Википедија:Селска чешма (Идеи)/Архива 5

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 5

Одделување на многу статии од главниот именски простор[уреди извор]

Со корисникот Виолетова забележавме многу нелогични работи на оваа Википедија:

  • Друг пример се статиите од типот на Кратенки во компјутерската терминологија/G - статија која нема никаква енциклопедиска содржина. Тоа е само листа со кратенки за кои постојат и статии. Па така, наместо да правиме статија за сите статии за кратенки кои почнуваат на G (ова лево само должината на ова покажува колку е нелогично), сите статии за кратенки ќе ги категоризираме во Категорија:Кратенки во компјутерската терминологија (која веќе постои) каде што автоматски се сортираат според почетната буква, па нема потреба од посебни статии (41 на број). Пример GNOME ќе биде во категоријата компјутерски кратенки каде што автоматски си се категоризира под буква Г, нема потреба од вакви лажни статии.
  • И како последно, а и најважно, со корисникот Виолетова забележавме (јас и од порано сум прашал но никому не му било гајле) постоење на статии 6 јануари (родени), 6 јануари (починале), 6 јануари (настани), 6 јануари (празници), или поточно 366 x 4 = 1464 лажни статии кои се направени со цел да изгледа дека имаме којзнае колку статии на Википедија. Јас кога прашав зошто се направени тие статии ми рече некој (не се сеќавам кој): „некогаш во иднина ќе се наполнат толку многу статиите од типот на 6 јануари, што ќе треба да ги поделиме на делчиња“. Е сега логиката која е тука? Англофоната википедија со скоро 2.000.000 статии нема проблем со преполнување на статиите за датумите, а камоли ние. Зошто? Епа бидејќи ги пишуваат само поважните работи во тие статии, има избрани само 30-40 луѓе кои се родиле, не може да ги напишеме фудбалерите од трета лига исток во Кина за кои има статија во секцијата „родени“. Така, јас предлагам:
    • Или да се вратат статиите како што беа (не ни знам кога ги променале) со тоа што ќе се внесуваат максимум 30-40 (а и помалку) вноса во секој дел - родени, починале, настани, празници (за празници и онака повеќе од 5 не верувам дека можеме да внесиме) и ќе се избришат тие 1464 лажни статии кои се и непотребни (очигледно), што сметам и дека е најдобро решение.
    • Или кога веќе сметате дека треба да постојат, може да се преместат вака: статијата 6 јануари (родени) да се премести како Предлошка:6 јануари/родени (и така за сите датуми и сите потстраници), и во статиите наместо досегашните трансклузии до 6 јануари (родени) (и починати, настани, празници) да се трансклудира шаблонот:6 јануари/родени. Сфаќам дека ова последното е многу сложено, но ни постоењето на одделни статии не е помалку сложено. Впрочем, тоа е сосема исто (пак се пишува на едно место па се трансклудира во друга статија), само што се добиваат и 1464 статии кои очигледно нема потреба да постојат, а вака на начинот кој го велам јас нема да се бројат како посебни статии (бидејќи реално, тоа и не се посебни статии, туку дел од главната за датумот).

Ме интересираат вашите мислења, навистина нема смисла сам да го правам сево ова, но факт е дека нешто мора да се преземе (не може статии кои не треба да постојат и кои се дел од друга поголема статија да се бројат како посебни статии). Инаку, истиот проблем го имавме со избраните статии (до пред некое време) кои се архивираа на ист начин како сите овие, па можеше да се случи во случајна статија да ви излезе секција од некоја избрана статија (оној извадокот што оди на главна страна), коешто се броеше и како засебна статија. -{админинстратор}- гитардемон 10:59, 26 мај 2009 (UTC)

Добро се сеќавам на таа расправа, во која покрај Гитардемон и Брест бев вклучен и јас(Разговор со корисник:Brest/Архива/2008/декември/31#За 20те илјади статии). Гледам дека, Гитардемон го разработил проблемот и навел и други нелогични работи. Се согласувам дека не е добро да има статии, кои всушност претставуваат листи на поими на некоја буква. Тоа е наведено во првите две точки и мислам дека мора да се смени. Но, сепак не се согласувам дека тоа е добро да се направи во именскиот простор портали, туку мислам дека најсоодветно би било тоа да се реши преку создавање на категории. А, за повеќекратните статии за денови во годината, уште во горенаведената дискусија од 21 ноември 2008, јас се согласив со Брест, дека сепак тоа се статии, кои не може да се преместуваат во друг именски простор, но исто така предкложив дека според мене најсоодветно решение би било кога би имало посебни категории.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:17, 26 мај 2009 (UTC)
Работата е што тие статиите за композиторите беа поврзани само со порталот за музика и ништо друго, а пак тие за информатика со ништо освен една главна статија Кратенки во компјутерската терминологија која не е поврзана со ништо. Затоа јас и ги префрлив во порталот тие со композиторите, а за ова другото не знам што ќе се прави. Што се однесува до третата точка за датумите, факт е дека нема смисла да имаме 1500 статии за нешто многу логично е да е дел од друга статија. Ниедна друга Википедија нема ваков систем, па по тоа се водам дека не е добра идеја. Можеби ги сметате за статии, но факт е дека не се. Ако ги вметнуваме само позначајните настани статиите за датумите никогаш нема да се преполнат па да мора да создаваме нови потстраници (кои се бројат како страници). А како што кажавме и тогаш, 6 јануари/родени сепак се брои како статија па затоа мора да се префрли во друг именски простор. За да остане како што е сепак сум против! Првите две точки се вкупно само 100-200 статии, но третата точка опфаќа 1500 статии, затоа мора да се реши. Знам дека на некои статистиката им е навистина важна, но ајде нема смисла ова да го правиме. По таа логика треба и за годините да направиме 2000 (родени), 2000 (починале), 2000 (настани) итн, кое секако нема смисла. -{админинстратор}- гитардемон 16:20, 26 мај 2009 (UTC)
Јас немам идеја како да се средат тие Кратенки во компјутерската терминологија, ама оние посебни статии за деновите (настани, родени...) навистина се непотребни. Поздрав -- Виолетова (разговор) 16:43, 26 мај 2009 (UTC)
Мој предлог за решение: Сите статии за компјутерски поими и композитори по буква да се преместат во една статија и да се избришат, а родените и умрените да се избришат без преместување зошто истиот материјал го има во статијата за денот. --MacedonianBoy 17:15, 26 мај 2009 (UTC)
Статиите за компјутерски кратенски се избришани и постои само една статија (Кратенки во компјутерската терминологија) и само една истоимена категорија. Ова е готово. Останаа родените/умрените и композиторите.--MacedonianBoy 17:33, 26 мај 2009 (UTC)
Не ги бриши тие за датумите, бидејќи треба да пуштиме бот да ги суреди. Впрочем секоја статија за датумот се состои од трансклузии од потстатиите. Да бидам појасен, 1 јануари се состои од 4 секции кои се трансклузија од статиите 1 јануари (родени), 1 јануари (починале), 1 јануари (настани) и 1 јануари (празници). Па така не се состојат веќе во статиите туку ако ја избришеш 1 јануари (родени) тогаш ќе се изгуби и во статијата. Тие статии за датумите сите сакаат преуредување. Што е тоа 1-иот ден од годината? 1-иот е некој чуден начин за кратење. -{админинстратор}- гитардемон 18:00, 26 мај 2009 (UTC)
Да де затоа реков останаа тие. Треба да се средат. Значи готово со компјутерските кратенки. Не ги мешајте во муабет :) --MacedonianBoy 18:10, 26 мај 2009 (UTC)
Јас мислам дека сепак најдобро би било доколку повеќе обрнеме внимание на категориите. Факт е дека на Википедија на македонски јазик не им се придава никакво значење на категориите, најголем број од категориите се несредени, не водат до никаде или се празни. Идејата на Гитардемон, работата да се реши со шблон, не е лоша, но сепак трансклузијата на некоја страница ја прави преобемна, па кај некои читатели би можеле да се јават проблеми со отворањето на страницата, премногу потрошени KB за некое дополнително уредување, предолго чекање за зачувување на страницата и сл. Проблемот може да се јави и доколку сакаме ова да го спроведеме со помош на бот.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:23, 26 мај 2009 (UTC)
За категорииве да те поправам дека јас сите што беа празни ги избришав и сите кои не беа поврзани ги поврзав. Тоа не е проблем, проблем се интервиките на категориите за кои странциве реагираат.--MacedonianBoy 18:35, 26 мај 2009 (UTC)

