Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово
![]() Зградата на Центарот за култура во 2022 година | |
Кратенка | НУЦК „Трајко Прокопиев“ |
---|---|
Именувана по | Јосип Броз Тито (1981-1999) Трајко Прокопиев (1999-) |
Основана | 1981 |
Вид | Центар за култура |
Седиште | ул. „Маршал Тито“ бр. 3 |
Место | Куманово, Македонија |
Мреж. место | Матична страница |
Поранешно име | Дом на култура „Јосип Броз Тито” (1981-1999) Центар за култура „Трајко Прокопиев”(1999-2004) |
Национална установа - Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ― културна установа во Куманово. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Куманово. Установата е наречена по македонскиот композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика Трајко Прокопиев. Во рамките на зградата на Центарот се наоѓа Библиотеката „Тане Георгиевски“.
Историја[уреди | уреди извор]
Установата била основана во 1981 година под името Дом на култура „Јосип Броз Тито” - Куманово. Во 1999 година Домот на култура бил преименуван во Центар за култура „Трајко Прокопиев” - Куманово. Потоа во 2004 година, со одлука на Министерството за култура, називот бил сменет во Национална установа - Центар за култура „Трајко Прокопиев” - Куманово и истовремено Народниот театар Куманово бил припоен под установата.[1]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Историјат“. НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Архивирано од изворникот 2018-09-17. Посетено на 15 декември 2022.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|