Разговор со корисник:P.Nedelkovski: Разлика помеѓу преработките

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Отповикано
ne slusaj budalu, njemu sve smeta!
Ознаки: Рачно отповикување Отповикано
Ред 320: Ред 320:
:{{одговор|Andrew012p}} Вообичаено преведените статии автоматски се поврзани на Предмет на Википодатоци. Проверив неколку гледам дека се поврзани. За што конкретно станува збор?[[User:P.Nedelkovski|P.Nedelkovski]] <small>([[User talk:P.Nedelkovski|разговор]])</small> 18:16, 11 септември 2023 (CEST)
:{{одговор|Andrew012p}} Вообичаено преведените статии автоматски се поврзани на Предмет на Википодатоци. Проверив неколку гледам дека се поврзани. За што конкретно станува збор?[[User:P.Nedelkovski|P.Nedelkovski]] <small>([[User talk:P.Nedelkovski|разговор]])</small> 18:16, 11 септември 2023 (CEST)
::{{одговор|P.Nedelkovski}}, сега е во ред. Кај некои статии кога ќе отворев на Предмет на Википодатоци кај делот ''Macedonian'' беа празни, а беа преведени. Сега е добро. --[[User:Andrew012p|Andrew012p]] <small>([[User talk:Andrew012p|разговор]])</small> 13:10, 12 септември 2023 (CEST)
::{{одговор|P.Nedelkovski}}, сега е во ред. Кај некои статии кога ќе отворев на Предмет на Википодатоци кај делот ''Macedonian'' беа празни, а беа преведени. Сега е добро. --[[User:Andrew012p|Andrew012p]] <small>([[User talk:Andrew012p|разговор]])</small> 13:10, 12 септември 2023 (CEST)

== 65.23.226.155 ==

Please block 65.23.226.155, likely GRP. Harassment.
--[[User:Lemonaka|Lemonaka]] <small>([[User talk:Lemonaka|разговор]])</small> 19:19, 14 септември 2023 (CEST)

Преработка од 19:22, 14 септември 2023

Добре дојде!

Здраво, P.Nedelkovski, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! Р ашо 22:14, 7 јануари 2014 (CET)[одговори]

Внатрешни врски и категории

Здраво. Забележувам дека доста уредувате и многу ми е драго. Би сакал да напоменам да не се забораваат внатрешните врски [[вака]] и ставање поконкретни категории во статиите Кои зборови да бидат внатрешни врски и како стие се прават (со | црта) најдобро ќе видите кога ги преведувате статиите од англиската. Нека се истите во квадратни загради и нека имаат исто категории, следејќи ги тамошните, со извесни прилагодувања, секако. Поздрав и приајтно уредување --Б. Јанкулоски (разговор) 21:24, 7 октомври 2014 (CEST)[одговори]

Наградени сте!

Лекторска награда
Продолжете само со вашата работа и со поправањето на грешките кои ги увидувате во нашите статии. Поздрав Ehrlich91 (разговор) 19:49, 4 јуни 2015 (CEST)[одговори]

Со извесно доцнење, благодарам за наградата.

Поздрав, П. Неделковски 18:31, 9 септември 2015 (CEST)

Транскрипции

Здраво, бидејќи јас самиот се трудам да изнајдам логика на нештата понекогаш, особено за белгиските, француските, швајцарските велосипедисти, би ценел доколку би ми укажал најпрвин мене дека некое име на велосипедист е погрешно напишано, т.е. транскрибирано, за да подоцна јас да си средам со целосно заменување на тоа име по сите страници каде што се спомнува и секако да проверам дали е така, со цел да не правиме повеќекратни пренасочувања. Поздрав, Тони --Ehrlich91 (разговор) 22:49, 23 декември 2015 (CET)[одговори]

Во ред. Поздрав, П. Неделковски 23:06, 23 декември 2015 (CET)
Еве, Седрик Пино наместо Кедрик Пино. П. Неделковски 23:22, 23 декември 2015 (CET)
Ок Готово; Слободно кажувај и за други и ќе ги поправаме заедно --Ehrlich91 (разговор) 00:09, 24 декември 2015 (CET)[одговори]

Во истата статија треба да се променат имињата на трките:

