Прејди на содржината

Мјешко I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мјешко I
Мјешко, слика на Јан Матејко во 19ти век
Кнез на Полска
На престол960–992
Роден(а)ок. 930
Починал(а)25 мај 992(992-05-25) (возр. 61–62)
Познањ, Полска
ДинастијаПјаст

Мјешко I (полски изговор: [ˈmjɛʂkɔ ˈpjɛrfʂɨ] ; ок. 930 – 25 мај 992)[1] бил владетел на Полска и основач на првата независна полска држава. Тој владеел од 960 до неговата смрт и бил член на династијата Пјаст. Тој бил татко на Болеслав I Храбриот (првиот крунисан крал на Полска) и Гунхилд Вендска.[2]

Мјешко I е првот историски владетел на Полјаците, кој исто така се смета за вистински создавач на полската државност. Тој ја продолжил политиката на неговиот татко и дедо, кои, како владетели на паганското кнежевство лоцирано во денешно Големополско Војводство, ги потчиниле Кујавија, а веројатно и Источна Померанија и Мазовија преку сојузи или воена сила. Поголемиот дел од неговото владеење, тој се борел за Западна Померанија, окупирајќи ја до реката Одра. Во последните години од животот се вклучил и во војната со Чесите, освојувајќи ја Шлезија и веројатно Малополска.

Стапувајќи во брак со чешката принцеза Добрава од династијата Пшемишловци во 965 година и покрстувањето во 966 година, Миешко ја вклучил својата земја во западниот круг на христијанската култура. Покрај освојувањата, за иднината на Полското кнежевство од големо значење биле и нејзините внатрешни реформи, насочени кон проширување и подобрување на државата.

Според зачуваните извори можеме да заклучиме дека Мјешко I бил ефикасен политичар, талентиран лидер и харизматичен владетел. Водел вешти дипломатски акции, склучувајќи сојуз прво со Чешка, а потоа и со Шведска и Свето Римско Царство. Во дипломатијата се раководел пред се со државничка политика, склучувајќи договори дури и со своите претходни непријатели. На своите синови им оставил држава со многу повисока позиција во Европа и најмалку двојно поголема територија[3].

Биографија

[уреди | уреди извор]
Мјешко I во гравура на Валери Елјаш-Раџиковски од XIX век

Нема веродостојни информации за животот на Мјешко I пред да ја преземе власта на своите територии. Само Малополската хроника го посочува датумот на неговото раѓање некаде помеѓу 920–931 (во зависност од верзијата на ракописот) меѓутоа, современите истражувачи не ја сметаат таа хроника за сигурен извор. Неколку медиевистичари претпоставуваат дека датумот на раѓање на Миешко I бил помеѓу 922-945 година[4] врз основа на нивните истражувања и активноста на владетелот во неговите последни години.

Најстариот историски запис во врска со животот и името на Мјешко потекнува од 965 и 966 година. Автор на овие записи бил Ибрахим ибн Јакуб, еврејски патник од шпанскиот град Тортоса, кој учествувал во делегацијата на калифот од Кордоба во посета на Отон Велики. Еврејскиот дипломат кој ја посетил Прага, со која во тоа време управувал кралот Фараг, како владетел на Бохемија и Краков, го посочува Мјешко („крал на северот “). Името Мјешко се споменува во пет независни извори во X век (Widukind, Life of St. Udalric of Augsburg, две некролошки белешки и Dagome iudex), а на почетокот на XI век исто така Тиетмар Мерзебуршки во делата Бруно од Кверфурт и Страста на св. Војчех[5]. Документот Dagome iudex споменат погоре е основа за дискусија за името. Не е познато ниту местото, ниту христијанското име на владетелот дадено за време на крштевањето (Ледница, Прага или Регенсбург).

Има и сомнежи поврзани со името „Мјешко“. Во изворите се пишувало во различни форми, на пр. Миешко, Мјешк, Мисика, Миешек, Миско. Формата Мјешко, слична на латинизираната форма Mesco што ја користеле Галус Анонимус и авторите на најстарите полски хроники, била најприфатлива.

