Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 4

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Уредување на галерии[уреди извор]

Јас сум почетник во Википедија. Уредував некои текстови во врска со населбата Елешец која се наоѓа во Охрид. Една недела после тоа, сакав да вметнам фотографија од населбата. Имав доста проблеми, а сепак на крај видов дека фотографијата е поставена. Имам впечаток дека тоа го направи некој друг наместо мене. Кажете ми како да поставам галерија на повеќе фотографии, како да ги аплоадирам, как ода направам линк до нив и сл. Поздрав. tancino.Tancino (разговор) 22:30, 20 декември 2008 (UTC)

Тоа го знам![уреди извор]

Знам дека е така :). Оваа страна треба да се брише не се грижи знам што правам. Не гледам статии кои не се во моето „поле“. Ме разбираш што сакам да кажам, за оваа статија конкретно мислам дека треба да се избрише поради сигурни причини. Но, сепак фала на советот. --Макс(разговор) 18:14, 22 декември 2008 (UTC)

Ерусалим[уреди извор]

Фала на пофалните зборови, сигурен сум дела ќе биде изберена. Ќе поправам некои работи има време до недела, само референците не можам да ја пронајдам грешката. Ама како шо викаш не е толку тоа важно. Поздрав--Астрион (разговор) 21:37, 23 декември 2008 (UTC)

Хаха, да бре, но како оди тоа!!! ((((:
Има ли нешто страшно ако оди, не нели??? Само кажи ми како одеа тие работи ако сакаш

-Овој шаблон треба да се субституира на страницата за разговор на статијата.- ова ли е шаблонот???/


Ego Rašo , ego tribuo vos ut Kiril a Papa wiki astrum. Valde bonus opus. Persevero commodo! P.S. Gauisus Novus Annus et Christi Natalis!
Фала многу.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:36, 26 декември 2008 (UTC)
Само интузијазам е потебен, а награди има колку сакаш.--Raso mk (разговор) 10:18, 26 декември 2008 (UTC)


Една неодложна иницијатива[уреди извор]

Еј Кирил, долго време се мислам за да ја започнам оваа иницијатива. Имено, ако забележиш на што личат македонските градови на оваа википедија, ќе те заболи глава. Со исклучок на Скопје, Битола и Струмица другите македонски градови поарно да ги нема. Ќе започнам со Охрид нашиот бисер. Навистина ли е бисер? Па моето село има барем 5 пати повеќе текст и слики во статијата, а исто толку поврзани статии. Една Гевгелија, која доживува вистинска преродба во последниве години, кај нас изглда ко село. А на комонс има полно слики за градот, а ние се чудиме со нашите статии. Сега мислам дека секој корисник на оваа википедија да седне и детално да напише се за својот град или градот од кај потекнува. Ова мора да се спроведе. Другите википедии имаат повеќе за Пехчево. Види само на што личи. Очекувам сега сит активни корисница де се вклучат во иницијатива. Поздрав--Raso mk (разговор) 12:19, 28 декември 2008 (UTC)

Мислам дека треба да се отвори некој мини под вики проект за градовите, и сите активно да земат учество. А во врска со вики логото, немам таква програма. Или пробај да го конвертираш, или пофогни го во размер 135×155 пиксели.--Raso mk (разговор) 19:56, 28 декември 2008 (UTC)
Да. Преку иницијатива во секој случај. Но мора некаде да има еден проект кај што би се поделиле кој како ќе работи. Да направиме некои поделби, табели и кој уредник кој град ќе го спастри. И на крајот ќе си се почастиме со по некое барнстерче. Сметам дека е најдобро да го уредува својот град или градот од кај што потекнува. Но во случајов кај што ни фалат уредувачи мислам дека и соседните градови да се опфатат. --Raso mk (разговор) 22:01, 28 декември 2008 (UTC)
Имам коментар. Јас ќе направам план и распоред за правење на статиите односно ќе ги поделам на региони и ќе си кажеме кој кои ќе прави. Исто така, Кириле ти можеш да ја направиш иницијатива и во неа ќе ставиш директен линк до планот што ќе го направам и така мислам ќе постигнеме. Поздрав и мислење чекам-- MacedonianBoy  Oui? 22:47, 28 декември 2008 (UTC)
Кога ќе ја правиш иницијативата вметни го овој линк во него.-- MacedonianBoy  Oui? 23:21, 28 декември 2008 (UTC)

