Фармацевтски лекови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фармацевтски дроги, уште познати како лекови или медикаменти, лабаво може да се дефинираат како секоја хемиска супстанција, наменети за користење во медицинска дијагноза, лекување, третман или спречување на болести.

Содржина

Класификација[уреди | уреди извор]

Лековите можат да бидат класифицирани на повеќе начини, како на пример според хемиските својства, начинот на употреба, влијанието од биолошкиот систем или ефектите од терапијата. Детален и широко применуван систем за класификација е Анатомско Терапевтски Хемиски Систем на Класификација (АТХ систем). Светската здравствена организација чува листа на есенцијални лекови.

Примерите за видовите медицина вклучуваат:

  1. Антипиретици: намалување на треска
  2. Аналгетици: намалување на болки (против болки)
  3. Антималарични лекови: лекување на маларија
  4. Антибиотици: инхибира раст на микроорганизми
  5. Антицжсептици: спречува раст на микроорганизми во близина на изгореници, исекотини и рани.

Видови на лекови (тип на фармакотерапија)[уреди | уреди извор]

За гастроинтестиналниот тракт (системот за варење)[уреди | уреди извор]

• Горен дигестивен тракт: антациди, рефлукс супресанти, антифлатуленти, антидопаминергични, инхибитори на протонска пумпа (ИПП), антагонисти на H2 рецепторите, цитопротективни, лекови аналогни на простагландините.

• Долен дигестивен тракт: лаксативи, спазмолитици, антидиареични, хиполипидемични лекови, опиоиди.

За кардиоваскуларниот систем[уреди | уреди извор]

• Општо: β-рецептор-блокатори („бета блокатори“), блокатори на калциумовите канали, диуретици, срцеви гликозиди, антиаритмици, нитрати, вазоконстриктори, вазодилататори, периферни активатори

• Влијаат врз крвниот притисок (антихипертензивни лекови): АЦЕ инхибитори, ангиотензин рецептор-блокатори, α блокатори, блокатори на калциумовите канали

Коагулација: антикоагуланси, хепарин, антитромбоцитни лекови, фибринолити, антихемофилични фактори, хемостатски лекови

атеросклероза/холестерол инхибитори: хиполипидемични лекови, статини

За централниот нервен систем[уреди | уреди извор]

Лековите кои влијаат на централниот нервен систем се: хипнотици, анестетици, антипсихотици, антидепресиви ( вклучувајќи трициклични антидепресиви,моноамино оксидаза инхибитори, литиум соли и селективни инхибитори на серотонинското прземање(ЦИЦП)), антиеметици, антиконвулзиви/антиепилептици, анксиолитици, барбитурати,лекови за нарушување при движење ( на пр. Паркинсова болест), стимуласни (вклучувајќи амфетамини), банзодиaзепини, циклопиролони, допамински антагонисти, антихистаминици, холинергични лекови, антихолинергични лекови, еметици, канабиноиди и 5-HT (серотонински) антагонисти.

За болка и свест (аналгетски лекови)[уреди | уреди извор]

Основни видови на лекови против болки се: НСАИЛ(Нестероидни антиинфламаторни лекови), опиоиди и други лекови, како парацетамол, трициклични антидепресиви и антиконвулзиви.

За муслкулно-скелетни нарушувања[уреди | уреди извор]

Основните категории на лекови за мускулноскелетни нарушувања се: НСАИЛ, (вклучувајќи COX 2 селективни инхибитори (циклооксикеназа 2 селективни инхибитори)), мускулни релаксанти, невромускулни лекови, антихолинестерази.

За окото[уреди | уреди извор]

• општо: адренеричен неврон блокатор, адстрингентно, окуларен лубрикант.

• дијагностички: површински анестетици, симпатомиметици, парасимпатолитици, мидријатици, циклоплегици.

Антибактериски: антибиотици, површински антибиотици, сулфа лекови, аминогликозиди, флуорохинолони.

Антивирусни лекови

Антигабични: имидазоли, полиени.

Антивоспалителни: НСАИЛ, кортикостероиди.

Антиалергиски: инхибитори на маст-клетките.

