Прејди на содржината

Судир во Борово Село

Од Википедија — слободната енциклопедија
Судир во Борово Село
Дел од Хрватската војна за независност и Војните во Југославија
Датум 2 мај 1991
Место Борово Село, Хрватска, СФРЈ
Исход Победа на САО Краина и Белите орли
Завојувани страни
САО Краина  Хрватска
Команданти и водачи
САО Краина Вукашин Шошкоќанин
Бели Орли Воислав Шешељ
Хрватска Јосип Џаја
Хрватска Јосип Рајл-Кир
Вклучени единици
Милиција на САО Краина
П.Е. „Душан Силни“
Бели орли
Хрватска полиција
Сила
непознато 180 полицајци
Жртви и загуби
3-20 загинати[1][2]
4 ранети
12 загинати
22 ранети
2 заробени

Судир во Борово Село или Битка во Борово Село од 2 мај 1991 година, позната во Хрватска како Масакр во Борово Село (хрватски: Pokolj u Borovom Selu) и во Србија како Инцидент во Борово Село (српски: Инцидент у Боровом Селу), ― еден од првите вооружени судири во судирот кој стана познат како Хрватската војна за независност. Судирот бил предизвикан од повеќемесечни зголемени етнички тензии, насилство и вооружена борба во Пакрац и во Плитвичките Езера во март. Непосредна причина за судирањето во тешко етнички српското село Борово Село, северно од Вуковар, бил неуспешниот обид да биде заменето југословенското знаме во селото со знамето на Хрватска. Неовластените напори на четворица хрватски полицајци резултирале со апсење на двајца од страна на милицијата на хрватските Срби во селото. За да ги извлечат заробениците, хрватските власти распоредиле дополнителна полиција, која со автомобил влетала во заседа. Дванаесет хрватски полицајци и еден српски паравојник биле убиени пред да интервенира и да стави крај на судирите на Југословенската народна армија (ЈНА).

Судирањето резултирало со дополнително влошување на целокупната ситуација во Хрватска, што ги натерало Хрватите и Србите да се обвинуваат меѓусебно за отворена агресија и дека се непријатели на својот народ. За Хрватска, настанот бил провокативен затоа што телата на некои од загинатите хрватски полицајци убиени во инцидентот, наводно, биле осакатени. Судирот во Борово Село ги елиминирал сите надежи дека ескалацијата на судирот може да се смири политички и ја направил војната речиси неизбежна. Претседателството на Југославија се состанало неколку дена по битката и ја овласти ЈНА да се распореди во областа за да спречи понатамошен судир. И покрај ова распоредување, престрелките продолжиле во регионот. По војната, поранешен паравојник бил осуден за воени злосторства за неговата улога во злоупотреба на двајцата заробени полицајци и на крајот бил осуден на три години затвор. Уште четворица биле обвинети, но и понатаму се на слобода надвор од Хрватска.

Во 1990 година, по изборниот пораз на владата на Социјалистичка Република Хрватска од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), етничките тензии меѓу Србите и Хрватите се влошиле. Југословенската народна армија (ЈНА) го конфискувала оружјето на хрватската територијална одбрана (ТО) со цел да биде минимизирана можноста за насилство по изборите.[3] На 17 август, меѓуетничките тензии ескалирале во отворен бунт на хрватските Срби,[4] концентриран на областите населени со претежно Срби на далматинската внатрешност околу Книн,[5] и делови од Лика, Кордун, Бановина и Славонија.[6]

Во јули 1990 година, мештаните Срби основале Српски национален совет за да го координираат противењето на политиката на хрватскиот претседател Фрањо Туѓман за продолжување на хрватската независност од Југославија. Милан Бабиќ, стоматолог од Книн, бил избран за претседател на советот, додека началникот на полицијата на Книн, Милан Мартиќ, основал голем број паравоени милиции. Двајцата мажи на крајот станаа политички и воени водачи на Српската Автономна Област Краина, самопрогласена власт која ги вклучува областите населени со Срби во Хрватска.[7] Во март 1991 година, властите на САО Краина, поддржани од владата на Србија, почнаа да ја консолидираат контролата врз областите населени со Срби во Хрватска, што резултирало со бескрвна пресметка во Пакрац и првите жртви во инцидентот со Плитвичките Езера.[8]