Јас би сакала да помогнам, ама немам никаква литература за градовите... Ако налетам на нешто - ќе се вклучам. Поздрав --Виолетова (разговор) 13:43, 31 декември 2008 (UTC)

Sorry, I don't know your language, I'm from Turkey, can you speak English? User:Chief Augusto 11:52, 8 February 2009 (UTC)

Проблем со слика[уреди извор]

Кирил, ѕирни што е со сликата Sumerian symbology.jpg што ја ставив во Месопотамска митологија. Проверив - сликата е дозволена за употреба, а во статијата не се појавува... Поздрав --Виолетова (разговор) 09:37, 02 јануари 2008 (UTC)

Е фала, не знаев за таквиот проблем. И да, заборавив - среќна нова и сè најубаво :) Поздрав --Виолетова (разговор) 09:53, 02 јануари 2008 (UTC)

Среќни празници[уреди извор]

Исто така среќна и бериќетна нова 2009 година. Многу љубов здравје и успех и сѐ најубавоо. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 12:11, 2 јануари 2009 (UTC)

Проблем со порталот[уреди извор]

Ми се појавува двапати `Портал:Празници/Избрана слика`, како да го тргнам едниот? Поздрав. --Виолетова (разговор) 11:00, 06 јануари 2009 (UTC)

Најдов кај се брише :) ОК е сега --Виолетова (разговор) 11:11, 06 јануари 2009 (UTC)

Хелло другарче. Како е? Христос се роди и убав помин за празнициве. Сакам да те замолам да спастриш еден портал именуван Прабугари, мислам дека ќе има доста уредувања со таков портал. Поздрав.-- MacedonianBoy  Oui? 16:42, 7 јануари 2009 (UTC)

Сакам да им се извинам на сите корисници кои ме допишаа во изминатите неколку денови, а не добија навремен одговор или реакција. Поради технички проблеми, немав пристап на интернет, па не бев активен на Википедија на македонски јазик. Сега сѐ е во ред , и ќе се обидам да надополнам за пропуштеното.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:21, 17 јануари 2009 (UTC)

Ре: Промоција со помош на банерот[уреди извор]

Здраво. Мене ми е многу мило што се трудите околу промоцијата на Википедија на македонски јазиик, а со тоа и афирмацијата на македонскиот јазик. Мислам дека е потребно да утврдиме на кој начин ќе функционира нашата промотивна кампања, со цел зголемување на бројот на корисници на Википедија на македонски јазик. Јас имам во план неколку од најпосетуваните веб-форуми и портали, но сепак потребно е банерот да биде вметнат во комбинација со пишан збор. Ние редовно правиме соопштенија по јубилејниот број на статии (15.000, 20.000), а ќе продолжиме слично и понатаму. Нашите соопштенија вродија со плод и уште истиот ден нашиот успех беше достапен на тие страници. Мислам дека промоцијата би можела да биде слична, со тоа што наместо на 5-6, да ја испратиме до повеќе од 10 упатни места. Мислам дека колку подалеку се слуша, дотолку е поголема веројатноста сето тоа да биде успешно. Доколку се согласувате или имате нешто да додаете или предложите, слободно пишете ми. Јас, сепак верувам во успех. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:27, 19 јануари 2009 (UTC)

Здраво Кирил,
Јас многу го ценам тоа што неколкумина го прават на MK Википедија. Меѓу другото, како што и самиот рече, и за промоција на македонскиот јазик. Исто така, сакам да кажам дека ова е до сега најдетална порака која ја имам добиено на оваа тема. За овој дел посебно ти благодарам.
Пред некој ден разбрав дека сме направиле повеќе статии од бретонците (население со келтско потекло кое живее на западот од Франција). Ако ти кажам дека во Франција има околу 200.000 луѓе кои го зборуваат бретонскиот јазик ќе ти стане јасно дека тоа не е баш и некоја информација со која многу може да се фалиме. :-(
Имајќи го претходното предвид мислам дека може со малку поголема промоција може да направиме многу повеќе.
Посакувам на МК Википедија да видам повеќе статии и посебно повеќе содржајни статии. Моите ангажмани не ми дозволуваат да ѝ се посветувам на Википедија, како што тоа го прават неколкумина од вас, па затоа се обидувам на ваков начин да помогнам. Инаку, ќе се обидам и професионално да помогнам колку што е тоа можно.
Поздрав, Wikimk (разговор) 17:13, 19 јануари 2009 (UTC)

