Историја на Монголија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Историја на Монголија
Пред Џингис-хан
Монголско Царство
Ханати
- Чагатајски ханат
- Златна Орда
- Илханат
- Династија Јуен
Тимуридско царство
Могулско царство
Кримски ханат
Сибирски ханат
Ѕунгари
Династија Ќинг
Република Кина
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија)
Современа Монголија
Менгѓанг (Внатрешна Монголија)
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија)
Бурјатска Монголија
Калмичка Монголија
Хазарски Монголци
Ајмачки Монголци
Хронологија
уреди



Територијата на Монголија била владеана од различни номадски империи, вклучувајќи ги и Сјонгу, Руран, Сјанбеј, Гоктурките и други. Монголското Царство било основано од Џингис Кан во 1206. По распадот на династијата Јуен, Монголците се вратиле на старите начини на организирање на својот општествен живот. Во XVI век и XVII век, Монголија потпаднала под влијание на тибетскиот будизам и станала државна и национална религија во Монголија и на Монголците. Во XVII век, голем дел од Монголците и монголската територија потпаднале под власта на династијата Ќинг сѐ со 1911 година кога Монголија прогласила независност. Новата монголска држава стекнала меѓународно признавање во 1945 година. Како последица на својата самостојност, Монголија станала поволна почва за навлегување на руското влијание во земјата. Како последица на руското, односно советското влијание, се оформила новата Монголска Народна Република. Со новото комунистичко уредување, Монголија станала советски партнер и силен поддржувач на советската политика. Така страело сѐ до распадот на комунизмот во Советскиот Сојуз. Во 1990 се одржала Монголската демократска револуција што довело до воведување на повеќепартискиот систем и во 1992 година Монголија добила нов устав и нова либерализирана пазарна економија.

Праисториски период[уреди | уреди извор]

Пештерски цртежи во Монголија

Монголија била населена повеќе од 800.000 години. Значајни праисториски наоѓалишта се палеолитските пештерски цртежи на Хојд Ценхерин Агуј во Ховд[1]. Исто така познато наоѓалиште е и Цаган Агуј во покраината Бајанхонгор.

Неолитски населби биле пронајдени во Дорнод. Подоцна, се пронајдени и населени места од бакарната доба и наоѓалиштата се пронајдени во Западна Монголија.[1]

За време на бронзената доба, Западна Монголија била под влијание на Карасучката култура. За тоа сведочат голем број пронајдоци што датираат од 7 и VIII век п.н.е. Исто така се пронајдени и наоѓалиштата и пронајдоци од железната доба што датираат од V до VI век п.н.е.[1]

Предмонголски период[уреди | уреди извор]

Политички важна, Монголија, станала после воведувањето на железното оружје во III век п.н.е. Општо гледано, во тој период Монголија имала слична историја со останатите степски пространства помеѓу Сибир во северна Русија и НР Кина на југ. Овие степи најчесто биле население од номади, понекогаш обединети во конфедерации од различна големина. Овие номади обично чувале животни и тргувале со нив. Со тек на времето, овие номадски заедници почнале да стануваат закана за Кина, Средна Азија а подоцна и за Европа. Монголците, во текот на нивната историја, се фокусирале на Кина и инвазија врз Кина.

Периодот за време на Хуну[уреди | уреди извор]

Азија за време на раната Хуну држава во 200 п.н.е.

Основањето на Хуну државата (Хүн улс) во Монголија во III век п.н.е. го обележува зачетокот на државотворноста на Монголија. Основачот на хунската империја бил Тумен. Тој бил насилно наследен од неговиот син Моду Шанју. Тогаш тој ги освоил и обединил неколку различни племиња. На врвот на својата сила, хунската конфедерација се протегала од Бајкалското Езеро на север, Кинескиот Ѕид на југ, до венецот Тјеншан на запад па сè до планинскиот масив Хинган на исток.

