Антитело

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Имуноглобулини)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Структура на антитело.

Антителата (или имуноглобулини) се серумски гликобелковинии т.е. белковини кои се образуваат по навлегувањето на антиген во организмот и можат посебно да се поврзуваат со него.

Тие се специфични бидејќи препознаваат само одреден антиген, и таа реакција на сврзување на антиген со антитело е наречена антиген-антитело реакција. При оваа реакција опасниот антиген се уништува, а човечкиот организам долго време е заштитен.

Антителата припаѓаат на гама глобулините. Тие се создаваат и секретират од активираните B-лимфоцити - плазмоцити кои даваат одговор на антигенски стимул. Се содржат во крвниот серум, во лимфата, во минимални количини во меѓуклеточните простори или урината. Се наоѓаат и на површината на циркулирачките В-лимфоцити.

Структура[уреди | уреди извор]

Антителата се тешки протеини (~150 kDa) со големина од околу 10 nm,[1] кои се состојат од три глобуларни региони во форма на буквата Y.

Класи[уреди | уреди извор]

Има 5 класи на имуноглобулини (Ig) - IgA, IgD, IgE, IgG и IgM.

Изотипови на антитела кај цицачите
Име Типови Опис Комплекси на антитела
IgA 2 Го има на слузници, како црева, респираторен тракт и урогенитален тракт, и ја спречува колонизацијата на патогени.[2] Исто така го има и во плунката, солзите и мајчиното млеко. Some antibodies form complexes that bind to multiple antigen molecules.
IgD 1 Антигенски рецептор на Б клетки кои не биле изложени на антигени.[3] Ги активира базофилите и маст клетките да произведуваат антимикробни фактори.[4]
IgE 1 Се врзува со алергени и предизвикува ослободување на хистамин од маст клетките и базофилите. Исто така штити од паразитски црви.[5]
IgG 4 Со неговите четири форми, го обезбедува најголемиот дел од имунитетот посредуван од антитела против патогени.[5] Претставува единствено антитело кое може да ја премине плацентата и да обезбеди пасивен имунитет на фетусот.
IgM 1 На површината на Б клетките се наоѓа како мономер и во неговата секретирана форма како пентамер. Ги елиминира патогените во раните фази на имунитетот посредуван од Б клетките пред да се достигнат поголеми количини на IgG.[3][5]

Типови и реакции[уреди | уреди извор]

  • Антитоксини - неутрализираат отрови на инфективни агенси;
  • Аглутини - предизвикуваат аглутинација (слепување) на туѓи клетки;
  • Опсонини - ги прават инфективните агенси почувствителни на фагоцитоза;
  • Лизини - ги отстрануваат инфективните агенси по пат на растворање (лизија);
  • Преципини - преципитират (таложат) туѓи материи.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Reth M (August 2013). „Matching cellular dimensions with molecular sizes“ (PDF). Nature Immunology. 14 (8): 765–7. doi:10.1038/ni.2621. PMID 23867923. S2CID 24333875. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-02. Посетено на 2021-05-01.
  2. Underdown B, Schiff J (1986). „Immunoglobulin A: strategic defense initiative at the mucosal surface“. Annu Rev Immunol. 4 (1): 389–417. doi:10.1146/annurev.iy.04.040186.002133. PMID 3518747.
  3. 3,0 3,1 Geisberger R, Lamers M, Achatz G (2006). „The riddle of the dual expression of IgM and IgD“. Immunology. 118 (4): 889–898. doi:10.1111/j.1365-2567.2006.02386.x. PMC 1782314. PMID 16895553.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Chen K, Xu W, Wilson M, He B, Miller NW, Bengtén E, Edholm ES, Santini PA, Rath P, Chiu A, Cattalini M, Litzman J, B Bussel J, Huang B, Meini A, Riesbeck K, Cunningham-Rundles C, Plebani A, Cerutti A (2009). „Immunoglobulin D enhances immune surveillance by activating antimicrobial, proinflammatory and B cell-stimulating programs in basophils“. Nature Immunology. 10 (8): 889–898. doi:10.1038/ni.1748. PMC 2785232. PMID 19561614.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. 5,0 5,1 5,2 Pier GB, Lyczak JB, Wetzler LM (2004). Immunology, Infection, and Immunity. ASM Press. ISBN 1-55581-246-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)