  • Тур ди Финистер наместо Тур ду Финистер
  • Тур де Бретањ наместо Тур де Бретања
  • Тур ди О Вар наместо Тур ду От Вар
  • Гран при де ла Вил де Лилер наместо Гран при де ла Вил де Лил
  • Сиркуи де Лорен наместо Сиркут де Лорен
  • Шоле-Пеи де Лоар наместо Шоле-По де Лоара
  • Тур де ла Сом наместо Тур де ла Сома
  • Тур де Ванде наместо Тур де Вандеја
  • Тур де Поату-Шарант наместо Тур ду Поатс-Шарент
  • Гран при д’Увертир ла Марсејез наместо Гран При д’Увертир ла Марселеза

Поздрав, П. Неделковски 17:32, 24 декември 2015 (CET)

Стихар

Здраво, гледам дека си ја создал статијава и навистина добро делува. Сепак, ретко кој обраќа внимание, а реално е многу потребно кај некои вакви статии, како оваа, која нема никакви црвени врски, па така статијата останува „осамена“, односно не е поврзана внатрешно со ниедна друга статија. Мој совет е да видиш и побараш преку пребарувачот горе и да вметнеш барем неколку врски до статијата, бидејќи реално има мала додадена вредност, ако една статија не се споменува на ниедно друго место. Така, јас вчера создавајќи ја статијата за Хемиска индустрија Велес, земав и направив три-четири врски, пред да ја создадам. Се надевам ме сфати што ти зборував. Поздрав :) --Ehrlich91 (разговор) 16:50, 13 февруари 2016 (CET)[одговори]

СИЕ Пролет

Здраво Пецо, одлично што си се пријавил на натпреварот, но гледам дека прва статија ти е за македонска песна. Имено, темите од Македонија се наменети за другите уредници од другите земји кои ќе пишуваат за Македонија и другите земји, освен за нивната матична земја и обратно. Така, ти можеш да пишуваш за сите, но не за Македонија, како што и списокот со статии за Македонија ја нема објавено на целиот список со предлози од земјите. Сепак, за да избегнеме вакви несакани работи во иднина, ќе посочам со дополнителна објава. Поздрав и пријатно уредување --Ehrlich91 (разговор) 22:08, 21 март 2016 (CET)[одговори]

Уредник

Здраво Пецо, само што ти доделив статус на уредник, што значи дека твоите уредувања во иднина нема да треба да бидат прегледувани од наша страна. Само продолжи да пишуваш на големиот број теми, како и да вршиш проверки и поправки на статиите. Поздрав и убави празници :) --Ehrlich91 (разговор) 19:36, 28 април 2016 (CEST)[одговори]

Благодарам Тони, продолжувам со работа. Ти ги честитам празниците и ти посакувам убав помин. П. Неделковски 21:58, 28 април 2016 (CEST)

{{subst:#switch:mk|es=CEE Primavera 2016 Encuesta|#default= CEE Spring 2016 Survey|hu=CEE Tavasz 2016 kérdőív|sq=Anketa e CEE Spring 2016|et=Kesk- ja Ida-Euroopa kevad (CEE Spring) 2016 küsitlus|tr=Orta ve Doğu Avrupa (CEE) Baha...

Здраво, учесник во „СИЕ Пролет 2016“ Меѓународните организатори на натпреваруваат Ве замолуваат да ја пополните анкетата околу натпреварот. Многу е кратка. Ни дава статистички податоци и ни помага да го направиме следниот натпревар подобар. „Ве молам пополнете ја анкетата овде: https://wikimedia.qualtrics.com/jfe/form/SV_eLP1PKZWjSpIi45“ Со почит,
--Ата via MassMessage 15:29, 10 септември 2016 (CEST)[одговори]

Алфред де Мисе

Очигледно настана мал курцшлус со статијава. Имено и јас создадов истоимена статија на 15 јануари (додуша значително помала), а гледам и ти денес направи иста. Ако може мислење од Кирил и Тони за ова. Инаку за да избегнеме ваква ситуација во иднина, најдобро прво провери на англиската верзија дали на левата страна има македонски превод од статијата. Поздрав и со среќа.--Retrohead (разговор) 23:01, 16 јануари 2017 (CET)[одговори]

