Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 1

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Празно место после интерпункциски знак

Би сакал да ви укажам дека правилно е после секој интерпункциски знак (точка, запирка, прашалник, извичник, двоточка, точка запирка и сл.) се остава едно празно место. Иначе ги имате моите пофални зборови за уредувањата кои ги правите во последно време во врска со статиите посветени на Далај Лама. Само напред.--brest 17:40, 14 мај 2008 (UTC)

математика?

На својата страна си напишал дека интерес ти е математиката. Математичар си? :))))) Или? Поздрав! --Филип 10:50, 24 мај 2008 (UTC)

Неколку работи

Си ја создал статијата Гусар, но и статијата Приватер, и двете со иста содржина. За еден поим треба да постои само една уникатна статија, и тоа со името што најчесто се користи. Сите други имиња што го означуваат тој поим треба да пренасочуваат кон таа статија. Во случајов, „Приватер“ треба да пренасочува кон „Гусар“. Тоа се прави многу едноставно: само додади го следново на статијата „Приватер“:

#REDIRECT [[Гусар]]

Со ова, „Приватер“ ќе пренасочува кон „Гусар“.

Друго: добро е што додаваш интервики врски на секоја статија, но забораваш да додадеш и интервики до англиската статија (пример, вака: [[en:Privateer]] ). Исто така, треба да додадеш и македонско интервики на англиската статија ( [[mk:Гусари]] ). Со тоа им овозможуваш на ботовите да го додадат македонското интервики на сите верзии за таа статија.

Уште нешто: на статиите никогаш не треба да се пишува целиот код на една навигациона кутија, туку се користат шаблони. На пример, содржината од шаблонот en:Template:Pirates си ја превел и си ја внесувал на разни статии, но таа содржина треба да си стои во шаблон, па тој шаблон да се трансклудира. Од сега, користи го шаблонот {{Пирати}}, а ако во иднина имаш потреба од некој друг шаблон и не знаеш како да го направиш (а си ја превел содржината :D), само кажи ми, ќе го направам јас.

Ако нешто не ти е јасно, слободно прашај ме! Поздрав. --iNkubusse A? 14:39, 26 мај 2008 (UTC)

ЛОИ 2008

Јас ја започнав статијата, ете --> Летни олимписки игри 2008. Добра идеја, ама тоа со часовникот што ќе одбројува, немам поим како ќе се реализира. Се обидов да најдам некоја убава слика од Заедничката ризница, ама сите се некако посрани и ниедна не ми се допадна. А за „дали сте знаеле“ рубриката, може да докопаме некои интересни факти. Инаку, да ја направиме оваа статија избрана на насловната некаде во јули, или пак неделата пред олимпијадата нема да биде лоша идеја. Ајде, поздрав. --Brainmachinewtf? 01:37, 24 јуни 2008 (UTC)

Видов дека се интересираш за олимпијада. До некаде успеав да го средам шаблонот. Сега кога ќе ја правиш следната олимпијада на шаблонот најгоре не треба ништо да преведуваш и пишуваш, зошто тој самиот автоматски ја памти олимпијадата. Само треба да се напише кој на отворил. Само треба да ги допреведам шаблоните за градови домаќини и држави и стадионите. Уште нешто. Дали си заинтересиран да се направи еден портал на олимписките игри во брзо време. Зошто еве оваа у пекинг ќе не претрка. Гледам дека таму функционира одбројување и сл. Би било интересни да има и на македонски. поздрав--Raso mk 15:53, 25 јуни 2008 (UTC)
Еј види го ова: Шаблон:Претседатели на МОК. Го направив и ставај го кај претседателите. позз--Raso mk 18:51, 25 јуни 2008 (UTC)

За олимписките статии

Ѕвезда за олимписки ентузијазам
Мала награда за потполнувањето на олимписките статии. Среди ги сите! Brainmachinewtf? 22:03, 8 јули 2008 (UTC)

Здраво

Ако треба помош за уредување на твојата корисничка страна, слободно повикај. Се најдобро и поздрав!--MacedonianBoy 23:47, 16 јули 2008 (UTC)

Не подигнувај веќе слики

Ќе те замолам да не подигнуваш повеќе слики на кои не им го знаеш изворот. За сите потреби за слики, побарај помош од некој поискусен уредувач. --Brainmachinewtf? 14:18, 18 јули 2008 (UTC)

