Прејди на содржината

Етноцид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Етноцид - поим што означува поширока категорија од културоцид, како бришење на цела една народна култура. Овој поим се користи кога станува збор за национален или етнички културоцид кои може да биде во комбинација и со другите елементи на искоренување на еден народ, како што е депортацијата односно преместување на населението или слични мерки за поништување на еден народ, асимилацијата или создавање на вештачки народи или нации. Генерално, етноцидот е поим што означува бришење на етничката култура, обичаите и идентитетот на една етничка група или цела нација.

Меѓу правните извори најчесто се цитира како правен основ за спротивставувањето на етноцидните или културоцидните процеси Декларација на Обединетите нации за правата на домородните народи усвоена 2007 година од Генералното собрание на ООН[1]

Како еден вид или компонентата на „етничкото чистење" во модерното време зачестано се појавува и поим "cultural cleansing" ("културното чистење"), што укажува на блиската корелација мегу термините културоцид и етноцидот. Во споредба со кутуроцидот, етноцид подрзбира сите етно-рестриктивни мерки од власта, посебно управни, административно-финансиски и други државни огрничувања и забрани или наредби насочени кон одреден етнос или нацијата со цел "бришење" на истиот или спроведување дискриминацијата, обесправување, дезинтеграцијата или прогонот по етничката или националната основа.[2] Според членот 6 од наведената Декларација (2007) домородните луѓе имаат право на "државјанството", но овој член може и пошироко да се толкува како колективното право на националноста и надвор од државата и "државјанството" (како поим исклучиво врзан за државата) односно како колективното примитивно право на етничка и национална припадност, консекветно или евентуално потврдено со одреден тип легитимација од одредена власт.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Најголемиот број етноциди биле извршени за време на колонијализмот (класичен) и подоцна во време на неоколонијализмот по Втората светска војна сè до средината на шеесеттите години на 20-тиот век. Меѓу познатите етноциди против различните домородни и племенски заедници во новооткриените земји (посебно во Америка и другите подрачја кои увезувале робови како бесплатната работна сила) се етноцидите на идентитетот и културата на Индијанците, Абориџините, Маорите и посебно на потомците на африканските робови чија култура масовно и систематски била уништена или сериозно деградирана, најчесто со цел „редефинирање“. Слично на тоа, пример во Европа бројот на келтските јазици е значително намален и „апсорбиран“. Многу имигрантски поцивилизирани народи ги уништиле културите на автохтоните домородци со цел ваквото население полесно да биде искористено за создавање профити од бесплатната работна сила. Во овој процес културното „ништење“ се вршело и масовна културната акултурација и асимилација, посебно на територијата на денешната САД (т.н. "Melting pot" како спојувањето на различните имигрантски нации, со цел создавање нова граѓанска нација-САД), но и секаде во светот каде европските „колонијални сили“ или „метрополи“ владееле со месното население кое имало своја различна култура, користејќи се со средствата на акултурација, „културното прочистување“ (селективното или комплетното „културно чистење“), различни водови на културна манипулација (замена/измена на културите форми или содржини и инсталирање на вредностите/значења), „контракултурација“ и културната асимилација или културното спојување и слично.

Од шеесеттите години во 20-ти век, паралелно со процесите на деколонизацијата (колонијалниот отпор и антиколонијални револуции во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век), се развива во ООН концептот на колективните човекови права, и така Генералното собрание на ООН во 1966 година ги донесува двата основни пакта за човековите права кои опфаќаат и нова категорија на колективните права на народите.[4] Од тој момент концептот на колективните права и слободи се развива и со низа нови посебни права врзани за маргиналните и посебни социјални групи, кои добиваат своите меѓународно гарантирани слободи и колективни меѓународно признати права. Споменатата Декларација на ОН за правата на домородните народи (2007) претставува најбитен правно-политички документ во развојот на правните инструменти за човековите, пред сè антиколонијални и културни колективни права, чија генеза се должи пред сè на промената во составот на членството во ООН кога во Обединетите нации во педесеттите и шеесеттите години во 20-ти век се зачлениле голем број новоослободени држави, поранешни колонии на големите колонијални европски империјални метрополи.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Declaration on the Rights of Indigenous Peoples (2007), види пример во членот 8. кои важи и за автохтоните, но и генерално за сите народи и нации се вели: во став 1. (Indigenous) "peoples and individuals have the right not to be subjected to forced assimilation or destruction of their culture." во став 2. (Indigenous) "States shall provide effective mechanisms for prevention of, and redress for: (a) Any action which has the aim or effect of depriving them of their integrity as distinct peoples, or of their cultural values or ethnic identities; (b) Any action which has the aim or effect of dispossessing them of their lands, territories or resources; (c) Any form of forced population transfer which has the aim or effect of violating or undermining any of their rights; (d) Any form of forced assimilation or integration; (e) Any form of propaganda designed to promote or incite racial or ethnic discrimination directed against them." [1]
  2. Од правно-теоретската и културолошката смисла меѓу етноцидот и културоцид како поими не постојат разлики, бидејќи и двата термина се однесуваат на културниот идентитет загрозен од државната (или меѓународната) власт.
  3. Види членот 6. од Декларација на ОН за правата на домородните народи(2007) во која се дава право на националност (а во претходните членови и посебен народен културен идентитет) независно од егзистенцијата на државната власт, те. се вели "Every indigenous individual has the right to a nationality."
  4. Види International Covenant on Civil and Political Rights (1966) , и International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights (1966)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ, ООН, 1948. [2]
  • International Covenant on Civil and Political Rights, UN 1966.
  • International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights, UN 1966.
  • Vienna declaration and programme of action, A/CONF.157/24. World Conference on Human Rights, UN 1993.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • I. Janev, Prespa Agreement And Its Effects On Macedonian Right To National Identity:: An Act of Ethno– Genocidal Termination of the National Identity, Lambert Academic Publishing 2021. ISBN 978-620-4-71741-8.[1]
  1. „Види“. Архивирано од изворникот на 2021-11-19. Посетено на 2021-11-19.