Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 6

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Шаблон[уреди извор]

Здраво Kiril Simeonovski, како оди работата? Имам прашање... Веќе повеќе недели се трудам да ги обработувам римските императори. Сега уште малку ќе стигнам до Константин Велики, кој спаѓа во т.н. Византиски владетели. За понатаму, дали да го користам шаблонот за бизантиски императори или да продолжам со шаблонот за римскли цареви, или пак може и двата. Што велиш???--Астрион (разговор) 15:56, 5 март 2009 (UTC)

Римски су све императори до Теодосиjа І, на Западу до Ромула Августула. А дали Константин или Аркадиj jе први византиjски император, jе спорно... Мислим да можеш уредувати чланци до Теодосиjа на категориjе Римски... Потребител:Bogorm (разговор) 21:53, 6 март 2009 (UTC)

Интервики за категории[уреди извор]

Тука бев замолен од EugeneZelenko да пренесам дека треба да се ставаат интервики (барем англиски) кога се создаваат категории. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 22:55, 6 март 2009 (UTC)

Награда[уреди извор]

Здраво брат, фала на орденот, се надевам дека во иднина ќе ми доделуваш уште многу такви, а јас ќе уредувам уште многу статии. Фала уште еднаш и поздрав--Астрион (разговор) 11:22, 8 март 2009 (UTC)

Pages you are creating?[уреди извор]

What are those pages that you are making? What are their names in English? Thanks, Razorflame (разговор) 19:42, 8 март 2009 (UTC)

Нови статии[уреди извор]

Кирил, те молам немој да почнуваш со масовно отварање на нови празни статии. Веќе споменав неколку пати, за тоа треба да се има конзензус од заедницата, и е задача погодна за бот, за да не се гушат скорешните промени. Статиите за години се покажаа за неефикасни, дури и оние што ги имаме се во најголема мера празни. --Милош (разговор) 01:43, 9 март 2009 (UTC)

Здраво Кирил, како оди. Најпрвин сакам да ја погледнеш [сликата] која ја подигнав и да видиш дали ќе има проблем сега. Јас сум создавачот. Друго, сакам помош за мојата корисничка страниц (ако сакаш да помогнеш)... Сакам освен наведените наслови кои ги имам(за мене, награди и мои статии) сакам да имам под број 4 и сопствени слики. Пробав повеќе пати а незнам каде грешам. Поздрав и помогни ми ако можеш...--Астрион (разговор) 18:28, 9 март 2009 (UTC)

Како е Кирил? Сакав да те прашам дали ќе го направиме тоа со избраните статии? Мислам знаеш ти спомнав, од Портал:500 да избереме за наредните неколку недели па да си седиме раат, а и нема да бидеме преокупирани со гласање, па дали имало или немало предложено и слично. Јас мислам најдобро ќе биде ако сега избереме пет статии за на главната и да ги ставиме веднаш на предложени. Ако го направиме ова, мислам дека нема да има потреба од правила за гласање, гласање за статии и слично. Всушност не ни треба статијата за предложување статии, туку таа може да ја користиме како систематски преглед за статиите кои би биле по ред ставани на главната. Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 19:56, 9 март 2009 (UTC)

Да, треба тоа да го направиме, а добро ќе биде и да внимаваме и да избираме статии од различни области. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:43, 9 март 2009 (UTC)

Кирил ке можеш ли ти да му докажеш на Богорм да престане да ме ревертира. Таа статија што упорно ја враќа нема соодветен наслов и мислам дека треба да биде дел од статијата Романизација на бугарскиот јазик. Кај се видело да постои статија Прав систем за романизација. Од кога бг јазик е единствем у свет па тој наслов да се однесува само за него. --Р ашо 14:58, 11 март 2009 (UTC)

Убаво, jас не се интересувам ке биде ли дел од Романизација на бугарскиот јазик или самостоjна. Само да не се губи информациjа и извори. Када сум писал новата статиjа Романизација на бугарскиот јазик, не сум мислил да ги обединувам, затоа са станали две статиjи, но ако Рашо толко сака... Потребител:Bogorm (разговор) 15:08, 11 март 2009 (UTC)

