Мордвински јазици — подгрупа на уралските јазици. Оваа група на јазици е составена од два живи јазика кои се зборуваат во Русија, а тие се мокшански јазик и ерзјански јазик.[1] До скоро време овие јазици се сметале за еден јазик именуван како мордвински јазик.[2] Поради разликите во фонологијата, зборовите и морфологијата овие јазици имаат посебен статус. Двата јазика не се меѓусебно разбирливи, па така рускиот се користи ако има потреба од меѓусебна разбирливост.[3]
Двата јазика имаат поседни литературни стандарди. Ерзјанскиот бил кодифициран во 1922 година, а мокашнскиот во 1923 година.[4] Се верува дека изумрениот мешчерански јазик е дел од оваа група.
На фонолошко ниво јазиците се разликуваат на следниов начин::[2]
мокашнскиот прави разлика помеѓу гласовите /ɛ, e/ додека ерзјанскиот има само /e/.
во неакцентирана позиција ерзјанскиот има самогласна хармоја, како и другите уралски јазици користејќи [e] во предни вокални зборови и [o] во задни вокални зборови, додека мокашнскиот има едноставно [ə] на овие места.
гласот /tʃ/ на почетно ниво во ерзјанскиот одговара на /ʃ/ во мокшанскиот.