Потенцијали...[уреди извор]

За почеток. На овие јас имам поработено по малку, само содржински треба да се дополнуваат - им фалат секции. Како што наоѓам нови ќе ти пишувам. --Brainmachinewtf? 18:10, 23 јануари 2009 (UTC)

Ако ботот евентуално им го отргне умот на корисниците од целата „трка да ја престигнеме Википедија X во број на статии“, јас ќе бидам повеќе од задовелен. Лично се спротиставувам на масовната инјекција на статии-никулци од овој тип, но ништо не можам за тоа :) Мислам дека иницијативите ќе имаат голема улога врз подигнувањето на квалитетот на статиите во контекст на посочување на кои статии треба да се обрне внимание. Сакам да кажам — со помош на иницијативите ние да си ги прошириме најважните енциклопедиски статии — за биографии на важни историски личности, теми од науката, културата и општеството (накратко, сѐ што би имала една џебна книжна енциклопедија). Ако ова го постигнеме, верувам дека овој сајт ќе има значително повеќе сообраќај. Поголем сообраќај — поголема шанса за нови уредувачи. Повеќе уредувачи — повеќе квалитетни статии. И циклусот се повторува. Овде ќе ја искористиме онаа руската иницијатива — онаа со потполнувањето на навигациони шаблони што ми ја покажа. Тоа ми се допадна — цела тема од десетина статии за сончев систем за една недела на пр. ќе направи многу повеќе корист отколку 1000 статии за непознати астрономски објекти. Само внимавај! Да не ги удавиме корисниците во премногу иницијативи, оти понатаму сите следни ќе ги гледаат како „ах, зар уште еден од овие шаблони... не го ни читам овој пат“. Ако успееме убаво тактички да го изиграме ова, доста ќе напреднеме (мухахаха, обожавам дијаболични планови). Јас сега со ова ќе бидам преокупиран во блиска иднина. Поздрав, Brainmachinewtf? 19:34, 23 јануари 2009 (UTC)

За ВикиПроектите![уреди извор]

Кирил навистина сум задоволен од овие иницијативи и сите нови ВикиПроекти, само продолжи така. Немам никаква забелешка само едно мало прашање! Нели би било подобро ако отвориме ВП:Вселена како што е во англиската википедија веќе кога сме ги заземале и нивните шаблони и слично? Мислам дека подобро е ако тој Вселена е како главен проект а овие останатите под-проекти!? Се согласуваш би можел така да направиш? Или пак ако мислиш дека тој сега не е потребен тогаш направи го проектот како посебен - измени го шаблонот и останатите напатствија! --Макс(разговор) 21:25, 23 јануари 2009 (UTC)

Е ОК, јас сум веќе во проектот за астрономски тела :) Малку подзапрев, ама продолжувам кај и да е Поздрав --Виолетова (разговор) 22:10, 23 јануари 2008 (UTC)
Kiril, no problem, you can write me in Macedonian, and I'll understand. As for participation in the Astronomy project - alas, it is not my field of specialization. I like history, languages, political science, some branches of psychology and biology. Still, I can be active in the Macedonian Wikipedia. I am going to add links, references and interwikis to some articles. --Dmitri Lytov (разговор) 07:12, 24 јануари 2009 (UTC)

Еј, Кирил! Мало прашање! :)[уреди извор]

Еј се мачам со денови и веќе полудев и решив тебе да те прашам случајно да не знаеш! Вака сакам да си отворам сметка на англиската, француската, хрватската, српската и шпанската Википедија. Е сега сакам да ми биде со исто име SmartM&M (иако е глупаво ама веќе е касно да го сменам, вака сум познат). Со денови се мачам ама на ниедна од тие Википедии не ми дава да отворам на ова име, велат дека е во употреба, убаво пребарав и никаде го немаше. Потоа отворив на англиската со името SensationalM&M (уште поглупо ама е барем слично (што да праам кога заглавив со ова глупо име)) и како што отворив со ова име одеднаш на останативе Википедии што ги споменав покажува дека сум уклучен со тоа име, а јас не ни отворив на нив со ова име. Те молам кажи ми што е проблемот и како да отворам сметка на овие Википедии со тоа име. Ми текнува пред пола година нешто имаше - универзална вики-сметка што беше па тоа? Сакам да отворам на овие Википедии со тоа име и плус на ВикиКниги и некои слични други проекти. Ама сеа само за Википедииве ако можеш да ми помогнеш.