Ај нека ни тргне со ботот, дај боже да ги оствариме зацртаните цели.--MacedonianBoy (разговор) 18:46, 14 март 2009 (UTC)

Сега уште на ботот да му се одобри бот-статус и од Brest да ги побарам скриптите за да го програмирам да уредува. Инаку ботот е логиран, но залудно кога нема програмче за да уредува. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:52, 14 март 2009 (UTC)

БГ Македонија[уреди извор]

Здраво Кирил. И јас го мислам истото и има прекршено две правила до сега. Едното е името на корисничката сметка а другото е неговиот обид за ширење национализам. Јас го предупредив и ќе видиме. BTW Гитардемон не се согласува со ова и ме набеди дека јас сум предпуредувал без врска а најверојатно ја нема посетено Википедија со денови. И уште нешто, моментално ја средувам статијата за новодојденците а после тоа ќе го правам правилото за кориснички сметки. Тоа ми беше во план. Поздрав и јас сум за, но имаме некои администратори што подржуваат такви работи.--MacedonianBoy 20:14, 19 март 2009 (UTC)

Jас сакам да знам кое во "BG Macedonia" не несоодветно корисничко име? --Стан (разговор) 00:12, 20 март 2009 (UTC)
Сите знаеме, а претпоставувам и ти кое е значењето на „BG Macedonia“. Ова не се случува по прв пат. Блокиравме и корисник со корисничко име „FYROM“ поради истите причини. Можеби зад кратенките се кријат зборови со друго значење, но сепак доколку не е наведено вистинското значење, тогаш мора да интервенираме, бидејќи општопознато е што најчесто значат таквите кратенки. Ајде кажи ми што значи „BG Macedonia“?--Kiril Simeonovski (разговор) 10:10, 20 март 2009 (UTC)
Човекот вели дека е од Пиринско, ова е териториjа на исторско-географскиот регион Македониjа, коj се наога во Бугариjа т.е. човекот е од бугарскиот дел на Македониjа и мислам дека BG Macedonia и е нормално име. Па и може да е бугарин од Македониjа (Пиринска). Блокирането на корисникот не е согласно правилата на википедиjа за несоодветно корисничко име и мора да биде одблокиран и да получи извинување. --Стан (разговор) 11:13, 20 март 2009 (UTC)
Значи вие мислите дека значењето на „BG Macedonia“ е бугарска Македонија, односна пиринска Македонија?--Kiril Simeonovski (разговор) 16:29, 20 март 2009 (UTC)
Ами штом човекот вели дека е од Пиринска Македониjа и се е пишувал както "BG Macedonia", точно ова е првото за кое се секjам. За ова дали се нарушува правило на Википедиjа не се прави гласање, туку се читат критериумите. Не ми кажа, по коjа точно точка од критериумите за корисничко име е блокиран корисникот. Мислам дека овде иредентизмот го шириш ти, бидеjки Пиринска Македониjа е бугарска, ако не веруваш види некоjа мапа. Видува се дека не го сметаш ова за грешка, за тоа први ке те приjавам овде за злоупотреба, па ако и другите администратори не сметат тека ова е злоупотреба- ке побарам помош од англиски администратори, да се реши проблемот со интерпретациите. --Стан (разговор) 17:07, 20 март 2009 (UTC)
Кирил има право, видете за повеќе, особено кориснички сметки што пропагираат, промовираат тези и се навредливи за Вики заедницата--MacedonianBoy 17:15, 20 март 2009 (UTC)
Што промовира корисничкото име "BG Macedonia"? И заштп Кирил не го праша корисникот што означува ова BG Macedonia. Моде да е од БлагоевГрад Македониja, може да е и друго да значи. Ова што сакам да кажа, е дека на базата на предпоставки, се блокира корисник. --Стан (разговор) 17:31, 20 март 2009 (UTC)
Еве го и правилото на македонската Википедија, да нема забуни.--MacedonianBoy 17:35, 20 март 2009 (UTC)
Ова веќе е неиздржан коментар од твоја страна Стан. Нели претходно ми одговори друго. А, што мислиш, ова правило од Википедија на англиски јазик, се почитува ли според твоето мислење? Не. Туку, најчесто за тоа одлучува заедницата. И на англиската имало блокирања од овој тип. И на македонската се случи. Тоа беше случај со корисник со корисничко име „FYROM“. Самото име беше провокација и веднаш го блокиравме. Можеби кратенката имала друго значење, но според правило на Википедија, тој беше блокиран. Доколку на англиската имало поплаки, како овие твоите, за тоа сигурно одлучила заедницата. Затоа те повикувам ова да го ставиш на гласање, па да видиме што ќе рече заедницата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:40, 20 март 2009 (UTC)

