Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 20

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Имиња на странски личности[уреди извор]

Здраво, Се обидов да ставам ред на имињата на играчите во некои фудбалски лиги, но гледам има отпор, се враќаат старите,погрешни имиња.Нпр. во шпанскиот јазик не постои гласот з, и правилно е да се напише Сарате, Гонсалес, Гомес, а не Зарате, Гонзалез, Гомез, или Aргентинецот Javier Zanetti, или е шпанската верзија Санети, или, по италијанското потекло Ѕанети, но никако Занети. Голем придонес имаат и ТВ коментаторите, кои од незнаење,или мрзливост да се провери, ги воведуваат погрешните називи и имиња, и потоа е многу тешко тоа да се исправи. Друг проблем е и непостоење на правопис за транскрипција на имињата, или за некои јазици е застарен,и превземен од српско-хрватскиот, па се е оставено на слободно толкување.поздрав, Draganmkd (разговор) 00:48, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Шпанскиот има з, но кастиљскиот ја изговара како θ. Слободно користи з (македонски така се предава). Ако одиме по тоа како се изговара во некои случаи буквата з, тогаш ќе се двоумите дали Зарате да го пишеме како Сарате (Латинска Америка), Тарате (/θarate/ Шпанија). Извините за мешањето во разговорот.--Никола Стоіаноски 01:11, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]


Бидејќи немаме θ, останува секогаш С. Нема глас З во шпанскиот јазик.Така се преведува и во рускиот и во бугарскиот превод на имиња. http://en.wikibooks.org/wiki/Spanish/Pronunciation Draganmkd (разговор) 01:46, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Има глас, буквата З се изговара подруго во зависност од дијалектот. Буквата S се изговара како з. Види ја статијата која ти ја дадов. Буквата з се дава по традиција, Уго Чавез, Фердинандез, Џенифер Лопез итн. С не се користи за предавање на шпанската з. --Никола Стоіаноски 01:49, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Пример за гласот з во шпански: isla; mismo; desde; deshuesar итн.--Никола Стоіаноски 01:50, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Правопис на македонски јазик (стр. 111):
Буквата z се чита з, односно како с пред безвучна согласка. Alcazar - Алказар, Mendoza - Мендоза, Zamora - Замора, Jimenez - Хименез, Velazques - Веласкез.

Вака функционира во нашиот јазик. Секаде се дава како з, освен пред тие безвучни (што е нормално според нашето едначење по звучност), Утре ќе направам транскрипција за шпански и португалски за полесна работа на Википедија. Поздрав--Никола Стоіаноски 01:55, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Реков дека Правописот е застарен,и дека и таму требаат промени. Инаку, за шпанскиот, ѕ пред некои согласки е навистина з, но тоа се неколку зборови, како во примерот. Буквата z, секогаш се изговара с, или θ во централниот дел на Шпанија. Друга грешка е предавањето на буквата h, која е безгласна, нпр. Хернандез,наместо Ернандес, или ge,gi, со ге,ги, наместо хе,хи,пр.Ангел-Анхел,Гетафе-Хетафе.Кај нас е влезен традиционалниот начин на превод, кој тргнува од тоа како е напишано, а не како се изговара.Тоа е уште повеќе изразено во португалскиот, и во некои други јазици.Draganmkd (разговор) 07:44, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Х не се пишува тука и правописот за шпанскиот си е во ред. За тоа дали е застарен или не, имаме Академија. --Никола Стоіаноски 10:43, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Коментар  Наскоро треба да излезе темелно изработен прирачник за транскрипција на странските имиња и поими во авторство на Здружението на лектори на РМ (ќе го објават на нивната страница). Тоа ќе биде новото. Сè до тој момент, ќе се водиме по досегашните. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:18, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Еве како е решено во црногорскиот Правопис, од 2008 год. [1]Draganmkd (разговор) 11:55, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Па и не мора да значи дека лекторите ќе извадат добар правопис. За одредени јазици си имаме традиција, како на пример Париз (Paris), Лисабон (Lisboa), Сао Паоло (Sao Paolo) итн.--Никола Стоіаноски 13:06, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