Hi, guise :) Ми се допаѓа оваа иницијатива, оти и јас самиот се залагам за чистење на главниот именски простор; супер беше и што ги расчистивме сите [[Главна страница/X]] статии. Предлагам вака да постапиме за статиите за датуми:

  1. Во сите статии од форматот [[1 јануари]] да го субституираме кодот од сите посебни страници настани/починале/родени/празници. Зошто? Зашто Википедија секој може да ја уредува, а за да се уредуваат овие страници, треба кодот да е во таа страница (а, не вклучен од други страници).
  2. Бидејќи страниците од форматот Д М (родени) се користат за главната страница, не можеме да ги избришеме, туку наједноставно ќе ги преместиме во именскиот простор „Шаблон“. Со мала промена на кодот на главната страница тие ќе продолжат да се трансклудираат како и обично;
  3. Паралелно со преместувањето, оригиналните страници во главниот именски простор да ги бришеме, оти веќе немаат улога;

Две забелешки:

  • Правете разлика меѓу енциклопедиска статија и листа. Во главниот именски простор стојат и двата вида на страници, но имајте предвид: статиите се во проза, листите се подредени во подточки или табели. И статиите и листите имаат воведен дел (не веднаш да се почне со набројување кај листата!) И уште нешто, а ова е многу важно, листите секогаш имаат наслов со формат [[Листа на дрн, дрн]]. Ако видете страница со формат на листа, секогаш погрижете се тaa да има вовед, насловот да започнува со „Листа на...“, а категориски да припаѓа на некоја поткатегорија на Категорија:Листи. Затоа горенаведената „статија“ нема да биде статија, туку листа со наслов [[список на кратенки во компјутерската терминологија]]. (Пример за една добро средена листа: список на британски монарси);
  • ...трансклузијата на некоја страница ја прави преобемна, па кај некои читатели би можеле да се јават проблеми со отворањето на страницата, премногу потрошени KB за некое дополнително уредување, предолго чекање за зачувување на страницата и сл...“ (Кирил, 18:23, 26 мај 2009) — Коментар  Конкретно, за овие статии (листи), големината на статијата воопшто не е проблем и верувам дека нема да има технички тешкотии, дури и за уредувачи со dial-up конекција.

Поздрав, Brainmachinewtf? 23:18, 26 мај 2009 (UTC)

Не настојувам да се задржат овие статии, но сакам да Ве опоменам, да не се служите со правилата на Википедија на англиски јазик. Тие правила се „преведени“ само на некои мали јазични изданија. На сите поглеми, па дури и на некои помали, постојат сосема други принципи на работа и на расшоред на содржината. Не ми се допаѓа, тоа што сè од Википедија на англиски е буквално преведена. Точно е дека енциклопедиската содржина содржи статии во проза и „листи“. Проблемот е што „листа“ е буквално преведен поим. Соодветниот македонски поим е список. Добра работа е што има идеи, но сепак потребно е да го слушнеме мислењето и на останатите корисници, а посебно на Brest, кој ги уредил статиите во оваа форма. Јас наведов еден разговор на оваа тема погоре, па мсиалм дека добро би било да го прочитате, ако веќе не сте го сториле тоа, па и врз основа на него да се создава насоката на оваа дискусија.
Инаку, овој коментар пред сè беше насочен кон штетноста од „копирањето“ на правилата и принципите од Википедија на англиски јазик. Многу пати имам споменато, а еве и сега ќе споменам, дека доколку правилата и принципите се од Википедија на англиски јазик, доколку на оваа Википедија има најголем број на статии и најголем број на правила, не мора да значи дека се најефикасни и најдобр. На пр. погледнете како функционираат германското, француското, руското и шпанското јазично издание па ќе ви стане јасно.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:06, 27 мај 2009 (UTC)
Имаш право за „списоци“. Од јазична гледна точка, поправилен е овој збор наспроти „листи“. Евентуално, на еден убав сончев ден, сите листи ќе ги преместиме како списоци (но сега тоа не е приоритетно). Слично со англиската Википедија или не, сепак стојам на ставот дека сите списоци (веќе не употребувам листи, хехе) треба да имаат вовед за да не го нападнат читателот веднаш со содржината и дека треба да имаат наслов кој ќе ги издвојува од статиите (Список на тоа и тоа...). А и добро да бидат категоризирани, секако.
Инаку, да се вратиме назад на темата за разговор: ако се сложувате со мене, да почнеме да ги создаваме предлошките (како што беше наведено горе; чекори 1, 2 и 3), да ги трансклудираме страниците и да ги бришеме една по една. Заинтересирани волонтери? Јас прв се пријавувам. --Brainmachinewtf? 12:11, 27 мај 2009 (UTC)
Јас ги расчистив кратенките, вие расчитете ги останатите две. Патем, еве јас ќе почнам со листите да ги пренасочувам.Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 12:14, 27 мај 2009 (UTC)
Сега се сетив дека и Категорија:Листи заедно со сите нејзини поткатегории ќе треба да ја преименуваме. Е, ова да го оставиме за бот, хм? --Brainmachinewtf? 13:30, 27 мај 2009 (UTC)
Паметно, за тоа тешко дека некој ќе се нафати рачно да ги става.--MacedonianBoy (разговор) 13:34, 27 мај 2009 (UTC)
Мислам дека добро ќе биде да гу прочитаме и мислењето на Brest, кој ги создаде тројните статии. Доколку се согласи да ги преместие во именскиот простор предлошки, мислам дека со ботот таа работа би можела да се среди за неколку часа.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:11, 27 мај 2009 (UTC)

