Николај Иванович Лобачевски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Николај Иванович Лобачевски

Николај Лобачевски (руски: Никола́й Ива́нович Лобаче́вский, Нижни Новгород, 1 декември 1792 - 25 февруари 1856, Казањ) — истакнат руски математичар кој има постигнато многу успеси во областа на математиката, на физиката како и во доменот на астрономијата. Негово главно достигнување е развитокот на неевклидовата геометрија, тој имал за цел да развие геометрија во која Петтиот постулат не е точен. Прифаќањето на неговите идеи се одвивало прилично бавно, најнапред неговите идеи биле одбивани, а после неколку века тие идеи биле прифатени за да се решат многу проблеми во областа на математиката, а сосема исто се случувало и со неговите залагања, истражувања и заклучоци во областа на другите науки. Тој добивал и признанија за идеите што ги поседувал, а бил и критикуван од страна на свои колеги. Во неговиот живот имало само една жена со која имал седум деца. Имал мирен и спокоен живот и постигнал големи успеси. Од особено значење е хиперболичната геометрија, наречена и „Лобачевскиева геометрија“.

Основни биографски податоци[уреди]

Николај Иванович Лобачевски е роден на 1 декември 1792 година во Нижни Новгород Русија. Родители му биле Иван Максимович Лобачевски, татко му бил чиновник и мајка Прасковија Александровна Лобачевска. Тој до смртта на својот татко живеел во Нижни Новгород, а во 1800 година мајка му по смртта на на својот споруг се преселила во Казањ.

Во Казањ тој живеел и работел се до својата смрт, овде тој учел во гимназијата во Казањ.

Лобачевски матурирал во 1807 година, а потоа студирал на Универзитетот во Казањ, којшто бил основан три години пред тоа, во 1804 година. На Универзитетот, Лобачевски бил под вилијание на професорот Јохан Кристијан Мартин Бартелс (1769-1833), поранешен учител и пријател на германскиот математичар Карл Фридрих Гаус. Лобачевски станал професор по Физика и Математика во 1811 година. Во 1814 година, станал предавач на Универзитетот во Казањ, а во 1822 година станал редовен професор. Служел во многу административни позиции и бил ректор на Универзитетот во Казањ од 1827 до 1846 година. Се пензионирал или бил отпуштен во 1846 година, после што неговото здравје брзо се влошило. Освен математичар и физичар на Универзитетот во Казањ, тој бил и професор по Астрономија. Во 1832 година се оженил со Варвара Алексивна Мојсиева. Во нивниот брак имале седум деца.

Творештво[уреди]

Николај Иванович Лобачевски е доминантен руски математичар кој дал голем придонес во развитокот на неевклидовата геометрија, особено го развил Петтиот Евклидов постулат. Покрај тоа бил и професор по Математика, Физика и Астрономија, ректор на Универзитетот во којшто студирал.

Математички резултати[уреди]

Главно достигања на Лобачевски (независно од Јанонш Бољај) било развитокот на неебклидовата геометрија. Пред него, математичарите се обидувале да ја докажат или порекнат зависноста на Петтата аксиома на Евклид од другите аксиоми на Евклидовата геометрија. Петтата Евклидова аксиома е аксиома во неговата геометрија кое тврди дека за било која дадена права и точка која што не лежи на таа права, има една и само една права низ точката која што не ја сече дадената права т.е. е паралелна со неа. Лобачевски наместо тоа сакал да развие геометрија во која петтиот постулат (аксиома) не е точен. Оваа идеја најпрво била изјавена на 23 февруари 1826 година, кон сесијата на одделот за Физика и Математика, а ова истражување било печатено во „Вестин Казанского Университета“ во 1829-1830. Лобачеваски напишал и текст за тоа наречен “ Краток Преглед на пронаоѓањата во Геометрија “ што било објавено од страна на Казин Месинџер, но било одбиено кога Академијата за Науки од Сан Петербург ја поднела за објавување Геометријата која што Лобачевски ја развил и била наречена хиперболична геометрија.

Паралелниот постулат на Евклид, Лобачевски го заменил со постулатот дека има повеќе од една паралелна линија низ дадена точка. Признавањето на неговите идеи во математичката заедница се одвивало прилично бавно, затоа што се сметало дека имаат исти идеи со Гаус.

Признавање и прифаќање на неговите идеи, дела[уреди]

Признавањето на неговите идеи се одвивало бавно, затоа што некои математичари и историчари тврделе дека Лобачевски неговиот концепт за неевклидовата геометрија го украл од Гаус, но ова не е точно, затоа што Лобачевски во тоа време не контактирал со Гаус(не се допишувал со него) не разменувале мислења еден со друг, не се знаеле.

Но, неговите идеи за неевклидовата геометрија (нукледијанска геометрија) биле целосно прифатени само неколку декади по неговата смрт. Но, подоцна неговата теорија се покажа дека е многу важна за математичарите и науката. Германскиот физичар Алберт Ајнштајн направил генерализација од теоријата на Лобачевски за својата теорија за релативност.

Најпознатото и најдобро дело на Лобачевски, „Геометрија“, било комплетирано во 1823 година, но небило издадено во неговата оригнална форма се до 1909 година, многу години подоцна неговта смрт. Лобачевски исто така бил автор и на “ Нови Пронајдоци од Геометријата “ (1835-1838). Тој исто така ја напишал и “ Геометриски истражувања на теоријата на паралели “ (1840) и Пангеометрија во 1855 година.

