Белобог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Белобог, Белибог во нашите народи сè уште се спомнува во синтагмите ‘да (не) се види белиот бог/ писка - вика до бел бог’, што според Шпиро Кулшиќ требало да го претставува небото или небескиот бог, додека Веселин Чајкановиќ насочува на поистоветување или барем асоцирање на Перун, бог громовник чии персонификации кај нашите народи биле пренесени на св. Илија. Во потрага по ваквото старословенско божество Чајкановиќ ги наведува топонимите Бела црква, Бело брдо, како и изразот ‘бел свет’[1].

Извори[уреди | уреди извор]

Неговото постоење се докажува: со топонимите за култот на небесниот бог, Чајкановиќ ги врзува месните имиња: Бела црква, Бело брдо и многу други топоними; Белобожице во Чешка, Бијалобоже во Полска, Белије боги во Москва. Други извори кои се во врска со култот на Белобог: бели свет, Бела црква, име на многу места, Бели поклади, можеби и Белград[2].

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Кај Источните и Западните Словени ваквите топоними се зачестени, а како потврда за дуализмот со Црнобог сведочат на пример два соседни рида наречени Черник и Белбох во Чешка, ваквите примери се сретнуваат и кај карпите, пештерите кои се најчесто поделени со поток или река, па следи заклучок дека белобог и црнобог го разделуваат меѓусебно долниот и горниот, злиот и добриот свет. Според Иво Пилар ваквите локалитети во древните времиња претставувале светилишта на богот на злото (долниот свет) кој под христијанските влијанија е обележан како ѓаволот и богот на доброто (горниот свет) кој бил идентификуван во лик на светците. Со ова се алудира на постоење на божествениот пар кај старите Словени, слично како што во германската митологија функционирал парот Водан-Тор (долниот и горниот свет)[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 44
  2. Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 187
  3. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 44


Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.