Мјешко го презел кнежевскиот престол по смртта на неговиот татко во периодот помеѓу 950–960 година, веројатно поблиску до подоцнежниот датум[6]. Поради недостиг на извори, невозможно е точно да се утврди кои територии ги наследил. Сигурно ги вклучувале областите населени со Полјаци и Гоплани[7]. Историскиот регион во централна Полска, Сиерацко-Лечицки, а можно е и регионите на Мазовија и Источна Померанија. Новиот владетел бил соочен со предизвик да обедини прилично обемна, етнички и културно хетерогена територија. Иако жителите на овие областите главно зборувале еден јазик, имаале слични верувања и достигнато слично ниво на економски и цивилизациски развој, основната форма на општествени врски што ги поврзувала била племенска структура. Може да се претпостави дека благородниците кои соработувале со кнезот биле првите кои почувствувале надплеменско единство. Тие сакале да ја обединат земјата поради можноста да го прошират своето влијание.

Владеењето на Мјешко I

[уреди | уреди извор]
Полска за време на владеењето на Мјешко I (околу 960-992)

Почетоците на владеењето

[уреди | уреди извор]

Кога Мjешко ја презел власта, дотогашната паганската држава на Полјаците, почнала да се шири во нови насоки. Најверојатно уште во првите години од неговото владеење, доколку не го сториле тоа татко му или дедо му, Мјешко ја освоил Мазовија. На почетокот на 960-тите веројатно ги освоил Источна и Централна Померанија. Интересот на кнезот тогаш првенствено бил кон областите покрај реката Одра, каде што тој брзо потчинил некои од полабските племиња. Како што напишал Видукинд од Корвеј (првиот гермски историчар), Мјешко владеел со племето наречено Личицавики, кое најчесто се идентификува како Полабиски Лубушани[8]. Со нивното освојување, полскиот кнез навлегол во сферата на германското влијание.

Германските грофи тогаш воделе експанзивна политика кон областите каде биле населени Полабските Словени, кои насилно ги христијанизирале. Во 963 година, маркгрофот Геро I ги освоил областите на племињата Лужици и Слупијци, што довело до директен контакт со полската држава. Во исто време (околу 960 година) започнало проширувањето на Мјешко I кон областите Волинијан и Велети. Потврдено во хрониките на Ибрахим ибн Јакуб. Според него, Мјешко војувал со племето Велтаба, подоцна наречени Велети. Самопрогласениот водач на велетите, Вичман, двапати ги поразил Полјаците и го убил и братот на Мјешко, чие име не е познато, околу 963 година. За долината на Одра биле заинтересирани и германските маркгрофови. Дополнителна закана за младата полска држава биле Чесите, сојузници на Велетите, кои тогаш ги поседувале Шлезија и Мала Полска.

Споменик на Мјешко I во златната капела на полските кралеви во катедралата во Познањ

Борбите со Геро I

[уреди | уреди извор]

Проблеми со толкувањето предизвикува фрагмент од хрониката на Тиетмар, во која пишува за нападот на маркгрофот Геро I врз земјата на Словените, кога ги потчинил Лужиците и Слупијците, како и Мјешко заедно со своите поданици. Според повеќето историчари денес[9], Титмар направил грешка кога ја сумирал хрониката на Видукинд и ја сместил инвазијата на Геро I на местото на борбите меѓу полскиот кнез и Вичман. На тоа укажуваат и други извори, како и недостигот на спомнување на освојувањето на полската држава и нејзино изедначување со положбата на полабиските народи. Бранителите на спротивната теорија претпоставуваат дека Геро I всушност извршил успешна инвазија, како резултат на која Мјешко бил принуден да плати данок и да биде покрстен преку Германската црква. Оваа теорија го претставува воведувањето на христијанството како резултат на војната, но оваа теза повторно не е потврдена од германски извори.

Данокот е посебно прашање, бидејќи Мјешко, според подоцнежен фрагмент од хрониката на Тиетмар, всушност го плаќал за териториите до реката Варта. Се претпоставува дека Мјешко своеволно решил да му плаќа данок на Геро I за да избегне напад, сличен на оној на земјата на Лужиците[10].