На почетокот на 1991 година, Хрватска немала редовна војска. Во обид да ја зајакне својата одбрана, таа го удвоила бројот на полицискиот персонал на околу 20.000. Најефективниот дел од полициските сили бил специјална полиција од 3.000 луѓе, која б распоредена во дванаесет баталјони во воен стил. Покрај тоа, Хрватска имала 9.000–10.000 регионално организирани резервни полицајци организирани во 16 баталјони и 10 чети, но им недостигало оружје.[9]

Во 1991 година, селото Борово Село, сместено на десниот брег на Дунав спроти Србија, било дел од Општина Вуковар. Додека самиот град Вуковар имал етнички мешано население од 47,2 отсто Хрвати и 32,2 отсто Срби, помалите населби во областа биле похомогени. Четиринаесет населби биле претежно населени со Хрвати, десет (вклучувајќи го и Борово Село) со Срби, двајца со Рутенци, а останатите две биле етнички мешани.[10]

Среде влошените етнички тензии, Борово Село било забарикадирано на 1-ви април, еден ден по судирот кај Плитвичките Езера. Два дена подоцна гарнизонот на ЈНА во Вуковар ја зголемил борбената готовност на максимално ниво.[11] На почетокот на пролетта, Хрватите и Србите постигнале договор со кој хрватската полиција нема да влезе во Борово Село без експлицитна согласност од месните српски власти.[12] На 14 април во Борово Село бил одржан политички собир, а до крајот на месецот ситуацијата станала попроменлива. Говорниците на собирот - водачот на Српската радикална партија (СРП), Воислав Шешељ, пратеникот на Народното собрание на Србија , Милан Парошки и српскиот министер за дијаспора Станко Цвијан - го промовирале создавањето на Голема Србија, држава која ќе ги обедини сите Срби во една единствена земја. Сите тие ги повторија своите говори, заедно со отворениот повик за убивање на неистомислениците, една недела подоцна во Јагодњак, северно од Осиек.[13]

Покрај тоа, паравоените сили „Бели орли“ пристигнале во Борово Село во средината на април на барање на командантот на месната милиција Вукашин Шошкочанин. Паравоените сили биле или директно вооружени од Министерството за внатрешни работи на Србија директно или од милиција поврзана со САО Краина, со одобрение на српските власти.[14][15] До крајот на април 1991 година, на Белите орли во Борово Село им се придружиче борците од паравоената единица „Душан Силни“, која била поврзана со партијата Српска народна обнова.[16]

Во средината на април, ракети Армбруст биле истрелани од хрватските позиции надвор од Борово Село кон селото. Според една верзија на настанот, неколку истрели биле испукани врз земјоделска механизација која служела како барикади во предградието на Борово Село.[17] Според втората верзија, врз селото биле испукани три ракети со конкретна цел да бидат разгорени етнички тензии.[18] Една од ракетите погодила куќа, а друга паднала во поле без да детонира.[19] Немало жртви.[20] Радио-телевизија Белград потоа емитувала слики од ракетите и ги претставила како доказ за хрватската агресија, што дополнително ги влошувала меѓуетничките тензии.[19] Ракетите биле истрелани од група мажи кои до местото ги предводел началникот на полицијата во Осиек , Јосип Рајл-Кир, кој подоцна бил убиен од хрватски нерегуларни војници.[19] Хрватскиот министер за внатрешни работи, Јосип Бољковац подоцна посочил дека групата вклучувала заменик-министерот за одбрана - Гојко Шушак, Бранимир Главаш и Вице Вукојевиќ.[21] Шушак тврдел дека нема никаква врска со инцидентот, но признал дека во тој момент бил во областа.[15] Никола Јаман, тогашен командант на резервната единица во МВР, подоцна изјавил дека тој ја водел акцијата, а негирал дека биле вмешани Шушак, Главаш и Вукојевиќ. Тој тврдел дека акцијата била планирана заедно со Рајл-Кир.[22]

Времеслед

[уреди | уреди извор]

Во текот на вечерта на 1 мај 1991 година, четворица хрватски полицајци влегле во Борово Село во неовластен обид да го заменат знамето на Југославија во селото со знамето на Хрватска.[20] Обидот резултирало со вооружена пресметка.[18] Двајца од полицајците биле ранети и заробени, а другите двајца избегале откако се здобиле со полесни повреди (едниот имал рането стапало, а другиот од гребнатинка на главата).[23] Според хрватското МВР, во моментот на инцидентот полицијата патролирала на патот Даљ–Борово Село.[24] Иако полицајците биле распоредени во полициската управа на Осиек,[25] полициската управа во Винковци — на која и биле доделени надлежности над Општина Вуковар — побарала од Полициската станица „Вуковар“ да стапи во допир со Шошкоќанин за инцидентот. Вуковарската полиција го контактирала во 04:30 часот, но Шошкочанин наводно рекол дека не знае ништо. Во 9:00 часот наутро, началникот на полицијата во Винковци, Јосип Џаја, му телефонирал на Шошкоќанин и го добил истиот одговор. Кога Рајл-Кир го контактирал Шошкоќанин половина час подоцна, вториот го потврдил инцидентот и рекол дека полицијата пукала во членовите на месното население, при што ранила еден. Рајл-Кир не успеал да обезбеди ослободување на двајцата заробени службеници.[24]

