Енецки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Енецки јазик
Онаь базаан
Застапен во Русија
Подрачје Краснојарски крај, покрај течението на Јенисеј
Народ 230 Енеци (попис 2010)
Говорници 40  (2010)
Јазично семејство
уралско
Јазични кодови
ISO 639-3 или:
enf — енецко-шумски
enh — енецко-тундрански

Енецски јазикуралски јазик и спаѓа во подгрупата на северни самоједски јазици на самоједската група на јазици. Јазикот го зборуваат Енеците во краснојарскиот крај во Русија. Има два дијалекта и тоа: енецко-шумски и енецко-тундрански јазик. Го зборуваат околу 70 луѓе и тоа најмногу се постаро население. Покрај енецскиот јазик го зборуваат и рускиот јазик.

Дијалекти[уреди | уреди извор]

Енецките дијалекти може да се поделат на две групи, енецко-шумски и енецко-тундрански.

Енецко-шумскиот е помал. Според податоците од зимата во 2006 година, овој дијалект го зборувале само 35 луѓе, од кои 6 во Дудинка, 20 во Потапова и 10 во Тухард. Најмладиот говорник на дијалектот бил роден во 1962 година, а најстариот во 1945. Скоро сите зборуваат енецки (двата дијалекта) и руски.

Двата дијалекта се разликуваат според фонологијата и зборовниот фонд. Во записите од 17 и 19 век се пронашле и други дијалекти на енецкиот, но веќе се изумрени.[1]

Фонолошки разлики:

  • Во некои зборови, енецко-шумскиот глас /s/ се совпаѓа со енецко-тундранскиот /ɟ/.
    • шумскиот mese — тундрански meɟe 'ветер' (од *merse < *märkʲä);
    • шумскиот osa — тундрански uɟa 'месо' (од *ʊnsa < *əmså);
  • Во некои зборови, шумската почетен група /na/ се совпаѓа со тундранската /e/ (од прасамоједскиот *a- > *ä-).
  • Почетната група на шумскиот /ɟi/ се совпаѓа со тундранската /i/.

Разлики во зборовнито фонд:

  • шумски eba — тундрански aburi 'глава'
  • шумски baða — тундрански nau 'збор'
  • шумски ʃaru — тундрански oma 'тутун'

Азбука[уреди | уреди извор]

А а Б б В в Г г Д д Е е Ё ё Ԑ ԑ
Ж ж З з И и Й й К к Л л М м Н н
Ӈ ӈ О о П п Р р С с Ҫ ҫ Т т У у
Ф ф Х х Ц ц Ч ч Ш ш Щ щ ъ Ы ы
ь Э э Ю ю Я я

Фонологија[уреди | уреди извор]

Комбинирано од сите дијалекти на енецкиот јазик се добива следнава фонемска структура:[2], Forest Enets (Siegl 2013)[3], Tundra Enets (Nikolaeva 2014)[4].

Самогласки[уреди | уреди извор]

предни средни задни
високи i ɨ u
средни e, ɛ ə o
ниски æ a ɑ ɒ

Согласки[уреди | уреди извор]

двоусни запчени тврдонепчени меконепчени посталвеоларни
експлозивни p, b t, d pʲ, bʲ, tʲ, dʲ k, g q, ʔ
африкати t͡s, t͡ʃ t͡sʲ, t͡ʃʲ
фрикати s, ʃ, ð sʲ, ʃʲ x h
носни m n mʲ, nʲ ŋ
латерални l
вевни r
полусамогласки w j
  1. Согласките кои се пред i и e се палатализирани.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Helimskij, Eugen (1985). „Die Feststellung der dialektalen Zugehörigkeit der encischen Materialen“. Dialectologia Uralica: Materialien des ersten Internationalen Symposions zur Dialektologie der uralischen Sprachen 4.-7. September 1984 in Hamburg. Veröffentlichungen der Societas Uralo-Altaica. ISBN 3-447-02535-2. 
  2. Künnap, Ago (1999). Enets. 
  3. Siegl, Florian (2013). Materials on Forest Enets, an Indigenous Language of Northern Siberia. 
  4. Nikolaeva, Irina (2014). A grammar of Tundra Nenets. 
  5. „Enf/Phonology - ProAlKi“ (на en). https://proalki.uni-leipzig.de/wiki/Enf/Phonology. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]