се квалификувале за Европскиот куп на шампиони во сезоната 1981-1982 каде "Крајова Максима" станала доста популарна по елиминирањето на Олимпијакос и КБ, пред да биде запрена во четврт-финалето од германскиот гигант Бајерн Минхен, со 1-3 вкупен резултат, што претставувало историски успех за романскиот фудбал во тоа време.

Долгото задржување во Купот на шампионите влијаело на тимот во домашното првенство, каде Крајова ја загубила титулата и завршила само на 2-рото место, но се квалификувале во Купот на УЕФА и испишале историја во текот на сезоната 1982-1983, како прв тим од Романија во историјата, кој се квалификувал во полуфиналето на некое европско натпреварување. Под раководството на Константин Оцет и Николае Иван, сино-белите исфрлиле од натпреварувањето важни имиња во европскиот фудбал, како Фјорентина (вицешампион во Серија А, Бордо и Кајзерслаутерн. Во полуфиналето, Университатеа се сретнала со португалската Бенфика, два пати европски шампион и три пати финалист на Европскиот куп на шампиони во тоа време. По два нерешени натпревари, португалската екипа минала во финалето благодарение на голот постигнат во гости. Во Дивизија А, клубот повторно завршил на второто место.

Во следните години Университатеа Крајова го задржала постојаното присуство во првиот дел од табелата: 1983-1984 - 3-ти, 1984-1985 - 4-ти, 1985-1986 - 3-ти, 1986-1987 - 5-ти, 1987-1988 - 5-ти, 1988-1989 - 5-ти и 1988-1989 - 3-ти. Исто така, тимот имал постојано присуство во европските натпреварувања каде што елиминирале извонредните екипи како: Реал Бетис, Олимпијакос, Монако или Галатасарај, но тие никогаш не се квалификувале подалеку од третиот круг. Студентите, исто така, го загубија финалето на Купот на Романија во 1985, со 1-2 од Стеауа Букурешт.

Во 1991 година, ЧС Университатеа Крајова повторно го допрела врвот на романскиот фудбал. Прунеа, Манаила, Сандои, Попеску, Могошану, Чиуреа, Олару, Кристеску, Замфир, Бадеа, Пигулеа, Агалиу, Крајовеану и Неаге биле последните играчи кои го бакнале шампионскиот трофеј во боите на овој клуб. Заедно со тренерите Сорин Карцу и Штефан Чиоака.[7]

ФК У Крајова (1991–2011)[уреди | уреди извор]

Во 1991 година, Университатеа Крајова ја освоила својата последна национална титула и Купот на Романија, под раководство на тренерот Сорин Карцу.

Сепак, истата година, спортски клуб ЧС Университатеа Крајова го распуштил фудбалскиот оддел[13] и ФК Университатеа Крајова ја продолжила нивната традиција до почетокот на 2010-тите (до 1994 година, клубот сè уште бил под контрола на Министерството за национално образование). Во овој проблематичен период во историјата на клубот, ФК Университатеа освоила еден Куп на Романија во 1993 и достигнала до три финалиња, во 1994, 1998 и 2000 година. Резултатите биле далеку од она што навивачите го очекувале од нивниот тим. Важна причина за тоа било погрешното раководење на клубот во деведесеттите и раните 2000-ти, исто така како резултат на падот на комунизмот, што довело до испаѓање на клубот во 2005 година, кога била прославена 41 година по ред учествување во Дивизија А.

На 20 јули 2011 година, клубот бил привремено исклучен од страна на Романската фудбалска федерација[14] поради тоа што не го повлекле спорот со поранешниот тренер Виктор Пицурка од граѓанскиот суд, според член 57 од статутот на ФФР во кој се наведува дека Фудбалската федерација ги решава сите спортски тужби.[15] Сепак, статијата дозволува спорови поврзани со договор за вработување да се судат во граѓанскиот суд.[16] Одлуката за исклучување била одобрена од Генералното собрание на ФФР на 14 мај 2012 година.[17] Сите играчи на тимот биле распуштени и станале слободни агенти со што им било овозможено да потпишат со други клубови.