P.S. Ако треба и пасворд и се ќе ти дадам само да ми успее Поздрав! --Макс(разговор) 13:12, 25 јануари 2009 (UTC)

Фала успеа!!! Ова го барав! --Макс(разговор) 14:04, 25 јануари 2009 (UTC)

Свети...[уреди извор]

Здраво и од мене, со прашањето ме спревари, бидејќи мислев на некој да го поставам за скоро сите цркви шо ги правам до сега и во иднина. Не знам дали да биде така, ти одлучи, а во исто време не знам дали треба црквите да ги нарекуваме по македонски јазик или по местото каде се наоѓаат. На пример, Санта... или Света, и.т.н.--Астрион (разговор) 16:58, 25 јануари 2009 (UTC)

Добро, нема проблем, но сакав да те прашам за во иднина, на пример некоја си црква Света Марија дали да ја крстиме Санта Марија или...--Астрион (разговор) 17:12, 25 јануари 2009 (UTC)
Па шо знам, јас започнав со црквите и планирам скоро од секоја земја во Европа да ги поминам,

Уживај[уреди извор]

Нема потреба да се извинуваш. До некое ниво, ваквите ситуации ги сметам за нормални и ретко излегувам од кожа. Ако и Brainmachine се апстрахира од емоциите како што ни се врати и MacedonianBoy, мислам дека од ова ќе излеземе како подобра и покомпактна заедница. Спорови секогаш ќе има, важно е дека ги решаваме со дијалог. Исто така, супер ќе биде да се видиме во живо и да се "преброиме" кои сме, што сме, што планираме, кој како со време, размена на искуства, и сл. --FlavrSavr (разговор) 19:03, 25 јануари 2009 (UTC)

Инаку, навреден од тебе и не сум, а од овака, историјата што ја имам на Википедија, сум бил нарекуван секако и тука и на en.wiki... Тука сум бил етикетиран како предавник (:-)), а најголемата навреда што сум ја добил во живот е од еден Грк на англиската Википедија, кој сакајќи да ме дискредитира, ме спореди со некаков словенски Гебелс (!) Потоа бев прилично систематичен во мојот одговор, до тој степен, што човекот подоцна ми се извини и се откажа од понатамошните повеќемесечни спорови каде што јас бев вклучен. Инаку, дефинитивно англиската Википедија е далеку од совршена, меѓутоа, со доволно време, упорност, систематичност и сталоженост и познавање на политиките и вистинските админи кои би биле доволно храбри да се вклучат во споровите поврзани со Македонија (бегаат ко од чума!), може да се постигнат значајни напредоци. Факторот време, за жал, го немам во изобилство. --FlavrSavr (разговор) 19:03, 25 јануари 2009 (UTC)

Езуити, Језуити?[уреди извор]

Здраво Кирил, Мислам дека правилно на македонски е езуити. Поздрав, Wikimk (разговор) 23:13, 25 јануари 2009 (UTC)

Веројарно Исисовци е најсоодветен темин, ама кој знае од кој јазик е влезено кај нас тоа Езуити... можеби е директен превод од англиски? Инаку, сум го читал по книги и сум слушал/гледал документарци. Поздрав, Wikimk (разговор) 23:35, 25 јануари 2009 (UTC)

Пофалба[уреди извор]

Благодарам, Кириле. --Azazel (разговор) 10:37, 27 јануари 2009 (UTC)

О:За банерите[уреди извор]

Значи, се работи за веб банер, кој кога ќе биде кликнат носи до некаков промотивен текст насочен кон средношколци и студенти. ОК, ако можам, ќе направам нешто неделава, ако не, да избереме некои од тие што се веќе достапни (за тоа со прстот спомнав дека може да биде проблематично). А за ВикиСредбата, мислам дека викендов е најидеален за неа. --FlavrSavr (разговор) 17:04, 27 јануари 2009 (UTC)

Самрак и слики![уреди извор]

