Богдан Лутица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Богдан Лутица
Занимањевојвода и деспот

Богдан Лутица или Л(Љ)утица Богдан (живеел во XIV век) - феудален владетел во македонскиот град Драма и епски јунак.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во времето на владеењето на српскиот цар Стефан Душан, Богдан Лутица ја имал титулата војвода, а по распаѓањето на Душановото Царство станал господар на областите по долниот тек на реката Вардар. Се среќава во голем број епски народни песни на разните балкански словенски народи, во кои народните творци малку воделе сметка за историското време, опеаните личности и простори. Тоа се разни верзии на епските песни „Марко Крале и Љутица Богдан“, „Боичиќ Алил и Љутица Богдан“ (со мотив - предизвикување на двобој на мртвиот јунак), баладите „Сестрата на Љутица Богдан“, „Продадената Љуба Богданова“ (со мотивот - мажот ја продава жената), „Женидбата на гујата шаровита“ и др. во записите на С. Верковиќ, П. Драганов, И. С. Јастребов, В. Караџиќ, В. Качановски, Миладиновци, Шапкарев и др. За неговото име се поврзани и темите за свршувачката на сестра му, за змијата младоженец и сл. Во Ерлангенскиот ракопис, пак, неговото име се спомнува меѓу приморските ускоци.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Branislav Krstić, Indeks motiva narodnih pesama balkanskih Slovena, Beograd, 1984, стр. 523, 605, 612 и 614.
  2. Ерлангенски рукопис старих српскохрватских народних песама, издао др Герхард Геземан, Сремски Карловци, 1925, стр. 141 и 208.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]