Реосновање и борба да се поврати идентитетот (2013-денес)[уреди | уреди извор]

Верувам дека овој тим [ЧС Университатеа Крајова] е наследник на оној основан во 1948 година, под покровителство на Сенатот на Универзитетот во Крајова.

— Корнелиу Андреј Строе, претсдедател на клубот во ерата Крајова Максима, на 26 август 2013[18]

На 20 јули 2011 година, Романската фудбалска федерација одлучила да ја искључи ФК Университатеа Крајова,[19] но одлуката била нападната на суд.[20] Како резултат на тоа, во летото 2013 година, локалните власти на Крајова, поддржани од Павел Бадеа, и поврзани со Клуб Спортив У Крајова СА, го вратиле фудбалскиот оддел на ЧС У Крајова.[21]

ЧС У тврделе дека ги поседуваат сите трофеи на Университатеа,[22] и дека спортскиот клуб не ги доставил своите досиеја до ФК У Крајова, кој се сметал за нов клуб; ова било потврдено во Правосудството на Романија во јуни 2016 година.[23] и повторно потврден од ЛПФ во ноември 2017 година.[4] Поради тоа, ЧС Университатеа Крајова е вистинскиот сопственик на брендот и титулите освоени во минатото (со исклучок на Купот на Романија 1992-1993).[24]

На 14 август 2013 година, ЧС Университатеа Крајова била привремено поврзана со Романската фудбалска федерација, по компликации со досието за лиценцирање.[25] По решавањето на проблемите, клубот бил воведен во Лига 2, втората лига по ранг во романскиот лигашки систем. Университатеа го направила своето деби за сезона на 27 август, со победата со 6-1 во четвртиот круг од Купот на Романија над Пандури Таргу Јиу.[26]

Во сезоната 2013-2014 во Лига 2, ЧС Университатеа Крајова и ФК У Крајова се сретнале во два директни натпревари, што довело до многу голема напнатост и несигурност во однос на вистинските идентитети на клубовите. Во 2014 година ЧС Университатеа Крајова се вратила во Лига 1, по 23 години отсуство, додека ФК У Крајова била повторно исклучена, овој пат за постојано, но подоцна повторно се појавила под името ФК У Краова 1948 година во 2017 година.

По промоцијата, Университатеа ја завршила кампањата 2014-2015 на 5-то место.[27] По овој резултат уследило 8-мо место во сезоната 2015-2016 и 4-то место на крајот на сезоната 2016-2017 со што било обезбедено враќање во европските натпреварувања. Враќањето во Европа донело важен противник во третото квалификациско коло на УЕФА Лига Европа, италијанскиот претставник Милан, од кого Крајова била елиминирана со вкупен резултат 0-3.[28][29]

На 27 мај 2018 година, Университатеа го освоила својот прв трофеј по реосновањето откако го совладале второлигашот Херманштат во финалето на Купот на Романија во 2018 година. Играта завршил 2-0 за Крајова а бил одигран на Арена Национала во Букурешт.[30] Како победник на Купот на Романија, Крајова потоа зела учество во Суперкупот на Романија, во кои загубиле од ЧФР Клуж со 0-1.[31]

Стадион[уреди | уреди извор]

ЧС Университатеа Крајова ги игра својте домашни натпревари на Стадионот Јон Облеменко од основањето на клубот во 1948 па се до 1991, а на него продолжила да игра и екипата на ФК Университатаеа Крајова. Името стадионот го добил во чест на легендарниот фудбалер на Университатеа Крајова Јон Облеменко. Стариот стадион Јон Облеменко бил отворен во 1967 година и имал капацитет од 25,252 седечки места.

