Поморското војводство (полски: Województwo pomorskie) е војводство во северна Полска, дел од историскиот регион Померанија (полски Pomorze). Зафаќа површина од 18.310,34 км². Главен и најголем град е Гдањск.
Поморското војводство е основанo во 1999 година по обединувањето на војводствата Гдањск, дел од Елблонг и Слупск.
Војводството е поделено на 20 окрузи (повјати), кои пак се поделени на 123 општини (gmini).