Лобачевски исто така го развил и методот на приближен резултат од корените на алогиритамски еднаковсти. Овој метод е познат како Данделин Графе метод, наречен според други двајца математичари коишто независно го открија. Во Русија овој метод се вика Лобачевски метод. Лобачевски ја дал и дефиницијата на функцијата како сличност помеѓу два сетови на вистински броеви, Дироклет ја констатирал сам истата дефиниција брзо после Лобачевски.

Табела 1: Дела на Николај Иванович Лобачевски

Година Дела
1823 Геометрија
1835-1838 Нови пронајдоци на Геометријата
1840 Геомет. истражувања на теор. на Паралели
1855 Пангеометрија


Значење на делата на Лобачевски[уреди]

Неговите дела, да особено неговата теорија, се многу значајни за поставувањето на корените на особено значајната Нукледијнаската Геометрија.

Негова позната последица е: Збирот на аглите во триаголникот мора да биде помал од 180 º .

Табела 2: Хронологија на Настани

Година Настан Опис на настанот
1792 Николај Иванович Лобачевски Новороденче
1800 Иван Максимович Лобачевски Смртта на татко му
1800 Прасковија Лобачевска Преселување во Казањ
1807 Николај Иванович Лобачевски Матурирал
1811 Николај Иванович Лобачевски Проф. по математ. и Физика
1814 Николај Иванович Лобачевски Предавач на Универзитетот
1824 Николај Иванович Лобачевски Целосен Професор
1827 Николај Иванович Лобачевски Ректор на Универзитетот
1832 Николај Иванович Лобачевски Женидба Со Варвара Мојсиева
1832-55 Николај Иванович Лобачевски Објавување на неговите дела
1856 Николај Иванович Лобачевски Неговата смрт

Награди и други проекти[уреди]

Во времето кога живеел Николај Иванович Лобачевски не добивал награди за својот труд и работа, како и за своите дела. Но, сепак добивал признанија како и пофалби од оние со кои работел и оние кои го знаеле. Во текот од неговото школување не се откриени конкретни податоци дали тој учествувал на некои натпревари и дали освојувал награди. Сепак кон крајот од својот живот можел барем малку да ужива во тоа што го постигнал, пред се со делата кои што ги оставил, нив ги наведовме малку погоре.

Кога ке се спомене името на овој познат руски математичар треба веднаш да се нагласи дека во негова чест на секои пет години на универзитетот во Казањ (Русија) се доделува награда така наречена Lobachevskiy Medal . Оваа награда им се доделува најдобрите студенти но, не само во Русија туку и надвор од нејзините територијални граници. Бидејки, освен со математика се занимава и со физика и Астрономија, тој учествува и во други проекти како што е познат по откривањето на кратер на површината на Месчината, тој е познат по името Lobachevsky Crater.

Лобачевскиев медал[уреди]

Лобачевскиев Медал (Мегународна награда „Лобачевски“) е медал кој се доделува од советот на Универзитетот во Казањ во чест на Николај Иванович Лобачевски кој беше професор таму. Исто така на овој совет е афирмирано овој медал да се доделува како награда, сето оваа било дојдено од Руската Академија на Науки. И конечно е донесена одлука Лобачевски Медал да се доделува на секои пет години.

Кратер „Лобачевски“[уреди]

Станува збор за месечев судир, кратер кој е сместен далеку покрај месечината на источниот крај. Овој кратер лежи на југоисток од кратерот „Флеминг“. Помал од кратер со поголем пречник кој се наога на исток односно на североисток наречен Guyton кратер, којшто е многу добро формиран, кратер со карактеристики кои што не се значајни пред да биде откриен кратерот „Лобачевски“. Крајот и сокриениот ѕид се скоро ослободени од карактеристични и делумни судири, иако јужниот појасен кратер „Лобачевски M“ е прицврстен до јужниот слоен крај.

Внатрешните ѕидови прикажуваат каректеристична тераса, поред со некакво слегнување низ погорната острица. Блиску до средишната точка внатрешното дно има пар од средишни врвови кои се едництвените на југоисток и други на северозапад. На исток од овие врвови се наоѓа релативни сјајно albedo крпеница која е резултат од последниот мал судир. Денес има и Сателитски Кратери со следново објаснување: По договор овие карактеристики се идентификуваат со месечева карта по место напишана на ѕид од кратерот во средишната точка која е затворена Лобачевскиот кратер.

Табела 3: Карактеристики на Сателитските Кратери во однос на Лобачевскиот Кратер

Кратер „Лобачевски“ Географска ширина Географска должина Пречник
M 8.0 СГШ 112,8 ИГД 41 км
P 7,7 СГШ 113,3 ИГД 26 км

Во модерната култура[уреди]

Во 1950-тите хумористот, сатиристот и математичар Том Лехрер напишал песна, инспириран од рутината на Дени Каје, за Станиславски, во која за Лобачевски вели дека го научил за тајната на успехот како математичар: плагиризам. Понатаму вели вака: Плагирај! Не дозволувај ничија работа да ти избега од твоите очи! Запамети зошто Господ ги направил твоите очи, не ги затскривај, туку плагирај! Плагиртај! Плагирај! Секогаш биди сигурен дека ке повикаш, молам, истражувај! Лехрер го одбрал Лобачински, главно затоа што неговото име го потсетувал на Станиславски, не затоа што Лобачевски е познат по својот прекршок. Во новелата на Пло Андерсон “ Опрејин Чејнџлинг “ група на математичари наведоа на Неевклидов Свемир со помошта на духовите од Лобачевски и Болјам.