И за некои поими (Lamborghini, Chicco) си имаме традиција на погрешен превод,(Ламборџини и Чико, наместо (Italian pronunciation:[lamborˈɡiːni], [ˈkikːo]) ), но не значи дека барем во енциклопедиите треба да остане така.За градовите,секогаш си останува традиционалната форма, независно од оригиналното име (Неапол,Рим,Одрин, наместо Наполи, Рома,Едрене).79.126.180.71 (разговор) 14:04, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Традиција си е традиција. Нема да измислуваме топла вода на Википедија.--Никола Стоіаноски 14:30, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Коментар Не велам дека лекторите ќе преработуваат сè, туку дека ќе има исправен прирачен материјал. Си знаат тие што е традиција што треба да остане, а што треба да се менува и дополнува. Погрешна транскрипции навлегуваат во традиција само откако ќе бидат присутни достатно долго време и во меродавни публикации (такви примери се поимите Глазгов, Непер и сл.) „Ламборџини“ не е таков пример бидејќи ниту се има задржано доволно долго, ниту бил дел од такви публикации на кои работат рецензенти и стручњаци. Покрај тоа што е релативно понов поим, тој е многу поколоквијално употребуван, не фигурира во меродавна литература и, општо земено, не се вбројува во таквите традиционално вкоренети поими. --Б. Јанкулоски (разговор) 15:11, 24 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Стара скопска чаршија[уреди извор]

Поздрав. Надам се да се не љутиш што ти пишем на српском, али не желим да пишем погрешно на македонском којег, нажалост, мало знам. Дошао сам да те питам, ако дозвољаваш, тачан превод ове реченице: „Мостот е изграден од травертински камени блокови, врзани со железни куки и зацрстени со леано олово и кршен камен и малтер.“ Тачније, не знам шта значи травертински и зацрстени. Однапред ви благодариме! :) --Павлица (разговор) 22:52, 27 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Снашао сам се. ;) --Павлица (разговор) 00:55, 28 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Hello Kiril, could you please help me and check if I have translated the book title 50 godini zaštita, rehabilitacija, vospitanie i obrazovanie na licata so prečki vo razvojot vo Republika Makedonija correctly as 50 Jahre Schutz, Rehabilitation, Erziehung und Bildung für Personen mit Entwicklungsbehinderung in der Republik Mazedonien, I am not really sure if razvojot is connected with prečki, or if it means something like the development of protetion, education etc. in Macedonia over a period of 50 years. Thank you! Greetings -- Aspiriniks (разговор) 13:41, 29 април 2012 (CEST) (de:Benutzer:AspiriniksОдговори[одговори]

It seems fine to me. The word „развој“ (razvoj) means "Entwicklung", while „пречка“ (prečka) means "Behinderung". When used „развојот“ (razvojot) it denotes the noun with a definite article and would be "die Entwicklung" and „пречки“ (prečki) is the plural form of „пречка“ (prečka) that translates to "Behinderungen". Thus, a word-to-word translation of „пречки во развојот“ (prečki vo razvojot) is "Entwicklungsbehinderungen". I really don't know if there is any difference to use in German the both translations, but in Macedonian the latter in plural is always used. Gruß.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:04, 29 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Thank you! I put it into plural now and used the word Entwicklungsbeeinträchtigung, which seems to be the usual term for developmental disability in German. Greetings, Aspiriniks (разговор) 14:29, 29 април 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Предлог[уреди извор]

Може ли наместо да ми пишувате пораки за одредени работи, само да ги преуредите статиите како што сметате дека правилно. Поз (Carshalton (разговор) 08:40, 4 мај 2012 (CEST))Одговори[одговори]

Здраво. Јас не оспорувам ништо што се однесува до употребата на времето, но мислам дека е вредно да се спомене и тоа. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:58, 4 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Good morning from Campora San Giovanni, and kindly request for translation, improvement and update Campora San Giovanni in Macedonian and polite request for future collaboration. Thanks from the heart--Lodewijk Vadacchino (разговор) 05:24, 8 мај 2012 (CEST)[уреди извор]

Hello My Dear Kiril,

I write to you from distant Calabria, first to say hello and know how you are and to wish you an excellent week, if there were to be felt first. Besides that I also write to ask if you kindly would like to become my assistant for the Macedonian Wikipedia articles for trade and courtesies. In exchange I will be happy to be your partner for Wikipedia in Italian, Sicilian and other Native-American. With the kind I write in what I added to my contacts internet, if you want we can start as soon as you have a spare minute available. What I ask for now is whether you want to update a page on my birthplace, as it is not updated for 5 years. said that some of your own, and some nice answer thank you in advance from the heart of Calabria. i send you a Bright Greeting from Campora San Giovanni, with the hope that we can come visit as soon as possible. Thank you again. Luigi Salvatore--Lodewijk Vadacchino (разговор) 05:24, 8 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Викиизвор[уреди извор]