Рајл-Кир и Џаја заклучиле дека треба да се испрати патрола во Борово Село.[24] Шошкоќанин се согласил на полицијата да и овозможи безбедно поминување под бело знаме.[26] Сила од дваесет до триесет полицајци потоа влегла во Борово Село.[27] Иако носеле бело знаме, тие биле во заседа од паравојски и членови на месната милиција.[26] Од Осиек и Винковци со автобуси пристигнале околу 150 полицајци кои биле распоредени како засилување.[27] Упатените сили од Винковци влегле во Борово Село и биле нападнати од заседа, додека засилувањата испратени од Осиек преку Даљ биле запрени на блокада северно од Борово Село и не успеале да влезат во селото. Следела престрелка и траела до 2:30 часот попладне, кога од Даљ во селото влегле седум оклопни транспортери на ЈНА. Друг конвој со оклопни транспортери распореден од ЈНА преку Борово Насеље, јужно од Борово Село, бил запрен од толпа Хрватки кои одбиле да ги пуштат.[24]

Последици

[уреди | уреди извор]

Во заседата загинале 12 хрватски полицајци, а 21 бил повреден.[8] Двајцата заробени полицајци биле пренесени преку Дунав и транспортирани во Нови Сад, но биле ослободени и вратени во Осиек до вечерта на 2 мај.[28] Воислав Милиќ, паравоен од Ваљево, бил единствениот загинат меѓу српската милиција.[29] Ранети биле уште четворица паравојници.[30] За некои од убиените полицајци кај Борово Село било откриено дека биле осакатени, исечени ушите, извадени очи и пресечени грла.[26][18] Овие дела требале да ја разгорат етничката омраза.[31]

Ескалација до војна

[уреди | уреди извор]
Општинската зграда во средиштето на инцидентот во мај 1991 година.

Судирот ги навел советниците на Туѓман да се залагаат за итно прогласување независност од Југославија и одмазда против ЈНА, која Хрватите ја сметале за просрпска.[8][28] На 3 мај, Туѓман изјавил дека Хрватска и Србија практично се во војна, но рече дека се надевале дека меѓународната заедница ќе го запре насилството.[8][28] Според хрватскиот историчар Давор Маријан, одлуката на Туѓман да не се одмазди на ЈНА во тоа време често била толкувана како кукавичлук на границата на предавство, што довело до јавна критика и оставка на генерал Мартин Шпегељ од функцијата министер за одбрана. Како и да е, одлуката ѝ го даде на Хрватска многу потребно време да се подготви за војна, како што подоцна призна и адмиралот на југословенската морнарица, Бранко Мамула.[32] Инцидентот ја шокирала хрватската јавност, предизвикувајќи масовна промена во јавното мислење кон демонизација на Србите, поддржана од хрватските медиуми.[33] Србите биле збирно означени како „четници“, „терористи“ и „непријатели на Хрватска“. Слично на тоа, Србите ги нарекуваа Хрватите како „усташи“ и „непријатели на српскиот народ“. Така, политичкото решение за да биде избегната сеопфатна војна стана сè поневеројатно.[34] По судирот, војната изгледала неизбежна.[35]

На 8-9 мај, Претседателството на Југославија се состанало за да разговара за настаните во Борово Село и да расправа за барањето на ЈНА за воена интервенција. На средбата присуствувале претседателите на сите конститутивни републики на Југославија. Хрватското раководство дозволи ЈНА да биде распоредена во областите каде што меѓуетничките тензии биле високи.[36] На 9-ти мај, претставници на сојузната и хрватската влада го посетиле Вуковар. Сојузните претставници го посетиле Борово Село, за разлика од претставниците на хрватската влада кои изјавиле дека „одбиле да разговараат со терористите“.[37] Како одговор на судирот во Борово Село, ЈНА прераспоредила дел од 12. пролетерска механизирана бригада од Осиек и 1. механизиран баталјон на 453. механизирана бригада со седиште во Сремска Митровица во областа на Вуковар. Истовремено, од Суботица во Винковци бил преместен вториот механизиран баталјон на 36. механизирана бригада.[38] И покрај распоредувањето на ЈНА во областа, етнички мотивираните престрелки продолжиле до почетокот на Битката кај Вуковар кон крајот на август.[8]

Спомен контроверзии и гонење

[уреди | уреди извор]
Споменикот во Борово Село како што изгледал пред 2012 година.

