Сварог: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: he, hr, ja, sl
сНема опис на уредувањето
Ред 7: Ред 7:
{{никулец}}
{{никулец}}
{{Словенска митологија}}
{{Словенска митологија}}

[[Категорија:Словенски богови]]


[[bg:Сварог]]
[[bg:Сварог]]

Преработка од 08:15, 21 август 2008

Прабогот на старите Словени бил познат под името Сварог. Неговото друго име, веројатно, е Род. Во Хрониката на Хемолд е запишано: „Меѓу разните богови на кои им се припишува власт над полињата, шумите, над тагите и веселбите, тие (Словените) не одрекуваат дека еден бог заповеда одозгора, од небото над сите останати. Тој семоќен бог се занимава само со небесните работи. Сите останати имаат посебно занимање и работа, та нему му се покоруваат. Тие произлегуваат од неговата крв и важни се онолку колку што се блиску до овој бог на боговите.“ Неговото име не е споменато, но јасно е дека не станува збор за Перун. Треба да се земат предвид и зборовите на хроничарот Нестор, во врска со договорите меѓу Русите и Византијците од 945 и 947 година. Таму се вели: „Оние Руси-христијани што ќе го прекршат овој договор, да бидат казнети од семоќниот Бог, а оние што не се крстени, да бидат лишени од секоја помош од Бога и Перуна.“ Кое е името на тој безимен бог? Според Ипатиевскиот летопис од 11 век, името на тој бог е Сварог. Тој е татко на Сонцето-цар, Дажбог.