Во 200 п.н.е. династијата Хан од Кина испратил воен поход на територијата за да го присвои ханатот. Како и да, силите на ханот и воената формација издржале седум дена од воениот притисок. Императорот Гао бил принуден да се предаде и бил потпишан договор во 198 п.н.е. со кој териториите северно од Кинескиот Ѕид требало да припаднат на Хуну ханатот а териториите јужно од Кинескиот Ѕид да потпаднат под власта на династијата Хан. Исто така, Императорот на династијата Хан бил приморан да се ожени со принцеза од Хуну и да плаќа пари на тоа племе. Хуну издржале така сè до доаѓањето на императорот Ву на власт во Кина кога ги уништил.

Сјанбеите кои биле под власт на Хуну се побуниле во 93 п.н.е. со што завршила доминацијата на Хуну во Монголија. Жижи Чанју, водачот на северен Хуну се движел кон запад со неговиот народ, оснивајќи ја Големата Миграција. Неговите следбеници и наследници се префрлиле во Европа во V век предводени од Атила и биле познати како Хуни.

Периодот на Сјанбеите[уреди | уреди извор]

Азија за време на периодот на сјанбеите.

Сјанбеите (Сүмбэ улс буюу Сяньби) се стекнале со сила и моќ од I век и биле обединети во држава под водство на Таншихуаи во 147. Тој ги избркал хуну од Џунгарија и ги избркал Динглините на север од Сајаните, и со тоа обезбедил сигурна диминација на териториите на Монголија. Сјанбеите успешно се одбраниле од нападите од династијата Хан во 167 и ги освоиле териториите на Северна Кина во 180.

Бладетелот на Сјанбеите се избирал преку конгрес од благородници.

Тоба, дел од Сјанбеите, основале империја наречена Тоба Веи во Монголија и северна Кина во 386. Тоба Веи постоела сè до 581. Има повеќе хипотези за нивниот јазик и етничката припадност меѓу кои:

  • Првата и најмногу прифатливата хипотеза сугерира дека Сјанбеите биле монголско племе и многу денешни монголски етнички групи се директни насленици од нив.
  • Втората хипотеза вели дека Сјанбеите биле тунгуски народ.
  • Третата хипотеза вели дека Сјанбеите се заеднички предок на Монголците и Тунгузите.

Џуџански период[уреди | уреди извор]

Азија за време на Џуџаните во 500.

Друга гранка на народ одделен од Сјанбеите биле Џуџанците (Нирун улс буюу Жужань) и била обединети од страна на Мугулју. Шелун ја презел титулата ''каган'' во 402 година и со тоа територијата ја означил како Џуџански ханат. Тоба водела повеќе војни против џуџанскиот ханат. Алтајските Турци се побуниле во 552 и со тоа го основале Турскиот Ханат. Џуџанскиот ханат бил конечно поразен во 555 од Турците. Дел од Џуџенскиот ханат останал на територијата на денешна Монголија. Делот што останал во Монголија станал потомок ма татарските племиња.

Турскиот период[уреди | уреди извор]

Азија за време на Турскиот Ханат, 600.

Алтајските Турци (Алтайн түрэг, Орхон Түрэг, Хөх Түрэг) чиј јазик припаѓал на огуската подгрупа на туркиските јазици биле народ кој дигнале побуна за џуџенскиот ханат во 552. Востанието било предводено од Буман кој станал основач на турскиот ханат. Кинеската династија Ки и Жу се предале во 570 година и станале дел од турскиот ханат. Како и да е, ханатот бил поделен на два дела во 590 година на Источен и Западен турски ханат. Династијата Суи од Кина го нападнала Турскиот Ханат во 615 година. Внатрешните немири во турскиот ханат бил добар повод за повторен напад од Кина, овој пат од династијата Танг во 630 кога и ханатот бил под владеење на Кинезите. Подоцна се кренал повторен револт од алтајските Турци во 680 година и довело до вособнување на турскиот ханат.

Ујгурски период[уреди | уреди извор]

Хитански период[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Eleanora Novgorodova, Archäologische Funde, Ausgrabungsstätten und Skulpturen, in Mongolen (catalogue), стр. 14-20

Надворешни врски[уреди | уреди извор]