Мајка Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мајка земја е најстарото божество во словенската митологија и една од најважните словенски божества. Луѓето давале заклетви со допирање на земјата, и пред смрт, нејзе ѝ ги признавале гревовите. Ја обожувале во нејзината природна форма и не ѝ придавале човечки особини или сличности.[1]

Со прифаќањето на христијанството во словенските земји, почнале да ја идентификуваат со мајката на Исус, Марија.

Пример за нејзината значајност е традиционалното повикување на мајката земја со тегла масло од канабис:

Исток- „Мајко земјо, зауздај го секое зло и нечисто битие, да не може магија да ни фрли, ниту пак да ни наштети.“ Запад- „Мајко земјо, во твоите бездни што вријат и во твоите огнови проголтај ја нечистата сила.“ Југ- „Мајко земјо, смири ги ветровите кои доаѓаат од југ и сето невреме. Смири ги виорите и ветровите што носат песоци.“ Север- „Мајко земјо, смири ги северните ветрови и облаци, зауздај ги снежните виулици и студот.“ Теглата во која стоело маслото ја закопувале по секое повикување, и секое тримесечје се принесувала жртва. (Словенска митологија 1977:287)

Во современа Русија се одржал еден доста страшен ритуал посветен на мајката земја, и тоа една вечер за време на Првата светска војна, како начин да го заштитат селото од епидемија на колера. На полноќ постарите жени тргнале во обиколка низ селото и ги повикале и другите жени да им се придружат без знаење на мажите. Биле избрани девет девици и три вдовици, кои потоа ги изнеле од селото. Сите се соблекле по комбинезон. Девиците ја пуштиле косата, а вдовиците ја покриле главата со бели шамии. Вдовиците земале плугови, девиците коси, а другите носеле разни предмети кои изгледале застрашувачки, како на пример животински черепи. Групата жени потоа, завивајќи и врискајќи, продолжила со обиколката по селото, орајќи бразда и дозволувајќи им на моќните духови да излезат и да ги уништат плодовите на злото. Секој маж што ќе ја пресретнел групата бил безмилосно соборен. (Словенска митологија 1977:287)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [Encyclopedia Mythica by John McCannon]

Поврзано[уреди | уреди извор]