Неапол (покраина)

Координати: 40°50′N 14°15′E / 40.833° СГШ; 14.250° ИГД / 40.833; 14.250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Покраина Неапол
Provincia di Napoli
Покраина
Грб на Покраина Неапол
Положбата на покраината Неапол во Италија
Положбата на покраината Неапол во Италија
Земја Италија
РегионКампанија
Админ. центар.Неапол
Општини92
Управа
 • ПретседателЛујџи Чезаро (PDL)
Површина
 • Вкупна1.171,13 км2 (45,218 ми2)
Население (03-31-2012)
 • Вкупно3.079.087
 • Густина26/км2 (68/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр80121-80147 (cap)
80010-80079 (rest)
Повик. бр.081
Рег. таб.NA
ISTAT063
Мреж. местоМатична страница

Неапол (италијански: Provincia di Napoli, наполитански: Pruvincia 'e Nàpule) — покраина во регионот Кампанија, Италија. Административен центар е градот Неапол. Покраината има 92 општини.[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Неапол е најгусто населената покраина во Италија со површина од 1.171,13 км² и население од околу 3,1 милиони.[2]

Поважни општини Население
Неапол 983.797
Џуљано ин Кампанија 108.492
Торе дел Греко 88.540
Поцуоли 82.503
Казорија 81.871
Кастелмаре ди Стабија 65.794
Афрагола 63.483
Марано ди Наполи 58.978
Портичи 57.062
Ерколано 55.310
Торе Анунцијата 48.720

Туризам[уреди | уреди извор]

Подрачјето на покраината е познато по туризмот, како за странците, така и за Италијанците. Меѓу најпопуларните места во Италија е откопаниот римски град Помпеја, уништен со ерупцијата на Везув во 79 г.[3]

Значајни како туристички места се и трите острови во Неаполскиот Залив: Искја, Прочида (дел од Флегренските Острови) и Капри, познати под збирното име Кампански Архипелаг. На Капри се наоѓа прочуеното Сино Грото - пештера со чудесна сина боја што изгледа како да е осветлена одозвола, под водната површина.[4]

Популарност кај туристите ужува и Сорентскиот Полуостров со градот Соренто, познат по пијалакот лимончело и раскошните приморски карпи. Полуостровот е полн со вили, замоци, стражарски кули и цркви. Во Вико Еквенсе може да се видат и древни селски куќи.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Upinet.it“. Архивирано од изворникот на 2007-08-07. Посетено на 2012-11-18.
  2. Попис од 2001 г.
  3. „ItalianCookingandLiving“. Архивирано од изворникот на 2003-08-29. Посетено на 2012-11-18.
  4. „Italia.it“. Архивирано од изворникот на 2007-03-25. Посетено на 2012-11-18.
  5. „SorrentoTourism.com“. Архивирано од изворникот на 2007-06-10. Посетено на 2012-11-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

40°50′N 14°15′E / 40.833° СГШ; 14.250° ИГД / 40.833; 14.250