Facebook настан за креирање на статии на Википедија[уреди извор]

Здравп на сите! Дали сте заинтересирани да креираме еден настан на Facebook, да ги поканеме сите наши пријатели да напишат нешто на Македонската Википедија со што би ја зголемиле бројката на статии. Најдобро би било да биде викенд, барем јас така мислам. Поздрав и чекам мислења LazialeStojakovo (разговор) 21:00, 28 јуни 2009 (UTC)

Добра е идејата, но сепак има голем проблем, а тоа е што голем дел од нив не знаат како се уредува на Википедија, па потребно ќе биде да ги научиме или да им посочиме некои корисни страници. На Facebook веќе има кауза насловена „Да ја збогатиме Википедија на макеоднски јазик“, на чија страница се објавени врски до некои корисни страници на Википедија. Го поддржувам овој предлог и мислам дека може да има ефект. Исто така, добро би било да ги принудиме да уредуваат почесто, односно почесто да организираме нешто вакво, со што би имале можност и побрзо да научат квалитетно да уредуваат.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:23, 28 јуни 2009 (UTC)
Јас сум за идејава. Проблемот може да се надмине ако на пример луѓето се нафатат да пишуваат а тука ние да се договориме кои админи/ корисници би оделе по нив и поправале грешки. Поздрав--Никола Стојаноски 22:33, 28 јуни 2009 (UTC)
Да. И тоа е добра идеја. А, јас па планирав да формираме координативно тело од неколку Википедијанци, кое ќе има задача да ги насочува новите корисници во Википедија, односно да им наведува корисни страници, да ги советува и сл. За ова се разговараше и на Викисредбите, а мислам дека и во извештајот од средбата на 16 мај пишува за ова.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:40, 28 јуни 2009 (UTC)


Ајде да се најдеме на facebook, па да направиме нешто поконкретно, барајте ме по email: arnaudovangel@yahoo.com. Дали исто така може да се прати една порака до сите членови на Македонската Википедија, дека е создаден настан на facebook, и сите оние кои се членови на facebook да пристапат кон групата, а исто така да ги повикат и нивните пријатели? Поздрав, LazialeStojakovo (разговор) 13:13, 1 јули 2009 (UTC)

Промени во изборот на избрани статии[уреди извор]

Почитувани, Википедијанци. Како што многумина од вас веќе знаат, избраните статии ги претставуваат најквалитетните, најсодржаните и според општото мислење најдобрите енциклопедиски статии. Значењето на избраните статии е дотолку поголемо, што на Википедија, за одреден временски период, избраната сртатија со свој извадок е претставена на главната страница. Во тој перуиод ја гледаме сите ние, но и оние кои го посетуваат мрежното место. За оние кои за прв пат го прават тоа, статијата на главната страница е првата статија со која тие се среќаваат, односно таа статија им го дава првиот впечаток за содржината на Википедија на македонски јазик.

Во псоледните неколку години, на Википедија на македонски јазик се избира избрана статија со претходно утврден рок (еден месец (2005); една седмица (2006 - сè уште), што на многу корисници им дава за право погрешно да размислуваат дека избраната статија ја претставува статијата која ќе се најде на главната страница.

Избраната статија, всушност го претставува највискиот квалитативен степен на една статија. Под него е добрата статија, а потоа следуваат статија од А класа, статија од Б класа итн. На Википедија на макеоднски јазик, постои само избраната статија како квалитативен степен. На другите јазични изданија постојат и другите, најчесто покрај избрана и добра статија. На овие јазични зиданија, избраната статија се избира во рок од една седмица, одеднаш може да бидат предложени поголем број на статии за избрани, не се одредува датум на прикажување на главната страница и за нејзин избор е одреден минимален број на гласови „За“ од вкупниот број на гласови. За жал, кај нас ова не функционира. Секоја статија се предложува за избрана за однапред даден временски период, нема рок на гласање, нема минимален број на гласови „За“ за избор на статијата во избрана итн.

Суштината на овој предлог е да се извршат, според мене, неопходни промени при изборот на избрана статија, со кои ќе го подигнеме квалитетот на избраните статии и ќе овозможиме поголема одговорност во изборот на избраната статија:

