Понца (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Понца
Ponza
Pontinian islands (LT).png
Понцијански Острови
Pontine Islands map.png
Географија
МестоТиренско Море
КоординатиКоординати: 40°54′27″N 12°57′9″E / 40.90750° СГШ; 12.95250° ИГД / 40.90750; 12.95250
АрипелагПонцијански Острови
Површина7,5 км2
Должина8,9 км
Највисоко издигнување280 м
Управување
РегионЛацио
ПокраинаЛатина
ОпштинаПонца
Демографија
Население3360



Островот Понца (италијански: Isola di Ponza [ˈiːzola di ˈpontsa]) е најголемиот остров меѓу италијанските Понцијански Острови во архипелагот, кој се наоѓа 33 км јужно од Чиркео во Тиренското Море. Тоа е воедно и името на општината на островот, дел од провинцијата Латина во регионот Лацио.[1]

Островот бил населен од Неолитот па сè до римско време. Според локалните легенди, името на Понца е дадено по Понтиј Пилат, римскиот гувернер на Јудеја. Легендата за името поврзана со Понтиј Пилат неодамна била оспорена меѓу историчарите, бидејќи името "Понција" (латински: Pontia) се споменува во Географијата на Страбон со значење "Земјата на мостовите". Самата Понца поседува многу природни сводови и пејзажни форми во вид на мостови. Друга теорија е дека името е од грчко потекло, од грчкиот збор pontos, πόντος, море (види: Понт).[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Понца и Гави се остатоци на рамката на калдерата на еден угасен вулкан, со површина од 7.3 километри. Понца е остров долг околу 8.9 км и 2.4 км широк. Островот има облик на полумесечина со една голема плажа наречена Полумесечина (италијански: Spiaggia di Chiaia di Luna) и неколку мали плажи со претежно карпест брег составен од каолин и туф. На островот има слоеви на каолинит и бентонит кој порано се ископувал. Островот има многу чудни природни формации на карпите, природни мостови, пештери и сводови. Постојат неколку села, меѓу кои Понца, седиште на истоимената општина, Санта Марија и Ле Форна. На Понца нема активни вулкани.

Мапа на Понца

Историја[уреди | уреди извор]

Грчки и римски период[уреди | уреди извор]

Во античко време, островот бил наречен Туренија. Легендата вели дека Понца е тоа што останало од изгубениот остров Туренија.[3] Таа била поврзана со копното со тесен појас, кој потонал во морето со поголемиот дел од островот кој денес е под вода и делови останати над морското ниво. Исто таков феномен се случил во Капри. Значајниот археолошки напредок неодамна покажал дека пристанишниот дел на околниот град Поцуоли потонал и излегувал на површина неколку пати во последните 5,000 години, откривајќи потонати римски храмови.[4]

Понца отпрвин била населена од Етрурците. Островот во голема мера бил шумски со џиновските дрвја во прастари времиња, но шумата исчезнала. На највисокиот рид на островот, наречен Монте Гвардија, се уште има скапани трупци од изумрени џиновски дрвја широки повеќе од осум метри.[2] Денес тука се одгледуваат култури како грозје за производство на вино и круши и смокви.

За Понца исто така се мисли дека бил островот Eea во Хомеровата Одисеја, како и островот на волшебничката Кирка каде што била нејзината пештера и каде ги претворила луѓето на Одисеј во животни а него го завела.

Во римско време, Нерон Јулиј Цезар, најстариот брат на Калигула, бил депортиран на Понца во 29 година каде следната година бил погубен. Две од неговите сестри, Агрипина Помладата (мајката на императорот Нерон) и Јулија Ливила, биле протерани на Понца во 39 година за нивното соучество во заговор за соборување на Калигула. Тие биле вратени назад во Рим во 41 година. Јулија Ливила имала замок наречена Палатата на Јулија (италијански: Palazzo Giulia) изградена специјално за неа на Понца. Урнатините се уште се видливи. Сличен замок со истото име исто така бил изграден на околните Вентотене за протераната ќерка Јулија Постарата на Императорот Август.

Тврдината на папата во Понца која служела за одбрана од морските напади

Среден Век[уреди | уреди извор]

Понца бил напуштен за време на Средниот Век, поради постојаните напади од страна на Сарацените и пиратите. Во 1552, Отоманската флота под команда на Тургут-реис (на Запад познат како Драгут) ја поразил шпанската флота на царот Карло V под команда на познатиот џеновански адмирал Андреа Дориа во близина на Понца.