Бидејќи не најдов каде да пријавам технички проблем со статистиката на Викиизвор, се консултирав со еден стјуард и чекам одговор. Дали знаеш каде поточно да пишеме за намалување на бројот во статистиката? поз--Никола Стоіаноски 11:44, 23 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Сега разгледав подобро и го забележав ова. Мислам дека македонските песни не ги смета за статија бидејќи немаат ниту една врска. Почнав да ставам шаблони и врски низ песните и се зголемува бројот. Мислам дека е до ова.--Никола Стоіаноски 11:57, 23 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Многу е чудно доколку бројачот ги брои само статиите со врски. Тоа е проблем кој мора да има решение.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:43, 23 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]

За Микеле[уреди извор]

Најпрвин фала за преместување на статијата за Микеле Скарпони, а што е интересно јас само што помислив денеска да ја преместам самиот статијата, кога гледам ти веќе си го направил тоа. И јас самиот сфатив дека сум направил грешка при транскрипцијата на името, па сега не ми преостанува ништо друго, туку малку работа, да го сменам името во другите статии. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:03, 27 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Не се секирај. Кога забележувам нешто дека треба да се направи и некому да му се помогне, секогаш го правам тоа со задоволство.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 20:25, 27 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Уште нешто сакам да побарам од тебе. Имам направено грешка во впишувањето на апострофот помеѓу д’Италиа во категориите, можеш тука да видиш Џиро д‘Италиа. Значи, можеш да ја избришеш таа категорија, како и останатите поткатегории во нејзе каде се спомнува насловот д’Италиа, а јас после ќе си направам нови со правилните називи.
Yes check.svgОк Категоријата е избришана.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:35, 27 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Нордзаксен[уреди извор]

Како и обично за германскиот јазик, во правописот ова прашање не е решено, но општо прифатено е, барем јас така сум учел цело време, дека групата "chs" се предава со „кс“. Така и се изговара оваа група. Инаку, на другите кирилични изданија исто така има повеќе мислења, па така на руската википедија, ова е решено со кс, додека на српската понекогаш се сретнува решението со хс. Според мене, ова би требало да се предава со кс, но ако си против, да ги прашаме другите, па да видиме како е најправилно. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:06, 30 мај 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Галаксии[уреди извор]

Австоматски генерирани наводи до сега сум видел само во вид на шаблон. Така на пример, ако сите наводи ти се од овој вид, само се менува NGC и бројот, тогаш ти направив шаблон. Во наводот ќе го ставиш овој шаблон и функционира, пр. <ref>{{NASA link|број=2}}</ref> и ќе добиеш: бла бла бла[1]

Наводи
  1. Запис за Kiril Simeonovski/Архива 20 на НАСА (англиски)

Автоматски името на статијата го става. Ако има некои други, различни наводи, кажи па ќе видиме дали ќе ги приспособиме според шаблонов или нов ќе правиме (ако ти врши работа со шаблонов). Поз--Никола Стоіаноски 12:44, 4 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Има уште два навода, но најпрво ќе го испробам овој за да видам дали е решен проблемот. Ако е, тогаш ќе ги средиме и останатите.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:54, 4 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]
OK, ако функционира ќе направиме и за другите. Се мислев да нема поднаслов во шаблонот „Алтернативни ознаки“, туку да го споиме со претходната секција и нема да се појавува ако нема параметри. Ќе ги спојам и види како е. За да се изгуби и поднаслов ќе треба да прави со мали шаблони (како во Geobox) но не сакам значително да го сменам изгледот и синтаксата на шаблонот.Поз--Никола Стоіаноски 13:00, 4 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Според NGC 2 и NGC 4.--Никола Стоіаноски 13:03, 4 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]
За насловот на врската функционира и се појавува името на статијата, но не може да се промени бројот во самата надворешна врска. Гледам дека првото си го направил преку PAGENAME, па обиди се ако не да го примениш и за бројот.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:29, 4 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]
PAGENAME се користи за името на наводот, а бројот за самата врска до НАСА. Подобро е нели да се користи PAGENAME зошто ќе го дава целосното име на статијата и нема многу работа со тоа.--Никола Стоіаноски 13:44, 4 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Ќе се обидам ако може со ботот да се замени изразот {{{број}}} со соодветниот број во насловот на статијата. Тоа е последна шанса и мислам дека ќе успее, бидејќи и со функцијата „if“ ќе треба да се работи на ист начин.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:54, 4 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Среќен роденден![уреди извор]

Birthday cake, Downpatrick, April 2010 (02).JPG Замисли си желба...
...и дувни ја свеќичката! Кире, да си ми жив и здрав! Поздрав. Brainmachine (разговор) 15:59, 13 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Ти благодарам Зоки. Остани со здравје и ти.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 18:50, 13 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Article requests[уреди извор]

Hello, Mr. Simeonovski.