  1. Преименување на порталот 500 статии во Википедија:Инкубатор.
    Порталот 500 статии претставува инструмент на иницијативата 500 (избрани) статии. Тој служи како мерка за мерење на квалитетното уредување на Википедија на македнски јазик. Во последно време, бројот на статии се зголемува за релативно краток временски период. Со тоа се јави можноста од намалување на односот на квалитетни статии во вкупниот број на статии, па затоа се покрена оваа иницијатива, па според состојбата во порталот, односот на квалитетни статии во вкупниот број на статии, дури е и зголемен. Со преименувањето во Википедија:Инкубатор ќе бидеме во можност да ја задржиме улогата на порталот како мерка за квалитетното уредување, со тоа што во него ќе се додаваат сите статии на Википедија на макоеднски јазик, кои се на чекор до избрани статии. Односно, како што досега беше порталот 500 статии, така отега инкубаторот ќе служи како извор на идните избрани статии.
  2. Предложување на кандидати за избрани статии, без одредување на време на прикажување на главната страница.
    Ова можеби е најголемиот проблем, бидејќи концептот на избрана статија на овој начин, суштински го менува значењето на избраната статија. Како што споменав погор, на новите корисници им се остава впечаток дека избраната статија е само статијата којашто се појавува на главната страница. Затоа, со ова сакам да предложам, најпрвин да ги избираме избраните статии, а потоа да одредуваме во кој временски период статијата ќе се најде на главната страница.
  3. Ограничување на временскиот рок за гласање за избрана статија.
    Со ова мислам дека ќе се зголеми одговорноста и значењето на избраната статија. Досега за статијата која беше предложена моеше да се гласа до последен момент на нејзиното прикажување на главната страница. Но, со овој предлог, мислам дека најдобро ќе биде да се одреди вреенски интервал, во кој ќе може да се гласа за предложената статија за избрана. Во план имам, тоа да биде 7 дена од нејзиното предложување, период којшто е еднаков и со интервалот на гласање за кандидатите за администратори и бирократи.
  4. Одредување на минимален однос, на гласовите „За“ со вкупниот број на гласови.
    Ова треба да го зголеми квалитетот на избраните статии. Со одредувањето на овој критериум, ќе се отстран и можноста, статија која има голем број на гласови „Против“ да биде избрана. Обично, овој однос изнесува од 60 до 80% на гласови „За“ од вкупниот број на гласови, намален за гласовите „Воздржан“. (Пример: За избор на избрана статија потребни се 60% гласови „За“ од вкупниот број на гласови, намален за гласоввите „Воздржан“. Ако за една статија има 5 гласови „За“, 2 „Против“ и 10 „Воздржан“, тогаш вкупниот број од 17 гласови се намалува за 10 и се добива 7. Потоа 5 се става во однос на 7 и се добива 0.(714285), односно 71% и статијата ќе биде избрана)
  5. Одземање на правото за промена на мислењето при гласањето.
    Мислам дека ваквата можност, целосноги прекршува правилата при гласањето. Последен пат ова правило го прекршив јас, при гласањето за избор на статијата Курт Кобејн во избрана статија. Тоа го направив поради тоа што не сакав, оваа статија да биде избрана со еднаков број на гласови „За“ и гласови „Против“. Сепак, мислам дека и со воведување на минамелн однос во изборот е можно да дојде до промена на мислењето при гласањето, поради разни други причини. Ова не е добро и предложувам да се одземе ова право на секој корисник, со тоа што доколку се случи, гласот на корисникот ќе биде неважечки. Тоа е исто како, на гласачкото ливче, гласчот да го чкртне првозаокружениот број и да заокружи друг. Мислам дека секој корисник треба сам да процени дали една статија, која при предложувањето не го задоволувала квалитетот за избрана, до крајот на гласањето ќе го задоволи. Ова повторно се основа на принципот на одговорност.
  6. Одземање на статусот избрана статија на некои веќе избрани статии.
    Ова исто така е веќе спроведено на другите јазични зиданија. Тоа значи дека ако една статија е избрана, тоа не треба да значи дека истата е избрана засекогаш. Доколку настанат некои промени, кои го намалуваат квалитетот на статијата истата може да го изгуби статусот на избрана, по што може повторно да биде предложена за избрана, но со одреден рок, по одземањето на статусот (најчесто еден месец). Доколку статијата веќе била на главната страница, не може повторно да се најде, иако повторно била избрана.
    Овие предлози не се самоиницијативни, туку за нив и претходно е разговарано. Можеби поводот за ваквите промени е критиката од страна на некои корисници во употребата на порталот 500 статии и изборот на избрани статии. Ќе ве замолам да дискутираме за овие неколку предлози и да гласаме.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:56, 13 јули 2009 (UTC)

Дискусија[уреди извор]

Мислам дека за секоја од овие точки треба посебна дискусија и гласање. --Wikimk (разговор) 15:45, 13 јули 2009 (UTC)

Сфатете го ова како целина. Не може ние да правиме комбинации. Веќе кога правиме промени, да ги направиме како што треба.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:08, 14 јули 2009 (UTC)
Мислам дека предлозите се одлични. Ќе го зголемат квалитетот на статиите дефинитивно. Иако, да, треба да подискутираме убаво се што е предложено. И би предложил иако тоа веќе се подразбира да направиме како повеќето Википедии една процедура под која ќе поминува статијата пред да стане избрана. Односно одредени корисници без разлика дали се администратори ќе ја видат статијата и ако статијата одлична тогаш тие ќе направат се за да биде „идеална“ односно ќе поправат што може, печатни грешки, вики врски, некои ситни детали (ако навистина е потребно не мора секогаш да поправаме) за да може после да ја означиме како избрана. Ако статијата не е „одлична“ односно има премногу грешки нема да ја поправаме бидејќи ако ја поправме секоја статија која е предложена за избрана тогаш ќе служиме за некои како поправачи на статии. Какви било статии ќе ни носат само за да ги довеме до квалитет. Тоа е тоа. Ова процедура секаде ја има и е навистина корисна. --Макс(разговор) 11:32, 14 јули 2009 (UTC)
За тоа, Макс постои ВикиПроект Рецензја. Тој служи точно за таа намена, но очигледно дека повеќето имаат заборавено или мислат дека е непотребен.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:20, 14 јули 2009 (UTC)
Последната точка не доаѓа во предвид, ваљда нема да играме играчки и да ги менуваме поранешните мислења. Некои статии се стварно мали и не се доволно добри за денешни услови, но секако биле добри во времето на нивниот избор со вкупно 14.000 стати на целата Википедија. Против оваа точка сум. Првата точка е одлична, но не ми се допаѓа предложениот термин. Нека си седи сега за сега вака како што е со по една недела избран термин зошто нели ќе правиме днени избрани статии во идниона? Па така нека седи ова вака и директно понатака ќе избираме дневни статии. Поздрав
ПС:Четвртата точка е скрос несоодветна за МК Вики. Бришете ја одна зошто на мк Вики само двајца корисници гласаат за статии, на другите баш им е гајле. Не ни требаат додатни проблеми со цензуси и слично.
СУМА СУМАРУМ:Против  4 и 6 точка, За  за останатите.--Никола Стојаноски 11:42, 14 јули 2009 (UTC)
Гласањето не е соодветно, бидејќи некои корисници се ЗА за некои предлози, а Против за некои, и неможат да се одлучат за што да гласаат. Мислам дека треба да се направат шест одделни гласања за шестте предлози. -- dav(разговор) 11:55, 14 јули 2009 (UTC)

Не знам зошто сте толку против одземањето на статусот „избрана статија“. Реално со сите промени, некои статии не заслужуваат да бидат избрани. Можеби статиите Јужен пол и Џузепе Верди ги задоволлувале квалитетите за избрани, но моментно вакви статии се уредуваат секој ден и според ова, би требало сите вакви статии да ги предложиме за избрани. Доколку избраната статија го изгуби статусот „избрана“, истата може повторно да се предложи за избрана, откако ќе ги задоволи стандардите за квалитет. Разликата е во тоа што со враќањето на статусот „избрана“, истата не може да се стави на глацвната страница, бидејќи веќе била. Исто така, сакам да Ве замолам убаво да го прочитате воведот на оваа група предлози и да бидете сигурни дека го разбирате поимот „избрана статија“. Тоа не е статија која се појавува на главната страница. Можеби поимот „избрана“ дава таква асоцијација, но мене лично пак ми дава асоцијација на избран елемент од множество елементи, односно избрана статија од сите други статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:28, 14 јули 2009 (UTC)

