Прејди на содржината

Разговор со корисник:Kiril Simeonovski/Архива 13

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Одбивање за мк врска на ен.вики

[уреди извор]

Еве ги резултатите од проценката во врска со барањето да не има како интервики на главната страница на ен.вики. Мене не ми е јасно зошто резултативе се такви, но ете, сега и втор админ, по извршени мерења и пребројувања, категорично не одби и според тоа што можам да го видам, не гледам кога во догледно време би фигурирале на главната на ен.вики. Ајде да го разгледаме проблемов таму и да видиме што да се прави. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:23, 19 април 2010 (UTC)

  • Патем, Милош штотуку ме извести дека истиот тест се направи за ен.вики дава уште полоши резултати. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:05, 19 април 2010 (UTC)
Сепак, да бидеме реални, гледам вина и во самите нас. Очигледно е дека малце претеравме со статии за години, кои ги оставивме празни. Мислам дека ако малце поработиме на овие статии и ги пополниме со соодветна содржина, би можеле истите да ги претвориме и во статии со средна големина. Најверојатно тоа е нештото што ја зацврстува нивната одлука да не нè додадат. Инаку, јасно е дека Википедија ан англиски ни најмалку не е тоа што се посочува дека е и што бројките навистина го зборуваат. Ни најмалку не може да се мери со Википедија на германски, француски, руски или шпански, но сепак не сме толку моќни тоа да го докажеме, особено на корисници, кои се матични уредувачи на ова јазично издание. Предлагам малце да поработиме на подобрување на овие статии, па после одредено време да се вратиме со барањето. Не знам дали корисникот Crnorizec е активен на некој проект. Тој би можел да ни помогне околу ова.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:14, 19 април 2010 (UTC)
:((

Bllagodaram za vasheto kullturno ponashanje!--Rizvan (разговор) 19:20, 19 април 2010 (UTC)

  • Zdravo Kiril,jas mislev deka se razbravme za podatotekata Trendafili.jpg.

ama sea ja nemat dali je izbrisheno neznam shoe rabotava.Pozdrav--Rizvan (разговор) 20:25, 24 април 2010 (UTC)

  • Primi pozdrav kiril i dave prasham al e dozvoleno zemanje na slikata od Turska kujna ? --Rizvan (разговор) 15:04, 26 април 2010 (UTC)
Сè што е ставено во статијата е слободно за употреба. Слободно земи си.--Никола Стоіаноски 15:16, 26 април 2010 (UTC)

Те копирав... :))

[уреди извор]

Здраво Кирил. Сакам да ти кажам оти те ископирав кај Корисник:Stefanovska за насловот Добредојде. Мислам нема ништо страшно, оти се е напишано прегледно и по ред. Поздрав--Тиверополник (разговор) 15:01, 22 април 2010 (UTC)

Нема проблем. Напротив, подобро е кога повеќе луѓе го прават тоа. Позз.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 18:10, 22 април 2010 (UTC)

Здраво Кирил. Без да приложи барем некакво образложение, колегата Рашо упорно продолжува да брише цели реченици во статијата за МПЦ, поткрепени со извори од видни македонски публицисти. Кое Која е твојата оценка на ова како администратор?--Relativefrequency (разговор) 17:53, 23 април 2010 (UTC)

Статијата ќе биде заштитена со Вашите уредувања. Најверојатно, корисникот Raso mk ги отстранува Вашите уредувања, потврдени со извори, бидејќи додаавњето на истите не е предложено на страницата за разговор. Со оглед на тоа дека тој го оспорува додавањето на оваа содржина, мислам дека е добро истото да биде прокоментирано на страницата за разговор, па да ги чуеме и мислењата на другите корисници. Јас статијата ќе ја заштитам, сè додека не се најде заедничко решение на страницата за разговор. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:24, 23 април 2010 (UTC)
Во ред. Поздрав.--Relativefrequency (разговор) 18:27, 23 април 2010 (UTC)