Поново време[уреди | уреди извор]

Во текот на 18 век, Кралството Неапол, одново го населило островот. Во 1813 островот бил освоен од страна на британскиот поморски капетан Чарлс Нејпир во текот на Наполеоновите војни.[5]

Островот станал дел од Кралството на Италија во средината на 19-от век и тоа сега е дел од Италија. Изолацијата на островот била наменета да им служи како казнена колонија, на разните режими. Во текот на двете децении на фашизмот, Понца и околниот Вентотене служеле како затвор за политичките противници на режимот на Бенито Мусолини. Етиопскиот принц регент и воен лидер, Рас Имиру, кој бил заробен од страна на италијанската армија во 1936 година, бил затворен во една куќа во Санта Марија. Самиот Мусолини бил затворен на островот неколку недели откако бил симнат од власт и уапсен во 1943 година.

Островот е познат по трагичната приказна на Луција Роза која се фрлила во Тиренското Море, принудена да се омажи за човек против нејзина волја. Многу жени ширум светот ја сметаат за симбол на борбата за правата на жените а плажа во Понца го носи нејзиното име.


Панорама на островот Понца, Италија

Археологија[уреди | уреди извор]

Островот е познат заради неговите Сини пештери, создадени од Етрурците. Тука се Пештерата на змиите, Римската галерија, Римски тунелот кој го поврзува градот Понца со големата песочна плажа наречена Кјара ди Луна, на западната страна.

Пештери[уреди | уреди извор]

  • Пештерата Бјанко грото
  •   Пештерата на смарагди
  •   Пештерата на Одисеј
  •   Тајната пештера (пештерата на волшебничката Кирка и на крвта)

На островот има многу археолошки остатоци кои се насекаде, вклучително и египетски, грчки, и феникиски некрополски урнатини во средината на островот. Постојат етрурски урнатини на делови на островот помешани со римски рушевини. Големата статуа која се нарекува Mamozio[6] или Mitreo, што значи митра е мермерна статуа стара 3,000 години. Таа била пронајдена во пристаништето и отсликува локален етрурски конзул. Денес стои во музејот во Неапол зад заштитна пластика бидејќи е најстарата и исклучително ретка етрурска статуа од таков.


Клима[уреди | уреди извор]

Понца има медитеранска клима (Кепенова класификација на климата) со топли и суви лета во комбинација со благи и врнежливи зими.

Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока °C (°F) 17.4

(63.3)
20.0

(68)
22.0

(71.6)
22.4

(72.3)
28.2

(82.8)
31.8

(89.2)
37.2

(99)
35.6

(96.1)
32.6

(90.7)
27.3

(81.1)
23.4

(74.1)
19.6

(67.3)
37.2

(99)
Средна °C (°F) 12.1

(53.8)
12.1

(53.8)
13.5

(56.3)
15.7

(60.3)
20.3

(68.5)
24.5

(76.1)
27.4

(81.3)
28.0

(82.4)
24.6

(76.3)
20.3

(68.5)
16.0

(60.8)
13.2

(55.8)
19.0

(66.2)
Дневна °C (°F) 10.4

(50.7)
10.3

(50.5)
11.4

(52.5)
13.3

(55.9)
17.5

(63.5)
21.4

(70.5)
24.2

(75.6)
22.0

(71.6)
18.3

(64.9)
14.2

(57.6)
11.7

(53.1)
16.6

(61.9)
Средно ниска °C (°F) 8.8

(47.8)
8.4

(47.1)
9.3

(48.7)
11.0

(51.8)
14.8

(58.6)
18.4

(65.1)
21.1

(70)
21.9

(71.4)
19.4

(66.9)
16.2

(61.2)
12.5

(54.5)
10.0

(50)
14.3

(57.7)
Најниска °C (°F) −2.0

(28.4)
−0.5

(31.1)
−2.6

(27.3)
2.8

(37)
7.8

(46)
10.2

(50.4)
13.4

(56.1)
15.0

(59)
11.5

(52.7)
7.0

(44.6)
2.2

(36)
0.6

(33.1)
−2.6

(27.3)
Средни врнежи mm 64.2

(2.53)
63.2

(2.49)
40.5

(1.59)
40.4

(1.59)
20.3

(0.8)
17.2

(0.68)
13.3

(0.52)
18.1

(0.71)
65.4

(2.57)
109.2

(4.3)
111.3

(4.38)
76.2

(3)
639.3

(25.17)
Средни дневни врнежи (≥ 1.0 mm) 7.9 7.2 6.2 6.6 3.5 2.0 0.9 2.1 5.1 8.0 9.0 8.7 67.2
Средна релативна влажност (%) 75 74 75 77 77 74 73 75 76 77 73 74 75
Source: Servizio Meteorologico (humidity 1961–1990)[7][8][9]
Пристаништето во Понца

