Сенијад Ибричиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Босна и Херцеговина Сенијад Ибричиќ
Senijad Ibricic 2011.jpg
Лични податоци
Роден на 26 септември 1985 (1985-09-26) (34 г.)
Роден во Котор Варош, СФРЈ Југославија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вардар Вардар
Број 17
Младинска кариера
Подгрмеч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2004 Подгрмеч 23 (16)
2004-2008 НК Загреб НК Загреб 99 (22)
2008–2011 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 76 (35)
2011-2013 Локомотив Москва Локомотив Москва 28 (4)
2012Газиантепспор Газиантепспор 13 (2)
2013Касимпаша Касимпаша 14 (4)
2013-2015 Кајсери Ерџијеспор Кајсери Ерџијеспор 30 (4)
2015- Вардар Вардар 3 (1)
Репрезентација
2004-2006 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 21 12 (8)
2006-2014 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 42 (4)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 јули 2012

Сенијад Ибричиќ е босански фудбалер, играч од средниот ред на Вардар и на босанската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во екипата на Подгрмеч од Сански Мост во Босна и Херцеговина откаде во јануари 2004 како 18-годишник отишол на проби во Монако, меѓутоа, не успеал да се избори за потпишување на договор. Шест месеци подоцна, отишол на проби во Сплитски Хајдук.
Во Хајдук се задржал околу месец дена, и на подоготовките во Словенија постигнал 3 гола во првиот подготвителен натпревар, меѓутоа тогашниот тренер на Хајдук Иван Каталиниќ решил да не го задржи во клубот, па Ибричиќ разочаран заминал од Хајдук.

НК Загреб[уреди | уреди извор]

Веднаш по пробите во Хајдук, отишол на уште една во НК Загреб, каде конечно потпишал договор, и тоа после само неколку одработени тренинзи. Дебитирал на 31 јули токму на Пољуд во победата на Загреб со 4-2 над Хајдук.

Уште за време на својата прва сезона во Загреб станал еден од најдобрите играчи на клубот забележувајќи 26 натпревари во кој постигнал 3 гола. Во сличен стил продолжил се до ноември 2006 и гостувањето кај Риека каде ги повредил предните вкрстени лигаменти, што го извадило од акција на 6 месеци. Сепак, тој се вратил во голем стил, и ја забележал својата најдобра сезона дотогаш. Во 31 настап постигнал 12 гола, а еднаш и 4 гола на еден натпревар против Меџимурје. По завршувањето на сезоната навивачите на клубот му доделуваат награда "Ponos purgera" за најдобар играч за сезоната.

Пред почетокот на сезоната 2008-09 повторно бил на проби, овој пат во Динамо Киев. Сепак, иако стручниот штаб на украинскиот клуб била задоволна од прикажаното на играчот, заради несогласувања околу отштетата која ја побарал НК Загреб трансферот пропаднал.

Хајдук Сплит[уреди | уреди извор]

Откако не успеал трансферот во Украина повторно се јавил Хајдук, со желба да ја исправи грешката кој ја направил пред 4 години. Откако ја договориле отштетата од 1.5 милион , Ибричиќ потпишал 5-годишен договор со Хајдук.
Почнал добро, носејќи му победа на клубот во првото коло од првенството со гол од слободен удар во стил на легендарниот Блаж Слишковиќ, но подоцна знаел да се најде и на клупата за резерви, но пред крајот на есента, под водство на Анте Мише, добил улога како партнер во нападот на Никола Калиниќ. Во текот на вториот дел од сезоната 2008-09, Ибричиќ станал миленик на Торцида поради својте добри перформанси и залагање на теренот. Набрзо потоа станал главен играч на Хајдук и неизоставен член на почетниот тим. Во сезоната 2009-10, станал клучен играч на Хајдук и по завршувањето на сезоната ја добил наградата жолта маица од Спортски новости со што станал прв играч на Хајдук уште од 1992 и Горан Вучевиќ кој ја добил оваа престижна награда.[1]

Во август 2010 му е доделена и наградата Хајдучко срце која ја добиваат играчите на Хајдук кој на теренот покажале најголема борбеност.

Локомотив Москва[уреди | уреди извор]

На 13 јануари 2011 потпишал за Локомотив Москва за сума од 5 милиона евра.

Кариерата во Турција[уреди | уреди извор]

На 6 август 2012 година, Ибричиќ бил позајмен на турскиот Газиантепспор каде одиграл една полусезона во која забележал 13 настапи и постигнал 2 гола, а вториот дел од сезоната 2012-13 го поминал на заем во друга турска прволигашка екипа, Касимпаша. За Касимпаша одиграл 14 натпревари и постигнал 4 гола. По завршувањето на позајмицата се вратил во Локомотив Москва од каде бил продаден на турскиот Кајсери Ерџијеспор за 2 милиона евра.

Вардар[уреди | уреди извор]

На 10 февруари, 2015, потпишал за Вардар.[2] Своето деби го направил на 1 март, во победата со 3-0 на гостувањето против Силекс, влегувајќи на местото на Филип Стојановски во 57-мата минута од натпреварот. На 15 март, го постигнал првиот гол во дресот на Вардар, од пенал во 49-тата минута во победата со 2-0 на гостувањето кај Турново.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]