Симаргл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Симаргл (Семаргл) познат и како Огнебог (Бог на огнот) е старословенски бог на огнот и на месечината, заштитник на семињата и посевите, истерувач на зимата и најавувач на пролетта. Најчесто е претставен во облик на крилест пес, но постојат многу разновидни стилизирани прикази со неговиот лик.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Најчесто е претставен во облик на крилест пес, но постојат многу разновидни стилизирани прикази со неговиот лик. Огнот, старите Словени го поврзуваат со настанокот на луѓето. Според некои верувања, боговите прво ги создале мажот и жената од две борини меѓу кои се разгорел оган, првиот пламен на љубовта. Симаргл е во постојана борба против злото. Симаргл е бог со локален карактер[1]. Помалку е познат, но постојат податоци дека бил почитуван и меѓу Македонците. Карактеристичен пример е рељефната плоча поставена над влезната врата на Св. Никола во Нир, во Шишевскиот манастир над езерото Матка кај Скопје на која покрај другите симболи е претставен и Симаргл.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Според името многу е тешко да се одреди својство на ова словенско божество, посебно што името е многу различно забележано и сите тврдења за ова божество се само хипотези. Леже тврди дека етимологија на името (ако се чита споено или одвоено) во словенските јазици неа никаква смисол и дека станува знор за некакво туѓо божество.[2] Но, С. Василев предлага следно етимолошко толкување:зборот Симар'гл, Симарьгль да се анализираат како Сима - и рьгль, како што спомениците често ги наведуваат. Вториот дел на зборот рьгль го доведуваме во врска со коренот рьд, ргы - што е глаголот рга, кој во словенските јазици може да значи: кида, работи премногу, трга, гони; накратко, по Василев таа анализа дава оправдување на идејата дека станува збор за божеството што ја брка зимата.[3] Според етимологија на Симаргл му се припишува иранско влијание: се поврзува со лрилестото персиско чудовиште со кучешка глава Сенмурв / Симург (на персиски = крилато чудовиште, птица од бајките)[4].

Симаргл најчесто се поврзува со персиското божество Симург кој, исто така, се претставува во облик на крилест пес, со глава од грифон.

Библиографија[уреди | уреди извор]

1. http://www.dazzle.ru/spec/bogi-13.shtml.; http://ru.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%BB.

2. Никос Чаусидис. Митските слики на Јужните Словени. Скопје: Мисла, 1994.

3. Симаргл. http://www.simargl.com.mk/Simargl_mk.html.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 184
  2. L.Leže, Slovenska mitologija, Beograd, 1904, стр.124
  3. Spasoje Vasilev,, Slovenska mitologija, Aron, Smederevo, 1986, стр. 100
  4. Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 184