Економија[уреди | уреди извор]

Градот Понца е пристаниште за риболов и пловидба со неколку големи докови кои можат да сместат големи бродови. Најголемата индустрија е туризмот проследено со бродоградба, бродска поправка и риболов.

Четири рудници на северниот крај — најубавиот дел од островот, биле затворени во 1975 година од страна на италијанската агенција за Заштита на животната средина, бидејќи рударските операции уништувале дивите животни и растителните видови, кои се загрозени. Рудниците произведувале каолин и бентонит. Каолинот се користи за изработка и производство на порцелан.

Демографија[уреди | уреди извор]

Понца брои 3360 жители (2008). Многу од локалните жители го напуштаат островот за да живеат на копното. Локалната економија е во криза делумно поради сериозни ограничувања на комерцијалниот риболов.

Транспорт[уреди | уреди извор]

На Понца има два пата кои водат од север кон југ но само за мали автомобили. Пистата планирана за северниот дел на островот била откажана поради загриженост за животната средина. Посетата на островот е со брод. Траекти стигнуваат до Понца од Неапол, Терачина, Формиа и Анцио.

Луѓе и настани[уреди | уреди извор]

Жак Кусто и неговиот син, Филип Кусто, снимале неколку документарни филмови во областа.

Федерико Фелини филмот Сатирикон (1969) го снимил на Понца.

Некои сцени во Вес Андерсон е филм за Водниот живот биле снимени на островот.

Понца Кала Феола

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Ботаничката градина на Понца
  • Капо Бјанко кој е Национален природен споменик
  • Плажата Кјара ди Луна ("Полумесечина")
  • Пештерата на Кирка
  • "Пештерата на Одисеј и на Крвта"
  • Монте Гардија - највисоката точка на Понца
  • Природен свод кој стои во длабока вода и изгледа како џиновски панталони
  • Грота Аѕура, односно Сините пештери кои се комплекс на пештери во морето и потекнуваат од Етрурците
  • Spiaggia delle Felci, плажа
  • Змијската пештера, подземен лавиринт од тунели изградени од Римјаните, многу од нив затворени заради безбедност на туристите.
  • Пештерата на Пилат, изградена од страна на Римјаните.
  • Плажата Ла Форна, помала и туристичка плажа.
  • Природниот солен базен во Ле Форна
  • Фараљони Луција Роза
  • Фронтоне, плажа
  • Санта Марија, плажа
  • Тврдината Папа, древна тврдина против нападите од море

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Comune di Ponza“. Comuni-Italiani.it. конс. 2018-12-23. 
  2. 2,0 2,1 „Ponza History“. www.triposo.com. конс. 2018-12-23. 
  3. „Tyrrhenia - Wiktionary“. en.wiktionary.org. конс. 2018-12-23. 
  4. Srl, dgNet. „Ponza Island History - Archaeological Sites in Ponza“. www.torredeiborboni.com (en-EN). конс. 2018-12-23. 
  5. The annual register or a view of the history, politics and literature for the year 1813. Baldwin. 1823. стр. 161. https://books.google.com/books?id=ZkHLaP_RROIC. 
  6. „Lib[e]ri: «Mamozio, chi era costui?»“. Lib[e]ri. martedì 17 maggio 2016. конс. 2018-12-23. 
  7. "Ponza/Isola Di (LT)" (PDF). Atlante climatico. Servizio Meteorologico. Retrieved 19 May 2015.
  8. "STAZIONE 280 Ponza: medie mensili periodo 61 - 90". Servizio Meteorologico. Retrieved 19 May 2015.
  9. "Ponza: Record mensili dal 1946" (in Italian). Servizio Meteorologico dell’Aeronautica Militare. Retrieved 19 May 2015.

Користена литература:[уреди | уреди извор]

  • Annussek, Greg (2005). Hitler's Raid to Save Mussolini: The Most Infamous Commando Operation of World War II. Cambridge: Da Capo Press. стр. 106–107. ISBN 0-306-81396-3. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]