Do you do article requests in Macedonian? There is a subject that I think should have an article in Macedonian. Thank you WhisperToMe (разговор) 07:44, 14 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Номинација[уреди извор]

Здраво Кирил. Вчера ја номинирав статијата Пенсилванија, но сè уште ја нема во секцијата „тековни номинации“. Иако има упатство под полето за предложување статија, не можам да ја пронајдам секцијата „Нови Предлози“ како што е наведено таму. Kekev (разговор) 20:35, 28 јуни 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Повторно истиот проблем, по номинацијата на статијата Спартаково востание не знам што понатаму и покрај дадените упатства. Kekev (разговор) 14:28, 4 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Извори[уреди извор]

Здраво Кирил. Статијата за селото Сетина е целосно напишана од еден извор. Сакам да те прашам дали е потребно да се наведуваат изворите при секој пасус, односно да се потенцира од која страна е изваден податокот или, пак, може да се наведе само како единствен извор, без при тоа да ги прекршува стандардите. Поздрав Kekev (разговор) 19:58, 7 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Јавански јазик[уреди извор]

Не ја забележав бидејќи се концентрирав на преводот, но така стои во самиот текст. Математиката им е очигледно грешна и сега ќе го исправам тоа. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:17, 9 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Tireless Contributor Barnstar Hires.gif Награда за неуморност
Браво :) M4r51n (разговор) 18:59, 12 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Благодарам за наградата!--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 12 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Kindness Barnstar Hires.png Награда за љубезност
За помошта која ја добивам уште од самиот почеток! Kekev (разговор) 19:54, 12 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Благодарам за наградата!--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 12 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Здраво Кирил.[уреди извор]

Кирил имам некои потешкотии со уредувањето(кутиите за селата).Во кутијата пишува селска слава одам уреди и не се појавува...Додавам | селска слава=.... пак не се појавува .. што е проблемот?

Здраво. Ќе може ли да ми посочиш за која статија станува збор? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:29, 13 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Луково_(струшко) , Куратица M4r51n (разговор) 18:39, 13 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Имало проблем во шаблонот, но веќе го средив. Може слободно да го додадеш во инфокутијата и овој пат ќе ти се појави.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:57, 13 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Дали смеам?[уреди извор]

Некои информации ги преработив и ги составив погледни ја статијава : http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98

на почеток го има изворот дали смеам вака?


  • НОВА*

Благодарам на убавите зборови Кирил. Значи како што разбрав содржина може да преработувам од друга вики и мора да додадам врска за на англиското вики да се појавува македонската страна од лево тоа долу :) поздрав M4r51n (разговор) 16:45, 14 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Лланфаирпвллгвунгуллгогеричвурндробвллллантисилиогогогоч[уреди извор]

незнам дали ја прочита кратката статија :) тоа е некое селце во велс :)

иначе за тоа претходно со галатасарај те разбрав сеа почнав и со други тимови поздрав!

Кирил извини те замарам многу денеска :) сакам да прашам за врските ОД ЛЕВА СТРАНА дали може например од англиското вики да ги копирам и да ги ставам во македонското пример јас новата статија што ќе ја направам ?

Уредувач[уреди извор]

Здраво Кирил, како си? Сакам да дадам една критика за уредувачкото право што си го дал на корисникот M4r51n. Значи, да не се разбереме погрешно, немам ништо против, но самиот корисник е на почетно ниво и треба апсолутно сите статии по ова да бидат проверувани од поискусните, ај да не речам од нас. било што било, но за во иднина убаво би било некој да исполнува барем најосновни познавања на википедија, па да се започне со доделување на некој статус. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:02, 21 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Здраво Тивер. Мене навистина корисникот ми остави таков впечаток на почетокот, но ми се чини дека многу брзо научи за уредувањето и сега не гледам некои поголеми проблеми. Можеби статиите кои ги уредува се кратки и имаат некои граматички и правописни грешки, но тоа се работи кои не треба да создаваат вакво ограничување. Во секој случај, ти благодарам за коментарот и ќе внимавам повеќе во иднина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:15, 21 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Здраво Кирил[уреди извор]

