Спортски комплекс Соколана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спортски комплекс Соколана
Атлетската патека во 2022 година
Адресаул. „Народна Револуција“
Куманово
Македонија
Главно зданиеСоколански дом, атлетски полигон
Други спортски градбитерен за мал фудбал
ОператорОпштина Куманово
Моментална употребаРекретивна
Изградба
Изграден2011
Реновиран2021
Трошоци за изградба7,5 милиони денари (2021)
ГрадителВладата преку Агенцијата за млади и спорт (2021)

Спортски комплекс Соколанаспортско-рекреативно здание во Куманово. Во негови рамки припаѓа стариот Соколански дом (поради кој комплексот го носи името). Се наоѓа на југозапад од Соколанскиот парк, и на исток од OСТУ „Наце Буѓони“. Комплексот се состои од атлетски полигон со должина од 200 метри, со 4 ленти, спринт патеки, како и простор за фрлање ѓуле, копје и фрлање чекан и терен за мал фудбал. Атлетскиот полигон се наоѓа во дворот на ОСТУ „Наце Буѓони“.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Изградба на спортскиот комплекс Соколана започнала во 2011.[1]

Игралиштето за мал фудбал.

Во февруари 2021 година, започна преизградбата на комплексот. За тој потфат, Владата преку Агенцијата за млади и спорт обезбедила 7,5 милиони денари.[2] Градежните зафати опфаќале проширени трибини, акрилна подлога, заштитна ограда и останато. Во јуни, свечено бил отворен и пуштен во употреба обновениот комплекс.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Спортски комплекс Соколана“. visitkumanovomk.wordpress.com. Архивирано од изворникот 2021-11-16. Посетено на 21 декември 2022.
  2. „Почна реконструкцијата на спортскиот комплекс „Соколана" во Куманово“. a1on.mk. 3 февруари 2021. Архивирано од изворникот 2022-12-21. Посетено на 21 декември 2022.
  3. Александра Максимовска. „Пуштено во употреба спортскиот комплекс Соколана Куманово“. Македонска информативна агенција. Архивирано од изворникот 2022-12-21. Посетено на 21 декември 2022. Text "date25 јуни 2021" ignored (help)