Антиглауком: адренергични агонисти, β- блокатори, инхибитори на јаглеродната анхидраза/хиперосмотици, полинергици, миотици, парасимпатомиметици, простагландин агонисти/простагланин инхибитори, нитроглицерин.

За уво, нос и орофаринксот[уреди | уреди извор]

симпатомиметици, антихистаминици, антихолинергици, НСАИЛ, стероиди, антисептици, локални анестетици, антифунгални, церуменолитици.

За респираторниот систем[уреди | уреди извор]

бронходилататори, НСАИЛ, антиалергици, антитусици, муколитици, деконгестиви, кортикостероиди, бета 2 адренергични агонисти, антихолинергици, стероиди.

За ендокрини проблеми [уреди | уреди извор]

андрогени, антиандрогени, гонадотропин, човечки хормон за раст, инсулин, тироидни хормони, антитироидни лекови, калцитонин, антидијабетици ( сулфонилуреа деривати, бигвадинили/медформин, тијазолидиндиони, инсулин), дифосфонати, аналози на вазопресин.

За репродуктивниот систем или уринарниот систем[уреди | уреди извор]

антифунгални, анкализирачки агенси, кинолони, холинергици, антихолинергици, антибиотици, антихолинергици, спазмолитици, инхибитори на 5 алфа редуктаза, селективни алфа1 блокатори, силденафили, лекови за плодност.

За контрацепција[уреди | уреди извор]

Хормонална котрацепција

Ормелоксифен

Спермициди

За акушерство и гинекологија[уреди | уреди извор]

НСАИЛ, антихолинергици, хомостатици, антифибринолитици, Хормон-супституциона терапија, агонисти на бета рецепторите, фоликулостимулирачки хормони, лутаинизирачки хормони, ЛХ-ослободувачки хормон, гамолеинска киселина, гонадотропин ослободувачки инхибитор, прогестоген, допомински агонисти, естрогени, простагландини, гонадорелин, кломифен, тамоксифен, диетилстилбестрол.

За кожата[уреди | уреди извор]

емолиенси, антипруритици, антифунгални, дезинфециензи, стабициди, педикулоциди, производи од смола, витамин А деривати, витамин Д аналози, кератолитици, абразиви, системски антибиотици, површински антибиотици, хормони, фибринолитици, протолитици, средства со заштитен фактор, антиперспиранти, кортикостероиди.

За инфекции и инфестации[уреди | уреди извор]

антибиотици, антилепротици, антитуберколозни лекови, антивирусни, антималоарици, антихелминтици, амибициди, антипротозоици.

За имунолошкиот систем[уреди | уреди извор]

вакцини, имуноглобулини, имуносупресиви, интерферон, моноклонални антитела

За алергиски нарушувања[уреди | уреди извор]

антиалергици, антихистеминици, НСАИЛ.

За исхрана[уреди | уреди извор]

тоници, препарати со железо, електролити, парантерални додатоци во исхраната, витамини, лекови за слабеење, анаболични лекови, хематопоетски лекови, лекови во прехрамбени продукти.

За неопластични нарушувања[уреди | уреди извор]

цитотоксични лекови, терапевтски антитела, сексуални хормони, ароматаза инхибитори, соматостатин инхибитори, рекомбинантни интерлеукини, Г-колони стимулирачки фактор, еритропоетин.

За дијагноза[уреди | уреди извор]

контрастни медиуми

За евтаназија[уреди | уреди извор]

Средствата за евтаназија се користат за усмртување во присуство на доктор. Евтаназијата не е законски дозволена во многу земји и следствено на тоа овие лекови нема да бидат лиценцирани за употреба во тие земји.

Правни аспекти[уреди | уреди извор]

Во зависност од законодавството, лековите можат да се поделат на: лекови без рецепт и препишани лекови, кои се издаваат само со рецепт, препишан од страна на овластен доктор. Основната разлика меѓу овие два вида на лекови зависи од правното законодавство. Трета категорија, нелегални лекови е воведена во некои законодавства. Овој вид на лекови се издаваат без рецепт, мора да се чуваат во склад, не пред очите на јавноста и можат да бидат продавани само од страна на фармацевти и фармацевтски техничари. Доктори, исто така, можат да издаваат и рецепти за лекови кои првенствено не биле одобрени од страна на регулаторните агенции. Класификацијата на фармакотерапевтското упатување помага во водењето на процесот за упатување меѓу фармацевтите и докторите.