Ајде и јас да кажам два-три збора. Доколку на корисникот целта му е да даде конструктивен придонес, тогаш нему не би му сметало да се пререгистрира. Јас верувам дека тој е спремен тоа да го стори. Само една работа ме чуди. Зошто на корисник со, како што се вели, ненавердлив nick му треба одбрана?
Поздрав, Wikimk (разговор) 17:48, 20 март 2009 (UTC)

Ова е само почеток. Сега ќе дојдат сите. Е тоа е типично ВП:АГИТИРАЊЕ.--Р ашо 17:52, 20 март 2009 (UTC)
Ова не е одбрана, туку е злоуоптреба со администраторски права од страна на Кирил Симеоновски.
За прашањето на Кирил (Bulgarian Macedonia):
* John Shea - Macedonia and Greece: the struggle to define a new Balkan nation‎ - Страница 88, 103, 193, ......
* Andrew Rossos - Macedonia and the Macedonians: A History‎ - Страница 12, 138, 197......
* James Minahan - Miniature empires: a historical dictionary of the newly independent states‎ - Страница 178
* Paul Preston, Michael Partridge, Denis Smyth, André Gerolymatos - British Documents on Foreign Affairs--Reports and Papers from the Foreign ...‎ - Страница 54
* Royal Institute of International Affairs, Royal Institute of International Affairs. Information Dept - The world today, Oxford University Press, 1949‎ - Страница 162 - 164
* Arthur Bullard - The Diplomacy of the Great War‎ - Страница 186
* Richard Felix Staar, Hoover Institution on War, Revolution, and Peace - Yearbook on international communist affairs‎ - Страница 17
* и уште многу.....

--Стан (разговор) 18:05, 20 март 2009 (UTC)

За прашањето на Кирил:
* Пиринска Македониjа е исторско-географски поим
* Бугарска Македониjа е административно-географски поим
* "Зошто на пребарувач нема податоци за бугарска Македонија" - "Резултати 1 - 10 от около 26 800 000 за Bulgarian Macedonia. (0.29 секунди)"

--Стан (разговор) 18:30, 20 март 2009 (UTC)


Коментар за одбраната и за злоупотребата.
Јас верувам дека новиот уредувач има намера да даде конструктивен придонес во развојот на МК Википедија и затоа нема потреба од волку настојување. Што се однесува до злоупотребата на администратоските права нема подобар начин за тоа да им се укаже на администраторите одошто со пререгистрација на новиот корисник со политички прифатлив nick (пред тој да биде трајно блокиран). Вака само непотребно корисникот си го троши времето. До сега ќе напишење некоја статија.
Исто така постои една работа која се вика политичка прифатливост (во овој случај на еден термин). Ако за некого тоа не е прифатливно најмалку е битно што некој пребарувач ќе даде како резултат. Јас верувам дека на некои пребарувачи ќе најдете и податоци за негирање на холокаустот. Ама дали е тоа во ред?
Поздрав, Wikimk (разговор) 21:04, 20 март 2009 (UTC)
П.С.
Инаку, вадењето на еден збор од мојата претходна дискусија од концепт и продолжувањето на јалова прикаска на тој збор се нарекува манипулација со зборови и згодно е да не се служиме со такви работи. Обично на моите коментари овде така се одговара. Претпоставувам поради неспремност. Ова го пишувам зашто во следнот коментар на мојава порака очекувам нешто конструктивно во однос на пререгистрација на корисникот.