Re:Молам за мал совет

Не може така, сликите кои се наоѓаат на интернет 90% се неслободни и не можеме да ги користиме, освен ако се незаменливи и можеме да ги користиме под праведна употреба. Малце е комплицирано. Секогаш првин барај слики во Заедничката ризница, таму се сите слободни, а ако не можеш да ја најдеш саканата слика, слободно контактирај ме и јас ќе ти ја средам. Може ли така? --Brainmachinewtf? 12:28, 20 јули 2008 (UTC)

Предлог

Добра ти е идејата со знамето, ама јас би ти предложил ако сакаш повлечи го знамето и наместо тоа стави го стадионот на отворањето на Олимпијадата. Мислам јака е сликата. Поздрав--MacedonianBoy 22:54, 31 јули 2008 (UTC)

Го видов проектот добар е ми се допаѓа а и порталот е супер. Нема проблем, би бил дел од проектот и би придонесувал на него (некои ситни промени бидејќи за статии имам премногу работа со проектот за јазици). Кога ќе имам идеја некоја за проектот или за порталот ќе стапиме пак во контакт. Поздрав и добра ти е идејата- знамето на порталот нека седи --MacedonianBoy 23:12, 31 јули 2008 (UTC)

:re

Во врска со знамето, па тоа е само обичното државно знаме кое е скриенео позади логото од вики. Каква слика сакаш, таква можеш и да ставиш. А како предлог да се става за државни празници мислем дека идејата е брилијантна. Позз--Raso mk 17:06, 4 август 2008 (UTC)

Тирренские языки

Буду благодарен за помощь в переводе статьи "Тирренские языки", взамен могу чем-нибудь помочь тоже. --Dmitri Lytov 11:34, 5 август 2008 (UTC)

ПОР:ОИ на ГС

Се снајде ли со врската на олимпискиот портал на главната страница? Бидејќи гледам дека има линк. Brainmachinewtf? 16:01, 7 август 2008 (UTC)

ВП:ВЕСТИ

Еј, јас одново ја напишав содржината на Википедија:ВикиПроект Вести‎, определувајќи дека целта ни е пишување на статии за важни актуелни настани, притоа нагласувајќи дека Википедија е енциклопедија, а не дневен весник. Мислам дека тоа треба да го истакнеме и да го имаме на ум при работата (на статиите кои ќе ги пишуваме да не им даваме поголемо значење во споредба со другите информации). Разгледај што направив, ќе сфатиш како ќе функционира целата работа. Сега уште да почнеме со работа и да видиме како ќе го осмислиме порталот. Поздрав, Brainmachinewtf? 02:18, 10 август 2008 (UTC)

Браво за порталите

Слушај, имаш талент за правење портали. Знаеш што, ќе треба да направиме листа на основни портали - на пр. општество, технологија, култура и нивни поважни поттеми и да ги направиме еден по еден за да имаме врски на главната страница до портали, а не до категории. Тоа ни е во иднина за сработување, а пред тоа имаме уште 1 куп други обврски. Средувањето на порталите ни е во истата категорија за лансирање на нова главна страница, исто како ВП:ВЕСТИ. Поздрав. Brainmachinewtf? 22:45, 12 август 2008 (UTC)

{{{1}}}
За методичност во работата околу креирањето на нови портали Доделил
--brest 07:38, 13 август 2008 (UTC)

A small assignment, 007

Имам 2 порачки за тебе: Портал:Општество и Портал:Наука. Плаќам во награди. Оди! Brainmachinewtf? 22:32, 14 август 2008 (UTC)

Great job, 007 за Портал:Наука и Портал:Општество. Еве ти едно колаче :) --М 00:45, 16 август 2008 (UTC)

Страници за разговор и архиви

Те молам не пишувај коментари/одговори во архивирани страници. Зборувам за оваа твоја измена на Разговор со корисник:Brainmachine/Архива 3. Секогаш одговарај само на сегашните страници, никогаш во архиви. Ете што пишува на врвот на страницата:

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Затоа внимавај во иднина. Инаку, за портал Наука содржината нека биде за сѐ, отприлика за Категорија:Наука. Ова нека ни бидат скроз општи портали. Поздрав и продолжи со добрата работа. А уште стои договорот, плаќам во награди. ;) --Brainmachinewtf? 16:05, 15 август 2008 (UTC)