Се согласувам со Кирил, но исто така разбирам и дека не може сите да имаме исти мислења. Но ова е промена која ќе го зголеми квалитетот, промена која вреди. И шестата точка според логика мора да биде прифатена ако веќе ги прифаќате останатие точки, затоа што сите ние, сите членови на оваа Вики заедница придонесуваат за сите промени. Така што секој ден може да се воведат промени кои ќе придонесат така што некои статии повеќе да не ги исполнуваат стандардите. Пример ќе воведеме промена која кажува точна должина на воведот или различна структура на секциите, поради овие промени претходно избраните статии нема би биле избрани бидејќи се направени на начин кој порано се применувал и со ова сите ќе се согласиме. Затоа мислам дека 6 точка е неопходна.--Макс(разговор) 12:40, 14 јули 2009 (UTC)
Избрана на македонски јазик значи `ставена на избор, и некој ја избрал`, а самиот збор никако не значи `најдобра`, за разлика од англиското en:Wikipedia:Featured articles каде Featured има повеќе значења, меѓу кои и `главна, добра, истакната`. Сметам дека не може да го менуваме значењето на `избрана статија` од `избрана со гласање за главната страница` во `статија која е многу добро направена`. А и со менување на називот нема да добиеме нешто посебно... Минатите избрани статии се карактеристика на почетоите на Википедија на македонски јазик, и со самото тоа си ја заслужуваат придавката `избрани`. --Виолетова (разговор) 14:40, 14 јули 2009 (UTC)
Виолетова, убаво ако прочитате што е „избрана статија“ ќе заклучите дека тоа не е обична статија која била на главната страница. Прочитајте го воведот од статијата за критериумите и сè ќе Ви стане јасно. Јас тука не гледам некаде да се споменува главна страница или некој друг портал. --Kiril Simeonovski (разговор) 19:00, 14 јули 2009 (UTC)
P.S.Исто така, статиите кои веќе биле избрани, а не заслужуваат да бидат избрани според моменталните стандарди и понатаму може да претставуваат историја. Затоа постојат архивите. Во архивите може да се забележи, која статија кога била избрана. А, доколку една статија го изгубила статусот, истата ќе биде обележана со шаблон, за да се знае зошто го изгубила статусот. Ако сакаме овие статии да ги прикажеме како вистински почетоци, односно вистинска историја на Википедија, тогаш најдобро е и да не ги менуваме, бидејќи веќе се избрани и треба да останат како што се, бидејќи се некоја историја. А, тоа е против правилата на енциклопедијата, бидејќи секој може да ја менува содржината на Википедија на македонски јазик. Ако земеме сите статии, кои биле избрани да ги прошириме, со што ќе наликуваат на денешните, тогаш не гледам јас дека избраните статии се показател за напредокот на Википедија на македонски јазик, а со тоа и не гледам дека тоа се почетоците.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:10, 14 јули 2009 (UTC)
Кирил, знам јас добро какви ни се сегашните критериуми за избрана статија, јас само зборував за значењето на самиот збор избрана. Пред две години критериумите биле поинакви, и избраните статии одговарале на тие критериуми. Како напредуваме, така ни се изоструваат критериумите, и тоа е во ред. Не знам само што добиваме ако ги тргнеме минатите избрани од купчето `избрани статии`, ама знам дека добиваме квалитет ако седнеме и ги претвориме во квалитетни статии според сегашните критериуми. Тоа ми беше муабетот. И не можеш да му речеш на корисникот погоре дека тој погрешно го сфаќа зборот `избрана`, туку треба да му речеш дека тоа е титула за која постојат одредени критериуми :) И наместо целата оваа збрка со дискусииве, можеше да ги наредиш сите минати избрани статии кои се куси, па да седневме кој по која тема е, и да ги средевме до сега... Поздрав --Виолетова (разговор) 22:40, 14 јули 2009 (UTC)
Виолетова, толувањето на зборот „избрана“ од речник не важи овде. Секој различно си го сфаќа овој поим, па затоа потребно е објаснување на самата Википедија, како што е со селската чешма. Ако сакате може и да го промениме од избрана во некој друг посоодветен. Тоа дека ако според речник, поимот „избрана“ се толкува така и Вашиот заклучок дека тоа всушност најмногу одговара на статија која се става на главната страница е Ваше мислење и сите не се согласни со тоа. --Kiril Simeonovski (разговор) 12:45, 15 јули 2009 (UTC)
P.S.А, листа на статии нема да направиме, бидејќи како што сама рековте во првиот коментар Минатите избрани статии се карактеристика на почетоите на Википедија на македонски јазик, и со самото тоа си ја заслужуваат придавката `избрани`. Нема смисла да ги менуваме, затоа што со тоа ќе се уништат фактите за почетоците и доколку статиите налиикуваат на денешните, нема да бидат правилна мерка на развојот на Википедија. Ова беше поради контрадикторноста во двата коментара, инаку статиите секако дека треба да се средат.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:49, 15 јули 2009 (UTC)
Тоа е тоа размислување: Не знам само што добиваме ако ги тргнеме минатите избрани од купчето `избрани статии`, ама знам дека добиваме квалитет ако седнеме и ги претвориме во квалитетни статии според сегашните критериуми. Тоа ми беше муабетот. Нема потреба, зошто да се секираме. Ќе имаме ние уште 3.000.000 нови статии, од кои 1.000.000 ќе бидат квалитетни, со што ќе бидеме најдобро јазично издание во свет, само што некој треба да седне и да го работи тоа. Само проблемот е што, последните зборови се мисловна именка кај нас. Мислам дека треба нешто да се преземе за да почне некој да ги средува тие статии. Инаку ништо. Кога ќе биде воочливо дека бројот на избрани статии се намалува, на сите ќе им стане јасно дека нешто не е во ред и така може да има некој ефект работата. Ама ова е најдобар случај, бидејќи кога ќе дојдеме до таква ситуација, сите ќе гласаат „Против“ за кандидатурите за одзмеање на статусот „избрана“, само за да не се намалува бројот на избрани статии. Википедија на српски јазик има само 91 избрана статија, а на хрватски 209. Ама затоа, избраните статии на Википедија на хрватски се нешто како добрите статии на Википедија на српски. --Kiril Simeonovski (разговор) 15:55, 15 јули 2009 (UTC)