Христијанизација на Полска

[уреди | уреди извор]
Вовед во христијанството 965, слика на Јан Матејко од серијата Историја на цивилизацијата во Полска (1889)

Веројатно во 964 година, Мјешко започнал преговори со владетелот на Бохемија, Болеслав I Грозни. Како резултат на тоа, во 965 година, Мјешко се оженил со ќерката на Болеслав, Добрава Пжемишловска. Иницијативата за формирање сојуз најверојатно потекнува од кнезот на Полјаците, а се претпоставува дека стројничката средба се одржала во февруари 965 година[11].

Подоцна следело крштевањето на владетелот на Полјаците. Постојат различни хипотези во врска со овој настан. Најчесто се претпоставува дека тоа била политичка одлука наменета да го приближи Мјешко до Чесите и да ги олесни активностите во Полабија. Во исто време, христијанизацијата ја исклучила можноста за иден напад од страна на германските маркгрофи и присилната христијанизирање. Дополнителна причина, исто така, можело да биде идеата на Мјешко да ја отстрани „старата“ свештеничка класа што ја блокирала неговата централизација во управувањето со државата.

Општо е прифатено дека крштевањето на Мјешко се случило во 966 година[12]. Местото на крштевање не е познато, тоа можело да биде еден од градовите на кралството, на пр. Регенсбург, но и Познањ, Остров Ледницки (на овие две места се откриени садови за крштевање од 1060-тите) или Гњезно[13].

Со христијанизацијата, Мјешко ја вклучил полската држава кон христијанската Европа и станал партнер на локалните владетели. Германската ниту која било друга христијанска земја, неможеле повеќе да ја нападнат неговата држава под изговор за христијанизација.

Освојување на Померанија

[уреди | уреди извор]

По нормализирањето на односите со Свето Римско Царство и Чесите, Мјешко се вратил на плановите за освојување на Померанија. Во 967 година, со учество на чешко засилување од две коњанички единици, Мјешко извојувал решавачка битка против Волинците, со што го освоил устието на Одра. Германските грофови не се спротиставиле на овие походи и можеби дури и ги поддржувале, бидејќи смртта на Вичман била и во нивна полза. Хроничарот Видукинд од Корбеј запишал дека последната желба на Вихман била Мјешко да му го предаде оружјето на императорот Отон I.

Поддршка за германската опозиција и војната против империјата

[уреди | уреди извор]

По смртта на Отон I за царскиот престол се подготвувал баварскиот принц, Хенри II (наречен Кавгаџија). Чешкиот принц Болеслав II Побожниот, брат на Добрава, исто така се приклучил на опозицијата. Мјешко ја поддржал оваа акција која водела кон промена на статусот на неговата соработка со Германците, со што сакал да постигне нешто повеќе[53]. Единствениот извор кој го спомнува учеството на полскиот владетел во заговорот против Отон е во хрониките на манастирот во Алтај во 974 година. Опозицијата поддржана од баварскиот принц изгубила, а императорот Отон II ја вратил целосната власт. Набргу потоа, императорот и се одмаздил на Бохемија, принудувајќи го принцот на да се потчини во 978 година[14].

Полско-шведска коалиција и војната со Данска

[уреди | уреди извор]

Во раните 1080-ти, Мјешко склучил антидански сојуз со Шведска. Тоа било запечатено со бракот на ќерката на Мјешко, Швиетослава, со шведскиот крал Ерик. Иако за договорот за брак нема сигурни информации, тоа го дознаваме од храничарот Адам Бременски кој пишува и за данската дворска традиција. Мјешко се одлучил за договор со Швеѓаните, веројатно за да го зацврсти своето влијание во Померанија, и заштити од евентуаленнапад од страна на данскиот крал Харалд Гормсон и неговиот син Свен I. Најверојатно овие владетели биле во сојуз со Волинците кога ги поразиле Данците околу 991 година и прогониле нивниот владетел. Тоа значело и придобивка за Мјешко што понатаму допринело за регрутирање на Варангијците во неговите редови, чие присуство е посочено со археолошките ископувања во близина на Познањ[15].