Сосема нормална појава. Можете и двајцата да ја пишете статијата во вашите табели. Според мое мислење, тебе Игор ќе те оцениме до моментот кога твојата статија била појавена, односно со таа големина, а статијата на Пецо, ќе ја сметаме како подобрување над таа големина. Сега ќе ставам шаблони за спојување на двете статии во една, при што треба да се задржат делови и од статијата на Игор, затоа што гледам дека сепак е поразлична. --Ehrlich91 (разговор) 23:15, 16 јануари 2017 (CET)[одговори]
Ова е проблем на Википедија: една голема или мала буква прави разлика. Затоа ставаме пренасочувања, за да бидат „зафатени“ сличните а различни имиња за една иста статија. Поздрав -Виолетова (разговор) 23:21, 16 јануари 2017 (CET)[одговори]
Не е проблем двајца учесници да пријават една иста статија и потоа да ги оцениме според нивнииот придонес во подобрување на статијата. Инаку, со цел да се спречи во иднина да се создаваат едни исти статии, мислам дека Жане е во право дека треба да се провери дали иста статија веќе постои и да се создаваат пренасочувања.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:12, 17 јануари 2017 (CET)[одговори]
Се извинувам за непријатностите што ги предизвикав, но очигледно дека, иако мала, постои шанса за преклопување на написи. Најверојатно ќе треба на некој начин да се означи дека е почната работа на одредена статија. Поздрав до сите. П. Неделковски 20:33, 17 јануари 2017 (CET)

Уредувачки натпревар „Населени места во Егејска Македонија“

Во тек е спроведувањето на уредувачкиот натпревар посветен на населените места во Егејска Македонија, за кои постојат илјадници започнати, но целосно несредени статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со средување на овие илјадници статии, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање, како и за испраќање на самиот потребен материјал. Поздрав, Ehrlich91 --MediaWiki message delivery (разговор) 19:06, 10 март 2017 (CET)[одговори]

Ehrlich91 благодарам на поканата, пратете ми го материјалот, ќе се обидам да дадам свој придонес. П. Неделковски 19:24, 11 март 2017 (CET)

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

СИЕ Пролет 2017

Здраво Пецо. Ако може малку побрзо да се договорите со Тони околу исплата на наградите за СИЕ Пролет 2017, бидејќи и јас чекам сите добитници да остават адреса па да ни биде доставен наградниот купон. Благодарам за разбирањето.--Retrohead (разговор) 10:52, 1 јули 2017 (CEST)[одговори]

Испратено. Се извинувам за доцнењето. П. Неделковски 20:49, 3 јули 2017 (CEST)

Нема проблем. Честитки за победата.--Retrohead (разговор) 11:35, 4 јули 2017 (CEST)[одговори]

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)[одговори]

Уредувачки натпревар за вулкани

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)[одговори]

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)[одговори]

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)[одговори]

Логаритам

Статијата Логаритам, која Вие ја создадовте и проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да продолжите со уредувањето на квалитетни статии кои во иднина би можеле да се стекнат со овој статус.

Одлична работа!--Kiril Simeonovski (разговор) 23:55, 12 август 2018 (CEST)[одговори]

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)[одговори]

Департмани во Франција

Однапред се радувам ако си имаш поставено за цел да ги направиш сите департмани во Франција :) --Ehrlich91 (разговор) 22:14, 8 јануари 2019 (CET)[одговори]

Појаснување наместо Појаснителна

Пецо, именувањето на страниците за појаснување се нарекуваат „појаснување“, па така имаме Македонија (појаснување), наместо Македонија (појаснителна), нешто што забележав го користиш. --Ehrlich91 (разговор) 18:17, 16 февруари 2019 (CET)[одговори]

@Ehrlich91, Ти благодарам ги променив статиите и врските со „појаснителна“. Поздрав П. Неделковски 18:56, 16 февруари 2019 (CET)