Банирање на ИП 80.80.141.235 (корисник Раптор)[уреди извор]

Вчера 20 март истиот навредува неколцина пати на МК википедија, тоа може да се види овде: [1] избриша статија, навредуваше на корисници со цинизми или со етно-национални обиди, а после тоа како јавен корисник агитира МКбој против бугарските корисници. Се надевам дека ке постапите како е редно! Подпоручикъ (разговор) 06:50, 21 март 2009 (UTC)

Незавршени дискусии во Архива[уреди извор]

Зашто незавршените дескусии са ставени во Архивата. Правилата на википедиjа не го дозволават ова. Те молам да следуваш правилата на википедиjа и да ги вратиш разговорите за BG Macedonia и блокирането на 80.80.141.235 (за лични навреди на национална основа и слично). --Стан (разговор) 13:09, 21 март 2009 (UTC)

Разговорите не беа ставени во архива поради тоа, а за ова нема никакви правила на Википедија. Јас можам што сакам да си правам со мојата страница за разговор. Страницата за разговор беше предолга, па имаше можност да има проблеми со прелистувачот. Веќе имаше надминато 100KB. Ете затоа. А твоето обвинување воопшто не е на место, бидејќи и јас можам тебе да ти речам дека разговорот не ти е завршен кога разговорот го префрлуваш во архива. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:13, 21 март 2009 (UTC)
P.S. Инаку за корисникот Раптор, блокирање нема да има, бидејќи правилата на Википедија велат дека прво доаѓа опомена, а подоцна блокирање. Ако беше така, досега требаше да бидат блокирани и корисниците Bogorm и Подпоручикъ.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:22, 21 март 2009 (UTC)
Заборави и Рашо МК, кој еднаш ми избриша целата насловна страница, ме пцуеше лично и на етничка принадлежност и прекина не едно правило на истата википедија. Раптор нема да биде баниран затоа, зашто од него не се очекува повеке од тоа да пцуе бугарите. Толкова си може. јас имам сигурно повеке придонеси за МК вики одколко он има. Подпоручикъ (разговор) 14:03, 21 март 2009 (UTC)
Добро, тогаш. Прими извинување од мене.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:10, 21 март 2009 (UTC)

Известување[уреди извор]

Видете ја последната секција за марионетство. Ви благодарам.--MacedonianBoy 14:46, 21 март 2009 (UTC)

ОК, готово, сега има бот-статус. Boyan (разговор) 15:02, 21 март 2009 (UTC)

За статиите за папите[уреди извор]

Еј, кога веќе ги менуваш сите статии, можам да ти кажам дека се согласивме пред некое време да не се користат повеќе оние кратенки лат., анг. и слично, туку да биде стандард латински: или пак со шаблонот {{lang-en}}, па да ги менуваш и тие ако можеш. И во иднина да не ги користиш, бидејќи би требало барем тоа да е стандардизирано на сите статии. Поздрав! -{админинстратор}- гитардемон 00:48, 22 март 2009 (UTC)

Една статија[уреди извор]

Случајно чистејќи ги некатегоризираните статии, ја пронајдов оваа статија. Дали да ја бришеме зошто не е точно именувана. Поздрав--MacedonianBoy 11:00, 23 март 2009 (UTC)

За слики[уреди извор]

Здраво, сакав да те прашам ако можеш да ми објасниш убаво како да ставам слика на википедија. Јас веке ставив една, ама таа беше тргната, најверојатно со лиценцата нешто врска. Па сакав да те прашам како да ставам слика симната од нет, а да немам проблеми со лиценцата.Поздрав --MrBones (разговор) 10:02, 29 март 2009 (UTC)

Аааааа, епа фала многу. А што ме советуваш ти, која лиценца да ја ставам? Тоа се слики што се слободни за симнување од интернет, од www.goal.com, www.acmilan.com и такви некои. Поздрав `--MrBones (разговор) 11:33, 29 март 2009 (UTC)