Меѓународниот одбор за контрола на наркотици на Обединетите нации наметнува светски закон за забрана на одредени лекови. Тие објавија долга листа на хемикалии и растенија чијашто продажба и употреба е забранета. Лековите без рецепт се продаваат без ограничување, бидејќи се сметаат за доволно безбедни, така што луѓето нема да си наштетат доколку ги земаат како што е наведено во упатството. Многу земји, како на пример Обединетото Кралство имаат трета категорија на лекови кои можат да се издаваат само во регистрирани аптеки, од страна или под надзор на фармацевт.

За патентирани лекови, земјите може да имаат задолжително лиценцирани програми кои, во одредени случаи, го одврзуваат сопственикот на лекови да склучи договор со други агенти, за лекот да може да се произведе. Таквите програми може да се соочат со вонреден недостаток на лекови, на пример во случај на сериозна епидемија, или може да се дел од напорите за осигурување дека лековите за третман на болести, на пример лековите за СИДА, се достапни во земјите кои што не можат да си ги дозволат цените дадени од сопственикот на лековите.

Пракса на издавање рецепти[уреди | уреди извор]

Лековите кои се издаваат со рецепт, се уредени како такви бидејќи можат да имаат несакани ефекти и не треба да се користат доколку не се потребни. Медицинските упатства и клиничките испитувања се користат за да помогнат во информирањето за препишаниот лек, но можат да се случат и грешки. Причините поради кои не се препишува некој лек, како што се интеракциите и несаканите ефекти, се наречени котраиндикации.

Грешките вклучуваат предозирање и полифармација, погрешен рецепт, контраиндикации, недостаток на деталите за дозирање и административни инструкции. Во 2000 година грешката во издавање рецепт беше проучена на конференција користејќи го методот Делфи. Конференцијата беше мотивирана од двосмисленоста на грешка во издавање рецепт и потребата да се користи една дефиниција во изучувањата.

Развој[уреди | уреди извор]

    основна тема:Развој на лекови

Развој на лекови е постапката на создавање на лековите. Лековите може да се екстрахираат од природни продукти (фармакогнозија) или да се синтетизираат преку хемиски постапки. Активната состојка на лекот ќе биде комбинирана со „возило“, како што е: капсула, крем или течност, која ќе биде спроведувана преку одреден начин на употреба.

Најпродаван лек[уреди | уреди извор]

Најпродавани лекови се оние лекови од кои сопсвеникот заработува повеќе од 1 милион долари на годишно ниво.

Извештај од издаваштвото УРЦХ проценува дека околу 1/3 од фармацевтскиот пазар од вредност земен во предвид од страна на најдобрите продавачи. Околу 125 производи се најпродавани. Најдобро продаван беше липиторот, лек за намалување на холестеролот, пласиран од страна на Фајзер, со продажба од 12,5 милиони долари.

Во 2009 година вкупно имаше седум нови најпродавани лекови, со комбинирана продажба од 9,8 милиони долари.

„Во фармацевтската индустрија, најпродаван лек е оној лек кој е прифатен од страна на докторите, кои ги препишуваа како терапија најчесто за широко распространетите хронични (наместо акутни) состојби. Пациентите обично ги земаат овие лекови за долг период.“

Водечки најпродавани лекови[уреди | уреди извор]

Лек Трговско име Компанија Продажба (милион долари), годишно
Аторвастанин Липитор Фајзер 12 (2007)>
Клопидогрел Плавикс Бристол-Мајерс Сквиб или Санофи-Авентис 5,9 (2005)
Еноксапарин Левонокс или Клексане Санофи-Авентис
Целекоксиб Целебрекс Фајзер 2,3 (2007)
Омерпразол Лосец/Прилосец АстраЗенека 2,6 (2004)
Есомепразол Нексиум АстраЗенека 3,3 (2003)
Фексофенадин Телфаст/Алегра Авентис 1,87 (2004)
Кетиапин Сероквел АстраЗенека 1,5 (2003)
Метопролол Селокен/Топрол АстраЗенека 1,3 (2003)
Будесонид Пулмицорт/Пиноцорт АстраЗенека 1,3 (2003),