Еј, Кирил сакав да те прашам за категоријата што си ја променил. Значи јас ја пишав Самрак (серијал на романи) а ти Самрак (серијал романи), браво незнам како не се сетив на ова. Јас дека имам слична статија не категорија Хари Потер (филмски серијал) помислив ова да биде Самрак (романски серијал) но веднаш сфатив дека навистина е глупаво и го направив како што беше, но сепак фала што си ја избиршал таа категорија и си направил нова. Инаку незнам како не сум забележил од порано дека некој отворил статии за тој серијал, веднаш ќе ги средам. Тоа сепак е „моја“ област. Значи веќе кога си ја крстил категоријата така кажи ми дека имам намера да отворам и таква статија, дали и таа да ја крстам Самрак (серијал романи). Што се однесува до сликите фала што се согласуваш со моето мислење, но имам едно прашање. Кога станува збор за слики од глумци, филмови ваму таму, дали и тие да ги подигнам во Ризницата. Дека тие се американски и свињите од англиската Викиепедија гарант ќе ги тргнат! Поздрав и се најдобро!--Макс(разговор) 18:25, 27 јануари 2009 (UTC)

Здраво и од мене. Би сакал да довршам уште 20-тина статии за црквите во Рим, а потоа започнувам со подолги квалитетни статии. Можеби ќе се занимавам со светците или архитектурни правци. Што велиш ти? Шо стана со средбата синоќа, што е договорено...--Астрион (разговор) 13:53, 1 февруари 2009 (UTC)

О:За статиите[уреди извор]

Размислував многу на ова прашање деновиве. Разгледував најразлични Википедии и заклучив дека дури и со Depth параметарот може да се игра, иако во основа е релевантен. Треба да почнеме да ги гледаме и другите параметри, од кои мислам дека особено важен е бројот на уредувања. Не знам дали ја пратиш оваа страница (од овде ги земаат податоците за Целосната листа на јазици] - треба да работиме значи да намалување на процентот на никулци и поголем број на уредувања. Нешто ми вели дека таму тој процент на 34% никулци е неточен. Мислам дека некои од овие статии за години или за села не ги брои како никулци, иако тоа, реално, се. Штета што овие статистики не се редовно ажурирани, инаку ќе имавме точен преглед колку kb имаме по статија просечно, што е нешто поточно од прост процент на на никулци. Во меѓувреме, пак ќе кажам, доста илустративен начин за проверување на квалитетот на Википедијата е опцијата случајна страница (alt+shift+x) - види ја за позитивен пример, латвиската Википедија (која има помалку статии од нас), а за негативен пример Себуано Википедијата. Нашата по квалитет е тука некаде со албанската Википедија. --FlavrSavr (разговор) 16:19, 2 февруари 2009 (UTC)

Ова ме потсеќа на легендарната изјава на Бенџамин Дизраели - Постојат лаги, проклети лаги, и статистика. :-D Инаку, нешто ми спомна за Фејсбук, тебе те барав, не те најдов... јас сум Slobodan Jakoski. Поздрав. --FlavrSavr (разговор) 16:52, 2 февруари 2009 (UTC)

Иглокожи[уреди извор]

А, во ред. Нема да се разочарам, без гајле :-))) Boyan (разговор) 22:27, 2 февруари 2009 (UTC)

Хехе, ја стави Струга таму (500 статии), а? Е оваа ќе ја биде. Само штета што нема многу слики на комонс.--Raso mk (разговор) 23:14, 2 февруари 2009 (UTC)

Проширени статии[уреди извор]

здраво Kiril Simeonovski, како оди... Сакам едно да те прашам. Овие денови веќе започнав да се занимавам со архитектурата на разните цивилизации... Незнам дали има смисла да правам по една до две статии дневно, тоа ми е прашањето или пак да си продолжам со никулците. --Астрион (разговор) 20:26, 5 февруари 2009 (UTC)

Ок, нека биде така како шо викаш. Поздрав и ако сакаш надгледувај ги и поправи ми ги граматичките грешки. Можеби статиите не ми се долги, но тоа е засега... Поз--Астрион (разговор) 21:14, 5 февруари 2009 (UTC)
Доколку сакам да раотам на светците, се прашувам од каде да започнам. Дали да барам некој шаблон од англиската па да преведувам или еден по еден кој недостасува да го правам--Астрион (разговор) 11:52, 6 февруари 2009 (UTC)

[[1]] шо страница е ова дали знаеш, дали мозам да префрлувам од таму на нашата википедија оти како што гледам и двете се ВИКИ