Страницата е заштитена за само еден ден, но доколку има потреба истата ќе биде продолжена.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:29, 23 април 2010 (UTC)


Кирил ти се молам. Ајде детално разгледај ги речениците кои ги бришам. Глупост до глупост.
Прва глупост - сликата: Намерна провокација со ѕвездата од Кутлеш. Наместо статијата да изобилува со слики од македонскте цркви и манастири, корисникот намерно става слика од македонскиот симбол во контекст на исмејување. (Официјална бугарашка позиција е дека т.н. македонски владици фураа антиквизација, односно ставаат икони и симболи на многубожци.)
Втора глупост - речениците: Рекол некој атеист нешто. Го пласирал тоа некој дневник или блог, и сега излага дека официјално сите и се смеат на МПЦ дека се залагала за единство на Македонија и македонците. Па која црква не го подржува својот народ.
Трета глупост - македонштина: Какви глупости се тоа дека МПЦ подржувала теории на античко потекло. Кои се тоа теории, а кои се факти???? Демек ГПЦ и БПЦ се светци. Едните црквата ја направија постара и од христијанството, а другите бесат коњски опашки по храмовите (демек тие се христијански, а имаат потекло од некрстени азиски степи)
Резиме...Врати ја статијата на мојата верзија, за да не се отвораат беспотребни дискусии. А во догледно време јас ке ја средам статијата. поздрав--Р ашо 18:32, 23 април 2010 (UTC)
Ги проверив наведените извори и јавува по 4 резултати на прелистувачот на Google, од кои само еден е со содржина која е наведена како извор, но за жал не може да се прочита од нерегистрирани корисници на мрежното место. Мислам дека ваквите извори не може да се сметаат за достојни, па содржината на статијата ќе биде вратена на верзијата на корисникот Raso mk. Жалам, но изворите не се доволно цврсти, па поради тоа мислам дека нема да има потреба од заштита на страницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:41, 23 април 2010 (UTC)
Апсолутно Рашо е во право. Право тролување на корисник кој веќе беше блокиран за тролување. Нема никаква врска со статијата. Колку што јас сум информиран и бугарските попови се гордеат со татарските Аспарух и Крум па сега да лупаме глупости? Намерна и недолична провокација.--Никола Стоіаноски 18:37, 23 април 2010 (UTC)
Дури и на другите википедии каде што бугарската пропаганда е поизразена, не се дозволуваат вакви испади како тука.--Р ашо 18:43, 23 април 2010 (UTC)

Корисникот побара од мене техничка подршка како администратор, па според правилата статијата мораше да биде заштитена, но по проверката на цитираните извори и на вашата подршка мислам дека не се прифаќа таа содржина и поради тоа беше отстранета заштитата и беше вратена содржината. Заштитата беше само изнудено користење на алатката и не е поврзано со никакво согласување во поглед на содржината. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:46, 23 април 2010 (UTC)

Јас не знам како се осудува да повикува на дискусија со маргинализирани мислења на колумнисти. Тие не се општи мислења и заклучоци на македонската јавност, туку поединци или терцијални извори и не се прифатливи за Википедија. Истото важи и за сликата. Понатака ова ако продолжи ќе мора да се реагира соодветно.--Никола Стоіаноски 18:48, 23 април 2010 (UTC)
Плус почнал со ширење на хипотезите и на други Википедии што ја потврдува теоријата за протуркување на ПОВ.--Никола Стоіаноски 18:50, 23 април 2010 (UTC)
Имаме право како администратори да се договориме што ќе правиме со овој корисник. Ако неговото однесување се утврди како закана за содржините и другите корисници, корисникот може да биде блокиран. Забележав дека два пати претходно бил блокиран. Првиот пат, со траење од еден ден, а вториот со траење од три месеци. Жал ми е, но третиот пат најверојатно ќе биде и последен.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:01, 23 април 2010 (UTC)
Да.--Никола Стоіаноски 19:05, 23 април 2010 (UTC)

