Стрибог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обожување на Стрибог

Според податоците што ги имаме на располагање, можеме да заклучиме дека Стрибог е бог на ветровите. Неговото име го среќаваме во Повест времених лет, Словото за полкот Игорев, каде што ветровите се наречени Стрибогови внуци кои со стрели веат од морето[1]. Неговото име може да се доведе во врска со индоевропскиот корен *sreu, кој и денес е задржан во зборовите струја и струи. Неговиот кип се наоѓал и во пантеонот на кнезот Владимир. Постојат и докази дека тој бил познат и надвор од териториите на Источните Словени. Така, во Полска постои место наречено Стржибога и река наречена Стрибок.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Танас Вражиновски, Македонска народна митологија, Матица македонска, Скопје,2002, стр.34 - 35

Литература[уреди | уреди извор]

  • Vasiljev, Spasoje: Slovenska mitologija
  • Zaroff, Roman: Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?