За избраните статии[уреди извор]

Да прашам, како ќе се избира редоследот на инзрани статии? Јас имам еден предлог, имено да се ставаат ибразни статии од секоја секција. Така на пример, една недела да има биографија, потоа географија, јазик итн. Поздрав--MacedonianBoy 22:15, 31 март 2009 (UTC)

Размислував за тоа, но сепак мислам дека не треба точно да утврдиме од која област треба да биде избранатан статија. Правило нека биде, во наредниот еден месец (4 до 5 седмици) да не се повторува статија од иста област. Сега релативно слабо стоиме со статии во порталот. Кога ќе ја надминеме бројката од 100 или 150 и кога ќе воведеме дневна статија, многу поголема желба за уредување ќе има, па таа работа полесно ќе оди. Позрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:18, 31 март 2009 (UTC)

Јужна Америка[уреди извор]

Па јас веќе почнав, горе долу Боливија ја завршив сега го фатив Перу. Можеш да продолжиш со Средна или Северна Америка па така американските континенти да ни бидат завршени. Поздрав--MacedonianBoy 20:18, 2 април 2009 (UTC)

За новите статии![уреди извор]

Браво, Кирил одлично! Само што забележав! Супер што ти текнало, вакви статии навистина се потребни! Јас планирав да ги отворам но не во блиска идинана! Браво уште еднаш и поздрав! --Макс(разговор) 13:15, 3 април 2009 (UTC)

Ре, статии за години[уреди извор]

ОК, нема проблем, кажи кои статии ти ќе ги правиш а кои јас да ги создавам и ќе ги направиме. Само дај да се договориме и ќе оди работата ок. Со броевите кај и да ќе стигнеме до одредена бројка па потоа ќе правиме само цели броеви. Поз.--MacedonianBoy 18:22, 7 април 2009 (UTC)

Епа ОК тогаш, ќе разгледам како си правел и ќе чепкам. Поздрав--MacedonianBoy 18:41, 7 април 2009 (UTC)
Кирил, MacedonianBoy Bot (хахах) направи статии за години во спортот од 1900 до 2009 и за години во уметноста од 1900 до 1945. Е сега ако можеш категориите да ги отвориш ќе ми завршиш огромна работа. Поздрав--MacedonianBoy 21:04, 7 април 2009 (UTC)

ДОБРИ ВЕСТИ[уреди извор]

Не сакав да ти пишам одма зошто сакав да те израдувам. Ги поминавме и луксембуршката и босанската. Имаме 26.594 а додека босанката има 26.579 а луксембуршката има 26.520. Моментално сме на 51 место и ако можеш направи некоја нова статија за да имаме 26.600. Јас ќе спијам и се најдобро. Браво за нас. Поздрав--MacedonianBoy 23:10, 7 април 2009 (UTC)

Па да, да ги средиме значајниве години за значајни области, историја мислам дека не е направена а има доста податоци со кои ќе се пополнат статиите. Поз --MacedonianBoy 12:32, 8 април 2009 (UTC)
Всушност да, не размислив сорри. Имаш право, така е година=година во историја. Поз--MacedonianBoy 12:43, 8 април 2009 (UTC)

Избрани статии[уреди извор]

Бидејќи се случува некои корисници да не знаат како се предлага со новиот начин, јас мислам најдобро е тие да стават само линк до статијата во соодветната секција што ја додадов на статијата каде се кандидира и ние ќе го средиме остатокот. Што мислиш за ова?--MacedonianBoy 14:59, 9 април 2009 (UTC)

Добро е тоа. Баш планирав деновиве да седнеме да промениме нешто и во шаблоните кои ги има на статиите за кандидирање на статиите.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:02, 9 април 2009 (UTC)
Еве тука има две секции, во првата ќе стојат статии за кои е одобрено да бидат избрани а при тоа превземени од порталот 500 статии а додека во втората ќе стојат предлози кои се направени во меѓу време, како случајот со Астрион. Поз--MacedonianBoy 15:06, 9 април 2009 (UTC)