За ова може да добие и блок за уредување на сите Википедии каде е зачленет овој корисник, за крoс-Вики пропагандирање. 89.205.16.173 (разговор) 19:16, 23 април 2010 (UTC) -- Бојан имаш за кажување? 19:17, 23 април 2010 (UTC)

Кирил, вети дека ќе се дискутира по темата за да се најде заедничко решение и јас верував на твојот џентлементски гест. Но, гледам овде се наредиле Пилат до Пилат и банираат ли банираат без да се даде можност за дискусија и второ мислење. Абе колеги, дај оладете малку. :-)--Relativefrequency (разговор) 19:38, 23 април 2010 (UTC).
Господине Релатив (баеѓи си постар од мене) не сме колеги, немам завршено електро или што беше не знам. Мислењето многу пати ви е прифатено тука но со тој текст ја претеравте и нема никаква енциклопедиска и академска тежина. За тоа на Википедија не се разговара, тоа е fringe theory. --Никола Стоіаноски 19:42, 23 април 2010 (UTC)

Алатки

[уреди извор]

Јас ги имам активирано додатоците кои се активираат во нагодувањето на корисничката сметак па така кај корисник се појавува user и ако кликнеш на него има листа со сите алатки и функции за и кон тој корисник. Избриши фукнционира на сличен начин.--Никола Стоіаноски 19:05, 23 април 2010 (UTC)

Проверка

[уреди извор]

Би те замолил да ги проверуваш сите статии на кои ќе налеташ, а при тоа да не е. Само стисни на копчето под статијата. Поздрав--Никола Стоіаноски 18:58, 24 април 2010 (UTC)

Кирил пак ќе те замолам кога уредуваш и кога ќе видиш статија која не е проверена провери ја, да не одам по тебе. Поздрав --Никола Стоіаноски 20:32, 25 април 2010 (UTC)

Турска кујна

[уреди извор]

Дали некој ја среди статијата за турска кујан? Таа полна со информации но ќе се потрудам околу средувањето, барем колку можам. Поз--Никола Стоіаноски 14:45, 26 април 2010 (UTC)

Бришење...

[уреди извор]

Здраво Кирил, имам едно прашање. Кога на пребарај пишувам Царство Бугарија ми излева поднаслов од статијата за Бугарија. Како да се избрише ова за да се создаде посебна статија. Поздрав--Тиверополник (разговор) 17:58, 15 мај 2010 (UTC)

Прашање за превод

[уреди извор]

Здраво Кирил. Те нема во последно време, се изгуби. Сакав да те прашам за еден руски превод. Се работи за списанието Вардар од Крсте Петков Мисирков. Првиот дел од списанието е двојазично, на македонски и руски, но јас не сум сигурен дали е сто посто ист рускиот текст со македонскиот. На следната надворешна врска (влези и однери секција дела па потоа списание Вардар) можеш да го спуштиш текстот на списанието во оригинал и во почетокот има текст со наслов Од наредилницана, а потоа следи рускиот. Дали ќе можеш да го прочиташ рускиот и да видиш дали е ист со македонскиот? Се разбира ако можеш и имаш време. Поздрав --Никола Стоіаноски 19:36, 19 мај 2010 (UTC)

Последните две недели имам други обврски, па се трудам најмногу околу избраните статии, но веќе од средината на идната недела ќе бидам многу поактивен, бидејќи има статии за години кои треба да се средуваат. Инаку, за текстот ако мислиш дали е истиот со овој на Викиизвор, тогаш одговорот е потврден. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:38, 19 мај 2010 (UTC)
Супер, значи ми останува само да го препишам на руски, ако ми успее. Се надевам се гледаме почесто на Вики. Поз--Никола Стоіаноски 22:02, 19 мај 2010 (UTC)

Востанието на Скендербег

[уреди извор]

Здраво Кирил, ја барав статијата на англиската википедија, но неможев да ја најдам и мислам дека не постои. За категоризацијата не е проблем. Ќе пробам да најдам на некоја друга википедија. Поздрав--Тиверополник (разговор) 20:57, 22 мај 2010 (UTC)