Војна со Чесите и преземање на Шлезија и Малополска

[уреди | уреди извор]

По средбата во Кведлинбург во 986 ​​година, Мјешко се приклучил на таборот на малолетниот германски крал Ото III и неговата мајка, царицата Теофанија. Тој го придружувал германскиот крал во две воени експедиции против Велетите и Чесите. Пријателските односи меѓу полската држава и Чесите биле прекинати. Саксонско-чешкото примирје не ја спречило полско-чешката војна, која избувнала во 990 година. По победата, полската држава ја освоила Шлезија во 990 година[16]. Окупацијата на Шлезија, исто така, можела да се случи околу 985 година, бидејќи тогаш се наведува воспоставувањето на упоришта на династијата Пјасти во Вроцлав, Глогув и Ополе, а исто така во таа година бил прекинат полско-чешкиот сојуз[17].

Прашањето за Малополска останува нерешено. Можно е Мјешко да ја освоил пред 990 година, како што укажува двосмислениот запис во хрониката на Тиетмар за земјата преземена од страна на полскиот принц Болеслав II[18]. Некои историчари, врз основа на хрониката на Козма напишана повеќе од сто години подоцна, претпоставуваат дека освојувањето на земјите на поранешната држава Висла се случило дури по смртта на Мјешко, поточно во 999 година [19]. Исто така, постои теорија дека во текот на опишаниот период во Малополска, власта ја извршувал синот на Мјешко, Болеслав I Храбриот[20].

Последните години од владеењето

[уреди | уреди извор]

Во последните години од неговото владеење, Мјешко останал верен на својот сојуз со империјата. Во 991 година дошол на конгресот во Кведлинбург, каде што разменил подароци со Отон III и царицата Теофанија. Истата година заедно со Отон III учествувал во походот на Бранденбург.

Смртта и поделба на државата

[уреди | уреди извор]
Гробот на Мјешко I и Болеслав I Храбриот

Мјешко починал на 25 мај 992 година[21]. Изворите не даваат причина да се верува дека смртта се должи на други причини освен природни. Според епископот Титмар, тој починал „во длабока старост и обземен од треска“.

Најверојатно бил погребан во катедралата во Познањ. Всушност, моштите на првиот историски владетел на Полска никогаш не биле пронајдени и не е познато каде точно бил погребан. Во периодот 1836–1837 година, во Златната капела во катедралата во Познањ била изградена гробница за Мјешко и неговиот наследник, во која биле сместени посмртните останки пронајдени во уништената гробница на Болеслав Храбриот од XIV век.

Според хрониката на Тиетмар, Мјешко ја поделил својата држава на неколку принцови. Тоа веројатно биле неговите синови: Болеслав I Храбриот, Мјешко Мјешкович и Ламберт.

