Таласон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Таласон претставувал домашен дух, пред сè заштитник на домот, на градбата. Тој бил добар и безопасен дух, освен доколку за животот имал непријателски побуди кон стопанот на градбата или самата градба. Таласонот настанувал по смртта на лицето кое било жртвувано во градбата, или од духот на лицата чии сенки биле заѕидувани во градбите. Според древните верувања, кога сенката на некое лице ќе била вѕидана во темелите или ѕидовите на градбата истото наскоро станувало бледо, слабо, неволно и на крајот умирало. Духот на починатата жртва останувал со сенката претворајќи се во духот чувар. Принесување човечка (облигатна) жртва се вршело и со земање мерка на некое лице, со конец или со стап, мерката најчесто ја земал мајсторот кој предметот со кој ја земал мерката го вградувал во темелот.[1]

Во народно творештво[уреди | уреди извор]

Мотивот на заѕидување на млада девојка, сопруга или младич е многупати исползуван во јужнословенската наративна поезија, но и проза. Една од најтажните народни елегии е секако познатото спомнување за ѕидање на градот Скадар. Овој мотив е забележан и кај Марко Цепенков (однос помеѓу три брата, жртвување на сопругата на најмладиот за заедничкото добро).[2]

Град градили Скадар на Бојани,
Град градили три године дана,
Три године са триста мајстора;
Не могаше темељ подигнути,
А камоли саградити града:
Што мајстори за дан га саграде,
То све вила за ноћ обаљује.
Кад настала година четврта,
Тада виче са планине вила:
"Не мучи се, Вукашине краље,
Не мучи се и не харчи блага!
Не мож, краље, темељ подигнути,
А камоли саградити града,
Док не нађеш два слична имена,
Док ненађеш Стоју и Стојана,
А обоје брата и сестрицу,
Да зазиђеш кули у темеља:
Тако ће се темељ обдржати,
И тако ћеш саградити града."[3]...

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр.235
  2. Марко Цепенков, Македонско народно творештво (1 - 10), Скопје, 1972
  3. Вук Стефановић Караџић, Народне српске пјесме (Књ. 1), Штампарија јерменског манастира, 1841

Користена литература[уреди | уреди извор]