Хелски Провлак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 59: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Поморско Војводство" nor "Шаблон:Location map Поморско Војводство" exists|300px|Хелски Провлак is located in Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 59: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Поморско Војводство" nor "Шаблон:Location map Поморско Војводство" exists]]
Местоположба на Хелскиот Провлак во рамките на Поморското Војводство
Карта на Хелскиот Провлак.

Хелски Провлак или Хелски Полуостров (полски: Mierzeja Helska, Półwysep Helski; кашупски: Hélskô Sztremlëzna; германски: Halbinsel Hela) — песочен провлак или полуостров во северна Полска кој го дели Пучкиот Залив од Балтичкото Море. Долг е 35 км и влегува во состав на Пучкиот Округ на Поморското Војводство.

Географија[уреди | уреди извор]

Полуостровот има ширина од 300 м кај Јурата до 100 м во најтесниот дел, при што завршниот дел е широк 3 км. Бидејќи се состои само од песок, честопати зимските бури го отсекуваат од копното и образуваат остров. Сè до XVII век провлакот ова било островска верига[1] која се спојувала во полуостров само преку летото.

Долж провлакот минуваат пат и железница кои го поврзуваат копното со крајната точка — туристичкото гратче Хел. Други населени и посетителски места на полуостровот се Јурата, Јастарња, Кужњица, Халупи и Владиславово.

Воено значење[уреди | уреди извор]

Во минатото, Хелскиот Провлак бил во состав на Прусија, а потоа и во Германија, од 1772 до 1919 г. По Првата светска војна провлакот ѝ припаднал на Полска, и добил големо воено значење (Полски коридор) со изградбата на утврдувања и гарнизон од 3.000 војници. Тука во 1939 г. се одиграла Хелската битка, во која полската војска го минирала преовлакот, привремено претворајќи го во остров.

За време на германската окупација (1939–1945)[2], одбранбените утврдувања се проширени и поставен е голем поморски топ, но истиот е набргу преселен на Атлантскиот ѕид во Франција. Полуостровот останал во рацете на германските сили сè крајот на Втората светска војна, шест дена пред капитулацијата на Германија.

По војната, Хелскиот Провлак ѝ е вратен на Полска, која во 1940-тите и 1950-тите доградила дополнителни батерии. Денес многу од утврдувањата и батериите се достапни за посетители, иако дел од провлакот и денес им припаѓа на вооружените сили.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Szarejko, Krzysztof (2005). Jakość przestrzeni regionalnej polskiego pasa nadmorskiego. стр. 172–181. ISBN 83-88771-59-0. 
  2. Wojciechowski, Zbigniew (2005 г). Obiekty militarne Półwyspu Helskiego w latach 1920–2006. „Zeszyty Naukowe Akademii Marynarki Wojennej“ том  51 nr 4: 247–271. ISSN 0860-889X. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°38′30″N 18°46′53″E / 54.64167° СГШ; 18.78139° ИГД / 54.64167; 18.78139