Прејди на содржината

Монголско Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Монголска Империја)
Монголско Царство
Монголын Эзэнт Гүрэн
Их Монгол Улс
1206–1368
Motto: Има само Господ на небото и само еден господар, неговиот пратеник, Џингис Кан на земјата
Location of Монголско Царство
Статусцарство
Главен градКаракорум
(1206 – 1259)
Вероисповед
тенгризам (шаманизам), подоцна будизам, христијанство
УредувањеМонархија
Голем Хан 
• 1206-1227
Џингис Хан
• 1229-1241
Огедеј Хан
• 1246-1248
Гујук Хан
• 1251-1259
Монгке Хан
• 1260-1294
Кублај Хан
LegislatureКурултај
Историја 
• Џингис Хан ги обединува племињата
1206
• Смрт на Џингис Хан
1227
• Наследена од Арик Боке и Кублај Хан
1260-1264
• Смрт на Кублај Хан, конечна поделба на царството
1294
• Падот на Јуан династијата
1368
Валутамонети (како на пример дирами), Сухе, банкнота
Претходници
Наследници
[[Монголци]]
Туркиски народи
Чагатајски ханат
Златна орда
Илханат
Династија Јуен
Историја на Монголија
Пред Џингис-хан
Монголско Царство
Ханати
- Чагатајски ханат
- Златна Орда
- Илханат
- Династија Јуен
Тимуридско царство
Могулско царство
Кримски ханат
Сибирски ханат
Ѕунгари
Династија Ќинг
Република Кина
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија)
Современа Монголија
Менгѓанг (Внатрешна Монголија)
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија)
Бурјатска Монголија
Калмичка Монголија
Хазарски Монголци
Ајмачки Монголци
Хронологија
уреди



Монголско Царство (монголски: Монголын Эзэнт Гүрэн) — најголемата непрекината империја на светот и втора најголема веднаш по Британската. Царството се протегала од Виена до Манџурија и од Новогород до Камбоџа. За почеток на царството се смета обединувањето на монголските племиња, прераснала во мала сила која вршела инвазии и подоцна Џингис Хан станал цар во 1206 година.

Сè до 1279, Монголското Царство покривала околу 33.000.000 km2[1], 22% од вкупната површина на земјата и со население од 100 милиони луѓе. Но и во тоа време, царството се соочувало со поголеми проблеми како на пример недоволната контрола врз Чагатајскиот ханат и Златната Орда и одбивале да бидат под раководство на Џингис Хан[2][3]. Со смртта на Кублај Кан, Монголското Царство се поделило на четири одделни ханати.

На монголски јазик, Монголското Царство се вика Монголын Эзент Гурен, што буквално значи „монголска царска сила“. Покрај тоа име, се користи и их монгол улс, што значи „голема монголска нација/држава“[4]. Се користат обете имиња. Во 1240-тите, еден од потомците на Џингис, Гујук-хан, му напишал писмо на Папа Инокентиј IV во кое го употребил името „Далај Каган“ или „Големата монголска држава“[5].

По војната за наследство меѓу Кублај Хан и неговиот брат Арик, Арик ја ограничил моќта на Кублај на источниот дел на царството. Кублај официјално издал царски указ на 18 декември 1271 за да ја именува земјата „Голем Јуан“ со кој ја воспоставил династијата Јуан.

Историја

[уреди | уреди извор]
Монголски племиња за време на династијата Лао (907-1125)
Map of Eurasia showing the different states
Евроазија во пресрет на монголските инвазии, 1200 година.

Областа околу Монголија, Манџурија и делови од Северна Кина била контролирана од династијата Лао од 10 век. Во 1125, династијата Џин основана од страна на Џурчените ја соборила династијата Лао и се обидела да се здобие со контрола врз поранешната територија на Лао во Монголија. Во 1130-тите, владетелите на династијата Џин, познати како Златни кралеви, успешно се спротивставиле на конфедерацијата на Камаг Монгол, со која во тоа време владеел Кабул Кан, прадедото на Џингис Кан[6].

Монголската висорамнина била освоена главно од пет моќни племенски конфедерации: Кераити, Камаг Монгол, Најмани, Меркити и Татари. Царските цареви, по политиката на поделба и владеење, ги охрабриле споровите меѓу племињата, особено меѓу Татарите и Монголците, со цел да ги одржат номадските племиња расеани од сопствените битки, а оттаму далеку од династијата Џин. Наследник на Кабул бил Амбахај Кан, кој бил предаден од Татарите и погубен. Монголците се одмаздиле со напаѓање на границата, што резултирало со неуспешен контра-напад на Џурчените во 1143 година[6].

Во 1147 година, Џин малку ја променил својата политика, потпишувајќи мировен договор со Монголците. Тогаш Монголците продолжиле со нападите врз Татарите за да ја одмаздат смртта на својот покоен хан, отворајќи долг период на активни непријателства. Армиите на Џин и Татар ги победиле Монголците во 1161 година[6].

Подемот на Џингис Кан

[уреди | уреди извор]
  • Brent, Peter. The Mongol Empire: Genghis Khan: His Triumph and his Legacy. Book Club Associates, London. 1976.
  • Buell, Paul D. (2003), Historical Dictionary of the Mongol World Empire, The Scarecrow Press, Inc., ISBN 0-8108-4571-7
  • Howorth, Henry H. History of the Mongols from the 9th to the 19th Century: Part I: The Mongols Proper and the Kalmuks. New York: Burt Frankin, 1965 (reprint of London edition, 1876).
  • Kradin, Nikolay, Tatiana Skrynnikova. "Genghis Khan Empire". Moscow: Vostochnaia literatura, 2006. 557 p. (ISBN 5-02-018521-3).
  • Kradin, Nikolay, Tatiana Skrynnikova. "Why do we call Chinggis Khan's Polity 'an Empire' ". Ab Imperio, Vol. 7, No 1(2006): 89-118. (ISBN 5-89423-110-8)
  • May, Timothy. "The Mongol Art of War." [1] Архивирано на 28 септември 2007 г. Westholme Publishing, Yardley. 2007.
  • Weatherford, Jack (2004). Genghis Khan and the Making of the Modern World. Three Rivers Press. ISBN 0-609-80964-4.
  • Woods, Shelton (2002). Vietnam: An Illustrated History. Hippocrene Books Inc. ISBN 0-7818-0910-X
  • (француски) Dominique Farale, De Gengis Khan à Qoubilaï Khan : la grande chevauchée mongole, Economica, 2003 (ISBN 2-7178-4537-2)
  • (француски) Dominique Farale, La Russie et les Turco-Mongols : 15 siècles de guerre, Economica, 2007 (ISBN 978-2-7178-5429-9)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-27. Посетено на 2008-10-23.
  2. „The Islamic World to 1600: The Golden Horde“. Архивирано од изворникот на 2010-11-13. Посетено на 2008-10-23.
  3. Michael Biran, Qaidu and the Rise of the Independent Mongol State in Central Asia. The Curzon Press, 1997, ISBN 0-7007-0631-3
  4. Sanders. p. 300.
  5. Saunders. History of the Mongol conquests. p. 225.
  6. 6,0 6,1 6,2 Barfield. p. 184.