Прејди на содржината

Галерија на икони (Куманово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Галерија на икони
Црквата „Св. Никола“ во која е сместена галеријата
Карта
Основан2001
МестоКуманово, Македонија Македонија
Типдуховен
Фондикони

Галерија на икони - Кумановомузеј на икони во црквата „Св. Никола“ во центарот на градот Куманово.[1]

Сместена е на катот во црквата. Отворена е во јануари 2001 г. по повод 150-годишнината од нејзината изградба. Во неа се изложени многу икони од различни запуштени цркви и манастири во Кумановскиот крај кои датираат помеѓу XVI и XIX век.

Застапени цркви и манастири

[уреди | уреди извор]

Иконите се донесени од различни места како Забелскиот манастир, Карпинскиот манастир, црквите Градишкиот манастир, „Свети Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане, „Св. Никола“ во Павлешенци, „Св. Јован Опсечен“ во Режановце, „Св. Спас“ во Довезенце, „Св. Илија“ во Никуљане, „Св. Никола“ во Колицко, „Св. Илија“ во Живиње, „Св. Петка“ во Мургаш и „Св. Петка“ во Пезово.

Има и икони од цркви „Св. Никола“ и „Св. Троица“ во самото Куманово.

Застапени иконописци

[уреди | уреди извор]

Меѓу авторите се иконописци и живописци како Дичо Зограф, Величко Костов, Зафир Василков, Димитар Андонов Папрадишки, Јосиф Мажовски и хаџи Коста Крстев.[1][2]

  1. 1,0 1,1 „Галерија на икони - црква Свети Никола“. Visit Kumanovo. Посетено на 3 јануари 2018.
  2. „Галерија на икони“. Галерија на икони од Кумановскиот крај во црквата Св. Никола, Куманово. Посетено на 14 април 2014.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]