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

СИЕ Пролет 2019

Hello P.Nedelkovski! You might be interested in creating several articles of Top 100 (and in particular in the english there are the following articles: en:Revolution on Granite, en:Hennadiy Udovenko, en:The Guide (film) , en:HC Spartak Kyiv, en:Constitution of Pylyp Orlyk, en:Yuri Kondratyuk, en:Politics of Ukraine, en:Milena Rudnytska, en:Executed Renaissance, en:Optymistychna Cave, en:Mykola Skrypnyk, en:Mykola Mikhnovsky, en:Anatoliy Hrytsenko, en:Green Ukraine or на русском есть следующие статьи: ru:Бердник, Олесь Павлович , ru:Удовенко, Геннадий Иосифович , ru:Конституция Филиппа Орлика, ru:Оптимистическая, ru:Шацкие озёра , ru:Тінь Сонця, ru:Рудницкая, Милена Ивановна, ru:Поводырь (фильм, 2013), ru:Патон, Борис Евгеньевич, ru:Вороной, Юрий Юрьевич, ru:Гриценко, Анатолий Степанович, ru:Горская, Алла Александровна, ru:Глузман, Семён Фишелевич, ru:Кухар, Екатерина Игоревна, ru:Сотник Олена Сергіївна). But the spelling of the names and surnames for the titles of the articles is better translated from the Ukrainian Wikipedia, because there are some distortions in some cases) or maybe extended list of articles of Ukrainian subjects? ---Yasnodark (разговор) 17:25, 12 април 2019 (CEST)[одговори]

Бројач на уредувања

Здраво, еве врска до бројачот на уредувања https://xtools.wmflabs.org/ec. Поздрав--Инокентиј (разговор) 16:32, 14 мај 2019 (CEST)[одговори]

Наградени сте!

Лекторска награда
Здраво. Се обидувам да ја врзам словенечката статија за Оливера Ќорвезироска, со македонската, но не успевам. Може ли помош? https://sl.wikipedia.org/wiki/Olivera_Kjorverziroska Aa19 (разговор) 08:56, 5 јуни 2019 (CEST)[одговори]

translatewiki

Здраво. Ви предлагам да направите сметка на translatewiki.net што е наменет за локализација на МедијаВики и други проекти. Исто така забележувам дека доста уредувате и создавате некои македонски зборови - можете да ги користите во преведувањето. Доколку имате проблем во некои поими, можете да го контактирате Б. Јанкулоски (тој е и на translatewiki). Поздрав Vlad5250 (разговор) 18:33, 15 јуни 2019 (CEST)[одговори]

Коментар  @Vlad5250: Идејата во принцип е добра, но има еден значаен проблем. Јас сум секојдневно посветен на преведување таму, и доследно ги преведувам поимите со години, а тоа се во голема мера поими кои ги нема во правописот, во речници или во општа употреба. На Неделковски би му одзело премногу време да ги научи сите нив, а исто така и премногу работа на обајцата за да вршиме консултации и исправки со цел да се држи доследноста. Проблемот нема никаква врска со јазичните способности на колегата Неделковски (кои се исклучителни). Иако делува нелогично, ситуацијата е таква што уште еден човек би отворил повеќе работа место да се подобри делотворноста. Јас сум веќе наполно посветен на преводите, и тоа со години, па сите потреби се задоволени. Секако, сите предлози и коментари се добредојдени. Намерата не ми е да исклучам никого, туку чисто практична. Поздрав! --Б. Јанкулоски (разговор) 01:25, 16 јуни 2019 (CEST)[одговори]
Коментар  @Bjankuloski06:: Ви предлагам да вршите консултации со П.Неделковски во врска со искористување поими кои ги нема во правописот, во речници или во општата употреба. Vlad5250 (разговор) 06:54, 16 јуни 2019 (CEST)[одговори]

Да ги средиме статиите за државите во светот

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)[одговори]

Нов уредувачки натпревар

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)[одговори]

Ракомет

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)[одговори]

СИЕ Пролет 2020

Здраво Пецо, само да те потсетувам дека согласно правилата на натпреварот „Секоја од создадените или дополнетите статии означувајте ги со шаблонот {{СИЕ Пролет 2020}} на страниците од разговор.“. Доколку имаш проблем да се снајдеш, слободно прашај ме. Пример за вакво означување можеш да видиш тука, иако мислам дека ти текнува од лани како се означуваа. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:32, 13 април 2020 (CEST)[одговори]

Кампања на меѓународно ниво за вметнување на фотографии/слики во статиите на кои им недостигаат

Почитуван П.Неделковски.