Влијание врз животната средина[уреди | уреди извор]

    основна тема: Фармацевтските производи и производите за лична хигиена во животната средина

Од 1990 година, загадувањето на водата од лекови беше еколошка причина за загриженост. Повеќето лекови се депонираат во животната средина преку консумирање и излачување и често се неефикасно филтрирани од страна на станиците за прочистување на водата. Тие можат да имаат различно, суптилно влијание врз организмите, иако истражувањето е ограничено. Фармацевтските производи можат, исто така, да бидат депонирани во животната средина преку истечни води од ѓубриво, рекултивирани отпадни води за наводнување и напукната канализација. Во 2009 година, истражувачки извештај од страна на Асошиетед прес изнесе дека производителите во САД легално ослободуваат околу 271 милиони паунди лекови во животната средина, од кои 92 % се антисептиците фенол и хидроген пероксид. Не може да се направи разлика во лековите ослободени од страна на производителите и онаа ослободена од фармацевтската индустрија. Исто така е утврдено дека околу 250 милиони паунди лекови и загадени пакети се исфрлени од болниците и објектите за долгорочна нега.

Науката за поврзаноста на фармацијата и животната средина е гранка од фармакологијата и форма на фармаковигиланцата, која се занимава со влезот на хемикалиите и лековите во животната средина, по завршувањето на човечката или животинската терапија. Таа се занимава посебно со оние фармаколошки агенси кои имаат влијание врз животната средина преку елиминирање од страна на живите организми после фармакотерапија, додека екофармакологијата се занимава со влегувањето на хемикалии или лекови во животната средина преку било кој начин и на било какво нарушување на рамнотежата на екологијата (екосистем ), како последица. Екофармакологијата е широк термин кој опфаќа студии на „ПФЛГ“ без оглед на дозите и начинот на кој тие влегуваат влегување во животната средина.

Историја[уреди | уреди извор]

Античка фармакологија[уреди | уреди извор]

Се верува дека користењето на растенија и супстанции од растенија за третирање на различни видови на болести и медицински случаи датира од праисториската медицина.

Kahun Gynaecological Papyrus е најстариот познат медицински текст, кој датира околу 1800 година п.н.е. и претставува првото документирано користење на било каков лек. Тој и многу други медицински папируси ги опишуваат медицинските пракси на Антички Египет, како што е употребата на мед при лечење на инфекции.

Античката Вавилонска медицина покажува користење на рецепти во првата половина на вториот миленитум п.н.е.. Медицинските креми и таблетите се користеле како терапија.

На индискиот потконтинент, Атарвеведа, светиот текст на хиндуизмот, чиишто корени датираат од вториот милениум п.н.е.,иако химните снимени во него се верува дека се постари, сепак е најстариот индиски текст со тема од медицината. Тој ги опишува лековите на растителна основа, за борба против болестите. Најраните темели на ајурведа се изградени врз основа на синтеза на антички одбрани растенија, заедно со голем прилог на масовна концептуализација, нови класификации на болестите и нови терапии кои датираат од 400 година п.н.е., па наваму. Се очекуваше, студент од Ајурведа да знае десет уметности кои се неопходни во изработката и примената на неговите лекови: дестилација, оперативни способности, готвење, хортикултура, металургија, производство на шеќер, фармација, анализа и сепарација на метали, мешање на метали, како и производство на алкалии.

Хипократовата заклетва за доктори, препишана во 5-тиот век п.н.е. во Грција, се однесува на постоењето на „смртоносни лекови“ и старогрчките доктори увезувале лекови од Египет и светот.

Првата аптека беше отворена во Багдад, во 8-миот век од новата ера. Инекцијата беше измислена од страна на Амар ибн Али ал Мавсили, во 9-тиот век во Ирак. Книгата Де Градибус на Ал Кинди од 9-тиот век, разви математички размери за да се измери јачината на лековите.

Канонот на медицината на Ибн Сина (Авицена), кој се смета за татко на модерната медицина, пријави 800 испитани лекови во времето на неговото завршување, во 1025 година. Придонесот на Ибн Сина вклучува поделба на медицината и фармакологијата, што е многу значајно за развојот на фармацевтските науки. Исламската медицина познава најмалку 2000 медицински и хемиски супстанции.

