Разлика помеѓу преработките на „Ерих Фром“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 3.806 бајти ,  пред 1 година
дополнување
(→‎Биографија: дополнување)
(дополнување)
 
== Творештво ==
Благодарение на своето образование од областа на [[социологија]]та, Фром го сметал учењето на [[Зигмунд Фројд]] тесно и механичко и тврдел дека нештата кои Фројд настојувал да ги објасни со вродените инстинкти, всушност се под влијание на економските, политичките и културните сили. Според Фром, човекот не е збир на нагони ставени под репресија, туку тој е [[Општество|општествено]] суштество кое учествува во општествената структура. На тој начин, Фром застанал на страната на аналитичките [[Марксист|марксисти]] и на [[Социјалист|социјалистите]], а најмногу бил близок на раните марксистички сфаќања. На почетокот, Фром најмногу пишувал за [[Кривично право|кривичното право]], [[религија]]та и [[морал]]от, а во раните 1930-ти, истражувањата за [[Патријархат|патријархалните]] и [[Матријархат|матријархалните]] општества го мотивирале да пишува за татковската и мајчината [[љубов]]. По преселбата во [[САД]], веќе во 1940-тите Фром почнал да пишува на [[англиски јазик]], а во тој период се заострила неговата критика на класичната психоанализа. По објавувањето на книгата „[[Бегство од слободата]]“ во 1941 година, Фром станал познат со своите хуманистички идеи кои се смеса на [[Јудаизам|јудаизмот]], [[Марксизам|марксизмот]], психоанализата, [[Таоизам|таозимот]] и [[Зен-будизам|зен-будизмот]]. ПодоцнаВо 1950-тите и 1960-тите, тој станал политички активен и ја презел главната улога во антинуклеарните и [[Пацифизам|пацифистичките]] движења. Така, во 1957 година, Фром помогнал во организирањето на Националниот комитет за здрава нуклеарна политика, познат како SANE, а кој името го добил по неговата книга „Здраво општество“. Истовремено, Фром одржувал плодни врски со главните личности од областа на психоанализата и на општествените науки, како: [[Шандор Ференци]], [[Хари Стек Саливен]], [[Дејвид Рисман]] и [[Херберт Маркузе]].<ref>Piter Krejmer, „Uvod“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 10-12.</ref> <ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 182.</ref>
 
Фром пишувал рационално и со јасен стил, што довело до голема популарност на неговите дела. Тој станал славен со книгата „[[Бегство од слободата]]“ (1941) во која го изразува ставот дека современиот човек, поради стравот од [[слобода]]та, бега во авторитаризам, конформизам и деструкција. Според антропологот [[Маргарет Мид]], оваа книга „го премости јазот меѓу [[економија]]та и [[психологија]]та и покажа дека ниедна [[теорија]] која се заснова само врз начинот на кој човекот заработува за живот или само на човечката природа не е доволна.“ Во 1955 година ја објавил книгата „[[Здраво општество]]“ во која предлага дека секој поединец, кога ќе се соочи со доминација на [[технологија]]та, мора да развие високи [[Етика|етички]] стандарди, тврдејќи дека „опасноста на иднината е дека луѓето ќе станат [[робот]]и“. И оваа книга го привлекла вниманието ширум светот, а [[Волдо Франк]] напишал во списанието „Нејшн“: Во оваа книга, тој станува отворено - некои би рекле и страсно - критичар на општеството.“ Во 1956 година се појавила најпозната книга на Фром, „[[Вештината на сакањето]]“ во која го изнесол ставот дека љубовта е „единствениот здрав и задоволувачки одговор на проблемот на човечката егзистенција“ и дека таа е „став, ориентација на карактерот која го одредува односот на личноста кон светот како целина, а не кон еден објект на љубовта“. Во ова дело, Фром ја опишал разликата меѓу љубовта кон себе и себичноста, што се смета за еден од неговите најголеми придонеси во [[психологија]]та. Други позначајни дела на Фром се: „[[Мисијата на Сигмунд Фројд]]“ (1959), „[[Заборавениот јазик|Заборавениот јазик: вовед во разбирањето на соновите, бајките и митовите]]“ (1951) и „[[Ќе бидете како Богови|Ќе бидете како Богови: радикално толкување на Стариот завет и неговите традиции]]“ (1966).<ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 181-183.</ref>
 
Како интелектуалец со широк круг на интереси и со познавање на повеќе научни дисциплини, Ерих Фром оставил многу богато творештво чија општа карактеристика е длабокиот хуманизам и искрената потрага по смислата на животот во современиот свет. Оттука, во весникот „Хералд трибјун“, Џон Долард го нарекол Фром „во исто време, социолог, [[филозоф]], историчар, психоаналитичар, [[економист]] и [[Антропологија|антрополог]] - и, неизбежно, љубител на човечкиот живот, поет и пророк.“<ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 179.</ref>

Прегледник