Сакам да ве известам за кампањата на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат наречена „Статии без илустрација“ или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP). Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на Ризницата, и да се вметнат во соодветните статии на Википедија. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“. Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).

Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е: прва награда ваучер од 500 долари (САД); втора награда 400 долари; трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во стати 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии 200 долари.

Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи илустрации на најмалку 100 статии.

Страница за кампањата која претставува и прирачник како се учествува.

Доколку учествувате, среќно!

Dandarmkd (разговор) 13:46, 30 јуни 2020 (CEST)[одговори]

Честитки

Неделковски, сакам да ти упатам честитки за штотуку доделеното (од мене) администраторство. Сигурен сум дека ќе видиме доста полза од твоите нови права. Поздрав! --Б. Јанкулоски (разговор) 14:15, 14 јули 2020 (CEST)[одговори]

@Bjankuloski06: Благодарам, како и досега во рамките на моите можности и расположливост ќе давам свој придонес. П. Неделковски 19:41, 14 јули 2020 (CEST)[одговори]

Покана за учество во иницијативата „Цели за одржлив развој“

Цели за одржлив развој претставува меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со Целите за одржлив развој (ЦОР). Преку поврзување на заедница од стотици доброволни уредници од една страна и стручњаци за ЦОР од друга страна, иницијативата се стреми кон зголемување на свеста за целите, зајакнување на целокупното движење за нив и поставување основи за позадлабочено содржинско покривање на темите поврзани со целите во иднина.

Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со Целите за одржлив развој на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачка седмица во којашто ги повикува да се вклучат сите заинтересирани уредници и страни со стручни познавања на темата. Иницијативата временски се поклопува со Глобалната седмица на целите и е во времетраење од 19-26 септември 2020 година и со доделување на награди за најдобрите учесници. Dandarmkd (разговор) 15:12, 18 септември 2020 (CEST)[одговори]

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)[одговори]

Нова референца

На страна Игор Јанев додадов книга https://www.knjizara.com/Istorija-politickih-teorija-Igor-Janev-160464 .178.148.104.181 (разговор) 02:24, 23 јуни 2021 (CEST)[одговори]

Превод

Ако треба, Ве молам, поправете мојот македонски на страницата Етноцид. Благодарам.178.148.104.181 (разговор) 02:33, 30 јуни 2021 (CEST)[одговори]

Правопис

Здраво, во право си. Навистина е пр. н.е. :) Ова ме изненади, бидејќи отсекогаш го знаев како п.н.е. Така го пишувавме и на училиште, како што се сеќавам. И на Гугл транслејт го преведува п.н.е. Ова е проблем, зашто кај повеќето статии ја пишува погрешната кратенка. Поздрав и благодарам што ме поправи. Ете, научив нешто ново. Andrew012p (разговор) 19:49, 25 јули 2021 (CEST)[одговори]

@Andrew012p: Нема на што. Со последниот правопис направија повеќе промени што претходно беа стандардни. Така со ТРМЈ беше „Европска унија“, а со Правописот (2017) е „Европска Унија“, па она што претходно го поправав во „унија“ морав да го враќам во „Унија“. P.Nedelkovski (разговор) 22:00, 25 јули 2021 (CEST)[одговори]

Referenca

Поздрав Неделковски, Ставив кај Јанев нова референца [1]Алфа БК (разговор) 13:30, 19 ноември 2021 (CET)[одговори]

@Алфа БК: Прифатено.P.Nedelkovski (разговор) 08:22, 20 ноември 2021 (CET)[одговори]
Благодарам! Алфа БК (разговор) 12:45, 21 ноември 2021 (CET)[одговори]

Светец-заштитник

Здраво, зарем не треба статијата да биде светец заштитник без цртичка заради бр. 127 (стр. 65) од Правописот? Поздрав. Andrew012p (разговор) 17:46, 22 декември 2021 (CET)[одговори]

@Andrew012p: Во право сте, благодарам. Статијата е преместена.P.Nedelkovski (разговор) 19:16, 22 декември 2021 (CET)[одговори]

Здраво, ќе може да ја тргнеш цртичката од светец заштитник кај предлошката Инфокутија за држава? Види во статијата Македонија. Јас не знам како треба. Благодарам, поздрав. Andrew012p (разговор) 23:48, 27 јануари 2022 (CET)[одговори]

@Andrew012p: Средено. P.Nedelkovski (разговор) 19:26, 28 јануари 2022 (CET)[одговори]

How we will see unregistered users

Hi!