Кирил, во секој случај статијата не си ја пишувал од википедија нели??--Тиверополник (разговор) 21:51, 22 мај 2010 (UTC)
Ха, не проверив, одамна било, да. Ок, тогаш само ќе ја категоризирам. Неможам да најдам скоро ништо на википедиите од другите изданија. повторно ќе барам. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:04, 22 мај 2010 (UTC)

Кирил, доколку дозволиш, за да не биде осамена статијата би можел да ја преместам како Лиешка лига. Сепак предлогот можеби не ми е добар--Тиверополник (разговор) 22:26, 22 мај 2010 (UTC)

Избрани статии

[уреди извор]

Здраво Кирил. Имам една идеја која сакав со тебе да ја споделам зошто само мислам јас и ти се грижиме за избраната содржина. Имено, сакав да се активира таа инцијатива за менување на критериуми за избрана статија, одземање на избрана статија и правила кој може да гласа. Покрај промените за кои ќе се согласиме како заедница, што мислиш за мојов предлог: избрана статија да не е помала од 50 или 60 килобајти и секоја статија, без разлика дали е избрана или не, која е поголема од 50 килобајти да е заштитена од анонимни? Првото, ни дава можност да не се избираат кратки статии, додека второто секоја голема и средена статија би била заштитена од вандализам бидејќи сепак се вложил труд во неа. Ова второво супер функционира на ен Вики, а првото мислам е секако критериум за ен Вики. Според мене, многу добри новини. Поз--Никола Стоіаноски 23:09, 22 мај 2010 (UTC)

Ова е добро. Ми се допаѓаат предлозите. Особено тоа со заштитата на избраните статии од уредувања на анонимни корисници. Исто така, добро е ова да го прошириме и со статиите за живи личности, кои е добро да бидат исто така заштитени, за да не дојде до проблематични настани како што беше вандализмот на статијата на претседателот. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:26, 22 мај 2010 (UTC)
Да и тоа ми се допаѓа, заштитување на биографии. Ова е лесна работа, само треба да се известат и останатите корисници за придобивките од овие новини. поз--Никола Стоіаноски 09:10, 23 мај 2010 (UTC)

Hallo Kiril, heißt синоќа "gestern abend" oder "in der vergangenen Nacht" (wegen Todesdatum)?
Im Artikel steht noch "Derzeit (2008) ist er mazedonischer Botschafter in Russland." War er das bis zuletzt, oder hat er die Tätigkeit vor seinem Tod beendet?
Danke, Gruß, Aspiriniks (разговор) 12:46, 23 мај 2010 (UTC)

Danke! Heißt der erste Botschafter: seit 1992? Falls Du noch irgendwo genaaue Jahreszeiten findest, kannst Du sie ja noch eintragen. Danke, Gruß, Aspiriniks (разговор) 14:12, 23 мај 2010 (UTC)
Jedenfalls, werde ich sie im Arikel eintragen. Gruß.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:19, 23 мај 2010 (UTC)

Гласање

[уреди извор]

Мојот став е Македонија - Македонија сите статии да водат кон Република Македонија--Еден Македонец ? (разговор) 15:41, 26 мај 2010 (CEST)[одговори]

Хепи брдеј

[уреди извор]