За време на администрацијата на Обединетите нации во периодот 1996–1998 година, создадена во согласност со Ердутскиот договор за враќање на областа под хрватска контрола, три хрватски невладини организации подигнале споменик на јавен имот на влезот во Борово Село, но местото било брзо вандализирано. Нов споменик бил подигнат во средиштето на селото во 2002 година, но и овој бил вандализиран набргу по завршувањето. Нова плоча со имињата на 12-те хрватски полицајци убиени во инцидентот била додадена на споменикот во 2012 година,[39] но исто така бил предмет на вандализам.[40] Иако вандализмот го осудиле месните српски политичари, тие се пожалиле дека споменикот е навредлив за српското малцинство и наметнува вина на целата заедница бидејќи ги означувал српските сили во Борово Село во 1991 година како „српски терористи“.[41]

Во февруари 2012 година, судот во Осиек го осуди Милан Маринковиќ за воени злосторства и го осудил на три и пол години затвор за малтретирање на двајца заробени хрватски полицајци.[42] Во 2014 година, казната на Маринковиќ по жалба била намалена на три години.[43] Други четворица мажи биле обвинети за малтретирање на полицајците. Бидејќи живеат надвор од Хрватска, тие не се предмет на кривично гонење од страна на хрватското правосудство.[42]

  1. Crnobrnja, Mihailo (1996-04-29). Yugoslav Drama, Second Edition. McGill-Queen's University Press. ISBN 978-0-7735-6615-6.
  2. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  3. Hoare 2010, стр. 117.
  4. Hoare 2010, стр. 118.
  5. The New York Times 19 August 1990.
  6. ICTY 12 June 2007.
  7. Repe 2009, стр. 141–142.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Central Intelligence Agency 2002, стр. 90.
  9. Central Intelligence Agency 2002, стр. 86.
  10. Sučić 2011, стр. 19.
  11. Sučić 2011, стр. 32.
  12. Štitkovac 2000, стр. 157.
  13. Nazor 2007, стр. 64.
  14. Thomas 1999, стр. 97.
  15. 15,0 15,1 O'Shea 2012, стр. 10.
  16. Thomas 1999, стр. 96.
  17. Čuljak 2003, стр. 52.
  18. 18,0 18,1 18,2 Nation 2003, стр. 105.
  19. 19,0 19,1 19,2 Hockenos 2003, стр. 58.
  20. 20,0 20,1 Silber & Little 1996, стр. 141.
  21. Nacional 13 February 2009.
  22. Jutarnji list 11 February 2009.
  23. Hockenos 2003, стр. 58–59.
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 Ministry of the Interior 2008.
  25. Bjelajac & Žunec 2012, стр. 249.
  26. 26,0 26,1 26,2 Ramet 2002, стр. 64.
  27. 27,0 27,1 Štitkovac 2000, стр. 158.
  28. 28,0 28,1 28,2 Hockenos 2003, стр. 59.
  29. Thompson 1999, стр. 30.
  30. Marijan 2004, стр. 51.
  31. Donia & Van Antwerp Fine 1994, стр. 225.
  32. Marijan 2012, стр. 118.
  33. Silber & Little 1996, стр. 142.
  34. Grandits & Leutloff 2003, стр. 37.
  35. Štitkovac 2000, стр. 159.
  36. Nazor 2007, стр. 67.
  37. Sučić 2011, стр. 33.
  38. Marijan 2002, стр. 368.
  39. Pullan & Baillie 2013, стр. 122.
  40. Glas Slavonije 2 June 2012.
  41. Politika Plus 10 May 2012.
  42. 42,0 42,1 Pavelić 1 February 2012.
  43. Glas Slavonije 14 May 2014.

Останати извори

[уреди | уреди извор]
Книги 
Статии од научни списанија 
Вести  
Други извори 

45°22′51.60″N 18°57′27.00″E / 45.3810000° СГШ; 18.9575000° ИГД / 45.3810000; 18.9575000