Бруси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бруси
Поглед на Бруси
Грб на Бруси
Држава Полска
ВојводствоПоморје
ОкругХојнице
ОпштинаБруси
Површина
 • Вкупна5,1 км2 (20 ми2)
Население (2006)
 • Вкупно4.582
 • Густина90/км2 (230/ми2)
Postal code89-632
Мреж. местоhttp://brusy.pl/

Бруси (полски: Brusy; кашубиски: Brusë; германски: Bruß) - град кој се наоѓа во полското Поморско Војводство. Бруси добил статус на мал град (паланка) во 1988 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Од 19 век Бруси бил важен центар на кашупското движење, иако голем дел од Кашубите од Бруси емигрирале во Винона, Минесота кон крајот на 1900-тите.[1] Во 2007 година, овде бил одржан деветтиот Конгрес на Кашубите, а во 2012 година, тука била спроведена годишната прослава на Кашупскиот ден на единството. Во градот се наоѓа и кашупско средно училиште.

За време на Втората светска војна, тајната воена организација Поморски грифин (Гриф Поморски) дејствувала во бруската област под водство на полковник Јозеф Врица, кој исто така бил римокатолички свештеник. Бруси била и местоположбата на нацистичкиот брусов под-камп на концентрациониот логор Штутхоф.

Значајни луѓе[уреди | уреди извор]

  • Јан Вировински (роден 1947) полски политичар и кашупски активист
  • Станислав Ламчик (роден 1957) полски политичар, избран за пратеник во 2005 година
  • Пјотр Пјекарски (роден 1964) пензиониран полски тркач на 800 метри, учествувал на Летните олимписки игри 1992

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „First Settlement in Winona: 1859 – Bambenek.org“. bambenek.org (англиски). Посетено на 23 јануари 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]