Среќен роденден. Поз--Никола Стоіаноски 10:47, 13 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:14, 13 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Види како котираме, Поз--Никола Стоіаноски 16:56, 23 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Википедија на влашки содржи над 30.000 празни статии, а Википедија на грузиски исто така има послаби содржини од нашите. Добро би било да започнеме да ги пополнуваме статиите за години. Јас нешто започнав да правам акко предлог, но сè уште не е нешто конкретно. Имаше идеја од страна на Brest да се бришат статии, па затоа би било добро да ги пополниме. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:02, 23 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Па јас реков да ги завршам статиите за знамиња и грбови за да добиеме на квантитет малце, но и пополнувањето е добра идеја. Јас едно време пополнував статии за години, ставав настани па пак ќе продолжам со тоа. --Никола Стоіаноски 17:07, 23 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Треба да се договориме и да направиме добар план по кој ќе се водиме при уредувањето. Напорна е работата, па потребно е да најдеме начин полесно и побрзо да ги пополниме.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:36, 23 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Да треба да се организираме, но сепак за пополнување на тие листи ни требаат корисници. Не знам зошто ама никој не е заинтересиран за тоа. Ќе биде се надевам ... барем да се почне. Инаку јас одев од страна по страна и каде што ќе начекав година или датум во статијата, информацијата ја префрлав во статијата да датумот или годината. Ефикасно е, но поспоро оди. --Никола Стоіаноски 19:51, 23 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Искрено јас сум заинтересиран за таа работа, деновиве ќе ги завршам окрузите на Унгарија и нивните главни градовии (иако не се многу обемни како статии, ги содржат основните информации, сепак ќе придонесам за зголемување на бројот на статиите) па после можам и јас еве да помогнам за годините, ви стојам на располагање. А може ли да ми објасните што е причината што македонската википедија ја нема главната страница на англиската? Едно време ја имаше... Поздрав =) ! Tомица1111 (разговор) 21:15, 23 јуни 2010 (CEST)1111tomica[одговори]

Избрана статија

[уреди извор]

?!iNkubusse A? 04:00, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]