Гласање[уреди извор]

Гласањето е закажано да заврши во 23.59.59 на 18.07.2009

# Предлог Вкупно гласови За  Против  Воздржан  Резултат
1 Преименување на порталот 500 статии во Википедија:Инкубатор. 7 6 0 1 Ок Усвоено
2 Предложување на кандидати за избрани статии, без одредување на време на прикажување на главната страница. 7 6 1 0 Ок Усвоено
3 Ограничување на временскиот рок за гласање за избрана статија. 7 5 2 0 Ок Усвоено
4 Одредување на минимален однос, на гласовите „За“ со вкупниот број на гласови. 7 4 3 0 Ок Усвоено
5 Одземање на правото за промена на мислењето при гласањето. 7 6 1 0 Ок Усвоено
6 Одземање на статусот избрана статија на некои веќе избрани статии. 7 4 3 0 Ок Усвоено

За  -- dav(разговор) 11:58, 14 јули 2009 (UTC) Коментар  - Овој глас важи само за првите пет предлози, јас сум против шестиот предлог.

Против  -- dav(разговор) 12:09, 14 јули 2009 (UTC) Коментар  - Овој глас е само за шестиот предлог. На претходно избраните статии најдоле во шаблонот убаво си пишува дека тие НЕКОГАШ (си пишува во кој месец, и година) БИЛЕ ИЗБРАНИ. Што значи дека тие биле избрани, и единствен начин да се направат не-избрани е ако се вратиш во времето. Како што реков, статиите тогаш биле изграни по тогашните критериуми, и сега ти не можеш да им го одземеш правото да се сметаат за избрани откако биле изгласани, бидејќи во меѓувреме биле уништени или критериумите се промениле. Во главно: За статија која била избрана некогаш, не можеш да им го одземеш тој статус, бидејќи новите корисници незнаејќи би можеле пофторно да ја кандидираат.

Очигледно го немате прочитано воведот и не сфаќате што е избраната статија. Избраната статија е квалитативен степен на една статија, а не статија која за некој временски период била ставена на главната страница. Погрешно Ве асоцира поимот „избрана“.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:16, 14 јули 2009 (UTC)
Во право си, не го прочитав воведот (ме мрзеше), но сепак сè уште сум против шестиот предлог, бидејќи како што си напишал, избрана статија е највисок степен со кој се мери квалитетот на статијата, но сепак на мк википедија, тоа не е случај, на мк википедија под поимот избрана статија се подразбира статија која била изложена на гласање, изгласана, и поставена на главната страница. Како што напишав погоре, таквата статија, веќе била на главната страница, и како таква, не може да биде сметана за не избрана статија, ако веќе била ибрана. -- dav(разговор) 12:37, 14 јули 2009 (UTC)
Целта на овие предлози беше и сите корисници кои не знаат што е тоа да ја сфатат суштината. Истиот принцип со предложување и ставање на главната страница е на сите други јазични изданија, па затоа смешно е да зборуваме дека само кај нас е така. Убаво си е објаснето што е избраната статија, а тоа што некои го сфаќаат погрешно е нивен проблем. --Kiril Simeonovski (разговор) 14:28, 14 јули 2009 (UTC)
Да беше некој добро е, но овде повеќе од 95% од членовите по грешно го сваќаат тоа. -- dav(разговор) 13:01, 14 јули 2009 (UTC)
Ја направив оваа табела, во која може да гласате оделно за секој предлог. Ги пренесов гласовите, кои беа даден и текстуално, но не ги избришав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:41, 14 јули 2009 (UTC)
Против  За 6. и 4. точка. 6. точка не треба да се имплементира бидејќи одредени статии биле избрани на Википедија и биле најобри во дадениот момент. Историјат си е историја и не треба да ја менуваме. Сега ако статиите се лоши за денешни услови тоа треба да не радува зошто Википедија на македонски јазик се развива со брзо темпо. 4. точка не требало воопшто да се споменува зошто нема гласачи на Википедија и ако се имплементира таа точка ќе останеме без избрани. Поз--Никола Стојаноски 12:43, 14 јули 2009 (UTC)
За  1.2.3. и 5. точка. Добри се.--Никола Стојаноски 12:45, 14 јули 2009 (UTC)
Не сум сигурен дека ќе останеме без избрани статии, бидејќи одеднаш ќе избираме 10 или повеќе статии. Смешно е да се тврди дека сите нема да бидат избрани. А и ако гледаме реално на работите, 90% од корисниците на Википедија на македнски јазик, само со поглед на статијата и со исполнување на еден критериум за избрана, по автоматизам гласат „За“. Ако ги погледнеме кандидатурите, ќе видиме дека доминантно е „За“, „За“, „За“, „За“ итн.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:31, 14 јули 2009 (UTC)
За  За сите точки!--Макс(разговор) 15:05, 14 јули 2009 (UTC)
За --Kiril Simeonovski (разговор) 17:20, 15 јули 2009 (UTC)
За  Мислам дека во ред се измените... Сепак, како ќе одлучи мнозинството! --FlavrSavr (разговор) 20:44, 18 јули 2009 (UTC)

Гласањето е завршено во предвидениот рок. И покрај различните мислиња, во сите предлози се најбројни гласовите За , па констатирам дека сите предлози се усвоени и промените кои се предвидени со нив ќе бидат спроведени.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:09, 19 јули 2009 (UTC)

Во право си, не го прочитав воведот (ме мрзеше), но сепак сè уште сум против...