Во 2015 година стадионот бил срушен и бил заменет со новиот стадион Јон Облеменко кој е со капацитет од 30,983 седечки места. Новиот стадион бил инаугуриран во 2017 година, со пријателскиот натпревар одигран на 10 ноември во кој Университатеа играла против чешката Славија Прага.[32]

Титули[уреди | уреди извор]

1973–1974, 1979–1980, 1980–1981, 1990–1991
    • Вицешампиони : 1972–1973, 1981–1982, 1982–1983
1963–1964, 2013–2014
    • Вицешампиони : 1960–1961
1957–1958
1976–1977, 1977–1978, 1980–1981, 1982–1983, 1990–1991, 1992–1993, 2017–2018
    • Вицешампиони : 1974–1975, 1984–1985

останати пласмани

Четврфиналист : 1981-1982
Полуфиналист : 1982-1983

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Романија ГМ Лауренциу Попеску
2 Португалија ОД Тијаго Фереира
3 Романија ОД Мариуш Бричеаг
4 Романија ОД Разван Попа
5 Зелен ’Рт НП Нуно Роча
6 Хрватска ОД Ренато Келиќ
7 Парагвај НП Сесар Меса
8 Романија СР Александру Матеиу
9 Романија НП Андреи Бурлаку
10 Романија СР Александру Чикалдау
11 Романија СР Никушор Банку
13 Италија ГМ Мирко Пилјијачели
14 Хрватска НП Доминик Главина
15 Гана ОД Исак Донкор
Бр. Позиција Играч
16 Романија НП Јован Марковиќ
17 Романија СР Овидиу Бик
19 Босна и Херцеговина НП Елвир Кољиќ
20 Швајцарија СР Матео Феделе
22 Романија СР Кристијан Барбуц
24 Романија ОД Флорин Гардош
25 Романија ГМ Едуард Станчиоју
27 Швајцарија ОД Иван Мартиќ
28 Романија НП Александру Митрица Captain sports.svg
30 Бугарија ОД Радослав Димитров
32 Романија ОД Флорин Борца
33 Романија НП Валентин Михаила
34 Романија НП Раул Баику