P.S.iNkubusse A? 04:03, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
--Brainmachine (разговор) 04:10, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Статијата доби еден глас, што според последните усвоени измени е доволно, па поради тоа што немаше друга необјавена избрана статија, морав да ја објавам истата. Знам дека е катстрофа, но немам време како пред неколку недели постојано да ги надгледувам и средувам статиите. Затоа и повикав на помош од другите. Од друга страна, откако ги усвоивме измените, помислив дека многу полесно ќе оди целата работа, но забележливо е дека нема никаков ефект. Последно нешто што сега може да направиме е да го смениме начинот на објкавување на статиит на главната страница, односно да може повторно да ставаме веќе избрани статии. Со тоа мислам дека нема да има притисок дека за една недела мора да има нова избрана статија и јасно ќе се подобри квалитетот на избраните статии. Мора конечно да започнеме и со одземање на статусот на избрани статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:51, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Кирил, некои од условите едноставно не чинат. Прочитај го пак делот што го напишал Brainmachine за нашиот начин на гласање. Не се решаваат работите на Википедија со *гласање*. Тоа значи дека ако предложам ѓубре страница и некој заебант гласа за неа, а другите не ја ни приметат, таа страница станува избрана. Или ако предложам ѓубре статија и 15 корисници гласаат „за“ без аргументи, а 5 гласат „против“ со одлични непобивливи аргументи, пак ќе стане избрана. Тоа не е дефиниција за консензус. Ова е консензус, и кажува дека сме се договориле статијата да не биде избрана за сега. Инаку не се согласувам дека нема други страници што можеме да ги ставиме на главна. Имено, има. —iNkubusse A? 19:28, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
И јас го подржувам тој став дека работите треба да се решаваат со дискусија, а не со гласање. Само најмногу ме загрижува што има дискусија, постојано нешто се критикува, а дури има и најави за средување на статиите и никој ништо не прави. Сега за сгеа, статиите ги избираме со гласање со просто мнозинство. Ако, барем еден од коментарите кои беа наведени беше глас „против“ статијата немаше да биде избрана. Мене исто така не ми се допаѓа тоа што постојано нешто се усвојува со „ЗА“, „ЗА“, „ЗА“,...,„ЗА“, без и да се прочита содржината на предлогот. Ако има некои други статии коишто би можеле да бидат избрани, нека ги предложи некој. Не е мој начинот на избор на статии и не царувам со нивното објавување, туку само технички ја извршувам работата. Во последно време имам премалку време да се посветам целосно на средување на кандидати за избрани статии, па побарав помош од други ккорисници. Би можеле да промениме некои работи:
  1. конечно да воведеме одземање на статусот на некои статии (за ова веќе имаме разговарано и предлогот е усвоен);
  2. повеќе да не објавуваме нови избрани статии, туку да ги распоредиме оние коишто се избрани и да ги објавуваме по некоја симболика на различни датуми.
Последното одлично функционира на Википедија на српски јазик. Нема потреба да се брза и вештачки да се зголемува бројот на избрани статии, ако временскиот период е прекраток за да се подготви статија со таков квалитет. Од друга страна, Википедија на хрватски страда со истиот проблем како и ние. Избрана статија секоја недела со недоволен квалитет. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:00, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Можеби треба да го зголемиме периодот на ставање нова статија на Главна? Пример две недели или нешто така?
Инаку, за Личен сметач ти замерувам што ја стави на главна бидејќи се договоривме да не ја ставаме. Знам дека имаше еден глас „за“, ама беше прилично неважечки, зашто очигледно гласачот воопшто не ја прочитал дискусијата, туку само мојот коментар во Воздржани. А кога веќе си бил решен да ја ставиш на главна, си можел барем да го пишеш тоа некаде. Јас мислев дека дискусијата за таа статија е завршена (бидејќи се договоривме и завршивме со неа), инаку ќе гласав против (и да знаев дека 1:0 во гласови значи ставање на Главна). —iNkubusse A? 21:29, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Како што реков. Само технички ја извршувам работата. Досега гласањето беше единствен прифатен критериум за избор на избрани статии. Се надевам дека отсега па во иднина нема да биде така. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:30, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Одговарај тука, ја следам страницата (во секој случај, на едно место нека тече разговорот). Реков „периодот на ставање нова статија на Главна“ баш заради тоа; не зборев за „избрани статии“ како „квалитетни статии“. Значи, статијата што е на Главна да се менува на малку повеќе од недела дена, зашто не произведуваме многу квалитетни статии. Инаку дефинитивно треба да имаме една категорија со одлични статии (и добри) и од таму да бираме за на Главна. Дефинитивно. —iNkubusse A? 22:57, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Одлично. Мислам фиксен период не е баш најсоодветно решение, туку подобро би било да се ориентираме по датуми (историски настани, датуми на раѓање или смрт, тековни настани итн.), а доколку нема во блиска иднина некоја симболика со некоја избрана статија, тогаш да објавиме некоја квалитетна статија за подолг временски период (една или две недели). Со ова временскиот период нема никакво влијание. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:05, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Ок, ама не знам дали ќе имаме добра статија дури и кога би имало симболика. :) Мислам, ако на пример му е роденден на Исак Њутн, не можеме само да опнеме статија за Исак Њутн ако е за никаде статијата. —iNkubusse A? 23:43, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Па симболиката ќе ја бараме во избраните статии. Ако нема, ќе ставаме некоја друга избрана статија.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:48, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Епа ај да почнеме да го правиме тој систем. —iNkubusse A? 23:57, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Кирил, внимавај кога архивираш, секогаш оставај ги дискусиите кои се уште свежи, како оваа. Јас, инаку, завршив со Википедија:Рецензија и сега сме целосно подготвени (порано не бевме) за номинирање, дискутирање и архивирање на рецензии. Имате ли некои идеи како ова да го вклопиме во „системот“? За сега дали може да се согласиме со следново: нерецензирани статии да не можат да се предложат за избрани? --Brainmachine (разговор) 23:31, 30 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Не знам зошто ти претставува проблем да отвориш ново заглавје без претходна содржина? Претходните разговори не треба да имаат врска со новите, па мислам дека ни естетски нема потреба. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:49, 30 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Мислам дека Brainmachine се надоврзуваше на претходниот разговор. Инаку, Кирил, види Помош:Архивирање на страница за разговор#Кутија за архиви. ;) —iNkubusse A? 01:27, 1 јули 2010 (CEST)[одговори]
Мислам дека разговорот за избраните статии беше завршен, бидејќи скоро еден ден никој ништо не одговори. Инаку по мој вкус подобро е архивите да бидат без кутија.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 11:58, 1 јули 2010 (CEST)[одговори]
P.S.Не знам која му беше идејата на Brainmachine, но мислам дека е глупаво да зборуваме за тоа како се архивираат страници. Празна страницата за разговор не ја оставам по секое архивирање, туку овој пат не сакав уште веднаш страницата да биде преоптоварена со обемниот разговор околу избраните статии. Обично архивирам кога страницата ќе биде повеќе од 100KB. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:05, 1 јули 2010 (CEST)[одговори]
Абе никој не те нападна :), твое си е како ќе одлучиш (како што и пишува во упатството), ама има некои општоприфатени смерници за архивирање. За начинот, шаблонот и слично апсолутно сеедно е, ама обично се остава последниот разговор на главната страница. Ако е сигурно завршен, пак е на тебе како ќе одлучиш, ама ако има било какви шанси да не е сигурно завршен, се смета непријатно да се отстранува и тој разговор. Само упатства. :)
Инаку, причината што ти пишувам сега: зошто твоите уредувања не се означуваат како автоматски прегледани, иако си автопатролер? —iNkubusse A? 19:22, 1 јули 2010 (CEST)[одговори]
Сега го забележав тоа. Најверојатно станува збор за некој повремен проблем, кој би требало да се реши наскоро. Ти ја јавува ли можноста за проверка на моите уредувања и ти ја јавува ли алатката да претвориш обичен корисник во автопатролер? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:43, 1 јули 2010 (CEST)[одговори]
Не е никаков проблем бидејќи ако статијата претходно воопшто не е проверена, а Кирил ја уредил и не кликнал најдолу тогаш и неговото уредување е непратролирано. За разлика од тоа, ако статијата била претходно барем еднаш проверена, да речеме од мене, и Кирил ако иредил тогаш неговото уредување е патролирано. Поз--Никола Стоіаноски 19:50, 1 јули 2010 (CEST)[одговори]
Ахааа, стварно е така, сега проверив. Фала, Никола. :) Мислам дека немаше ова да го откријам барем уште некоја недела. И мислам дека е паметно што така го направиле. Да се знае кога некоја статија ни еднаш не била „официјално проверена“. —iNkubusse A? 11:50, 2 јули 2010 (CEST)[одговори]
Па ти кажав кога го замолуваше Бојан, така мислам. Поз--Никола Стоіаноски 12:49, 2 јули 2010 (CEST)[одговори]

