Здухаќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Здухач е дух во српската митологија, забележан во Црна Гора, Метохија, западна Србија и Херцеговина.

Здухачот е всушност човек кој поседува ретки натприродни способности. Неговиот дух излегува од телото (најчесто додека спие), ги доведува ветровите и ги растерува облаците, ги отстранува градот и поројните дождови или пак се бори со ала (суштество кое го носи невремето). Здухачот (односно неговиот дух) понекогаш се бори и со други здухачи. Овие битки понекогаш се навистина сурови, а се користат и разни орудија како: камења, греди, лисја, воденички камења, капки вода, дрвја, трупци, корења и слично. Се верувало дека секоја локална област, секој клан или големо семејство има сопствен здухач. Според доа, здухачот е добар дух кој ја штити и се бори за својата област.

Здухачи може да бидат децата или жените, но најчесто тоа се младите мажи. Во изгледот не се разликуваат многу од обичните луѓе. Меѓутоа, тие се способни да издржат каква било тешкотија. Снаодливи се кога се соочени со проблем, лесно надминуваат разни потешкотии и неволи, и најчесто се посилни од обичните луѓе. Во основа, карактерот на здухачот е јуначки карактер. Иако здухачите не им припаѓаат на злите духови, сепак, има и такви кои со својата сила и знаење му служат на ѓаволот.

За многу историски личности се верувало дека се здухачи, како на пример Марко Миљанов и Петар I Петровиќ Његош. Познат здухач бил и Мато Глушац од Херцеговина, билкар и пророк кој живеел во 19 век. Еднаш среде разговор, откога се слушнале грмежи, тој ја отворил устата колку што можел пошироко, затоа што како здухач тој морал да се бори со џинови.

Здухачот кој е исто така присутен кај српските власи (кои се населени во делови од источна Србија), кај нив е познат и како влва. Познатиот етнолог кој ги проучувал власите Паун Ес Дурлиќ, кажува прказна за двајца власи здухачи во шеесеттите години од 20 век, имено тоа биле Ѓорѓе Куриќ и Страин Драгојевиќ, од селото Рудна Глава. На селаните им здосадиле нивните постојани кавги во локалните крчми за тоа кој од нив е подобар здухач, па затоа одлучиле преку натпревар да се докажат. Кој повеќе ќе му служи на селото, тој ќе биде повеќе почитуван од селаните. Требале да се искачат на покривот на куќа од три спрата и да донесат по една плочка. Страин успеал, а Ѓорѓе паднал на пола пат и си ја скршил ногата.

Постои сличен карактер наречен грабанцијаш, забележан во делови од Хрватска. Човек може да стане грабанцијаш кога ќе заврши дванаесет школи, по кои изведува одреден ритуал. Потоа неговите натприродни способности се исти како на здухачот.

Поврзано[уреди | уреди извор]