Градски парк (Куманово)

Координати: 42°8′29.04″N 21°42′55.39″E / 42.1414000° СГШ; 21.7153861° ИГД / 42.1414000; 21.7153861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градски парк
Западниот дел на паркот во 2022 година
Карта
ВидГрадски парк
МестоКуманово, Македонија
Координати42°8′29.04″N 21°42′55.39″E / 42.1414000° СГШ; 21.7153861° ИГД / 42.1414000; 21.7153861
Површина2,90 хектари
Отворен1930-ти

Градски паркјавен парк во Куманово кој воедно е и најголемиот парк во градот. Паркот има површина од околу 29,400 м2 и е најстариот во градот.[1] Паркот се наоѓа на десниот брег на Липковска Река.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градскиот парк се наоѓа во северниот дел на Куманово. Јужно од градскиот парк се наоѓа Градскиот стадион Куманово, додека на запад од него се наоѓа Стадионот „Башкими 1947“. Југоисточно од паркот е Автобуската станица Куманово.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Паркот бил изграден за време на Кралството Југославија, во 1930-тите.[1] Порано, кај паркот се наоѓала Градската плажа, изградена 1948 година. Откако започнала индустријализацијата на Куманово во погорното течение на Липковска Река (кај Бедиње) истата таа ја изгубила чистотата и со тоа плажата престанала да биде користена.[2]

Во 2022 година било спроведено обновување на паркот со пари обезбедени од Владата на Македонија.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 С. Николиќ (24 март 2022). „Во Куманово се гради смарт парк од 180 илјади евра, ќе треба и стражарска служба да го чува од вандали“. sdk.mk. Архивирано од изворникот 2022-12-06. Посетено на 6 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Александра Максимовска (24 јули 2018). „Стариот градски парк во Куманово-мини воздушна бања“. lokalno.mk. Архивирано од изворникот на 6 декември 2022. Посетено на 6 декември 2022.
  3. „Продолжи уредувањето на стариот градски парк во Куманово“. Канал 5. 10 септември 2022. Архивирано од изворникот 2022-12-06. Посетено на 6 декември 2022.