Статии за митологијата

Здраво! Митологијата е доста интересна тема и навистина треба да имаме добри статии, и секако дека ќе се трудам да бидам што е можно поактивен. Сега на почеток ќе гледам да ја ставам инфокутијата за старогрчка митологија кај сите статии на таа тема, па и да ги надополнам оние кои се само никулци. Се надевам дека добро ќе соработуваме. Поздрав.Bloomwood 17:00, 16 август 2008 (UTC)

Sorry

Извини што те претркав но не знав, да знаев дека си сакал ќе ти оставев тебе. Ај за нареден јубилеј ти ќе направиш се надевам за 25 000. Поздрав НБРМ23:10, 22 август 2008 (UTC)

Мечување

Па колку што мене ми е познато, спортот се нарекува „мечувалство“, а самиот чин „мечување“ (сигурно не би било „мечувалење“:). Но бидејќи, мечувањето е глагол, а не поим (именка), соодветно е да се употреби „мечувалство“ кога се зборува за спортската дисциплина, а „мечување“ кога е било какво мечување (на пр. витешко). Впрочем клубовите во Македонија се нарекуваат „мечувалски“, а не „мечувачки“ токму од оваа причина. --Б. Јанкулоскиразговор 00:19, 3 септември 2008 (UTC)

За предлогот

Здраво Кирил. Ми се допаѓа вашата намера во врска со неотфрлањето на анонимните корисници. Тоа би било одлично. Boyan 13:24, 4 септември 2008 (UTC)

User page...

Hi, i don't know Macedonian. Can you help me? My page is true? I'm waiting to yuor help, Thanks... ZoRCoCuK 20:07, 5 септември 2008 (UTC)

Thanks for your help again, May it be easy!.. ZoRCoCuK 06:01, 6 септември 2008 (UTC)

:ре За Тибет и тибетански будизам

Извини што не ти одговорив веднаш ама еве сега вака. Тибет и целата историја заслужува да има портал на википедијава. Вики проект е потешко, бидејќи требаат повеќе уредувачи да работаат и само за таа тема да пишуваат статии. Ако можеш среди едно порталче, а јас ке се погрижам за некои географски статии и антропологија. позз--Raso mk 17:42, 7 септември 2008 (UTC)

Crnogorac 123

Hvala,ja cu da vam pomognem oko Crne Gore i njene istorije,svakako cu se drzat vasih pravila ! Pozdrav ! --Crnogorac 123 12:39, 13 септември 2008 (UTC)

еј здраво, убав терк си ми оставил, ама мислам дека тоа може да се употреби за некои други книги, преводи (ете таму има дел наслов на оригиналот и слично) поздрав 13. септември 2008 година, 14:41 GMT виолетова

Добредојде шаблони + ВП:ВЕСТИ

Здраво, Кирил. Те молам не заборавај да ги субституираш шаблоните за добредојде, ете вака: {{subst:добредојде2|Kiril Simeonovski}} и поставувај го тој шаблон само на корисници кои веќе дале придонес (оти има многу кои само онака се регистрираат). Оди во твојата листа на придонеси и субституирај ги оние шаблони кои си ги пропуштил. Нема потреба од потпис, шаблонот тоа го прави автоматски.

Исто така, јас ја направив последната ревизија на мојот предлог за редизајн на главната страница; сметам дека сега е добар момент да проработи ВП:ВЕСТИ — ајде да почнеме да пишуваме статии. --Brainmachinewtf? 15:49, 14 септември 2008 (UTC)

:)

Thanks brother. Само напред и ти! Поздрав НБРМ10:56, 16 септември 2008 (UTC)

Иницијатива

Иницијатива
         Здраво, Kiril Simeonovski/Архива 1!
Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

НБРМ18:38, 16 септември 2008 (UTC)

Re

епа супер, и јас почнав некои па ќе продолжам и понатака. Се надевам ќе успееме. Поздрав -- MacedonianBoy  Oui? 22:08, 16 септември 2008 (UTC)

И јас го делам истото мислење. Без иницијатива за правење на нови статии мислам поспоро ќе ни оди работава. Секоја нова идеја е добредојдена и се надевам дека ангажманот за достигнување на 20 000 ќе ни се исплати. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 17:37, 17 септември 2008 (UTC)