Никола Караколев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никола Караколев
ПозицијаБек
Висина1,97 м
Тежина94 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаЕуро Никел 2005
Број8
Роден24 август 1987 (1987-08-24) (32 г.)
Куманово, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2004–
Клубови
2004-2007МЗТ Аеродром
2008–2009Работнички
2009–2012Торус
2012Гоце Делчев
2013-2014Лирија
2014-2015Гоце Делчев
2015Шкупи
2015-2018Куманово
2018-2019Кожув
2019-Еуро Никел 2005
Репрезентација
Инфо од: 17.10.2019.

Никола Караколев (роден 24 август, 1987 во Куманово) — македонски кошаркар и бивш репрезентативец. Тој игра на бековската позиција во Еуро Никел 2005.

Биографија[уреди | уреди извор]

Никола Караколев иако бил роден во Куманово, тој бил израснат во Штип.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2006/07, Караколев продолжил во редовите на МЗТ Аеродром.[1] Сезоната 2007/08, Никола ја започнал во МЗТ Аеродром. Но за втората полусезона од Лигата, тој се преселил во Работнички.[2] Во сезоната 2008/09, Караколев со Работнички, станал првак во Првенството и вицепрвак во БИБЛ 2008/09.[3] За сезоната 2009/10, Караколев потпишал за Торус.[4] Со Торус, Никола станал вицепрвак во Купот 2010. Во Торус, Караколев продолжил и во сезоната 2010/11.[5] За сезоната 2011/12, Никола останал во Торус.[6] Откако Торус се распаднал, Караколев заминал во второлигашот Гоце Делчев од Штип, таму започнувајќи ја второлигашката сезона 2012/13. Но во јануари 2013 година, се преселил во Лирија и таму ја завршил Првата лига 2012/13.[7] Во Лирија продолжил и во сезоната 2013/14.[8] Тогаш, Караколев со Лирија станал вицепрвак во Купот 2014. Во сезоната 2014/15, Караколев заиграл за новиот прволигаш Гоце Делчев.[9][10] Поради распадот на Гоце Делчев, Караколев потпишал за второлигашот Шкупи и таму ја започнал сезоната 2015/16. Таму не останал долго и во декември 2015 се преселил во Куманово.[11] Таа сезона, Караколев со Куманово бил вицепрвак во Првенството. Сезоната 2016/17 ја минал во кумановскиот клуб, откако го обновил договорот.[12][13] Во сезоната 2017/18, Караколев продолжил да настапува за Куманово.[14] За сезоната 2018/19, Караколев се преселил во редовите на Кожув.[15][16] Караколев ја променил средината и потпишал за Еуро Никел 2005 за сезоната 2019/20.[17][18]

Успеси[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Најдобар кошаркар од Куманово за 2017 година[19]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. KK MZT Aerodrom 2006-2007“, eurobasket.com (посет. 4 август 2018 г).
  2. KK Rabotnicki 2007-08“, eurobasket.com (посет. 4 август 2018 г).
  3. KK Rabotnicki 2008-09“, eurobasket.com (посет. 4 август 2018 г).
  4. KK Torus 2009-10“, eurobasket.com (посет. 4 август 2018 г).
  5. KK Torus 2010-11“, eurobasket.com (посет. 4 август 2018 г).
  6. KK Torus 2011-12“, eurobasket.com (посет. 4 август 2018 г).
  7. Ексклузивно: Никола Караколев потпиша за Лирија“, Спорт Корнер преку daily.mk, 4 јануари 2013 (посет. 4 август 2018 г).
  8. KK Lirija 2013-14“, eurobasket.com (посет. 4 август 2018 г).
  9. УКК Гоце Делчев го ангажираше Буха, пред потпис и Караколев“, ekipa.mk, 22 јули 2014 (посет. 2 август 2018 г).
  10. Гоце Делчев ги улови „лисиците“ за победничко деби во елитата!“, sportmedia.mk, 12 октомври 2014 (посет. 2 август 2018 г).
  11. Караколев нов играч на Куманово“, doznaj.com.mk, 8 декември 2015 (посет. 2 август 2018 г).
  12. Куманово по Јанески, го обнови договорот и со Караколев“, gol.mk, 1 септември 2016 (посет. 2 август 2018 г).
  13. Никола Караколев го обнови договорот со КК Куманово“, kumanovskimuabeti.mk, 1 септември 2016 (посет. 2 август 2018 г).
  14. Кумановци активни: Старо-нов тренер, старо-нов играч и нови договори“, ekipa.mk, 6 јули 2017 (посет. 2 август 2018 г).
  15. Има договор, има потпис со Штерјов и Караколев“, sportmedia.mk, 20 јули 2018 (посет. 21 јули 2018 г).
  16. Штерјов и Караколев потпишаа за Кожув“, ekipa.mk, 20 јули 2018 (посет. 21 јули 2018 г).
  17. И Фени Индустри почна со потписи“, ekipa.mk преку web.archive.org, 25 јули 2019 (посет. 26 јули 2019 г).
  18. Самарџиев добива две засилувања: Гаидис и Караколев се селат во Фени“, gol.mk преку web.archive.org, 25 јули 2019 (посет. 26 јули 2019 г).
  19. Куманово ги прогласи најдобрите спортисти за 2017 година“, ekipa.mk, 1 април 2018 (посет. 2 август 2018 г).
  20. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“, eurobasket.com преку web.archive.org, 18 јуни 2019 (посет. 22 јуни 2019 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]