Средновековна фармакологија[уреди | уреди извор]

Средновековната медицина забележа напредок во хирургијата, но постоеле само неколку вистинско ефективни лекови, надвор од опиумот и кининот. Народните лекови и потенцијално опасните соединенија базирани на метал биле популарни третмани. Теодорик Боргогнони, (1205-1296), еден од најпрестижните хирурзи на средновековието, е одговорен за воведување и промовирање на важни хирушки достигнувања, вклучувајќи основна антисептичка пракса и употреба на анестетици. Гарсиа де Орта има опишано неколку билни третмани кои се користеле.

Модерна фармакологија[уреди | уреди извор]

Во поголем дел од 19-тиот век, лековите не биле многу ефикасни, што доведува Оливер Вендел Холмс, во 1842 година славно да коментира дека “сите лекарства на светот се фрлат во морето, тоа ќе биде подобро за целото човештво, а полошо за сите риби.”

За време на првата светска војна, Алексис Карел и Хенри Дакин, го развија методот Карел-Данкин за лекување на рани со наводнување, со растворот Данкин и еден гермицид, кој помага во спречување на гангрена.

Во меѓу воениот период, беа развени првите антибактериски агенси, како што се антибиотиците сулфа. Втората светска војна виде воведувањето на широко распространета и ефективна антимикробна терапија, со развој и масовно производство на антибиотици пеницилин, овозможено од притисоците на војната и од соработката на британските научници со американската фармацевтска индустрија.

Најчесто употребувани лекови до доцните 1920-тите години беа: аспирин, кодеин и морфиум за болка, дигитали, нитроглицерини и кинини за нарушување на работата на срцето и инсулин за дијабетичари. Другите лекови вклучуваат антитоксините, неколку биолошки вакцини и неколку синтетички лекови. Во 1930-тите години се појавија антибиотици: првите сулфа лекови, потоа пеницилонот и други антибиотици. Лековите за брзо време станаа „центар на медицинската пракса.“ Во 1950-тите години се појавија и други лекови, вклучувајќи ги кортикостероидите за инфламација, антихистаминици за носни алергии и типични антипсихотици за психоза. Од 2008 година, илјадници одобрени лекови беа развиени. Биотехнологијата, се повеќе, се користи за откривање на биофармацевтски лекови.

Во 1950-тите години нови психијатриски лекови, особено антипсихотични хлорпромазин, беа произведени во лабораториите и полека станаа поупотребувани. Иако често беа однапред прифатени, имаше некои спротивности, поради сериозните несакани дејства како што е тардивна дискензија. Пациентите често се спротивставуваат на психијатријата, ја одбиваат или прекинуваат со земање на лекови, кога не се предмет на психијатриска контрола.

Владите беа многу замешани во регулирањето на развојот и продажбата на лекови. Во САД, катастрофата Еликсир Сулфаниламид водеше до воспоставување на администрација за храна и лекови и во 1938 година федералниот закон за храна, лекови и козметика налага производителите да поднесат нови лекови со ФДА. Во 1951 година измената Хамфри-Дурам побара одредени лекови да бидат продавани само со рецепт. Подоцнежните промени, од 1962 година, побараа тестирање на новите лекови за ефикасноста и безбедноста на клиничките испитувања.

До 1970-тите години, цените на лековите не беа од голема важност за докторите и пациентите. Сепак, колку повеќе лековите беа препишувани за хронични болести, трошоците станаа потешки и до 1970-тите години скоро секоја земја од САД побара или ја охрабри замената на генеричните лекови со поскапи марки. Ова, исто така, водеше до законот на САД од 2006 година, Медицински дел Д, кое нуди медицинска покриеност за лековите.

Од 2008 година, САД е водич во медицинските истражувања, вклучувајќи го и фармацевтскиот развој. Цените на лековите во САД се највисоки на светско ниво и соодветно на тоа новитетите се високи. Во 2000 година, фирмите во САД развија 29 од 75 најпродавани лекови, фирмите од вториот најголем пазар, Јапонија, развија 8, а Велика Британија 10. Франција, која ги наметнува контрола светските цени, разви три. Низ 1990-тите години исходите беа слични.