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Од ноември 2017, ЛПФ ги прифатила сите трофеи на Университатеа Крајова, освоени помеѓу 1948 и 1991 година на ентитетот ЧС У,[4] иако сепак тие не се прикажани на профилот на клубот на UEFA.com.[5] Единствениот голем трофеј на ФК У би бил Купот на Романија 1992-1993, иако тој исто така бил освоен од поранешниот клуб.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hotărârea Comitetului de Urgență al FRF din 21 iunie 2018“ [FRF's Committee decision on 21 June 2018] (Romanian). Romanian Football Federation. 22 June 2018. конс. 22 June 2018. 
  2. Istoric“, CS Universitatea Craiova (посет. 14 март 2018 г). (на Romanian)
  3. „Primarul Craiovei prezintă noua echipă de fotbal CS Universitatea“ [Craiova's mayor presents the new CS Universitatea football team]. Adevărul. 4 July 2013. конс. 17 August 2013. 
  4. 4,0 4,1 „Informare cu privire la palmaresul CS U Craiova“ [Information about the records of CS U Craiova] (Romanian). LPF.ro. 10 November 2017. конс. 8 February 2018. 
  5. „Profile: Clubul Sportiv U Craiova“. UEFA.com. конс. 21 February 2018. 
  6. „Marcel Popescu vrea Cupa la Craiova după 25 de ani: ”În faza asta nu mai există bun şi rău”“ [Marcel Popescu wants the Cup in Craiova after 25 years: "At this point there is no good or bad"] (Romanian). Digi Sport. 14 March 2018. конс. 14 March 2018. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 „Istoric“. ucv1948.ro. конс. 6 March 2018. 
  8. Divizia C Season 1957-58. romaniansoocer.ro (романски)
  9. „Divizia B tables“. romaniansoccer.ro. конс. 6 March 2018. 
  10. „Divizia A tables“. romaniansoccer.ro. конс. 6 March 2018. 
  11. Craiova, campioana unei mari iubiri » O idee care a intrat în legendă. gsp.ro (романски)
  12. Campioana unei mari iubiri! Prima echipă de legendă a Universităţii Craiova s-a 'născut' în anii 70!. ProSport (романски)
  13. „Șah la rege“ (Romanian). Craiova-Maxima.ro. 4 April 2017. конс. 14 March 2018. 
  14. „Hotărâri ale Comitetului Executiv al FRF“. FRF. 20 July 2011. Архивирано од изворникот на 22 July 2011. конс. 9 September 2011. 
  15. „Somaţie trimisă Fotbal Club U Craiova“. FRF. 13 July 2011. Архивирано од изворникот на 14 September 2011. конс. 15 September 2011. 
  16. „Statutul Federatiei Romane de Fotbal“ (PDF). FRF. 26 February 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 October 2011. конс. 15 September 2011. 
  17. „Universitatea a MURIT, trăiască Ştiinţa! Maşinăria de vot a lui Sandu a mers perfect“. ProSport. 15 May 2012. конс. 15 May 2012. 
  18. „Preşedintele Craiovei Maxima este alături de CS Universitatea: "Prevăd un viitor luminos acestui proiect" (Romanian). Liga2.prosport.ro. 26 August 2013. конс. 29 May 2015. 
  19. „HOTĂRÂRI ALE COMITETULUI EXECUTIV AL FRF“ (Romanian). Romanian Football Federation. 20 July 2011. Архивирано од изворникот на 11 December 2013. 
  20. „Craiova lui Mititelu contestă din nou dezafilierea“. Libertatea (Romanian). 19 January 2012. конс. 28 December 2016. 
  21. „Olguţa Vasilescu: CS U Craiova are deja antrenor, 22 de jucători şi buget de 1,5 milioane de euro“. конс. 19 June 2017. 
  22. „Palmares“ (Romanian). CS Universitatea Craiova. Архивирано од изворникот на 11 July 2017. конс. 29 May 2015. 
  23. „Lovitură grea pentru Mititelu. Decizia luată joi de Justiţie“ (Romanian). Digi Sport. 9 June 2016. конс. 28 December 2016. 
  24. „CS U ia palmaresul Universităţii! Anunţul patronului Rotaru“ (Romanian). Fanatik.ro. 22 June 2017. конс. 22 June 2017. 
  25. „CSU Craiova e încă în aer. Nu a fost afiliată de FRF!“ (Romanian). Fanatik.ro. конс. 2013-08-17. 
  26. „CSU Craiova a "măturat" cu Pandurii II“. Gazeta de Sud (Romanian). конс. 2013-08-27. 
  27. „CSU Craiova a promovat în Liga 1“ [CSU Craiova promoted to Liga 1] (Romanian). Digi 24. 3 June 2014. конс. 11 November 2017. 
  28. U Craiova 0–1 Milan“, UEFA.com, 27 јули 2017 (посет. 11 ноември 2017 г).
  29. PSV out as third qualifying round concludes“, UEFA.com, 4 август 2017 (посет. 11 ноември 2017 г).
  30. „Toată lumea știe, Cupa-i în Bănie!“ [Everyone knows, the Cup is in Bănie!] (Romanian). CS Universitatea Craiova. 27 May 2018. конс. 28 May 2018. 
  31. „CFR Cluj a câștigat Supercupa României 2018“ [CFR Cluj won the 2018 Romanian Supercup] (Romanian). Romanian Football Federation. 14 July 2018. конс. 15 July 2018. 
  32. „Inaugurare SF pentru OZN-ul Craiovei“ [Incredible opening for Craiova's UFO] (Romanian). ProSport. 10 November 2017. конс. 11 November 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]