Предлог[уреди извор]

Види го ова, се надевам е ок. Поздрав--MacedonianBoy 16:02, 9 април 2009 (UTC)

Го видов и почекај малце! Не брзај толку. Може дотогаш, а како што оди работата ќе воведеме и избор на статија секој ден. Сега за сега можеме да гарантираме дека до крајот на јуни ќе се избира избрана статија секоја седмица, па нека биде дотогаш. Но, сепак нека стои листата, а избраните статии нека се уредуваат само до крајот на јуни. На викисредбата, одржана на 28 февруари, јас, Brest и Wikimk продолживме вечерта и разговаравме за оваа можност, а Brest спомена и на следната средба дека би можеле нешто вакво да направиме. Ова е премногу амбициозно и јас го признавам тоа. Но, тогаш беше разговарано и дека до овогодинешното лето, Википедија на македонски јазик би можела да има над 45.000 статии. Ако направиме споредба со другите јазични изданија со сличен број на статии, Википедија на македонски јазик е едно од ретките јазични изданија на кое се избира статија секоја седмица. Обично тоа тие го прават секој месец. Но, на јазичните изданија со околу 40.000 и повеќе статии, избрана статија се избира секоја седмица. Веќе кога имаме еден вид на предност со овој број на статии, мислам дека добро би било да размислиме и за воведување на дневна статија, со што сигурно би биле единствени меѓу останатите со толкав број на статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:25, 9 април 2009 (UTC)
Јас знам за иницијативата за дневна избрана статија, но во моментов не е можна. Се додека не се направат доволен број на супер статии, овој начин на работа со веќе одредени седмични избрани статии е ок. Јас мислам да направиме вака се додека не почнеме со дневна од следнава причина. Колку што јас сум информиран, требаше порталот да има најмалку 356 статии за да можеме да направиме дневна избрана. Но има еден проблем. Ние веќе ги трошиме овие статии со ставање за седмични и со тоа тешко дека ќе собереме 356. Ова е само предлог, си подредив статиите според различни теми и според дата но сепак како ќе кажете.--MacedonianBoy 16:30, 9 април 2009 (UTC)
Да, статиите се трошат, а во последно време и ослабо се додаваат статии во порталот, што значи дека се уредува со помал квалитет. Меѓутоа проблем е и тоа што се предложуваат само статии од порталот, а тоа се статии што се уредени по 1 февруари. Има и статии, коишто може да бидат избрани, а се уредени порано, па затоа не се во порталот. Сепак според мене доколку воведеме дневна статија, кога веќе планираните дневни статии ќе се изберат, ќе се јави обврска за уредување на квалитетна статија секој ден, па со тоа ќе добиеме поквалитетно уредување. Сепак, ова нека биде усогласено со бројот на статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:41, 9 април 2009 (UTC)
Епа сега незнам јас, предложив за да се изнајде решение но ако не ви се допаѓа тоа е тоа. Поздрав--MacedonianBoy 16:53, 9 април 2009 (UTC)

Избрана слика[уреди извор]

Кирил кога ја пренасочи статијата избрана слика сега не покажува слика на Главната. Чита сосем друго нешто. Најдобро е да ја вратиш назад за да може да ги чита сликите и описите, вака ја чита статијата со параметрите. Поз--MacedonianBoy 14:40, 11 април 2009 (UTC)

Ок. Видов дека ја нема. Проблемот е посложен отколку што си мислев. Потребно е ново преуредување на шаблонит, а за тоа најдобро би било да го замолиме Bjankuloski06 да го среди.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:42, 11 април 2009 (UTC)
Е тоа сакав да ти речам. Тој го правеше и тој нека го среди, комплициран е--MacedonianBoy 14:43, 11 април 2009 (UTC)
ПС:Изгубивме сега 200 статии :( Поз--MacedonianBoy 14:44, 11 април 2009 (UTC)
Не се секирај за статиите. Има статии за години. Во уметноста, науката, музиката и книжевноста треба да се средува од 1500 па наваму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:56, 11 април 2009 (UTC)