Гамајун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виктор Васнецов-Гамајун

Гамајун е легендарна претскажувачка од источнословенскиот фолклор, замислена е како голема птица, со преубав глас, со глава и лице на преубава жена која живее на остров во близина на ириј (рај). Гласничка е на богот Велес, со пеење ги пренесувала божјите пораки и ја претскажува иднината за оние кои можат да ја слушнат. Зне се за создавањето на небото и земјата, боговите, херите и луѓето, чудовиштата, животните и птиците. Кога лети од исток донесува силна и смртоносна бура. Слична е на митските птици Сирин и Алконост.

Гамајун во хералдика[уреди | уреди извор]

Рајската птица Гамајун е застапена и во руската Хералдика како симбол на мирот, благосостојбата, богатството и напредокот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]