Организација на полската држава за време на Мјешко I

[уреди | уреди извор]
Упоришта во периодот на Мјешко I




  1. Historical dictionary of Poland. Greenwood Publishing Group. 1996. ISBN 978-0-313-26007-0.
  2. Prinke, Rafał T. „Świętosława, Sygryda, Gunhilda. Tożsamość córki Mieszka I i jej skandynawskie związki [Świętosława, Sygryda, Gunhilda. The identity of Mieszko I's daughter and her Scandinavian relationships“.
  3. Kadłubek, Wincenty (1612). Kronika polska.
  4. „Crete. Relations between Cretan cities and Rome between ca. 200 B.C. and ca. 65 B.C.“. Supplementum Epigraphicum Graecum. Посетено на 2024-12-11.
  5. Urbańczyk, Przemysław (2012). Mieszko Pierwszy Tajemniczy. Uniwersytet Mikołaja Kopernika. ISBN 978-83-231-5675-8.
  6. Coleman, Marion Moore; Umiejętności, Polska Akademia (1948). „Polski słownik biograficzny“. Books Abroad. 22 (2): 205. doi:10.2307/40087526. ISSN 0006-7431.
  7. „Editorial Board“. Human Molecular Genetics. 22 (18): NP–NP. 2013-08-22. doi:10.1093/hmg/ddt415. ISSN 0964-6906.
  8. Szczur, Stanisław (1987-12-31). „Negocjatorzy unii Polski z Litwą i ich kariery“. Analecta Cracoviensia. 19. doi:10.15633/acr.3035. ISSN 2391-6842.
  9. Szlinder, Maciej (2017-06-15). „Problemy z argumentacją zwolenników Nowoczesnej Teorii Pieniężnej przeciw dochodowi podstawowemu: Komentarz do tłumaczenia“. Praktyka Teoretyczna. 24 (2): 155. doi:10.14746/prt.2017.2.6. ISSN 2081-8130.
  10. Tobera, Marek (2018). „„Przy odbudowie Polski przede wszystkim o książce trzeba pamiętać". Kształtowanie się misji Związku Księgarzy Polskich (do 1945 r.)“. Z Badań nad Książką i Księgozbiorami Historycznymi. 12 (2018). doi:10.33077/zbkh.2018.12.tobera. ISSN 1897-0788.
  11. Labuda, Gerard (1984-12-30). „Zagadka drugiej metropolii w Polsce za czasów Bolesława Chrobrego“. Nasza Przeszłość. 62: 7–25. doi:10.52204/np.1984.62.7-25 Проверете ја вредноста |doi= (help). ISSN 2720-0590.
  12. Anna, Zachońska (2021-11-15). „Sine cura et studio. Nad nowym wydaniem Cudów św. Szymona z Lipnicy (Miracula beati patris Simonis Lypnycensis [1482–1520], ediderunt, praefatione notisque instruxerunt Martinus Starzyński, Anna Zajchowska-Bołtromiuk, Academia Scientiarum et Litterarum Polona, Cracoviae 2019 (Monumenta Poloniae Historica, nova series, XVII), ss. LIX + 113, il. 1)“. Przegląd Historyczny. 112 (3): 751–764. doi:10.36693/202103pp.751-764. ISSN 0033-2186. line feed character во |title= во положба 58 (help)
  13. Konieczka-Śliwińska, Danuta (2012-04-26). „Od podręcznika drukowanego do elektronicznego. Koncepcja dydaktyczna szkolnego podręcznika historii w Polsce i próby jej modernizacji w drugiej połowie XX i na początku XXI wieku“. Klio. Czasopismo Poświęcone Dziejom Polski i Powszechnym. 21 (2). doi:10.12775/klio.2012.021. ISSN 1643-8191.
  14. Szczur, Stanisław (1987-12-31). „Negocjatorzy unii Polski z Litwą i ich kariery“. Analecta Cracoviensia. 19. doi:10.15633/acr.3035. ISSN 2391-6842.
  15. Hołówka, Jacek (2008-03-31). „Funkcjonalność przede wszystkim“. Przegląd Organizacji: 3–5. doi:10.33141/po.2008.03.01. ISSN 2545-2622.
  16. Pucek, Zdzisław (1992-10-03). „Book review. K. Kowalski, B. Rzebik-Kowalska, 1991: Mammals of Algeria. Wrocław-Warszawa-Kraków, Ossolineum-Zakład Narodowy im. Ossolińskich - Wydawnictwo Polskiej Akademii Nauk. 370 pp“. Acta Theriologica. 37: 140. doi:10.4098/at.arch.92-14. ISSN 0001-7051.
  17. Kalaga, Joanna (2023-12-27). „Andrzej Buko, ŚWIT PAŃSTWA POLSKIEGO, Instytut Archeologii i Etnologii Polskiej Akademii Nauk, Warszawa 2021, 327 ss., 95 rycin w tekście“. Archeologia Polski. 68. doi:10.23858/apol68.2023.013. ISSN 0003-8180.
  18. Żmudzki, Paweł (2017-12-01). „Wędka króla Rusinów (Gall Anonim, ks. 1, rozdz. 7)“. Studia Źródłoznawcze. Commentationes. 55: 27. doi:10.12775/sz.2017.02. ISSN 0081-7147.
  19. Labuda, Gerard (2002). „Mieszko I“.
  20. Kowalski, Henryk (2015-02-12). „Początki kultu wodzów i władzy charyzmatycznej w Rzymie w okresie późnej republiki“. Klio - Czasopismo Poświęcone Dziejom Polski i Powszechnym. 30 (3): 101. doi:10.12775/klio.2014.047. ISSN 1643-8191.
  21. Żmudzki, Paweł (2017-12-01). „Wędka króla Rusinów (Gall Anonim, ks. 1, rozdz. 7)“. Studia Źródłoznawcze. Commentationes. 55: 27. doi:10.12775/sz.2017.02. ISSN 0081-7147.