Баш Челик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Башчелик)
Прејди на: содржини, барај

Баш Челик или Башчелик — битие од српското народно творештво, чие основно значење е железна глава и претставува силно, натприродно битие.

Расказ[уреди | уреди извор]

Во расказот станува збор за три брата, од кои најмалиот по грешка го ослободува страшниот насилник Башчелик, кој што му ја грабнува жената (сопругата). Несреќниот младич во потрагата по саканата наиоѓа на голем број пречки кои што ги решава со истрајност и мудрост, за на крајот да го победи Башчелик и да си ја врати љубената.

Според расказот е снимен филм Волшебен меч, Чудотворен меч, каде што главниот лик нема царско потекло, туку е обично селанче, но заплетот е речи си идентичен. Филмот е снимен во црно - бела техника, 1950 година.

Извори[уреди | уреди извор]

Овој расказ на читателската јавност за првпат и бил претставен од страна на Вук Стефановиќ Караџиќ во збирка на раскази „Српске народне приповјетке“, која што е печатена во Виена во 1870 година.

Ликот на ова натприродно битие претставува еден вид на типичен карактер на злите битија од словенската митолошка традиција.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]