ЕВЕ ЗОШТО ГЛАСАЊЕТО Е ЛОШО! Еве зошто треба да го отфрлиме целиот систем на гласање и кога одбираме избрани статии, а и кога решаваме за вакви работи! Кога решаваме за било што!!! Оти корисниците не вложуваат труд во читање, туку само се определуваат: ЗА или ПРОТИВ. Оти треба само десетина секунди да се погледне статија која е долга без да се прочита, да се стави шаблонче {{За}} и да се зачува. Но, потребно е барем десетина минути за да се прочита статијата и да се најдат нејзините недостаци. Потоа, на страницата за номинација, да се истакнат недостатоците и истите да се поправат! Со тоа една добра статија, преку две читања станува одлична статија, статија која е квалитетна, информативна и корисна. Но, тоа не може да се случи, оти сите сме мрзливи! Тоа е затоа што сме премалку луѓе, затоа што овде не држи само слободната волја и затоа што избегнуваме да ги правиме правилните работи оти тие се секогаш тешки! Ние само покажуваме идеи, водиме дискусии, но многу малку работиме на нив! Да си бидеме искрени, немаме никаква организација и само одиме во погрешен правец. Овој проект сериозно, ама сериозно мора да се реорганизира и мора да почнеме да уредуваме паметно. И НЕ — избраните статии не се некакви носталгични историски архиви! ИЗБРАНИТЕ СТАТИИ СЕ ИЗБРАНИ САМО ЗАРАДИ НИВНИОТ КВАЛИТЕТ! Ако нешто во 2007 се состоело од еден беден вовед и две секции нецитиран текст, па се ставило шаблонче оти морало нешто да се покаже — сега не можеме да се потпреме на тоа како показател за квалитет (да, тоа значи да е една статија избрана). Мајката му е одземање на статусот на такви страници! Мора да се организираме... мора нешто да направиме... Мора да бидеме барем малку потемелни и барем малку повнимателни. Сериозно сум деморализиран да учествувам во било каква дискусија каде што конечниот глас го има еден проклет графички симбол. --Brainmachinewtf? 20:09, 14 јули 2009 (UTC)

Повторно јас, на продолжение на тирадава сакав да предложам да пробаме, на пример, одредено време номинациите за избрана статија да ги процесираме без никакви гласови, туку само со текст. И сериозно да се потрудиме да ги прочитаме и автоматски рецензираме. Искрено, имам желба да читам и да рецензирам, да се вклучам во нешто продуктивно. Но тогаш се сетив дека некој ќе каже: „пих, кој ќе чита, само по двајца корисници гласаат, ако така правиме за сите номинации ќе немаме ниту една избрана статија“. И во право ќе биде тој некој. Кој ќе има желба да чита? Заробени сме во беизлезен циклус. Безнадежност. Јас веќе четири-пет проекти имам започнато (филм, рецензија, вести, одржување) и заради прокрастинирањето и недостигот од сопствен, а и туѓ интерес сум ги напуштил и не одиграле никаква улога. Затоа признавам: најмалку имам право да критикувам, оти сум најлош по ова. Сепак сакам да ви посочам, ако гледаме долготрајно, овде нема добра перспектива. --Brainmachinewtf? 20:29, 14 јули 2009 (UTC)
Овој коментар е на место. Мислам дека Зоки ги гледа работите усовршени, па затоа е против гласањето, што мислам дека не е во ред, бидејќи сепак потребно е да се чуе мислењето на заедницата. Но, навистина ова се основни работи и овие промени мора да се извршат. Не може да се водиме според едноставноста на постапката. Наша цел е да го зголемиме квалитетот, а не да не мрзи и да ги наоѓаме наједноставните начини за да завршиме некоја работа. Но, и покрај тоа, овие промени нема многу да ја отежнат работата, бидејќи станува збор, пред сè за технички промени. Не сакам да се наметнувам уште повеќе за овие предлози да бидат изгласани, туку сакам да укажам дека ова се работи, кои овозможуваат да се има посериозен и поодговорен пристап кон нештата. Сè уште сме малце и меѓусебно може сè да си кажеме и за сè да се договориме. Но, сте размислиле ли какви работни услови и „образование“ со каков квалитет им нудиме на новите корисници? На Википедија на македонски јазик ѝ е потребен квалитет, а не историја. Нејзината историја е започната во август 2003. Тоа е вистинскиот датум кој се памети, а не тоа какви биле статиите, кои може да се поправат и да не остане ништо од тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:56, 14 јули 2009 (UTC)
Целосно се согласувам со Зоки. Ако сакаме да постигнеме квалитет треба со аргументи да ги изнесеме нашите мислења и потоа да одлучиме како да постапиме со зададениот проблем. Пример има некој корисник кој е администратор подолго време и гласа против нешто, некои помали корисници сакајќи да се вмешаат во дискусијата не ја ни читаат туку гледаат на гласот на корисникот и постапуваат исто. Доста е само уште двајца исто да направат и како што рече Зоки бидејќи сме малку луѓе некој многу важна промена нема да биде воведена бидејќи имало ПОВЕЌЕ гласови за ПРОТИВ. Што значи да треба да дискутираме, а не да гласаме. Ама исто така на сите ги мрзи да дадат свое мислење и полесно им е да гласаат за или против. Апсурдно е на пример што толку го практикуваме ова гласање поради што, на пример, одиме против правописот (случајот со добре дојде) само бидејќи некој мисли поразлично од останатите. Луѓе ова е ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, што значи не донесуваме одлуки кои веќе се донесени од страна на ПОИСКУСНИ од нас. Имаме милион незвршени дискусии поради гореспоментата мрзеливост. Ова веќе е друга тема од избрани статии, мислам дека како што милион пати сум рекол енциклопедијава да стане построга, сторги мерки, без голема слобода. Нешто што до сега не сме го практикувале само за да привлечеме повеќе корисници. Мислам дека сериозно мора, мора, мора да се реорганизираме, што значи да воведеме построги мерки со кои ќе постигне квалитет, а не да отвораме статии од типот 1999 во... за да имаме поголем број на статии, не треба да отвораме проекти од типот рецензија, нови статии и сл. кога воопшто не ги користиме, не треба да отвораме портали кои цела година имаат иста избрана статија. РАЗБУДЕТЕ СЕ ОВА Е ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, НЕ Е БЛОГ И ЗА КРАЈ ОВА НЕ Е НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ДРЖАВИ КОИ ИМА ПОВЕЌЕ СТАТИИ А КОЈ ПОМАЛКУ.--Макс(разговор) 11:17, 15 јули 2009 (UTC)
Дека не е форум треба да се пази и на тонот на јазикот.--Никола Стојаноски 12:28, 15 јули 2009 (UTC)

Еве и од мене мислење за оваа иницијатива.