Има проблем во шаблонот ЗнамеМОК, па во статијата Летни олимписки игри 2012 земјите учеснички се изместени. Поздрав :) TheGreatMKD (разговор) 22:45, 23 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Треба да се направат некои промени во шаблонот за да може точно да се прикажуваат насловите. Ќе се обидам тоа да го средам утре. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:53, 23 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Навистина ме збуни твоево пренасочување, бидејќи сите кирилични изданија на википедија, градот го нарекуваат Орхус, а исто така на англиската википедија постои и линк со аудио-врска, за правилното изговарање на градот, каде јасно се слуша како го изговараат и оттука мислам дека ова е грешка од твоја страна. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:55, 24 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Можеби е моја грешка, а се извинвуам ако е така. Пренасочувањето го направив поради тоа што статијата започнува како „Архус“ и на сите места во статијата се споменува под ова име. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:10, 24 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Гледам дека во статијата недостасуваат некои работи во врска со името, односно дали градот да се вика Århus или Aarhus, за што дури се има менувано закон и се вршени анкети на жителите на градот. Статијата на англиски е доста богата во поглед на именувањето на градот и дури содржи и посебен дел во кој е образложен проблемот. Она што се споменува е дека до 31 декември 2010 година, името на градот во официјална употреба било Århus, а оттогаш е Aarhus. Што се однесува до транскрипцијата на двете имиња, не сум сигурен за првото и буквата „å“ (иако држи вода да се транскрибира како „о“), додека за второто сум сигурен дека е „Архус“.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:17, 24 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Имам читано за анкетата и пред да се појави статијава тука на википедија, тие ја имаат покрената за подобро препознавање на градот во светот, но јас како што сфатив на крајот произлегува дека името сепак е Орхус. Сепак, останам некој поискусен да одговори на ова прашање. Јас тргнав по аналогија на старото име и изданијата на другите википедии, како и аудио-снимката на англиската википедија. Веројатно би ја смениле таму и снимката, заедно со името, но сепак оставам некој друг да пресуди. Поздрав и фала на брзиот одговор --Ehrlich91 (разговор) 23:34, 24 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Најмногу во поглед на транскрипцијата на туѓите имиња може да нѝ помогне корисникот Bjankuloski06, но во случајов повеќе станува збор за правно отколку јазично прашање. Мој предлог е на страницата за разговор да се започне гласање за тоа како да се именува градот, во кое ќе бидат вклучени и други корисници. Сепак, мене не ми претставува проблем да го менуваме името на градот во зависност од промените во данското законодавство на дражвно и локално ниво. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:39, 24 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]
Се согласувам дека овде не се работи само за јазично прашање, па така мислам дека најпаметна е идејата да се постави ова прашање на самата страница за разговор, па да се одбере решението, кое најмногу ќе преовладува. Можеби требаше и јас веднаш така да постапам, наместо директно да ја преместувам статијата. Сепак интересно прашање. Извини за одземеното време и поздрав --Ehrlich91 (разговор) 23:48, 24 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Медали[уреди извор]

Не знам кој ги направил статиите, но преописниот поим „освојувачи на медали“ треба да се замени со утврдениот и сосем добар поим „медалисти“ :) --Б. Јанкулоски (разговор) 12:33, 28 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Здраво Бојан. Јас ги уредив сите статии и тоа со цел да се употреби поописен македонски израз. Мислам дека и „медалист“ е правилен поим, но многу потсетува на идентичниот англиски израз. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:35, 28 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Точно, но сепак го сметам за достатно утврден, па затоа мислам дека треба да е така. Во мојата глава го има истиот статус како доктор, машинист и сл. кој води исто подалечно потекло, па затоа е исто толку македонски колку што е и англиски збор. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:15, 28 јули 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Известувања за брзо бришење[уреди извор]

Кире, кога означуваш некоја статија за брзо бришење (како овде), не заборавај да го известиш создавачот и другите поголеми уредувачи на статијата (во овој случај, Корисник:NatashaGjurkovska). За ова намена постои Шаблон:Бб-предупреди-причина. Поздрав, Brainmachine (разговор) 15:14, 3 август 2012 (CEST)Одговори[одговори]

Ќе го имам на ум и тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:37, 3 август 2012 (CEST)Одговори[одговори]