Албанска википедија

[уреди извор]

Повторно има проблем со „пријателчињата“ од албанската википедија. Како што видов повторно ја преименуваат секоја статија поврзана со Македонија и на нашата држава повторно ја нарекуваат ФИРОМ. Инаку јазикот исто така уште е славо-македонски, што значи дека нивната википедија е една бледа копија на грчката би рекол xD. Како и да е мора да превземеме нешто, затоа што вака повеќе не оди. Ако вака продолжат, Косово на МК вики ќе биде само регион! Поздрав Tомица1111 (разговор) 12:23, 6 јули 2010 (CEST)1111tomicaTомица1111 (разговор) 12:23, 6 јули 2010 (CEST)[одговори]

Корисникот кој постојано ги прави измените е Irvi Hyka. Добро е да побараме од него детално објаснување. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:24, 6 јули 2010 (CEST)[одговори]

Црвена

[уреди извор]

Да, ама барем некој ја чита. За разлика од црната. —iNkubusse A? 14:31, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]

Тоа дали некој ја чита е друго прашање, коешто мислам дека сега не може да се одговори. Светло-црвената боја воопшто не се читаше. Можеби посоодветно е да биде темно црвена, што привлекува внимание и може да се чита. И исто така подобро е да биде текстот задебелен, наместо закосен. Закосениот дополнително го отежнува читањето.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:54, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]

