Лесник

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Леши)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лесник е митолошко битие кое е познато во јужнословенска митологија како демон или божество на шумата. Се сретнува како заштитник на шумската вегетација, и како заштитник на цикличниот принцип на животот. Неговото име доаѓа од старословенскиот збор лес (*лѣсъ [*lěsъ]) — „шума“.

Потекло[уреди | уреди извор]

Митологијата на словенските народи изобилува со зачувани траги на мноштво божества и демони блиску сврѕани со вегетативниот свет. Во древната митолошка практика на словените Леска (науч. Corylus) завзема важна улога како апотропеен елемент при иџведување на обреди, а шумата на леска одсекогаш представувала мистично подрачје на натприродните битија. Името на Лесники е блиску сврано со некогашната практика на словенските жреци да ги сокријат своите идоли или храмови во длабоки шуми. Под името лесник ова натприродно битие се сретнува кај Јужните Словени, со можни варијации Лесовик, Лешак, Шуман. Во митологија на Источните Словени се сретнува под името Лешиј, Леши, Лесовик, Лесовој, Лесун, Лесној, Лисун.

Опис[уреди | уреди извор]

Лесник, митолошко битие

Самото име на ова натприродно битие укажува на неговите карактеристики, како и на место на живеење. Тоа е битие на длабоките шуми и се верува дека поседува моќ да се трансформира во дрво или животно. Според некои описи потсетува на античкиот кентаур, но во народните преданија се сретнуваат многу поживописни описи од вообичаениот приказ на човек-коњ. Се верува дека тој нема сенка, сенката ја имаат само неговите копита и рогови имаат сенка со исклучителни магиски моќи. Неговиот најверен пријател е медвед со кој се двиѓи по шумите. Неговата крв е сина, па одтаму се смета дека и бојата на неговата кожа, посебно на лицето била сина. Тоа е исклучително влакнесто битие со силно зелени очи, а неретко се верувало дека и влакната имаат зелена боја приспособена за мимикрија во длабоките шуми.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Се верува дека лесник владее со животот и дека има моќ да го оживее скелетот и да му ги возобнови ткивата. Чувар е на се живо што престојува во шумите. Под негово влијание се одвиваат големи преселби на животните и птиците. Агресивен е кон оние што ѝ штетат на природата. Неговата агресивност се доведува во врска со уништување на шумите, посебно на старите, заветни дрвја. Неговото присуство меѓу луѓето не се забележува бидејќи се трансформира во селанец. Може да ја менува големината, зависно од височина на растенијата низ кои се движи. Доколку одбере човек за свој пријател, му подарува магиски моќи. Неговиот здив и допир ѝ даваат на леската исцелителска моќ, посебно на пупките кои неретко се користат наместо нафора за причестување по долгите пости. Во Србија се верувало дека лесници се мошне палави битија и дека со своите вресоци ги вознемируваат луѓето; дека имаат способност да ги намамат заскитаните дрвосечи и ловци, да влезат во нивните пештери и потоа ги скокоткале до смртта. Од влијанијата на Лесник посебно ги штителе младите жени и девојки. Исто така постојат преданија дека Лесник никогаш не дозволувал на неговата територија да се појави другиот Лесник.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, 2004, Издавачки центар Три, Скопје.

Поврзано[уреди | уреди извор]