  1. Преименување на порталот 500 статии во Википедија:Инкубатор.
    Мене ми се допажа иницијативата иницијативата 500 (избрани) статии и не би сакал да се менува нејзиниот карактер. Знам дека не расте брзо бројот на статии таму, ама така како што е замислена ми се допаѓа зашто таа е мерка за изработката на квалитетни статии на нашата Википедија. Така што јас за оваа работа сѐ уште не можам да се одлучам како би гласал. Воздржан 
  2. Предложување на кандидати за избрани статии, без одредување на време на прикажување на главната страница.
    Мислам дека е згодно за новопредложените статии однапред да се дефинира времето на прикажување. Кога ова го велам најмногу мислам на новите уредувачи, за кои информацијата дека некоја нивна статија ќе се најде наскоро помеѓу избраните може да претставува дополнителна мотивација. Против 
  3. Ограничување на временскиот рок за гласање за избрана статија.
    Доколку овој предлог се реформулира јас би можел да го поддржам. Имено сметам дека сме малку за да може да гласаме за статијата само до првите седум дена од предожувањето. Погледнете летово активноста е помала. Мислам дека би било добро ова да се реформулира и да гласи: гласањето завршува седум дена пред предвиденото прикажување на главната страница. Против 
  4. Одредување на минимален однос, на гласовите „За“ со вкупниот број на гласови.'
    Со ова не можам да се сложам. Начинот на кој се предлага да се бројат гласовите значи дека да се гласа воздржан е исто како да не гласаа. Да се гласа воздржан и да не се гласа се две различни работи. На ваков начин се поистоветуваат. Против 
    Овој систем на гласање се применува со години. Исто беше и при изборот на стјуарди.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:46, 15 јули 2009 (UTC)
  5. Одземање на правото за промена на мислењето при гласањето.
    Мислам дека ова е во ред. Иако сметам дека подобро би било да не се дозволува промена на мислењето во последните 2 дена од гласањето. Добро би било за оваа работа да се размисли. За 
  6. Одземање на статусот избрана статија на некои веќе избрани статии.
    Ова не ми се допаѓа. Подобро е постарите избрани статии или оние за кои некој смета дека им треба доработување да се ставаат во посебен портал (нешто слично како иницијативата 500 (избрани) статии) и таму секој кој е заинтересиран може да работи на нивното подобрување. Како алтернатива на ова би можело за сите веќе избрани статии да постои континуирано гласање и за секоја од нив постојано кој кога смета да го дава или да го менува своето мислење... а најдобро би било да поработи на подобрување на статијата. Против 
Зошто не почнете да ги доработите? Тоа „доработување“ е мисловна именка. Ајде сега, да ги избереме сите 33.321 статија за избрани и најдобро е да ги доработиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:46, 15 јули 2009 (UTC)

Уште една работа. Моите размислувања кои ги напишав погоре сѐ уште не се за во табелата со гласови.

Сега да дадам и мал коментар на тоа што имаат другите напишано. Се сложувам со поголемиот дел од работите кои БМ ги кажа. Не се сложувам со делот „не прочитав“ и „Еве зошто гласањето е лошо!“ Ако некому му е сѐ едно како ќе гласа тоа е негово лично право, а ако некој има мислење (па дири и да не е прифатено од мнозинството) треба да го каже.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:27, 15 јули 2009 (UTC)

Не се сложувам со Вашите коментари Wikimk, поради две поврзани работи. Прво, поради тоа што сте против избраната статија да се избира без одреден период и второ, поради минималниот број на гласови. Статијата Курт Кобејн, која е избрана на главната страница, искрено е „за никаде и не личи на ништо“. Јас го променив моето мислење, од „Против“ во „За“, само поради тоа што не сакав истата да биде избрана со 3 гласови „За“ и исто толку против. А, ако не беше избрана немаше да имаме избрана статија за оваа седмица. Е, поради тоа е добро веќе да имаме избрани статии, па после само да ги ставаме на главната страница. А, сигурен бев и да беше 3-3 (За-Против) дека вие ќе ја изберевте статијата, бидејќи тоа оди по автоматизам. Гласовите слепо се бројат и статијата станува избрана.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:38, 15 јули 2009 (UTC)
P.S.Моменталниот концепт на избрана статија има големи недостатоци, кои мора да се поправат. Не може да го оставиме стариот, само затоа што сме навикнале на него. Само, мене ми е жал што администратори не воочуваат дека нешто не е во ред и не функционира и треба да се промени.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:42, 15 јули 2009 (UTC)
Кирил, стаијата за која зборуваш ти ја избра со променување на твојето мислење. Ако таа не ти се допаѓа може веднаш да го смениш мислењето уште еднаш и да ја ставиш следната статија на главната странциа. Со оглед гласањето, со оглед на тоа што јас ја предложив и ја средував статијата (иако таа сѐ уште не личи на ништо) немав намера да ја ставам сам на главната страница. Тоа што ти си бил сигурен во спротивното тоа е твое мислење.
Уште еднаш ќе кажам тоа не е моја статија, јас само се обидов да ја средам. Со оглед на тоа што не ти се допаѓа имаш моја дозвола да ја тргнеш. Јас може таму да го променам својот глас и да го решиме проблемот.
Тоа што не ми се допаѓа е тоа што не кажа мислење за моите коментари :-( и што моите гласови ги стави во табелата иако јас реков дека тоа за сега е мое мислење, а кога ќе се договориме на крај може мислењето да биде сменето и јас би сакал сам да ги додадам во табела моите гласови. Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:53, 15 јули 2009 (UTC)
Може да ги смените од табелата. Сè уште не е воведено правилото да не смее да се менува мислењето. Инаку не сте воопшто во правбо кога велите дека ќе ја ставевме идната статија за избрана, кога таа нема ниту еден глас. Не знам дали навистина не сфаќате дека овој концепт не функционира и има слабости. И да имаше гласови, можеби таа статија е поврзана со настан за седмицата за која била предложена. Едноставно не може да избираме статија, кога главната страница е празна. Ги отстранив Вашите гласови од табелата.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:01, 15 јули 2009 (UTC)
Зошто да биде топлку комплицирано, кога може сè да се поедностави?--Kiril Simeonovski (разговор) 18:02, 15 јули 2009 (UTC)
Не вреди да се зборува повеќе. Сѐ уште ништо не напиша за моите коментари. Моите размислувања од погоре на крај не ги сметајте за гласови.
Почнувам да мислам дека БМ е во право со она „гласањето е лошо“. Излегува дека ќе си направиш правила за кои ќе ти гласаат луѓе кои нема ниту да прочитаат за што станува збор и...
Уште еднаш ќе кажам. Обидете се да ги прочитате моите коментари.
Немам намера да коментирам повеќе на оваа тема. --Wikimk (разговор) 18:21, 15 јули 2009 (UTC)
Ги прочитав сите коментари и оставив коментари само на два, бидејчи на другите веќе дадов во излагањето кон другите корисници. Сега ми станува јасно дека воопшто не сте ни виделе што се случува. Уште пред да го напишам моето прво мислење, Ви оставив коментар на два предлога.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:24, 15 јули 2009 (UTC)

Штом веќе вака одлучуваме, да разјаснам дека се залагам за промените под број 1), 2) и 6), а дека се противам на предлозите 3), 4) и 5) заради нивната суштинска форма (гласање). --Brainmachinewtf? 01:54, 18 јули 2009 (UTC)