Радогост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Статуа на Радогост.

Радгост, Радигост, Редегаст претставува уште едно словенско божество за чиј идентитет не можеме да зборуваме со сигурност. Како најсигурни податоци се сметаат истражувањата на Титмар и Бремински. Тој припаѓа на божествата од локален карактер кај Лужичаните. Постојат мислења, засновани пред се врз Титмаровите забелешки дека Радигост претставувал племенски епитет на Сварожиќ.

Во Ретра, градот помеѓу Лаба и Одра каде владеело племето на Ретеријани постоел храм на ова божество кој по Титмар има следни карактеристики: “ Во внатрешноста (на прекрасниот храм на Радигост) стојат кипови на боговите вешто изработени рачно; на секој од нив е издлабено неговото име; на глава имаат шлемови, покриени со панцири па изгледаат страшно. Првиот од нив се вика Сварожиќ, сите незнајбожци го почитуваат и му се поклонуваат повеќе одколку на другите богови. Тука се чуваат и знамињата, од светилиштето се изнесуваат само во случај на војна. За чување на ова богатство и храм поставени се особени жреци, кога народот ќе се собере во храмот да принеува жртва на идолите... единствено тие имаат право да седат...”

Во описите на А. Бремински сретнуваме друг податок: “Нивниот најмногубројниот град е Ретра, кој е истовремено и место на идолопоклонството. Во него има еден храм посветен на сатана, чиј кнез е Радигост. Неговиот идол е од злато, а постелата е темноцрвена пурпурна...”

Според сè Радигост бил бог на војната, покробител на рицерските доблести. Од сведоштвата на Хелмолд се заклучува дека паганските племиња кои биле под неговата заштита се сметале себе си за најсилните и најблагородните поради моќта на нивниот бог да дава точни пророштва како одговор на нивните жртвувања. Гатањето во Радигостов храм се обавувале со коњ, по принесувањето на жртвата (принесувани му се човечки жртви, главата на епископ Јован пободена на кол) .

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.