Дигитален речник на македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ДРМЈ)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дигитален речник на македонскиот јазик
Адресаонлајн речник
Достапно намакедонски
СопственикSAM97 GmbH
Мрежно местоmakedonski.info
Место на Алекса 143 (Македонија, мај 2018)
Регистрацијане
Тековна состојбаактивен

Дигитален речник на македонскиот јазик – дигитален толковен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од SAM97 GmbH[1].

Опис[уреди | уреди извор]

Дигиталниот речник на македонскиот јазик е поставен на семрежната адреса http://www.makedonski.info/ и пристапот до неа е слободен.

За составување на речникот била користена следната литература[1]:

  • „Речник на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Том 1-3, Детска радост, 1994
  • „Толковен речник на македонскиот јазик“, Том 1-6, издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003-2014
  • „Граматика на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Детска радост, 1999
  • „Правописен речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески, Просветно дело, 1999

Покрај толкувањето на заглавните зборови на македонски јазик, речникот дава:

  • преводни еквиваленти на англиски, албански, латински и во мала мера на турски, германски, француски, бугарски и српски јазик.
  • можност за пребарување на македонските еквиваленти на одреден англиски, латински или албански збор преку опцијата „Обратно“.
  • можност за пребарување по области преку внатрешната опција „Употреба“, при што во резултатот зборовите се подредени по „Категорија“.
  • можност за проверка на правописот на одреден збор преку опцијата „Правопис“.
  • можност за барање синоними на одреден збор преку опцијата „Синоними“.
  • можност за разложување на зборот на слогови преку опцијата „Синоними“.
  • можност за барање на употреба на одреден збор во текстови преку опцијата „Корпус“.
  • можност за пребарување само на дел на зборот, на почетокот, на крајот или во секој дел од заглавните зборови.

Значење[уреди | уреди извор]

Во денешново време потребата од дигитализација на содржините е неопходност за да се намали дигиталниот јаз. Во таа смисла Дигиталниот речник на македонскиот јазик има извонредно значење за македонскиот јазик и за македонската култура воопшто. Изборите кои ги дава овој речник како барање на синоними или барање наводи за употреба на некој збор во книжевноста во огромна мерка ја олеснуваат работата како на учениците и студентите, така и лицата кои професионално се бават со литература.

Исто така значајно е што речникот е отворен за промени, вклучување на нови зборови под наведените услови[1]:

  • Зборот треба да е содржан во Речникот на македонскиот јазик од Блаже Конески
  • Зборот треба да е содржан во Толковниот речник на македонскиот јазик издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
  • Да постојат конкретни примери од македонската литература или македонскиот печат со употреба на предложениот збор.

како и за исправање на воочени грешки.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Импресум на семрежното место на ДРМЈ