You get this message because you are an admin on a Wikimedia wiki.

When someone edits a Wikimedia wiki without being logged in today, we show their IP address. As you may already know, we will not be able to do this in the future. This is a decision by the Wikimedia Foundation Legal department, because norms and regulations for privacy online have changed.

Instead of the IP we will show a masked identity. You as an admin will still be able to access the IP. There will also be a new user right for those who need to see the full IPs of unregistered users to fight vandalism, harassment and spam without being admins. Patrollers will also see part of the IP even without this user right. We are also working on better tools to help.

If you have not seen it before, you can read more on Meta. If you want to make sure you don’t miss technical changes on the Wikimedia wikis, you can subscribe to the weekly technical newsletter.

We have two suggested ways this identity could work. We would appreciate your feedback on which way you think would work best for you and your wiki, now and in the future. You can let us know on the talk page. You can write in your language. The suggestions were posted in October and we will decide after 17 January.

Thank you. /Johan (WMF)

19:18, 4 јануари 2022 (CET)

Помош

Здраво Пеце. Итно ми треба помош. Во Српската википедија пишуваат северномакедонски наместо македонски. Јас секако не го дозволив тоа, и ги заклучија статиите со промени. Им објаснив дека според Преспанскиот договор само името на државата се смени, а не и придавките и националноста. Те молам оди кај статијата 2bona на српската статија и види во „разговор“ и „историја на уредувања“. Администраторите одлучија да направат дискусија и ќе видат што ќе направат на нивната Википедија. Помогни :) Поздрав. Andrew012p (разговор) 20:45, 8 јануари 2022 (CET)[одговори]

Здраво Andrew. Гледам дека Elrich веќе одговорил и дека е во тек со темава. P.Nedelkovski (разговор) 16:56, 9 јануари 2022 (CET)[одговори]

Дрвопис

Здраво Неделковски. Забележав дека го имаш вратено поимот „дрвопис“, кој го заменив со „дрворез“. Иако е сосема солиден збор, јас не го наоѓам во речниците — овој или овој. Дали постои некој трет извор што не го знам? Б. Јанкулоски (разговор) 01:10, 2 август 2022 (CEST)[одговори]

Здраво Јанкуловски. На страниците за разговор на „Дрвопис“ и предлошката „Албрехт Дирер“ оставив објаснување за враќањето на зборот „дрвопис“. Новиот збор е воведен за да се направи разлика со „дрворез“ со значење „Изработка на предмети со сечење и длабење во дрво; резба, копаница. Олтар во дрворез.“, а овој поим треба да ја означи графичката техника на печатење од дрвена плоча-матрица. Зборот е скован по урнек на „бакропис“ кој исто така го нема во ОДРМЈ, но го има во ДРМЈ, како и „иконопис“. Во руската и бугарската Википедија употребен е грчкиот назив „ксилографија“ кој во ОДРМЈ и ДРМЈ е повеќезначен - опфаќа и дрворез и дрвопис. Во хрватската и српската Википедија употребен е „дрворез“, додека за „изработка на предмети со сечење и длабење во дрво“ го користат зборот „резба“ кој во ОДРМЈ и ДРМЈ е синоним за „дрворез“. Како дрвопис се среќава во неколку написи кои ги најдов на семрежјето: https://okno.mk/node/91983, https://patem.mk/2020/02/28/познатиот-уметник-грејсон-пери-стана/
Во однос на опфатот на зборови на македонските речници очигледно е дека се многу троми, додека речниците на светските јазици на годишно ниво ги ажурираат нивните содржини со додавање на нови зборови (и по неколку стотини), нашите сè уште ги немаат внесено сите хемиски елементи, предлошките на единиците во СИ системот, медицински поими кои се наше секојдневие...