Веќе ако настојуваш забелешката да биде во црвена боја, тогаш најсоодветно е да биде со задебелени букви. Така мислам дека подобро ќе се чита.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:59, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]

Не настојувам ништо и причините во тој шаблон треба да си бидат со обични црни букви. Тоа таму го пишав со црвени зашто статијата е многу спорна. Чиста промоција е, ама ај, нејќев да бидам нападен. Се надевав некој друг администратор ќе има поцврсти ставови и одлуки. —iNkubusse A? 20:25, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]
Не се замарај со ситници.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 13:30, 10 јули 2010 (CEST)[одговори]

Готово

[уреди извор]

ВП:РИС и {{рис}}. --Brainmachine (разговор) 17:21, 9 јули 2010 (CEST)[одговори]

Одлично.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:31, 10 јули 2010 (CEST)[одговори]

Избрани статии

[уреди извор]

Здраво Кирил. Имам една идеја за побрзо избирање статии и тоа е следново: да рецензираме статии кои се во оваа листа и нив ќе ги избираме (јас веќе го практикувам тоа - рецензирам и предлагам). Нови статии кои се прават нека се проверуваат и нека им се става шаблон добра статија и нив ќе ги гласаме за избрана откако ќе го испразниме списокот со стари статии од инкубаторот. Да го потрошиме веќе еднаш него. Би те замолил, бидејќи следната недела не сум дома, ако можеш да провериш големи статии за правописни грешки од списокот кој ти го посочив погоре и да ги предложиш за гласање. Имаме избрани за до 8 август. Значи ако можеш провери колку можеш статии за правописни грешки од тој список (големи статии) и стави ги за гласање и јас така правам. Поз--Никола Стоіаноски 15:52, 27 јули 2010 (CEST)[одговори]

Јас мака мачам со избрани статии за порталите. Планирам да средам статии за до нова година, па после ќе седнам ќе средувам. Ако има нешто од овие статии, секако дека ќе се предложи за избрана статија. Инаку и јас планирав да започнеме вакво нешто. Добро би било кога ќе дојдеме до бројка над 200 избрани статии (некои од старите ќе бидат ревидирани и повеќе нема да бидат избрани, па овие не ги вклучувам), по што би можеле да работиме на принципот на објавување на статии кои веќе биле објавени или кои имаат врска со датумот. Впрочем, така функционираат сите останати.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:00, 27 јули 2010 (CEST)[одговори]

Шаблон:Илинденско востание

[уреди извор]

Го видов... Многу е добар... Сите важни работи се таму... Браво... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 16:04, 27 јули 2010 (CEST)[одговори]

имам уште малку да ја допишам статијата за Илинденско востание... од таму може да сечеме и да префрламе во шаблонот... поздрдав--Еден Македонец ? (разговор) 16:08, 27 јули 2010 (CEST)[одговори]

Категории/интервики

[уреди извор]

Кирил ако видиш некатегоризирани статии/статии без интервики (како оваа) од нови корисници, не заборавај да ги средиш на лице место, а ако имаш време и да му покажеш на корисникот како тоа се прави. --Brainmachine (разговор) 17:07, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]

Што е работава, што направив? -- Бојан имаш за кажување? 17:22, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]

Извини, случајно беше. По грешка имам кликнато на функцијата „врати“.:) Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:27, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]

Вики средба

[уреди извор]

Би сакал да присуствувам ама нема да бидам во Скопје... благодарам за поканат... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 23:10, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]

Подобар почетен курс

[уреди извор]

Ќе го биде ли ова: Википедија:Почетен курс (Уредување)? --Brainmachine (разговор) 09:53, 8 август 2010 (CEST)[одговори]

ПС: Мислам дека стариот ВП:Вовед за ништо не служеше. Тој беше само збирка од врски (истиот е на еден куп јазични изданија). Си зедов слобода и целосно го променив за да биде поинформативен и да го покани читателот да учествува (вовед 1, вовед 2, вовед 3). --Brainmachine (разговор) 09:58, 8 август 2010 (CEST)[одговори]