Поздрав, P.Nedelkovski (разговор) 07:48, 2 август 2022 (CEST)[одговори]

Статија

Здраво, сакав само да те прашам дали мислиш дека статијата Поход за сол е добро именувана? Од англиски — Salt March? Поход (во речникот има значење и како марш). Се двоумев меѓу Поход на сол и Поход за сол? Или пак Солен поход? Но тоа се однесува како да е од сол (солено). Пример имаме солна киселина, но тоа на англиски е hydrochloric. Што мислиш ти? Поздрав. Andrew012p (разговор) 23:30, 27 септември 2022 (CEST)[одговори]

Здраво Ендрју. За мене најсоодветен е „Солен поход“. Тука „солен“ би бил со значење „што се однесува на сол“ што го има во речникот. Аналоген пример би бил „воден сообраќај“ каде „воден“ е со значење „што се однесува на вода“. P.Nedelkovski (разговор) 07:55, 28 септември 2022 (CEST)[одговори]
Го променив. Фала ти. Andrew012p (разговор) 10:57, 28 септември 2022 (CEST)[одговори]

Контакт

Здраво, вие сте добитник на вредносен ваучер за кампањата Статии без илустрација. Ве молам контактирајте не ме за да се договориме за начин на подигање и други детали. Позз

Здраво Фросина. Мојата е-адреса е Peco.Nedelkovski@gmail.com. Поздрав, P.Nedelkovski (разговор) 07:32, 29 октомври 2022 (CEST)[одговори]

здраво, имам понуда за вас

здраво, дали знаевте за нашата хумористична вики mk.neciklopedija.org/wiki/, здраво, јас сум МК01, препорачувам да помогнете на оваа вики 212.35.169.233 (разговор) 09:44, 26 ноември 2022 (CET)[одговори]

Жданец - извори

Здраво, сакав да прашам дали имаш некаков извор околку демографија на Жданец, Козле или околните населби? Гледам дека во статијата за Жданец имаш напишано дека живеат кинези, турци и американци. Од каде е оваа информација? Благодарам однапред. 130.15.33.195 (разговор) 21:46, 10 април 2023 (CEST)[одговори]

Здраво 130.15.33.195. Не сум внесувал податоци за оваа статија, само одбив некои уредувања кои очигледно не беа соодветни. Очигледно и ова не е во ред, па и тоа ќе го променам. P.Nedelkovski (разговор) 18:51, 11 април 2023 (CEST)[одговори]

Invitation to Rejoin the Healthcare Translation Task Force

You have been a medical translators within Wikipedia. We have recently relaunched our efforts and invite you to join the new process. Let me know if you have questions. Best Doc James (talk · contribs · email) 12:34, 6 August 2023 (UTC)

Лукија или Луција?

Здраво, кај променетата статија „Света Луција пред судијата“, дали треба Луција (од италијански) или Лукија (латински)? Низ црковни страници е напишано Лукија, па во заграда Луција. Еве примери: Македонска православна црква, Денови.мк. Во Предмет на Википодатоци претпочитав Лукија бидејќи ми изгледа како почесто име. Што мислиш ти?

Здраво Ендрју. Македонскиот правопис ги зема предвид традиционалното и класичното читање на латинските имиња и зборови, па не е проблем да се користат и двете, но не во ист текст. Лично мене ми е поблиско традицоналното читање затоа што така сум почнал да го учам латинскиот јазик. P.Nedelkovski (разговор) 21:24, 10 септември 2023 (CEST)[одговори]

П.С. На Ivka20 веќе ѝ реков да ги пишува имињата на статиите во Предмет на Википодатоци ама не го прави тоа на ниту една... --Andrew012p (разговор) 00:44, 8 септември 2023 (CEST)[одговори]

Здраво, како се пишуваат статиите во Предмет на Википодатоци, не сум ставала зошто не знам и не ми е објаснето. Ако може објаснување па за следните ќе ги ставам. Ivka20 (разговор) 12:09, 11 септември 2023 (CEST)[одговори]
@Andrew012p: Вообичаено преведените статии автоматски се поврзани на Предмет на Википодатоци. Проверив неколку гледам дека се поврзани. За што конкретно станува збор?P.Nedelkovski (разговор) 18:16, 11 септември 2023 (CEST)[одговори]
@P.Nedelkovski:, сега е во ред. Кај некои статии кога ќе отворев на Предмет на Википодатоци кај делот Macedonian беа празни, а беа преведени. Сега е добро. --Andrew012p (разговор) 13:10, 12 септември 2023 (CEST)[одговори]